1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опсесивно-компулсивно пореметување (Оbssesive compulsive disorder)

Дискусија во 'Психологија' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    Јас првпат за ова нарушување чув на филмот Analyze this! Со Били Кристл и ...мислам Ал Пачино. Како и да е, Били е психијатар на некој битен мафијаш, и поради тоа го следи ФБИ. Еден ден му доаѓаат дома и му викаат:
    Тие: Sir, we are from the FBI, the OCD!
    Били: Obsessive Compulsive Disorder? :)
    Тие: No, Organized Crime Division!
    :lol: :lol: :lol:
     
    На ditrih и Mayyya им се допаѓа ова.
  2. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Значи страдам од ова. Супер :|
     
  3. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Мислам дека оваа појава не е ништо страшно, се согласувам со некои од наведените мислења дека сето ова го правиме за да чувствуваме одредена сигурност.
    Еве можам да кажам дека како помала сум го имала истиот проблем (ако може да се нарече проблем) и тоа баш кога се преселивме во нова куќа ;).
    Ја доживував како нешто непознато и сеуште немав сигурност да функционирам во неа. Тогаш имав 10 години и правев работи кои ми беа чудни, но ми беа како еден вид на ритуал.
    Кога ќе станев навечер за да одам до WC ми беше многу страв, си давав некои смешни мисии од стилот ако стигнам до WC дур избројам до 10, нема да ми се случи ништо :rofl: И морам да кажам дека овие работи ги повторував некое време :$
    Со тек на време- како се навикнував на живот во новиот дом , така исчезнуваа и моите ритуали. Од овој аспект, гледано ретроспективно, можам слободно да кажам дека овие работи ги правиме кога чувствуваме несигурност и страв ;)
     
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Хахах, ме насмеа темата, можеби не треба ама сепак мислам дека тоа повеќе би го нарекла навика а не нешто што треба да се лечи.
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Еве како се манифестира кај мене :tmi: :

    -не можам да се напијам апче, да употребам некој производ без претходно два пати да го прочитам упатството. Поради тоа на голем дел од производите им ги знам на памет декларациите и упатствата. Може да замислите кога одам во маркет да пазарам на големо.... минимум 3 саати сум внатре. Затоа мајка ми сама си пазари.

    -кога одам по некој пат со коцки, оние плочките шарени, внимавам да не згазнам на линијата. Понекогаш личам на кретен што прави мали чекорчиња.

    - Бројам предмети. И тоа бројам се живо и диво што ќе ми влезе во видик. Чаши, сијалици, линии, столчиња, капачиња. А омилени ми се оние белите од страна на автопатите. Влегувањето во амфитеатар ми беше...како да кажам.... :|

    - Накитот мора да биде под конец, исто и облеката. Но ова не е толку изразено, зошто во моменти на брзање и сл.правам лом. Но затоа фолдерите во компјутерот ми се страшно организирани. Манијак сум за сликање, па сликите се сортирани во фолдер на соодветниот настан, понатаму тој фолдер во соодветниот месец, а тој фолдер во соодветната година.
    И така....
    Свесна сум за овие работи, ама штознам, веројатно има причина зошто ги правам. особено, занимација броење ми е фаворит.... Бројам и бројам.... и ОП! стигнавме !! :D
     
  6. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    И јас понекогаш кога ми е досадно бројам некои работи ако се повеќебројни .. ама не ми се случува ништо ако не ги избројам ..
     
  7. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Јас имам некои болни ритуали како да чукнам во дрво кога ќе слушнам нешто лошо, бројам чекори, ако се напијам 2 голтки вода, обавезно пијам и трета :@ се ми се врти околу бројот три ... Како помала оние чоколадните бананки ги јадев во три апки :@ , или 9 (ради 3*3), а навечер неможам да заспијам , се вртам се потам ако заборавам да кажам молитва :( :^)

    Да, и вакви слични ствари ... :| :|
     
  8. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Лелее и јас истово го правам ..
     
  9. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    И јас... Или преминувам по една или пазам да не нагазам на линијата :tmi:
     
  10. mila-vanila

    mila-vanila Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    И јас мислам дека имам вакво растројство :worried:

    Се плашам многу од вируси и бактерии, па рацете ги мијам по сто пати на ден и тоа со сапун (кожата веќе ја оштетив, рапава ми е, испукана и сува као на баба) , потоа кога купувам некој производ од маркет - обавезно морам рокот на траење да го видам( пример на некое чоколадо го гледам рокот и после на сите чоколади од истото го проверувам рокот да видам да не има некое потазе од она првото што сум го зела...) Се плашам храната што ја јадам да не е престојана, па затоа и лебот дури во фрижидер го чувам и смоки и чоколади и чипсови чувам во фрижидер :worried: Веќе почнувам да се загрижувам искрено...
     
