1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опсесивно-компулсивно пореметување (Оbssesive compulsive disorder)

Дискусија во 'Психологија' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. Incroyable

    Incroyable Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    31
    Немам многу вакви навики само неколку :)
    Парите ги редам од најголема кон најмала во новчаник.
    Откако ќе испратам порака, веднаш одам во испратени, ја препрочитувам и размислувам како личноста ја чита.
    Кога излегувам и заклучувам, секундарно проверувам дали сум заклучила.
    Ако учам за испити првиот пат додека читам реченица не сум сконцентрирана но, потоа ја читам со целосна посветеност.
    И тоа е тоа.. :)
     
    На Markusa2 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.285
    Допаѓања:
    101.283
    Пол:
    Женски
    не можам да заспијам без телевизор уклучен, и обавезно да е двд од Пријатели:)))) Морам да имам вода до мене, и мора да ми е затворен плакарот. Не знам зашто ама не можам да заспијам со отворен плакар !!
     
  3. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    ^^ сестра мми исто не смее плакарот да биде ниту малку отворен
    јас неможам да ставам парфем ако не стојам пред огледало, кога одам по тротоар ги рипам линиите и не смеам да згазам на нив или на нечиста коцка, на шахта да поминам преку две бандери, да ставам крема на лице а да не се гледам во голедало, со десна нога да излезам од дома, да влезам дома и милион такви глупости без веза ама морам да ги правам :lol:
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    И мене ми текна дека патам од нешто слично :)
    Јас правам форми од работите што ги гледам околу мене, на пример точките на неизглетуван неизрамнет ѕид, морам да ги спојувам во нив да препознавам ликови, да ги спојувам со точки и цртички за да добијам најразлични форми, истото ми се случува насекаде каде што ќе забележам нешто што може да се поврзе и од него да се добие некоја форма, исто и во ѕвездите, ги гледам и се обидувам да ги спојам и да добијам нешто од тоа... многу ми е чудно :?:
    Малечката масичка во двена обавезно ја пребришувам 3-4 пати во денот, едноставно неможам да гледам ни едни прашинче врз стаклото, неможам мирно да седам и да се напијам кафе ако има прашинки на масата кои се видливи за мене, не ми дава мир нешто и седењето не ми е убаво :worried:
     
    На lola-86 и Tabby им се допаѓа ова.
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Same here ;)
     
  6. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Па има повеќе вакви работи што ги правам, пример солта ако ја остат на маса а не кај што треба јас одма почнувам да се карам и да му викам оти не ја ставиле одма на место, некоја фиока од гардеробот ако не ми е убо затворена со другите, ако е понапред пример не можам да ја гледам така и мора да ја затворам, имам проблем со чистењето ако не е се кај што треба на место неможам да седнам и да гледам тв или слично нешто, една чаша за миење да има јас одма ја мијам нејќам да седи така, и мн други работи поврзани со чистотата, друга работа, имам обичај да се гледам во ќошојте во таванот и триаголници си спојвам ова ми се случва скоро секој ден.
     
  7. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Па вака, овие т.н. ритуали сега забележувам дека ги правам :D и тоа најчесто:
    Кога учам се мора да биде перфектно запаметено и да ме разбудат, во сон да го кажувам :D
    И јас одам по тие коцките, особено кога се розевки :)
    Го намалувам телевизорот скроз ама мора да е вклучен додека да заспијам.
    Кога сум нервозна фрлам предмети ( ама најмногу топките на тренинг ) !
     
  8. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    13.401
    ^ Ме интересира кој ви го гаси телевизорот? Или имате тоа за гасење тајмер?
     
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    38.209
    Пол:
    Женски
    Леле па сите сме биле по малку болни :D И јас го имам ова,нарушување како што велите :D Ама повеќе мислам дека е навика.Jас кога седнувам некаде во вц почнувам да бројам колку плочки има,е сега немам секогаш време да ги избројам ама битно е да се брои,а кај мене во вцето сум ги избројала незнам колку пати дали од навика или досада...Исто кога одам во вц морам да читам нешто верувате ако нема весник земам и на толетната хартија читам она што пишува на паковањето забегана :D Исто пред спиње секогаш јорганот го повлекувам надолу мразам кога ми е до глава,морам да го направам тоа ако не нема да заспијам |(
     
  10. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Во се се препознав, само што парите ги редам од најмала кон најголема и ги местам сите на иста страна да бидат свртени (на пример на сите да им се гледа предната, а не задната страна), секогаш на раскрсница гледам да газам само на белите линии, пред да влезам дома три пати ги тријам нозете од чергичето (два пати со десна, еднаш со лева нога), пред да облечам некоја блуза морам три пати да ја истресам.. и слични некои работи. :)
     
