Опсесивно-компулсивно пореметување (Оbssesive compulsive disorder)

Дискусија во 'Психологија' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Да бидеш спречена во секојдневните обврски и битни нешта поради симптомите на растројствово.
    Јас во последната епизода пред неколку години едвај ги извршував поради тогашната опсесија.
    На работно место често одев во тоалет да ги анализирам интрузивните мисли, изгубив волја да готвам, не можев да водам љубов со тогашниот сопруг поради ниското либидо и мислите кои ме бомбардираа нон стоп.
    Опсесијата беше главната работа во мојот живот а се' останато беше споредно и едвај функционално.
     
    На Cosmic Girl, FriendOfDorothy, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.088
    Допаѓања:
    3.352
    Пол:
    Женски
    Не не, не е до толку кај мене изразено, фала богу. Иако некогаш како одам по улица ми текнува дека треба да ги избројам коцките и така одам и си бројам, дома мора да ми е чисто, не можам да поднесам неред и кич, се ми е минималистички средено дома, мразам натрупувања.
    Единствено понекогаш ми доаѓаат тие мисли, што ако ми текне некогаш да се повредам, што ако полудам, што ако нешто на децата им наштетам, само што ако си поставувам во глава и овертинк правам, ми е страв да не прерасне во поголемо сето ова со мислите, затоа сакам да знам како да го спречам.
     
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    7.078
    Пол:
    Женски
    Сосема е нормално. Сите ги имаме тие мисли.
     
    На Lady D ❤️, Mumoftwo30 и Mentalna85 им се допаѓа ова.
  4. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Машки
    Колку пати одиш на психијатрија ме интересира ти ги менуваат дозите на лековите и дали од првиот момент си подобра денес.
     
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    7.078
    Пол:
    Женски
    Психијатар си?
    Зошто прашуваш вакви прашања?
    Може некој не сака да сподели вакви детали!
     
    На Lady D ❤️ и Mentalna85 им се допаѓа ова.
  6. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Сѐ учи да се живее со растројствово и да се контролира, поточно смирува. Смирување е правиот збор.
    Совршен мозок не постои.
    Несаканите мисли веројатно никогаш нема да се остварат затоа што ние не сме тоа, ама за да ги смириш најдобро е да учиш да ја прифатиш неизвесноста, а за да се прифати неизвесноста човек треба да е смирен и да размислува трезвено.
    Значи, колку и да е тежок и брз денешниов начин на живот, гледај колку можеш да се пазиш од стресот кој го носи и да имаш здрави навики и добар сон почесто. Многу е битно за растројствово оти стресот е главен тригер.
    Еден психолог одамна ми кажа дека ни тој не е сигурен дали утре ќе полуди и ќе им наштети на најсаканите и затоа се прифаќа неизвесноста и уживањето во мигот.
    Разликата со нас е што ние правиме опсесија од тие мисли и по секоја цена сакаме апсолутно сигурен одговор дека нема да се случи тоа, што е невозможно.
    Одговорите и доказите кои ние ги бараме со секоја опсесија се крајно неизвесни и тука е клучот на нашето растројство.
    Сега сум речиси без симптоми или со нешто многу ситно понекогаш како проверување да не сум ја изгорела омилената облека со цигара кога ќе ми летне искра или ако го удрам часовникот или накитот го проверувам повеќе пати дали сум го оштетила.
    Ама тоа е нешто краткотрајно, и се
    трудам да прифаќам дека ништо не е вечно и дека сѐ на овој свет е подложно на повреди, без разлика колку ми е драго, не можам да го допазам.
    Тоа е, постојано учење да се одолева на опсесиите, а секундарните да се прифаќаат оти речиси сите луѓе горе долу ги имаат за нешто, и секако прифаќање на неизвесноста и да не ги земаме лошите мисли лично, учење да се препознаваат дека се интрузивни и не кореспондираат со вистинските ние и пуштање да лебдат...
    Тешко е , ич не е лесно ама кога ќе влезе еднаш во рутина многу полесно ќе се менаџира.
    И најбитното, да се работи, да се биде социјален, да имаме продуктивни "опсесии,".
    Никако седење дома и повлекување.
     
