1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опсесивно-компулсивно пореметување (Оbssesive compulsive disorder)

Дискусија во 'Психологија' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    :D :D :D Исто :D
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    јас кога пешачам со некој,мора да ми биде од десната страна.ако ми е од лева,не ми е ни пријатно,ни можам муабет да правам.бог да чува :D
     
  3. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Ауф па не знаев дека ова си има и именце :D Мислев дека сум психа тешка :D Јас не можам да гледам ненаместен кревет.Збеснувам.Ми се има случено кога бевме кај една другарка и она знаеш повеќе деца и го растурија креветот,а јас седната на стол го посматрам тоа.И трпев,трпев и кога скокнав едно време.Им реков станете сите да го наместам креветот инаку ќе цркнам.И сите само :^) хахха,ама сепка станаа :D Ги бројам плочките на тротоар.На плоштад во Охрид плочките се доволно големи да соберат стапало и пол.Арно ама јас сакам две стапала да ми собере и немате појма како се виткам со нозете и што не се правам да ми испадне така :D Морам да ги мирисам прстите од рацете неколку пати во денот по десет пати.Кога јадам грав мора да ја избришам чинијата со лепче убаво.Кога јадам макарони со сирење потпечени мора откако ќе ги изедам да каснам и од тоа што е малку поизгорено и тоа два пати.
    Ехх ако е за така сите сме болни ;)
     
  4. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.328
    Допаѓања:
    5.841
    До пред некое време додека не видев нешто или не прочитав како вечерта да неможев да спијам и морав да го видам и тоа ми стануваше во еден вид на навика.Како поминуваше времето се нервирав зошто мора се да читам,да гледам и си реков еден ден ако треба и нема да спијам навечер ама нема да гледам.Така се помина почнав да не ги здогледувам толку работите,да не ги читам и еве до денес јас повеќе тоа не го правам.Тоа со плакнење уста 3 пати и јас ја плакнам 3 пати и очи мијам 3 пати,мене тоа ми е останато како од мала така си се миев и до ден денес си се мијам по 3 пати
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Леле се пронајдов тука со плочките, пред да прочитам си мислев само јас така правам, ама сега гледам дека не е така и мило ми е. :)
    Кога одам морам да стапнам на средина од плочката , не смеам на линиите и се прашувам зошто ама така сум зацртала и навика ми е и затоа често се пулам надолу со главата кога одам по плочки.
    Кога е врнето или кога одам по пат ако има како вир или ако е патот со нешто изводенет тоа го заобиколувам, не смеам на тоа да цапнам :lol: (господ да чува колку сум комплицирана понекогаш :D )
    Кога ја местам школската ташна книгите мора да се наместени по редослед од училишниот распоред, книга па тетратка и на крај ќесето.
    Секако ритуалите тие миење лице, заби не смеам да ги прескокнам, ако легнам, а пред тоа сум заборавила да измијам заби одма станувам(иако тоа ретко ми се случува)
    Е кога местам шишиња празни или полни мора да ги наместам по редослед и големина исто и книгите во фиока.
     
  6. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    8.195
    Пол:
    Женски
    Не мислев дека миењето заби или лице е ненормално,не сум до толку....мислев дека не е нормално пример да мора задолжително и строго да се држам по истиот редослед секогаш:првин пижами,па заби,па лице...Сепак,како што кажав и за ова наоѓам некаква оправданост,најверојатно таквиот редослед(не мислам само на задоволувањето на основните хигиенски потреби туку општо,на сите активности,задолженија,обврски итн кои треба да ги исполнам во текот на денот) од прагматичен аспект се покажал како најадекватен или пак се работи за навика,рутина.....
     
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    А и ова заборавив да го кажам, кога спијам морам да бидам покриена со ќебе, прекривка , чаршав до глава. Од татко ми тоа ми е наследно, тој така исто прави. И нема шанси јас да се отскријам, дури и во сон си се покривам.Кога сум така покриена ми се чини сум побезбедна, тоа ми влева сигурност.

    ќе редактирам за да кажам дека е исто и лете и зиме, во било кој период, ма колку и да е жешко, мора така да бидам покриена. :D
     
    На SummerLove26 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Јас пак секогашкога се возам во кола морам да седам од десната страна. Мислам дека е малер да се седе од левата. Глупости.
     
  9. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.328
    Допаѓања:
    5.841
    Уште нешто кое го заборавив.
    Незнам зошто,но секогаш носам алка на десна рака,и како помала исто така со плочките и јас правев морав во средина да стапнам несмее на линија :D глупости.
     
