1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опсесивно-компулсивно пореметување (Оbssesive compulsive disorder)

Дискусија во 'Психологија' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    438
    Зависно од опсесиите и компулсиите, дефинитивно се хоспитализира за ОЦД особено за оние подеструктивните интрузивни мисли, иди речи му на психијатар дека обсесивно размислуваш да се убиеш, да видиш дали нема да те стаи у бела соба.

    Кои ти се тематиките? Зашо ти е неиздржливо?
     
    На Flier му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Na.talia 24

    Na.talia 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Баш истите што ги наведе ;) па не завршив хоспитализирана. Ве молам доколку немате искуство со OCD не коментирајте и не ги плашете луѓето. Психијатарот ве гледа, ве слуша, ве проценува. Од тие "обични" разговори со вас точно знае за што станува збор.
     
    На Mumoftwo30 и Mentalna85 им се допаѓа ова.
  3. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    438
    5 психијатри, 6 психолози, 10 години дијагноза. И во нормална држава ќе те хоспитализираат со тие муабети, во Маќедонија, тешко, оти и нема каде.

    И јас ги имам инаку суицидните редовно, мада више сум навикнат на сите, се е веќе една досадна рутина, дури и тахикардиите не лупаат ко предходно. Иако у последно време се будам секоја вечер у 3 и по дома им зборам “сите ќе умрете“ ваљда ми се има увртено онаа реплика од Викенд на Мртовци...

    Антидепресиви не работеа за мене, пробав 3 мислам, ССРИ.
    Единствено работеше рисперидонот ама многу ужасен креш имав по него, и мислам дека на крај завршив и полошо него што почнав.

    А иначе, и психијатрите кај нас се полуписмени, затоа што ме третираа за делузии и други глупости, пред да ми постават ОЦД како дијагноза.

    Нема везе, моето искуство е дека ништо надворешно не помага ако не го редуцираш стресот, јас искрено кога живеев во стрес покрај ОЦД секојдневни компулсии до макс, ме пукаа и панични и инсомнија. И си го олабавив животот максимално, во сите сфери кај што можев и тоа некако ме потсреди.

    У последно време читам за третмани со халуциногени за потешки форми и се надевам дека некој ќе му текне кај нас да воведе нешто такво, да пробам и тоа, пошто више ми е досадно од ова. Имам и проблем со чистење односно миење на храна, не можам да јадам надвор од дома, а и тоа што го јадам дома треба малтене стерилно да е, и ме напиња.

    Не знам дали ти се дешава и тебе, ама кај мене еден добар период имав и false-memory OCD затоа што по прекинот на рисперидонот мозокот ми беше како спржен и малку ми е магла во главата од тој период. Нема везе, искрено би ти дал совет, пиши си шо те мачи, мене така најмногу ми олеснува, си викам, и јас за глупости се нервирам, и проаѓа малце од малце.
     
  4. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Ќе биде подобро ти тврдам, а за почеток те молам пробај да не го доживуваш и нарекуваш чудовиште растројствово оти е дел од тебе, од нас, и негова ампутација е невозможна.
    Голем дел од олеснувањето на симптомите лежи во учењето да не се мрази растројствово.
    Да, постојат епизоди кои се многу интензивни, епизоди кои навистина едвај се издржуваат.
    Сум преживеала три недели без трошка сон при таква епизода и дури земјотрес од 6.4 Рихтер да не ми го одвлече вниманието.
    Замисли цела зграда се корне од тресење, а јас сум заглавена и понатаму со темата која ме опседнала и е појака од инстинктот за спасување.
    Тогаш мислев дека ми нема спас од таа епизода, а денес вриштиме од смеење со пријатели кога им раскажувам.
    Најпрво, те молам да не дозволиш да влијаат на тебе лошите одговори тука оти тука како и на сите форуми ќе чуеш одговори кои врска немаат со растројствово.
    Еднаш во една тешка епизода испаничено побарав помош овде и подетално ги опишав интрусивните мисли кои ги имав, а една членка од форумов ми напиша дека треба да бидам притворена оти сум потенцијално опасна за околината.
    Повеќево тука не прават разлика помеѓу интрусивни мисли и оние со лична волја.
    Мислат дека окп е опсесивно чистење или миење раце, а секоја друга тема која отскокнува од тоа, за нив е некоја тешка болест за која треба да бидеш приведен или хоспитализиран како некој и погоре што напишал.
    За жал тоа е лошата страна на форумите, секој може да напише сѐ без соодветно искуство и знаење, ама од друга страна постојат и такви кои ќе ни помогнат, и ми помогнале и мене.

    Пиши ми кога сакаш лична порака, од срце би ти давала поддршка и помогнала колку можам.