    На Mumoftwo30 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  7. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.088
    Допаѓања:
    3.352
    Пол:
    Женски
    Фала ти што доста добро ми објасни, цела година се трудам да ја прифатам анксиозноста и да живеам со неа, водам здрав начин на живот, вежбам дома, јадам здрава храна, доста често готвам и си смислувам сама здрави рецепти, шетаме нон стоп со децата, секој ден пешачиме, гледам со нив да го поминувам времето во доста креативни изработки, си наоѓам по некое хоби за да не мислам на сето ова, кога имам работа воопшто немам лоши мисли, затоа секогаш гледам да сум заангажирана со нешто. Не сакам да сум дома затворена, сакам да шетам, да одам на работа, да се дружам, сето тоа го постигнав до сега во оваа 1 година, ама мисливе понекогаш доста ме мачат, ама пробувам да си ги оттргнам, иако не ми успева секогаш. Битно се трудам.

    Не ми е дадена како дојагноза ОКП, туку Анксиозност со депресија првично, лани беше тоа.
    До 10 мг АД стигнав, и симптомите се смирени, прифатив и сменив мн. работи кај себеси, и самиот доктор смета дека немам потреба да покачувам доза. Јас имам проблем со хипохондрија и што и да прочитам се пронаоѓам у болести, ја прочитав темава и одма си мислам да не имам јас ова!?!?!?!?
    Не дека некогаш не ме мачат некои мисли...
     
    Последна измена од модератор: 14 мај 2024
    На Flier и Mentalna85 им се допаѓа ова.
  8. Mucenceto

    Mucenceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2019
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Здраво препорака за психијатар специјализиран за растројството приватно или државно не ми е битно.
     
    На ...andre му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ...andre

    ...andre Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Ќе ве молам за совет дали ова е нормално за оцд со наметливи мисли имам оцд со години разни видови, сега имам наметливи мисли мозокот ми вика направи нешто лошо а не е така знам но ми вика така е и чуствував голем немир тежина се до момент каде што читав за нешто лошо дека некој намерно направил пожар и се чуствувам како тоа да сум јас и ми беше многу тешко и плачев долго време од тогаш не чуствувам вознемиреност тежина, само понекогаш, од тогаш се чуствувам различно не знам како да кажам чуствувам ама не чуствувам тежина не знам, како друг човек се чуствувам различно пред тоа ми беше многу потешко но чуствував радост на моменти викав ќе биде ок имав замисла некоја сеа празно исто имам мисли ама не знам ни јаа што чуствувам пред тоа 24/7 имав мисли порака не можев да пишав на телефон да искочам од дома без некоја мисла ама бев посреќен 24/7 се снимам сликам ова ми се деси наееднаш како е можмо.
     
  10. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Посети си психијатар и кажи си се' што те мачи, ако веќе не го правиш тоа.
    Никој од нас тука не е уважен за да дава мислења за дијагнози и што е "нормално" а што не за ОКП.
    Сѐ ќе биде добро, само со работа со професионално лице, како и повеќето од нас што работиме.
     
    На Cosmic Girl, ...andre, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Извини, доцнам со одговор, а те мислев да ти пишам.
    Мајчинството само по себе е многу деликатен период.
    Жени , па и мажи, (тука родот не игра и некоја голема улога) во новото родителство/старателство, се соочуваат со состојби кои не биле типични за нив пред истово.
    Воопшто не е лесно да си одговорен кон деца!
    Ултимативно кардинален период е, и кога ќе го додадеш времето со сите стресови со кои се соочува модерниот човек, анксиозноста и интрузивните мисли се дури блага последица денес, искрено мислам.
    И многу е битно да си кажеме колку сме всушност јаки!

