1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опсесивно-компулсивно пореметување (Оbssesive compulsive disorder)

Дискусија во 'Психологија' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    1.379
    Благодарам, мислев некој да не знае да предложи добро стручно лице, макар и да е на приватно. Доколку имал/а добро искуство секако. Успеав да читнам нешто и да прогуглам за некои психијатри, според мислењата во темава.
     
  2. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Машки
    Јас лично сум гледал како е на клиника за психијатрија мислам дека има неколку добри докторки си ја знаат работата и со млади луѓе зашто имаат искуство со многу тешки случаеви што се и затворени во зградата.
    Каде и да отидеш редовното следење и терапијата е клучна работа со тоа што и ако може да се разговара зависи со кого треба подолг разговор.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    1.089
    Пол:
    Женски
    Јас само ти праќам поддршка, знам како ти е, иако на мене не ми се ритуалите толку изразени. Само да знаеш треба долгорочно решение, затоа што за жал тоа е состојба со која ќе се справуваме цел живот. Не знам кој професионалец е добар затоа што јас долго време не сум била на терапија (иако треба), ама знај дека штом има волја да си помогнеш веќе најважниот чекор е направен. Во меѓувреме, мене некогаш ми помага еден CBT journal, мислам дека може и онлајн да се најде по страните.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    1.379
    Не сум слушнал за CBT journal, ќе разгледам баш да видам што е. Имам читано дека е состојба за цел живот, се надевам дека со терапија би се намалиле филмовите во глава макар и за 30%, пошто почна да ми влијае врз доста активности од секојдневието. Фала ти за поддршката. :) Доколку си била под терапија дали си осетила подобрување? Извини, може е интимно прашањево. Читам доста работи тука, па наоѓам утеха во некои мислења.
     
  5. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    1.089
    Пол:
    Женски
    Па да секако дека помага. Јас најдобро се чувствував еден период кога премногу ми се насобра и одеднаш ми пука филм и ми беше сеедно. Секогаш кога ќе ми се јавеше некоја компулсија си викав е не го правам тоа па што сака нека биде. Ми помагаше така да се соочувам со "лошото", ама сега пример не се чувствувам доволно силна и им подлегнувам на ритуалите, иако не ми се толку чести и интезивни. Зборував со една девојка дека на нејзе терапевтот и викал да се дистанцира од компулсиите, да си рече дека тоа не е таа и тие мисли не се нејзини, ама тоа на мене лично не знам дали би ми помогнало. Имам читано дека когнитивно-бихејвиорална терапија е најдобра за окп ама тоа се изведува подолг период, а не знам на државно кој се бави со таква терапија. На приватно на подолг рок мислам дека е финансиски неодржливо.
     
    На Mentalna85 и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  6. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    1.379
    Истото ми се дешава. Имам периоди кога ми е сеедно, се запоставувам, али обично тогаш се излежавам, не ми се прави ништо, функционирам некако. Али после изведување на ритуалите, кога мозокот ќе ми одобри дека се е направено како што треба, се осеќам најдобро. Многу е чудно. Јас не се ни сеќавам да сум живеел поинаку. А ова со дистанцирање од комплусите, си го имам викано во глава, као безвеза е, не се замарај, ама пак се осеќам подобро кога ќе направам се како што ми е замислено во глава.
     
  7. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    1.089
    Пол:
    Женски
    Сепак почни од некаде со терапија, а ако не си засоволен од пристапот или не ти помага веднаш менувај и не мисли два пати. Stay strong.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    1.379
    Ти благодарам. :)
     
    На Leanne му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Здраво!
    По напишаново без сомнеж изгледа како ОКП, но, за дијагноза други лица се задолжени.
    Која дијагноза ти ја дадоа кога си отишол на психијатар пред години?
    Во континуитет ги имаш ритуаливе подолг период?
    Види, медикаменти помагаат за да ги олеснат симптомите, ама конкретно во ова растројство не даваат добра прогноза ако се потпреш само на нив.
    За ова растројство треба многу работа со психотерапевт додека го разбиеш и почнеш да го разбираш.
    Не е лесен патот, но не е невозможен.
    Сѐ е до тоа да научиш да одолеваш на ургенциите и да ја прифаќаш неизвесноста, а ако имаш и интрусивни мисли заедно да ги пуштиш да лебдат буквално без да се трудиш да ги анализираш и да се обвинуваш зошто ти доаѓаат и да се мразиш поради тоа.
    Не постои совршен мозок. На сите луѓе може да им се појават секакви мисли кои немаат врска со нас самите, ама разликата е што луѓето без ОКП не прават опсесии од нив , а ние ги земаме премногу лично и така почнуваат опсесиите.
    Растројствово во база е растројство на сомнеж , затоа и толку многу ни требаат ритуали кои ни го олеснуваат истиот и ни даваат илузионо чувство на извесност и сигурност, но олеснувањето за жал трае кратко и после се' одново...