  11. Little-one

    Little-one Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    79
    Јас прв пат слушам за оваа ‚‚болест‘‘. Имам такви глупавои навики.
    Дури не ја наместам чантата за на училиште не можам да заспијам.
    Кога ми е досадно бројам разни предмети...
    Плакарот со алишта ми е подреден како под конец, и никој не смее да чепка во него.
    Собата ми е средена до перфекција, веднаш можам да забележам ако некој влегол внатре додека не сум била тука.
    Сите документи ми се средени, кога правам некој проект за на училиште секоја слика, секоја рамка, секој текст мора да ми е складен по боја и големина со останатите
     
  12. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Оф леле си читам и се смеам. Се приклучувам на ова. А јас па си мислам единствена сум. Се пронајдов во тоа со плочките секогаш на средина газам. И кога работев во кафич се сакав да ми биде подредено како од првиот ден кога влегов таму. Еднаш помнам другата шанкерка го редела фрижидерот и ги сменила мириндата и пепсито. Едното беше од левата страна на крајот другото на десната на крајот. Абе одвај чекав да снема гужва за да седнам да ги сменам. Се изразмонтирав за да ги наредам, а газдата вака ме гледа :^) . Што прави сега оваа... Остај ме викам да си наредам зашто нема раат да бидам цел ден. Абе уште многу други навики, ама не ми текнуваат сега... :)
     
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.600
    Допаѓања:
    6.383
    Јас пак кога бев помала ќе ми речеле да заклучам врата и јас ќе сум заклучела и после тоа 3-4 пати ќе проверам за сигурно. Ќе тргнам да си одам и после пак ќе проверам дали сум заклучила. Ама ова веќе не го правам.

    Сега пак, некогаш кога ќе ми дојде да кажам или напишам нешто, на пример ќе напишам кога место коа или обратно, зашто така ми доаѓа во моментот и ако напишам како што не ми оди во моментот, се нервирам и ме јаде тоа, морам да го поправам. :lol: Сигурно сте ме забележале, во некои постови имам пишувано така, литературно а на други со така наречен сленг. :lol:

    Или пак, ако учам некоја лекција и ќе кренам главата нагоре и си ја преповторувам ако погрешам малку повеќе и не го запаметувам тоа што треба да го кажам, обавезно морам да прочитам уште еднаш, поубаво и подетално. Исто ми се случило некогаш да сакам да згазнам во средина на нешто, ни помалку ни повеќе. Се нервирам ако не го направам тоа. Или некогаш ептен сум перфекциониста и сакам се да е точно, да не е измрдано ни милиметар и се обидувам се точно да погодам..

    А како што забележувам, сите имаме по некој, да го речеме ритуал што го правиме. Сега, ако кај некој тоа е посериозно би требало да побара помош од психолог или психијатар. Во мојот случај сметам дека ова не е нешто посебно, онака, понекогаш ми се случува.
     
  14. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.604
    Пол:
    Женски
    Лелееее,ако ова се смета за болест, тогаш јас сум смртно болна :rofl:
    Еден куп вакви навики,
    на плоштадот има бекатонки во боја,секогаш чекорам по розевите,
    порано кога студирав, станував многу рано-опседната со народната кој рано рани две среќи граби, и секогаш кога ќе се успиев, си вртев филм во главата дека ќе паднам |(
    Ако сонувам лош сон,или недај боже бистра вода (тоа беше суеверие на баба ми, Бог да ја прости) одма трчам во WC, да го кажам сонот, за да не плачам тој ден. :?:
    Кога возам секогаш му ја гледам рагистрацијата на тој што е пред мене, правам збир од бројките и ако ми излезе двоцифрен ги собирам и тие две,за да добијам едноцифрен (пр.345 3+4+5=12 1+2=3),ако ми се падне непарен број,ќе ми биде среќен денот,ако не нешто ќе ми тргне наопаку :geek:
    Едно време бев опседната со десна нога да станам од креветот кога ќе се разбудам. :|
    Кога правам кафе,без разлика дали ќе ставам едно или повеќе,морам да го поделам така да го ставам со три лажички.
    Во бањата секогаш пешкирите ги редам по големина,ако некој ми ги размести,се вадам од такт,па дури и кога одам по голема нужда, се бришам со непарен број скинати парчиња тоалет. :x
    Кога ќе прочитам име на бутик,фирма,киоск, било што, цело време ги вртам буквите во глава да направам нови зборови од истите букви.
    И има уште...само во моментов неможам да се сетам!
    И после овој список што треба да очекувам?
    Жолто комбе, кошулка што позади се врзува(по најнова мода) и правец на екскурзија во Демир Хисар? :sweat:
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.577
    Моиве испади се повеќе поврзани со броевите пр.никако гласот на ТВ да не ми е на парен број или др.број кој не го сакам,исто каде и да има некое штимање со броеви пазам на кој број ќе падне,ставам 3 пати кафе или шеќер или сол или киселина ако треба во сосема мали дози,ама да не било еднаш,бројам кога чекам нешто(превоз,да заспијам) обично до 19 или 99(или одреден бр.пати по толку) :x .
    Не користам скршени или напукнати садови,па и др,предмети,дури и на плочки на кои им фали дел не газам,ги прескокнувам.
    Гардеробата ми е класифицирана по сезони и во секоја сезона за секојдневни и за вечерни излегувања.
    Обавезно гледам рокови на производи,некогаш го штимам и износот кој ќе го платам(пр.да е 700 и нешто,а не 600 и нешто ден.).
    Средувам како луда фолдери во компјутер и на мобилен,и на работа документи по регистри,не поднесувам расфрланост наоколу.
    По неколку пати проверувам кога праќам СМС пораки да нема грешки.
    Парите ги редам по големина(1000,500,100,50,10) и свртени сите од иста страна.
    Не ми текнува на др.ама и ова е претерано :$ .
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.604
    Пол:
    Женски
    Е, да, и ова го правам,поздрав Теди :hai:
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Добро е не сум единствена.
    Моите ритуали - два пати мијам раце кога излегувам од тоалет, мојата гардероба и на моето семејство мора да е под конец и се е селектирано по сезони, бои, модел (кошули на закачалки и фустани, едно купче со панталони, друго со сукњи, трето со блузи, џемпери итн..), сите c.d. се наредени по азбучен ред, секое стварче во собата има свое место, и играчките кај ќерка ми се наредени по големина и тип (барбики, плишани играчки, коцки, боенки и сликовници), ги собирам бројките од регистарските таблички на возилата и добиеното бројче го поврзувам со некој настан, Сите слики во компјутер ми се сортирани по датум и место, месец и година, мразам расфрлани фајлови, точно знам кој фолдер каде се наоѓа, парите во новчаник ми се наредени по големина и од едната страна, имаме три касички за ситни парички (за 1 денар и 10 ден.-железни, 2 и 5 денари), со кафе секогаш пушам две цигари, пред да легнам да спијам морам се да средам-секоја играчка,секое парталче, ништо да не е расфрлано, далечинските ги редам по големина, бројам чекори кога пешечам подолго, гледам датум и рок на траење на производи ...др. не ми текнува.
     