  11. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Една моја пријателка секогаш кога излегува од врата три пати влегува излегува, значи секогаш. А и јас имам некои ритуали пред спиење и насабајле :| И мислам дека ако не ги направам дека нема да ми биде океј денот. Еден од моите ритуали е кога ќе видам календар да ги гледам датумите што ја содржат бројката 5 незз зашто и незнам како започна сето тоа. После имаме едно чергиче и секогаш кога е изместено од местото се наведнувам три пати го допирам и го местам :worried: Исто така кога повторувам лекциите иако ги знам претходно 2 пати ги читам па си ги кажувам.
    И на саатот кога гледамм и нешто ако си помислам и ако тогаш на пр. саатот е 20:14 одма мислам дека тоа што го помислив нема да се ост. бидејќи саатот ја содржи бројката 4. Исто така кога станувам сабајле морамм да станам на десна нога. И исто така кога преку викендот имам некои обврски утроото иако ставам аларм некако нешто ме мачи и сама се будам од себе точно во одреденото време пред алармот. И додека се возам во кола ги гледам регистрациите и ги собирам одземам бројките за да добијам број кој што ќе ја содржи бројката 5. Има и некои др ама не можам сега д аги напишам =/
     
  12. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    И јас ова го правам постојано, а стварно незнам зошто имам потреба да згазнувам точно во средината од квадратот :D
    И овие работи ги правам често..

    Друго, пред спиење, морам барем 3 пати да си ги измијам забите, лицето и рацете,косата ја врзувам во репче обавезно, а ако не се напијам млеко ми се чини дека ќе биде крај на свет (при тоа млекото го ставам во една посебна голема шоља и ако некој друг ја допре викам ко ненормална, после, во млекото ставам 3 мали лажички шеќер и 3 големи лажички краш). :$ Кога ќе легнам, обавезно пред да затворам очи мора да погледнам во една точка во плафонот.
    Тие ми се ритуалите, ама сепак не мислам дека е некое пореметување, едноставно тоа е навика, и воопшто не се замарам.
    Малце само ме загрижува тоа со шољата,никој не смее да ја чепне, освен јас, ама што знам, во последно време се контролирам
     
  13. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Имам јас тајмер :)
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.523
    Сте отишле оффтопик и тоа многу.Темата не е ритуали,ниту чудни навики (за кои патем има и тема).
    Опсесивно компулсивно растројство е веќе нешто друго.Според ова вашево,сите го имаме...
    Еве ви објаснување околу osd.
    http://helpguide.org/mental/obsessive_c ... er_ocd.htm
     
    На Избришан профил 146538, ditrih и faye им се допаѓа ова.
  15. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Истото нарушување го имаме, ама јас само навечер пред легнување чукам во дрво 3 пати и си легнувам и мирно си спијам. Колку е глупаво, знам. Ама ако не го направам тоа мислам дека нешто лошо ќе се случи, а после тоа мирна си сум. Сепак не сметам дека е OCD, не е ни многу екстремно, ни многу изразено, по еднаш на ден :D А и да, ова со плочките, кога одам да газам на средина, да не допирам на линиите порано го имав, ама сега се одвикнав. Се надевам дека и со чукањево во дрво ќе се одвикнам.

    И да Лилит, во право си дека сме оф топик и дека ОCD e нешто сосем друго, доцна го видов твоето мислење...Ова нашево се малку чудни ритуали и навики, а не ОCD...
     
  16. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Незнам дали некој друг прави така,но јас кога јадам било што секогаш внимавам во чинијата да ми остане толку од јадењето колку што имам леб.Го делам лебот на еднакви парчиња,и внимавам за секое парче леб да одговара на пример по 1 лажичка супа.И тоа се мора да биде подеднакво поделено. :wasntme:
     
  17. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.297
    Допаѓања:
    37.950
    Пол:
    Женски

    Истото и јас го правам :D а исто и тоа со плочките како и повеќето од вас.А ритуалите пред спиење не ги ставам во оваа категорија, тие се повеќе од навика и хигиена.
     
  18. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    и јас имам некои таканаречени "ритуали" на пр. бројам предмети,ги подредувам боите како што мене би ми одговарале,бројам колку букви има тој збор.. на некој начин сум опседната дека морам да го направам тоа и тоа.. но поретко чуство е и за среќа брзо поминува :)
     
  19. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Јас имам такви ритуали и кај мене ова е премногу изразено. Ако не направам нешто што го правам секојдневно(како рутина)цела вечер нема да можам да спијам. Ме мачи нешто. Многу го мразам тоа чувство :@
     
  20. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Јас не поминувам под билборди,онакви големи.
    А ако поминам,со раката над глава си поминувам пак,зошто многу ми е језиво. :D