    Пробај да не се оптеретуваш со она што го чувствуваш овој период од животот оти како читам се носиш супер...
    Ништо не е исто во животот, се' тече и се' се менува.
    Човек испаѓа умен и си олеснува кога ги прифаќа промените, бара помош кога е потребно и пред се' не пати од тоа да биде совршен.
    Јас цел живот од дете живеам со растројствово, сум имала и многу тешки ама и многу убави периоди.
    Најдобрите резултати дојдоа кога го прифатив растројството и почнав да го разбирам.
    Најтешко ми беше кога се споредував со другите кои го немаат, очајував зошто јас да ја имам таа "среќа" да го имам, и бев фокусирана само на лошата страна од животот.
    Сѐ до моментот кога вистински увидов дека не постои разумен човек кој не пати од нешто, кој не посакува да биде поинаков од она што е, и дека убавата страна почнува кога човек се прифаќа целосно и учи да ги интегрира своите "дефекти" како нераскинлив дел од себе, и престанува да тежнее за нивна ампутација.
    Сѐ ќе биде добро.
    Голем поздрав.
     
    Последна измена: 22 мај 2024
    На st-el, Vikktorr, Leanne и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Женски
    На Mentalna85 и ...andre им се допаѓа ова.
  13. Karamelli

    Karamelli Нов член

    Се зачлени на:
    22 мај 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас го третирам ОКП со години но никако да го победам квалитетно. Пијам терапија Пароксетин, порано одев на психолог сега не, но никако неможам да дојдам до стадиум да функционирам нормално. Кај мене се манифестира со страв од нечистотии, бактерии, микроби, гадење од обични работи, миење раце и бањање временски долго, многу хемија. Во моментов менувам психијатар па препорака за ОКП каде одите, што пиете? Иначе читам многу психологија, подобрување имам но сум далеку од ок
     
  14. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Добро вечер драги мои опсесивци!
    Таман на големо се испофалив колку сум добра во последно време и еве ме од пред некој ден пред нова епизода.
    За жал работата која беше пресудна за мојата благосостојба подолго време (мислам на стабилното окп) не ја работам повеќе од пред две три недели (се префрли претпријатието во друг град) и експресно брзо најдов нова која исто не е стресна, но за жал со трета смена која никогаш не сум ја работела до сега.
    Бев ентузијаст, и се' беше супер додека не почна да ми се ближи третата смена.
    Дури два дена пред третата смена јас почнав да заспивам во 7 сабајле бомбардирана од интрузивни мисли што и како ќе биде.
    На смената отидов спиена три саати , а утрото кога се вратив дома повторно не можев да спијам повеќе од 2,3 саати, следната вечер пак бев трета и пак ненаспана, и еве ме на врата со нова опсесија од неспиење и постојано мислам дали ќе спијам пак нормално, дали воопшто ќе се прилагодам на овој распоред со три смени што без разлика колку е ок работата бара многу флексибилност во спиењето а јас за жал не сум една од таквите.
    Би чувствувала вина ако дадам отказ, а од друга страна многу ми е страв дека за брзо ако не се прилагодам на смените со доволно сон ќе кркам епизода сигурно, а толку долго се чувствував фантастично...
    Ми треба мислење дали и вие попрво веднаш би пресекле нешто што е лошо за вашата состојба или би сте се обиделе некое време ?
    Знам, многу е нестабилно прашањево, и опфаќа многу лични прашања, ама едноставно после долго време сум исплашена, а работа која би ми одговарала на растројствово не се наоѓа лесно..
     
    Последна измена: 24 мај 2024
  15. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Поздрав,
    Честитики за подобрувањето!
    Воопшто не е невозможно да се доживеат периоди и кога скоро ќе го нема и тоа долги, ама, тригери секогаш ќе има...
    Бев супер подолго време без речиси никакви симптоми, и еве при промена на работа бам, повторно опседнатост и црни сценарија.
    После долго време сношти имав и кратко ритуалче со молење за да заспијам и се' да биде во ред...и смешна си сум на себе дека дојдов до тоа ама тоа е, из ове коже се не може...
    И пролет и топлово дополнително активираат/влошуваат симптоми...
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.088
    Допаѓања:
    3.352
    Пол:
    Женски
    Дали и некои други ритуали ти се вратија?