  10. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Исто и јас :D И ова сакам да дополнам.Кога ќе одиме на кафе морам паковчето од шеќерот да го виткам еден период низ прсти и потоа да го искинам и така со сите паковчиња на масата :D А тие малите лажичиња што ни ги даваат мора да ги изгризам :$ :D
     
  11. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    Lee nemav poima deka ima ime za ova moevo.Znachi jas sum OCD ushte od dete.KOga naprimer sakam neshto da se sluchi po plan ili neshto posakuvam gi stiskam racete edna od druga dodeka ne go iuscrpam ovoj ritual.P posle drug.I isto si vika vo umot ako ja napraam ova rabota kje mi se sluchi ova ili ova.Malce psiho sum :DPlochkite moram da gi pogodanm po ploshtad koa odam. :D
     
  12. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    :D :DЛалу не се секирај не е ништо страшно и јас некогаш така си правам некој филмчиња да не кажам :lol: :lol:
     
  13. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    2.746
    Како што прочитав,кај повеќето мислам дека се работи за суеверие (ако не го направам ова,ке ми се случи ова), а не за OCD.А инаку и сама си наогам доста симптоми од ова нарушување,не сум баш како Монк,али... :) Пр. тоа со плочките на плоштад,страшна работа,а носам 40-41,замислете :),кога бев мала морав на сите пред спиење да им кажам по 3 пати добра ноќ (среќа се одвикнав од тоа),морав во глава замислено да ги прецртам сите билборди што ке ги видам во град,пред некое време почнав да работам во кафич,морав се да прередам,неможев да се помирам како може некој кај сокчињата на пр. да го стави млекото,кој е тој мрднат што може да го направи тоа :rofl: и некои такви слични работи,ама не сметам дека е некое сериозно пореметување,онака смешно ми е,се понашам ко удрена,а неможам да не го направам тоа :rofl:
     
  14. laperla

    laperla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Додајте ме и мене во групата на опседнати :) Како мала го гледав брат ми како се враќа по неколку пати да допре еден ист предмет и со оглед на тоа дека како помала сестра го копирав во се, така почнав и јас :D Сега се бројам и имам милион ситни ритуали кои ме излудуваат :@
    Инаку кога полагав психијатрија пред некое време, дознав дека третманот е психотерапија во комбинација со лекови, ама уште не сум превземала нешто конкретно, некако се навикнав да функционирам вака :)
     
    На Srebrna и ditrih им се допаѓа ова.
  15. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Ооо епа тогаш и јас спаѓам тука.Значи некаде од кај 5-6 одд.-значи од кога почнуваат потечките предмети додека учам мора да ми се прстите во косата,незнам дали ова да го наречам како навика или како OCD.Сепак не мислам дека сум забегана :lol:
     
  16. Minniex3

    Minniex3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2010
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    12
    Братми страда од ова пореметување. уште од малечок ги редеше сите предмети во собата по големина и недаваше на никој да му ги мрдне од местото. знам повторуваше една иста реченица по 2 или 4 пати. секогаш ги миеше рацете по 2 пати и такви некои ствари. :^)
     
  17. Ragazzina

    Ragazzina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    56
    Па и јас како повеќето овде одам преку една плочка на плоштад :lol:
    А во школо дека на подот во холовите имаме како блокови големи се тие и линии има, и јас кога одам на линиите не смеам да згазам, си праам игри со 3 животи.. :^)
    Имам изгледа блага ретардација :P

    А татко ми па, пред легнување на сите мора чао да им каже :D
     
    На SummerLove26 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Леле, како си ме насмеала :rofl: :rofl: :rofl: . И јас понекогаш по 3 животи си давам. :rofl: :rofl: :rofl:
     
  19. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    И јас спаѓам во оваа група,имам една мана или опсесија како да ја наречам...Значи кога зборам на телефон најчесто си чкртам со пенкало по некој лист,но доколку немам ни пенкало ни лист до мене ми се случува да си цртам така со прст на нога на пример,да си нацртам еден Х или 0 или било што,НО проблемот е што по некоја навика морам со рака и да го избришам тоа инаку се осеќам ко да ми останало така на ногата,абе глупости :( се пронајдов и во оние луѓе кои се опседнати со бактерии и мијат раце по сто пати дневно,значи мене буквално тоа ми се случува,по сто пати ги мијам рацете и си мислам којзнае какви бактерии ми се имаат налепено од книгата од библиотека или од вратата на лифтот итн...Имав една колешка од факултет која кога се селеше во некој стан по сто пати ги бришеше рачките од вратите и тоа со ракија :)
     
    На SummerLove26 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WomanInLove

    WomanInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    хаха истата сум и јас, кога идам во кафичот, другарка ми работи во шанк, и јас морам да влезам и сите тацни да ги подредам убаво, филџаните по големина да ги подредам, сламките, млекото да го ставам кај што му е местото. таа само ми се смее :) и исто кога зборам на телефон, ми се случува да земам пенкало и да си шкртам по некоја тетрактка, или па да си тропкам по масата, другарка ми паника ја фаќа од моето тропкање :)