    Тука "страдалничка" која веќе една година има многу благи, а често и воопшто никакви симптоми и сето ова кога го сменив животот од корен и престанав да го викам растројствово чудовиште.
    А благите симптоми остануваат благи оти научив да ги разбирам и прифаќам.
    И секако, целосно сум свесна дека доживотно ќе го имам растројствово и воопшто не ме плаши и понижува тој факт.
    Не постои совршен ум.

    Пиши ми.
    Сѐ ќе биде во ред.❤️
     
    Последна измена: 23 април 2024
    На butterflyflowerr, Trexane, Na.talia 24 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Затоа што класично и изолирано ОКП се карактеризира со НЕСАКАНИ и репетирачки мисли од секоја можна тема за која пациентот може да се опседне, но мислите во изолирано ОКП се без исклучок НЕСАКАНИ, а компулсиите служат само и само за краткотрајно олеснување од симптомите без разлика што и компулсиите се симптом.
    Конкретно за примеров ваш со суицидално окп , пациент со изолирано ОКП ќе има компулсии (екстерни или интерни) со кои си "докажува" себе дека не сака да се убие и добар психијатар го разликува тоа и во никој случај нема да побара хоспитализација, додека пациент со опсесија која веројатно и ја посакува веројатно и би бил хоспитализиран, но тоа е веќе друга тема и дијагноза...
    Знаете колку луѓе со ОКП страдаат од опсесии како повредување, силување , педофилија и слични мрачни теми и истите не се хоспитализирани затоа што психијатрите и тие самите КРИСТАЛНО ЈАСНО ЗНААТ дека тоа не го сакаат и посакуваат и сите компулсии водат само и само кон докажување дека тоа навистина тие не се. Но, сомнежот кој всушност е и коренот на ова растројство ги тера да се сомневаат во се'.
    Ве молам сите кои попатно имате (и) други дијагнози да не внесувате дополнително немир кај луѓе кои имаат само изолирано ОКП затоа што тоа најмалку го заслужуваат, а темава впрочем е само изолирано ОКП.
    Ве молам најсериозно.
    Одговарате за нечиј живот со вашите неуки и офф топик одговори.
     
    Последна измена: 23 април 2024
    На Mumoftwo30, Na.talia 24 и EmporioIvankov им се допаѓа ова.
  6. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    438
    Од муабетов само сфатив дека неам суицидно окп туку само сакам да се ... лол.Инаку извинете, во право сте.
     
  7. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Јас ви посакувам сѐ најдобро и успех во справувањето со вашите симптоми и драго ми е што ме разбравте, и повторно апелирам до сите да размислат повеќе пати што пишуваат во темава оти е многу осетлива и може да влијае со последици кон тие што страдаат.

    Лично од слични "чкрапаници" од членка која беше една од тие "умните" и популарните овде навистина ќе завршев трагично пред години кога ме обвини дека треба да бидам приведена поради моите интрузивни мисли за кои сметаше дека можеле да ескалираат.
    Да немав прекрасно семејство кое се грижеше за мене и добар психијатар кој буквално секој ден ми потврдуваше дека јас не сум моите интрузивни мисли и дека кога би ги посакувала не би барала помош и не би правела ритуали за да си докажам дека тоа не сум јас, јас навистина ќе завршев трагично, не зашто ќе се убиев, (дури и во најтешките епизоди не сум била суицидална), него не бев веќе способна да се грижам за себе од тешката анксиозност која оди заедно со растројствово, а ми ја начна членка од тука што се правеше многу паметна и солеше одговори кај ќе стигнеше.

    Замислете колку од луѓето кои страдаат од растројствово можеби немаат семејства , пријатели кои ги разбираат или грижат за нив (ако самите не можат), дел од нив и самите не си го разбираат растројствово оти треба работа и време за тоа, и многу лесно може да поверуваат дека се сериозно болни, а НЕ СЕ.
    Растројствово само по себе е мачно, но воопшто не е сериозно и толку дебилитирачко ако на пациентот му се подаде рака и време да се смири и почне да го разбира, па многу полесно ќе може да си го менаџира низ животот.
     
    На Mumoftwo30, Cosmic Girl, Trexane и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Машки
    Ние не знаеме каква дијагноза има кај тебе може да има некоја психоза или друго растројство придружено и затоа се хоспитализира и тоа како врз основа на тоа колку си закана за себе и за другите а како што сама кажуваш и читам, се гледа дека треба веднаш да видиш со доктор што ќе ти каже. Дијагнозите во психијатријата се менуваат и се додаваат и други а хоспитализација во Скопје постои во три болници на психијатриско лечење кое секако не е доброволно меѓутоа може да биде и присилно доколку работата ескалира. А сум гледал и присилно хоспитализирани и такви што со договор со докторот се во болница.
     
  9. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Изолирано ОКП не е психотично растројство и никогаш не преминува во психоза.
    Погоре апелирав да не се пишуваат чкрапаници.
    Ви посакувам добро здравје и благосостојба за да престанете да пишувате олку негативни одговори кои немаат ништо заедничко со ова растројство.
     