    Што се однесува до работата, јас не би можела да работам 3та смена, за мене е тоа хорор, бегам од 3та смена, штом слушнам дека има 3та експреано сум незаинтересирана.
    Е сега, со оглед на тоа што и јас сум со дијагноза, кога би се нашла во таква ситуација, би пробала уште неколку недели макс. Ако не иде си давам отказ, или претходно пробај да најдеш соодветна работа, па оди си. Размисли сепак, не е баш едноставно, ама од мн фактори зависи одговорот, сепак ти одлучуваш на крајот, зошто ти најдобро знаеш како ти е, и како се чувствуваш.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Поздрав,
    Се вратија како не, се помолив хахаха, а кога сум добра не сум некој канонски верник..
    И поместив некој мебел и слики во собата , и самата сум си смешна на ова и совршена сум свесна дека не треба вака, ама ајде, поинаку не би го имале растројствово.

    Иначе ни јас не би се впуштила во трета смена на оваа возраст( на дваесет да, кога и онака бев надвор тоа време), ама работава е навистина предобра, само за жал со вакво растројство морам да имам постабилен распоред и дури за човек без растројствово три вида на смени во толку кратко време не верувам дека лесно би ги поднел.

    Ќе видиме, се надевам ќе се прилагодам, ако не, барам нешто ново без трета.
    Фала ти на одговорот.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Луѓе, официјално не сум добра и не ми се верува дека дојдов до тоа.
    Промената на работата ми влијаеше повеќе од него што очекував.
    После третите смени и во слободни денови едвај спијам по некој саат и тоа од сабајле.
    По цела вечер само безредие од интрузивни мисли, сцени и дијалози од на работа, лоши спомени од тешки епизоди од минатото, страв дека ќе останам сама без моите, сцени од бившите сопрузи и чувство дека јас сум виновна за се' поради растројствово, и секако страв дека нема да спијам повторно и дека нема да бидам способна да функционирам и така испаѓа на крај оти сите знаеме колку е моќна сугестијата.
    Класична епизода со одредена опсесија немам, (ако се рачуна ова со спиењето), ама константно се чувствувам анксиозно и мозокот никако не ми се исклучува.
    Денски сум далеку посмирена од навечер.
    Доаѓа доцна вечер и журката почнува.
    И сево ова од пред недела дена после новата работа.
    Дали некому му помогнал кантарион?
    Сакам да пробам со алтернатива и отказ од работа за почеток.
    Не ми се верува за колку кратко време паднав и не сум способна да си кажам дека не ми е прв пат..
    Многу долго бев супер и имам чувство како прв пат да ми се случува ова..
     
    На Mumoftwo30 и eliesaab им се допаѓа ова.
  19. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Женски
    @Mentalna85 неам баш искуство со драстично високо оцд, ама барем си свесна дека ти влијае ова со смените. Прво смири се, преиспитај ги можностите за друга работа (по можност со две смени). Никако отказ давање без нова работа. И не си ти виновна за минати ситуации, одговорноста била на двајцата. Имам време вечерва, можеш слободно во лп да ми пишеш. :hug:
     
    На Mentalna85 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  20. Dorotka

    Dorotka Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Istata sum i jas so tie misli, inace zimav AD 6 meseci, od stres na rabota nemozev oko da sklopam, sekoja vecer pred spienje panika me fakase deka nemozam da zaspijam i tolku od spienje, mi prepisaa AD gi zimav 6 meseci i super se sredi nesonicata, ama po 8 meseci eve pak nekoi opsesivni misli i sega mi se vrti vo glava deka sizofrenija ke fatam, preplasena sum, citam po forumi, si trazam simptomi ma haos sum, si velam ke poludam koj ke mi gi gleda decata, sto ako stanam opasna po niv ma uzas
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.