Опсесивно-компулсивно пореметување (Оbssesive compulsive disorder)

Дискусија во 'Психологија' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. worried teen

    worried teen Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2025
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    здраво, не знам дали си активна уште но сакав да те прашам неколку прашања бидејќи ми даде мотивација но дали е возможно да ги снема мислите комплетно и да не ги добивам а дури и да ги добијам да не сум вознемирена и да им дозволам само да поминат бидејќи сум многу загрижена дека ова ќе ме мачи цел живот бидејќи сум имала многу страшни мисли иако имам 16 години
     
  2. worried teen

    worried teen Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2025
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    за
    ако сте сеуште активна ве молам помогнете ми се чувствувам безнадежно
     
  3. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Здраво, тука сум.
    "Лошата" вест е дека секогаш ќе ги имаме, некогаш помалку, некогаш (обично во стресни периоди) повеќе.
    Добрата вест е дека може совршено да се живее и со нив, ако успееш да го извежбаш мозокот до степен да ги препознава и не им дава значење.
    На тој начин ќе лебдат и заминуваат без да се задлабочуваш и правиш опсесии од нив.
    Инаку, сите луѓе ги имаат, ама разликата е во реакциите. Ние со ОКП реагираме многу персонално на нив, се сомневаме во нив, ги анализираме и земаме за свои за жал.
    Луѓето кои го немаат растројствово ги детектираат како непотребни и автоматски ги отфрлаат.
    Не постои мозок кој ќе го навигираш да мисли како ти сакаш...

    Лично, имам периоди кога совршено функционирам и се чувствувам како да го немам растројствово. Но за жал во стресни периоди знае пак да ми се активира и се замарам повторно со мисли и теми на кои се смеам кога сум стабилна.
    Многу е битно да живееш здраво и со што помалку стрес.
    Тука сум за што и да ти требам.
    ❣️
     
  4. worried teen

    worried teen Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2025
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    ти благодарам, лично се немам дијагностицирано со окп но се опседнувам со секакви мисли и сум преплашена и мислам дека никогаш повторно нема да имам нормален живот и дека не е возможно да се чувствувам добро и за жал се што сакам е да не постоам
     
  5. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Знам сонце и јас така се чувствував на твои години кога прв пат почнаа да ме мачат секакви мисли и теми кои не беа "нормални", а сакав да имав мисли кои само јас ги сакам.
    Многу убави моменти и периоди воопшто, време огромно ми одзеде растројствово, а грешката моја беше што не отидов на психолог/психијатар на почетокот зашто мислев дека само јас го имам ова и дека е нешто многу сериозно и болно.
    Те молам да одиш што поскоро оти многу полесно ќе можеш да работиш на ова.
    Во мое време немаше интернет, не знаев никој со ова и затоа толку тешко поминав.
    Сега е грев да не си олесниш.
     
  6. worried teen

    worried teen Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2025
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    здраво, подобро ли е
     
  7. worried teen

    worried teen Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2025
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски

    многу ти благодарам
    лично се би направила да не ми е вака и ќе пробам се што можам , прифаќам да ѓи добивам мислите само сакам да поминат како нешто небино и се би направила да е така, се надевам дека еден ден ќе се почувствувам скроз океј бидејќи ова е пекол
     
    На Mentalna85 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Душо мила секако дека ќе бидеш супер за многу скоро!
    Ништо не трае вечно, па ни ова!
    Ти препорачувам да си побараш помош поради побрзо олеснување.
    Јас имав заглавено во ова со години зашто како веќе кажав мислев дека само јас го имам и ми беше срам/страв да кажам.
    Денес барем еве гледаш колку е се' полесно...Не си сама. Не' има многу.
    Прво психолог, па и психијатар, терапија ако треба да се потсмириш малку...и многу појасно ќе гледаш на ова.
    Ми те гушкам, се' ќе биде во ред!
     
  9. worried teen

    worried teen Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2025
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    многу ти благодарам навистина ❤️
     
    На Mentalna85 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. worried teen

    worried teen Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2025
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    здраво дали може да ми помогнете
     
  11. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Сонце ти кажав каде да одиш..
    Не чекај некој оттука да ти помогне, а и од каде знаеш дека е навистина психолог?
    Ништо страшно не е. Упат од кај матичен за психијатар би ти рекла подобро за да се смириш малку и после ќе можеш да работиш со психотерапевт.
    Кај нас за жал нема специјализирани психотерапевти за ОКП или можда нешто многу малку ако не се лажам?
     
  12. worried teen

    worried teen Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2025
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    да знам но не знам како и дома да кажам дека сакам дс побарам помош а се повеќе сум безнадежна бидејќи се плашам дека ова е за цел живот
     
  13. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Ништо не е за цел живот, така ти се чини оти си во епизода. Ќе се смири сто посто ама за да не си ја пролонгираш оди што поскоро да се потсмириш.
    Имаш барем еден член од семејство фамилија со кој си близок?
     