    Воопшто не е толку страшно колку што изгледа во нашите глави и кога еднаш ќе почнеш да го разбираш секоја епизода ќе биде пократка и не толку интензивна, а епизоди ќе може да се појавуваат и понатаму после стрес најчесто.
    Или во периоди на додевност може пак да те поткопува, и затоа е битно да го чуваш мозокот зафатен со продуктивни нешта.
    Ако ти е многу тешко сега не одбивај медикаменти, но не би ти препорачала да бидеш на нив долго оти ова не е растројство кое крепи медикаменти на долги стази како други растројства за кои има супер медикаментозни решенија.
    Најдоброто решение е психотерапија и ти самиот да си го разбереш и ќе се смееш на ова после некое време.
    Среќно!
     
    На Cosmic Girl и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  10. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    1.379
    Здраво. Ти благодарам за исцрпното објаснување. :) На психијатар бев пред 5-6 години, со упат од матичен без да прецизирам за што се работи (на матичната), мада тогаш не го ни разбирав ова баш. На психијатарот му објаснив кратко за ритуаливе на почетокот, некако не ми посвети внимание на тоа, ми рече ништо страшно де, сите ние правиме по нешто, у тој фазон беше одговорот. Фокусот го стави со прашања за мојата сексуалност, ова следуваше пошто почна да ми прави хехенца во стил дали сум имал девојка, ми пристапи некако со шали ваљда за да се опуштам. Класика оние фрази млад си, зошто да паѓаш во депресии, бла бла, нешто што го слушам од моите дома. Ми препиша елицеа и хелекс. Затоа и сакам да одам на приватно, ова со упат, одиш и гледаат побрзо да те шитнат и те средуваат со дијазепами.

    Ритуаливе ги имам од дете може, не се секогаш исти, знам дека тогаш имам други работи правено. Тогаш бев похардкор, пред бањање, го чистев кутичето во кое стои сапунот, ги миев шишињата шампон и гелот за туширање. Мајка ми го кажува тоа како низ смеа, дека како мал сум се опседнал со чистење на еден плакар, бојата сум му ја извадил од бришење со политура. :)

    Би сакал да те прашам дали имаш предлог за добар психијатар/психотерапевт, според муабетов сфатив дека и ти поминуваш (си поминувала) низ истото.

    За ова околу олеснувањето си потполно во право, супер е на почетокот, но по извесно време мораш да правиш се одново за пак да се осетиш смирено. И се така во круг.
     
    На Cosmic Girl и Mentalna85 им се допаѓа ова.
  11. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Машки
    Приватните психијатри наплаќаат големи пари и кај сите нив треба се оди 2-3 пати во месецот ако сакаш резултати за да се контролира терапијата со дозите нуспојави и симптоми. Тоа треба практично со месеци да тера зашто антидепресивите и антипсихотиците што ќе ти ги дадат треба долго да се земаат сите не одговараат и се е индивидуално а ако прекинеш на своја воља или со дозата ништо немаш направено.
    Мое мислење е дека на државно по клиниките се многу поискусни и постручни.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    1.379
    Можеби се постручни и искусни, но не знам колку би ми посветиле внимание. Барем кај нас така функционира, си плаќаш, на приватно повеќе ти се тресат, на државно гледаат што помалку да се замараат. Би влегле во друга тема. Но доколку некој има добар психотерапевт кој работи со упат, слободно нека ми предложи.
     