    На butterflyflowerr и Na.talia 24 им се допаѓа ова.
  10. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Машки
    Каде пишав јас дека е психотично или невротично растројство? Реков може да има дополнување на тие симптоми ние вака преку форумот не сме доктори да видиме што има кај нејзе, кога веќе некој го бара советот дека не може да си помогне и е сериозна работата мора и да види сериозно со психијатар. А психозата сама по себе не мора да вклучува халуцинација ниту визуелни елементи може да се манифестира само како екстремен страв и делузивно односно конфузно размислување. За ова може на друга тема детално да се зборува.
     
  11. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Во конотација на членката за чија дијагноза расправате, а темава воопшто не е место за тоа.
    Секое растројство може да произведе и психотични елементи но и самите велите тоа е веќе друга тема и дијагноза.
    Тука сме за изолирано ОКП од кое и самата страдам од дете и дури во најтешките епизоди не сум развила психотични симптоми и длабоко во себе сум била совршено свесна дека тоа не сум јас, но репетирачките мисли и компулсии биле посилни од мене, а истите освен што ќе го изморат пациентот не се никаква друга закана по никого.
    Погоре спомнувам дека ќе завршев "трагично" при епизода (лупам малку со хипербола) поради анксиозноста и несониците кои ги имав речиси цел месец, а ми ги начна членка оттука која имаше одговор на се', но дури и во зенитот на епизодата одев на работа, функционално ги извршував сите задачи, само бев преизморена од несониците и интерните (ментални) компулсии кои ги имав нон стоп кон темата со која бев опседната, и ако не беше тука моето семејство да готви и да ми дава поддршка сигурно ќе ми беше многу потешко, а многу пациенти овде можеби и ја немаат таа среќа некој да ги потпомага кога им е најтешко, и затоа повторно апелирам да не се пишуваат работи кои само ќе им предизвикаат поголема анксиозност и симптоми.
    Висока анксиозност и те како е главен симптом во изолирано ОКП, инаку растројствово не би имало смисла без анксиозност, нели? Во изолирано ОКП сме опседнати со темите кои ужасно не' плашат и воопшто не се психотични зашто сме опседнати со неизвесноста од истите, и секој пациент со изолирано ОКП како одговор кон објектот од кој се опседнал ќе каже -Не знам дали ќе се случи и не сакам да се случи тоа ( реален страв од неизвесноста), додека пациент со психотични елементи вели -Да, се случува или ќе се случи!
    Ако ве интересира психијатријата запишете студии.
    Тука сме за поддршка и разбирање кон ИЗОЛИРАНО ОКП.
     
    Последна измена: 23 април 2024
    На butterflyflowerr, Na.talia 24 и Leanne им се допаѓа ова.
  12. Na.talia 24

    Na.talia 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    (facepalm)(facepalm)(facepalm)
    Не си доктор, ама изиграваш во секоја тема на форумот. Членката на убав и јасен начин објасни се, ама не ти тука уште објаснуваш, делиш дијагнози, хоспитализација. И ако си толку загрижен за мене не побарав совет туку се потрудив да помогнам ;)
     
    На LUCI 99, butterflyflowerr и Mentalna85 им се допаѓа ова.
  13. butterflyflowerr

    butterflyflowerr Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2022
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Здраво на сите . Би сакала да ве прашам би сакала еден ден да имам деца но се плашам дека нема да можам да издржам без апчиња бидејќи кога бев без терапија многу лошо се чуствувал дали некој се нашол во таа ситуација или има искуство па да сподели
     
  14. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Како не, мојата најдобра пријателка мораше "cold turkey" да остави три вида на медикаменти зашто остана трудна несакајќи па реши да го роди и никогаш не била посилна. Тешко и' беше заедно со бременоста која и самата по себе не е едноставна, ама се' преживува бе душо.
    Пријателка ми никогаш повеќе не се врати на медикаменти после бременоста, а имаше и има сеуште сет бекчиња ама научи да ги вози и си ги очекува после тригер спремна.
    Вежба редовно, се храни здраво, презафатена е нон стоп.
    Јас исто имам оставено медикаменти после години без да бидам трудна, мораш да си направиш филм дека ти е цел , да ги оставаш многу бавно со лекарска контрола за да спречиш апстиненцијални синдром горе долу и ништо не е така невозможно.
    Медикаментите ми имаат многу помогнато на почетокот од некоја тешка епизода ама за жал за ова растројство не прават некои чуда, повеќе ги маскираат симптомите него што ги лечат или контролираат.
    Последната година пред да ги оставам бев иста и со нив и без.
    Ама ако некогаш пак се мора ќе бидам. Не сум во фазон дека сѐ се може без лекови.
    Ама и дека не се може исто.
     