  18. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Оваа појава како помала ми беше многу изразена. :worried:
    Ако гледам на пример во вратата морав со јазикот во устата да ја нацртам т.е. да ги следам линиите.
    Ако си ја чепнев еднаш едната рака морав и другата на истото место а доколку мислев дека не е на истото тогаш ја чепкав и другата на другото место, значи секогаш симетрично, што на левата тоа и на десната страна на телото. :^)
    Што и да чепнев морав да си ги помирисам прстите и тоа секој прст подеднакво пати. :x
    А исто и кај мене беше тоа со коцките и плочките, но свесна бев дека нешто не е во ред и некако ги снема тие навики, и навистина ми е драго. :)
     
    На ditrih му/ѝ се допаѓа ова.
  19. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Аи, јас сум најздрава значи. :D :D

    Се ми е испомешано, пижами негде со блузи сум ставила, панталони со суќни, еден далечински на биро, друг под јастук, звучниците еден под биро, еден на куќиште, еден на биро, ама буквално сè. Ланчиња измешани со обетки, со алки, ама мразам кога ми се наредени и така неможам да најдам. Вака ми е супер. Не е расфрлано тоа е декорирано - уметнички. :lol:

    Неам ниту еден симптом на оваа болест. :P Единствено што морам да ја наместам завесата од крај до крај.

    Едно време кога одев исто ко и вас, гледав по што газев, несмеев на поинаква боја и сл, ама го открив решението.
    Не гледајте надолу! Гледајте пред вас и мислете си за луѓето и сл. За облеката коментирајте си, за стари случки птосетувајте се, само главата не ја спуштајте надолу!

    Ии, ми текна, на масичето со огледалце, ги местам работите по големина, од најголемо до најмало. Ама не дека сакам, туку зашто ако помало ми е позади поголемо, често се случуваше да ми падне позади тоа и да неможам со денови да го извадам. Така да, најдов алтернатива.

    И, книгите..

    :wasntme:

    која помала, која поголема.. shame on me. :tmi:
     
    На Tabby, mila-vanila и sweetheart10 им се допаѓа ова.
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.600
    Допаѓања:
    6.383
    Аа и ми текна нешто друго.
    И јас правам нешто слично како Форготен, само што јас со забите кога ќе видам нешто пробувам да го оформам во устата. Или често си правам квадрати, правоаголници и слични форми и ако не ја направам правилно, морам да се обидам пак. :x
    И исто кога местам книги често ги подредувам по големина, пример математика книгата ми е најдебела и најголема и скоро секогаш ја ставам прва, и потоа така ги редам, и на крај ги ставам сите тетратки. Но, ако имам некоја голема тетратка или повеќе големи тетратки ги ставам со книгите, а ако се мали одделно. Ако ме разбравте сега. :lol: И на крајот приборот оди. Се нервирам кога се враќам од училиште и кога ќе ги видам книгите расфрлани во ташна, зашто ме мрзи во школо да ги местам, и сите испревртени, тетратките меѓу книгите.. :devil: Не ми е ова до толку опсесија, ама знам некогаш да се изнервирам ако не ги подредам по така наречен ред книгите.