  13. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Нема на што...
    Со задоволство споделувам свои искуства оти сум страдалник од растројствово од дете.
    Кога еднаш ќе се разбере доволно, многу полесно може да се живее со истото, но морам да напоменам барем во мојот случај, при периоди на огромен стрес ми се активира повторно и наученото знае да падне во вода како што беше случај лани кога после голема траума ми се активира до степен како кога ми почна кога бев дете и кога ништо не знаев за растројствово.
    Лани, на теми кои сум ги поминала и сум се смеела на истите ми ги врати во ново и поинтензивно светло од било кога!
    Сега сум далеку подобра подобра, но додека дојдов до ова морав да најдам работа која буквално е совршена за мене и не ми претставува никаков стрес, да се дистанцирам од луѓе кои не се добри за мене, и најбитното потребата за опсесија која секогаш ќе ја имам (а исто така и повеќето или сите со ова растројство ќе ја имаат горе долу низ животот) ја пренасочив во продуктивна со тоа што почнав да изработувам накит и сета опсесија за детали и совршеност сега ја истурам таму , а во спротивно веројатно ќе имав нови теми и нови ритуали кои ќе немаа никаква цел.
    Не земам никакви медикаменти. Во минатото во акутни епизоди сум земала, но веднаш после прекинувањето имав сет бек со уште поинтензивни симптоми.
    А да бидам на медикаменти цел живот немам намера кога еве знам дека можам да функционирам беспрекорно кога ги правам потребните работи кои го смируваат растројствово многу подобро од медикаменти кои за ова се докажало дека не даваат најдобри резултати како кај други растројства, и интегритетни психијатри искрено ми кажале дека лекот е психотерапија и самиот ти конкретно за ова растројство.
    Последната психијатарка беше до тој степен искрена што во акутна епизода лани не ми препиша ништо од медикаменти и ми препорача добар психотерапевт.
    Ќе ти пишам во порака.
     
    Последна измена: 18 февруари 2024
    На Cosmic Girl и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  14. sunshine 77

    sunshine 77 Нов член

    Се зачлени на:
    20 април 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки јас со ова OCD се борам со години и никако не ми поминува, отидов на многу психијатри и психолози се живо и диво поминав низ Македонијава и никако да најдам некој што е специјализиран за оваа проблематика и што може некако да ми помогне, дури пробав и со едни англичани online и тие ми кажаа неколку работи за неколку месеци и некако ги приметив дека повеќе се за пари отколку што сакаа навистина да ми помогнат а и беше доста скапичко и затоа прекинав да држам сесии со нив. Незнам веќе што да правам почнав да губам надеж дека ова некогаш ке ми помине и дека ке можам повторно нормално да функционирам ocd ме прави тотално дисфункционална.
    Ве молам помогнете ми си имам огромна мака ве молам препорачајте ми некој добар психијатар или психолог ако треба и надвор од границиве на земјава и без разлика на цената ќе платам колку и да треба само да се отарасам од ова чудовиште бидејќи неможам да издржам повеќе
     
  15. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Машки
    Ако "не можеш да издржиш" треба да одиш во болница на психијатрија може ќе треба да те хоспитализираат некое време па после многу по арно да ти биде инаку каде и да одиш треба во моментот да ти е добро и така на долг рок ако не си Арна правец во болница тука кај нас.
     
  16. verba

    verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    193
    Дали има некој инфо Др Жанета што прво работеше во Анима па во Промедика, дали и каде работи сега?
     
  17. ...andre

    ...andre Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Од мал има оцд разни видови со миење на раце до сеа со наметливи мисли и чистбував голем немир вознемиреност, сега имам наметливи мисли но не чуствувам ништо како друг човек да сум, како да не знам за себе дали би направил или не нешто вака се чуствувам отако еднаш ми беше тешко многу и плачев и од тогаш вака се осеќам.
     
  18. Na.talia 24

    Na.talia 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Те читам често низ темите и совети како низ ракав делиш. Те само нешто на долго на широко, стручњак во повеќе области а поготово во ова тема, анксиозност и антидепресиви. Ако немаш искуство со никое од горе наведеното ќе те молам да се воздржиш. До сега од OCD никој не бил хоспитализиран!!!
     
    Последна измена: 20 април 2024
    На Mentalna85 и Mucenceto им се допаѓа ова.
  19. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Машки
    Не знам сега како да се одговори на твојот малограѓански одговор...

    Околу психијатријата искуството ми е од прва рака, за почеток дијагнозите "оцд" и слично ги дава доктор и по тоа што лицето не може да издржи сугерира дека е потребна хоспитализација затоа што дијагнози се пишат и бришат и се надополнуваат а важно е што е во пракса.
    И за разлика од тебе јас тука не прашувам туку споделувам искуства само во врска со медицина и психологија. Ако не ти се допаѓа одреден одговор, прашај си дома.
     
    Последна измена: 20 април 2024
  20. Na.talia 24

    Na.talia 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Хоспитализација одредува доктор, а не самиот човек што оди на психијатар. Со OCD и да сакаш да те хоспитализираат нема. Не е таква дијагноза за хоспитализација. Се знае со кои дијагнози се прави хоспитализација, а ова не е една од нив.
     
    На Mentalna85 му/ѝ се допаѓа ова.