  14. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    3.085
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се појават мислите на пример ти се врти во глава морам да прошетам надвор, ако се од таков тип, а на пример не ти се шета, води си внатрешен монолог зошто не ти се шета и што друго ќе правиш и планираш наместо шетање итн.
    Ако се поопасни мислите и воопшто неопходно е да посетиш психијатар.
    Упати се на матичен лекар, ќе кажеш дека не се осеќаш психички добро и дека ти е неопходна проценка од психијатар. Не се срами дури кажи си што те мачи одма ќе ти дадат упат и насоки за соодветен доктор.
    Се се решава, само не се плаши.
     
  15. worried teen

    worried teen Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2025
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    да со татко ми сум блиска, но интрузивните мисли моментално што воопшто не сакам ни на глас да ѓи кажам се во врска со него затоа ми е незгодно да прашам за помош, но ако е болест што не се лечи која е поентата од психолог или психијатар?
     
  16. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Те молам смири се.
    Интрусивните мисли најчесто се поврзани со табу теми и затоа се толку вознемирувачки! Ама немаат врска со твојата вистинска личност и волја.
    Ти тврдам дека не ги посакуваш и никогаш нема да ги направиш реално. Ако ги посакуваше немаше ни да те вознемируваат него напротив ќе уживаше во нив!
    Колку можеш пробај да не ги анализираш и да не се тестираш оти растројствово е такво.
    На крајот ништо пак нема да направиш колку и да те убедуваат дека можеби ги посакуваш, ама ќе те измалтретираат.
    Јас години патев од сексуално окп поврзано со блиските, па после ме сврти во повредување окп и што не веќе. Сите можни теми ги поминав и еве ме. Ништо од тоа не се случи само си изгубив огромно време зашто ми беше срам да побарам помош кога бев помлада.
    Ќе му кажеш на психијатарот дека имаш опсесивни мисли поврзани со табу теми кои не соодветствуваат со твојата волја и не ги сакаш и толку. Не мора детално да му кажуваш.
    Ќе те праша дали правиш ритуали за да ти олесни. Оти многумина од нас го прават и тоа, како молење на пример и слично други глупости со цел олеснување. Јас на почетокот правев ама после ми стана апсурдно и прекинав. Ама менталниот дискомфорт ми остана кога ги имам сеуште ама се трудам да ги пуштам да лебдат и не им се плашам најчесто. Си викам ова е растројствово и ќе си се насмеам на најморбидните мисли оти знам дека се само мисли и ништо не значат.
    Сега најчесто се со смрт на моите и си викам ок , и да не ги имам ако треба да се случи ќе се случи.
    Ништо нема да предизвикаат мислите. Не верувај во она што мислиш тоа ќе се случи.
    Тоа е глупост.
    Толку треба да се разбере за растројствово и после се' ќе биде полесно.
    Те гушкам. Ќе бидеш супер наскоро.
     
    На Mucenceto и DragonFly22 им се допаѓа ова.
  17. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Поопасни и побезопасни мисли во ОКП не постојат!
    Сите типови на интрусивни мисли се едноставно вознемирувачки и мачни!
    Ве молам да не се служите со вакви термини оти имаат за цел да го исплашат дополнително тој што страда! Ова е правило број 1 на сите обуки кои сум ги посетувала.
    Ако јас имам мисли дека ќе ја убијам мајка ми или силувам татко ми или сопственото дете ( а тие се најчести теми во ОКП ) ич не значи дека се опасни мисли, туку мачни! Напротив, ОКП немаше ни да биде толку тешко како растројство ако не би не' носело во вакви тешки теми.
    "Тие што ги посакуваат тие мисли уживаат во нив, а не се мачат како нас"!!!!!!
    Ова нека светка!
     
    На Mucenceto и DragonFly22 им се допаѓа ова.
  18. worried teen

    worried teen Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2025
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    многу ти благодарам , ми олесни малку и сепак можеби има надеж за се ова, татко ми закажа преглед во скопје само не знам дали психолог или психијатар, се надевам дека еден ден ќе бидам скроз океј дури и со мисли но барем сега мојата мотивација е еден ден да можам да ѓи пуштам во секундата да поминат и дека ќе живеам нормален живот кој што нема да е обземен од овие мисли како порано што се чувствував океј
    ќе зборувам со психологот или психијатарот и ќе пробам што поопширно да објаснам што чивствувам и ти благодарам уште еднаш и ќе те известам како ќе сум
     
    На DragonFly22 и Mentalna85 им се допаѓа ова.
  19. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Секако дека ќе бидеш!!!
    Поскоро него што можеш да замислиш!!!
     
    На worried teen му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    3.085
    Пол:
    Женски
    Да, така е мачни мисли, ама има и полесни облици на ОКП кои може да се форма на хипохондрија. Пример се ракуваш со некого си честиташ Нова Година, надвор и ако не најдеш вода некаде да се измиеш ти се вртат мисли дека мораш да најдеш вода што е можно побрзо.
    На вакви мисли конкретно ми беше фокусот, не на другите=мачните.

    @worried teen сега прочитав. Браво си го направила првиот и правилен чекор. Со тек на време ќе бидеш подобра.
     
    На Mentalna85 му/ѝ се допаѓа ова.