    На butterflyflowerr, ani23 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  15. butterflyflowerr

    butterflyflowerr Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2022
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Ти благодарам многу некако ми даде надеж. Само лошото е што кај нас не постои некој доктор спецјалист за оваа област и докторката кај која што одам повеќе е фокусирана на терапијата отколку на разговор таа многу ми помогна во почетоткот додека да сватам што ми де длучува но сега кога и да и кажам нешто право ми ја зголемува дозата на терапијата. Дали подтои некој во македонија сто можи да помогни навистина во тоа .
     
  16. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Среќна сум ако те разведрив малку, и верувај ништо не е толку тешко колку што ние знаеме да си го претставиме.
    Психијатар обично е насочен кон медикаментозниот дел, тоа му е работа буквално.
    Јас соработував со психотерапевт специјализиран за оваа област кој многу убаво ми го објасни растројствово, и ми кажа дека што побрзо го прифатам како мој дел кој ќе го имам засекогаш но ќе можам да го контролирам и разбирам, ќе имам супер периоди.
    Најпросто ми објасни дека ние кои го имаме хронично, веројатно имаме мала аномалија со дел од мозокот кој е како "прелистувач" и имаме проблем да го насочиме вниманието кон нови теми и мисловни процеси битни за нас, наместо тоа ние остануваме заглавени на темите најчесто банални и од истите правиме опсесија.
    Исто ми кажа дека не постои човек кој нема интрузивни мисли, разликата е во тоа што тој што нема ОКП нема проблем да продолжи со друго и мозокот му препознава дека мислата нема никакво значење за него, а кај нас е обратно.
    Јас до денес имам проблем да сменам песна, повторувам многу често едно те исто, оти мозокот тоа ми го смета за битно...ако не го повторам мислам дека не ме разбрале доволно.
    Пишувам цели есеи еве како овде и не знам да се објаснам на кратко, хахаха.

    И многу други интересни примери ми раскажуваше за кои науката претпоставува дека некои благи аномалии во мозокот прават ние со хронично окп да бидеме ова што сме, НО, навистина може да имаме квалитетен живот и многу посмирени периоди ако го разбереме ова и се водиме по здрав живот без стрес колку можеме повеќе оти стресот е најголем тригер.
    Со правите вежби со правиот психотерапевт многу добри резултати се постигнуваат и тоа е доживотна работа која ќе се повторува кога ќе осетиме дека сме под стрес и може да ни следи нова епизода, а интрузивните мисли на дневна база учиме да ги пуштаме да лебдат буквално..
    За медикаментите одамна пишувам дека не прават чудо во нашево растројство и работата со психотерапевт а подоцна самиот со себе е клучна, и како кажав живот без поголем стрес.
    Работно место кое не ве стресува, здрав живот, квалитен сон, партнер/пријатели / семејство кое ве разбираат, и се' ќе биде во ред.
    Пиши ми кога сакаш.
     
    На butterflyflowerr и BlackNight им се допаѓа ова.
  17. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.088
    Допаѓања:
    3.352
    Пол:
    Женски
    Не знам дали и ова ме снајде заедно со анксиозноста, имам некои мисли сега: што ако некогаш се повредиш или самоубиеш, што ако им наштетош на своите деца или им направиш нешто лошо....
    Или пример имам ритуал дека морам да се избањам навечер, ако не се избањам не можам да спијам, некогаш ако сум зацртала дека треба да средам дома некои обврски а не ги довршувам, се нервирам.
    Не знам дали е ова тоа, ама сакам да си ги тргнам глупавиве мисли од глава, кои најмногу се насочени спрема луѓето што ги сакам.
     
    На Hope 28 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Igor97mkd

    Igor97mkd Нов член

    Се зачлени на:
    12 мај 2024
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Здраво. Нов сум на форумов.
    Незнам дали имам окп или не но имам мисли: што ако повратам намерно, што ако не јадам, што ако се повредам или самоубијам, што ако цело време мислам на нешто неубаво. Исто така имам мисли: што ако умрам сега, што ќе се случи кога ќе умрам, како ќе им биде на другите кога ќе ме нема. Незнам како да ги тргнам мисливе од глава, пробав се ама тие пак се враќаат.
     
  19. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    7.078
    Пол:
    Женски
    Сите имаме опсесивни мисли кои некогаш доведуваат до компулзивни однесувања. Тоа е сосема нормално.
    Ако веќе функционалноста е намалена заради ваквите појави, посета на психијатар е препорачлива.
     
    На Lady D ❤️ и Mentalna85 им се допаѓа ова.
  20. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.088
    Допаѓања:
    3.352
    Пол:
    Женски
    Јас веќе 1 година се борам со анксиозност, пијам и АД, одам и на психијатар.
    Како мислиш функциналноста да е намалена? Не го сфатив тој дел.