Опсесивно-компулсивно пореметување (Оbssesive compulsive disorder)

Дискусија во 'Психологија' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. LittleCupcake

    LittleCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    Се препознав буквално во секој коментар -.- Освен во тоа со плочките и чешлањето коса, затоа што ми е виткана па не ја чешлам. И јас започнав како мала од 5-6 години, во тој период повторував една одредена фраза ( не ми текнува како беше ) потоа почнав да чепкам предмети по 3 ( или повеќе пати ), да правам ритуали секој вечер и секое утро, да зборувам сама со себе.
    И така натаму. Не мислам дека е обично „ правење на филм “ или ништо страшно, туку дека Е страшно затоа што мене ме излудува, а не можам да престанам. Најлошото од СЕ е тоа што тетка ми е психијатар а искрено на близок не би можела да му се отворам. Како и да е, не е како порано порано беше полошо но, сега иако е подобро сепак уште ме мачи :(
     
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Повеќето од случаите кои ние ги наброивме се намо навики, а не OCD. Се сеќавам еднаш се шетам низ центар, а на 5-6 метри пред мене оди еден дечко. На секои три чекори се враќаше еден назад, секоја пукнатина ја прескокнуваше, застануваше пред секое камче и го скокаше. Е тоа е веќе OCD.
     
  3. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    Не ни знаев дека ова се нарекува така, и јас се пронаоѓам овде, освен тоа со плочките после излегување од тоалет морам да измијам раце обавезно, имам многу страв од бактерии и нон стоп сум со сапун и вода или антибактериски влажни марамици, во собата имам ѕиден саат со големи бројки и постојано ги собирам бројот од часот и минутите исто така ми се случило после излегување од дома кога веке сум стигнала на станица да се вратам дома да проверам дали сум заклучила :(
     
  4. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Јас сум ова првото :rofl: Многу винмавам на чистотата :| Никогаш не јадам ако не ги измијам рацете со сапун, не пијам од иста чаша со мајка ми или било кој друг ... :|
    А ова второво е мама :lol: Дури и кога ке одиме заедно до на продавница таа шетапо сите соби за да биди дали се е исклучено, ги проверува сите штекови, сијалици, проверува дали вратата е заклучена неколку пати ...
     
  5. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Порано имав повеќе мали проблеми секако не беа многу изразени ама сепак ги правев.Не ме фаќаше нервоза или нешто лично..Ова се случуваше до 10 години така некаде..Сега повеќе не.Престанав ова да го правам.
    1.проблем- Секогаш кога бев сама си мислев дека ме снимаат со камери и во моментот ме гледаат се што правам.Така и се однесував..
    2. проблем- Не беше пожелно да згазам на линиите.Всушност јас газев ама ми доаѓаше непријатно чувство кога ќе видам друг како гази.
    3.проблем-исто така како мала ги цртав луѓето и пишував свесно.Многу чудно.На пример еве јас гледам човек и во психата го цртам му ги повторувам цртите како што му се на лицето и телото..а ако `измрдав` нешто исто така во мислите земав гума и бришев. :lol: Значи се ова во мислите.И пишував зборови-реченици исто така и гума употребував.Всушност јас пишував она што го зборуваа луѓето во моментот.
    4.Кога ќе видев луѓе или коли како одат или возат јас ја замислував таа слика и им цртав преграда да неможат да одат..обавезно на секоја црвена кола или човек во црвено.

    :tmi: :tmi: фала Богу повеќе овие работи не се присутни ..барем не кај мене !! :D :D Кога сватив дека се е до психата скрос ги искоренив. :D тешко беше..ама успеав !
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Опседнат со чистота, во вистинска смислана OCD беше сестра ми. За среќа увиде сама колку проблеми си направи и некако, со мнооооооооогу напор престана. Значи девојчето беше опседната со чистотата на рацете. Мислеше дека рацете и се најгадниот дел од телото и постојано ги миеше. Им ставаше сапун точно 5 пати на секое миење. Кај нај дома еден сапун се трошеше за еден ден, максимум 2. Еднаш доаѓа и ми вика да и ја соберам косата затоа што и биле нечисти рацете. Ја прашав зошто не ги измие, ми рече дека само што ги измила. Од многу миење кожата на рацете и беше груба, и напукуваше ииселупеше, дури и крв и течеше. Зглобовите на прстите беа поддувани како на стара баба. За среќа некако ја одвикнавме.
    Јас пак имам проблеми со цвеќињата на прекривките на креветите. Цвеќињата мора да бидат свртени кон перницата. Сепак не би го нарекла тоа OCD. Дечко ми веќе си тера шали со мене. Секогаш кога си спијам кај него намерно ги мести наопаку прекривките затоа што знае дека ќе ги тргнам сите и ќе ги прередам. Пред неколку недели се изненадив од самата себе. Бев да и помогнам на тетка ми, која затоа што скрши неколку пршлени на вратот не смееше да се наведнува. Ме повикна да фатам од другата страна да го наместиме креветот, кога ги видов цвеќињата срце ме стегна. Ми беше глупаво да земам да ги свртам, ама сега постојано мислам на нив.
     
    На Annahope му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Јас мислам дека имам комшија со OCD...човекот секогаш,ама буквално секогаш пречекорува на улицава што има доправано нешто за водовод,се познава дека тоа е како посебно циментирано на улицата (не ме бива за објаснување |( ,да речеме дека е еден ред плочки )...и дури подзастанува за да може поубаво да пречекори да не згазне на нив,секогаш кога одам позади него го посматрам,еднаш дури се сецна,оноа приметливо,оти згазна на нив...а човекот често си вози точак,незнам како прескокнува со точакот,може запира,го дига во раце и пречекорува :rofl:
     
  8. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    А јас пак имам некои чудни навики. На пример порано, кога ќе одев во вц ги пребројував сите плочки и си цртав замислена линија и доколку не стасаше на местото кое сум го предвидела миселв дека нешто лошо ќе им се случи на моите родители и се измачував за тоа многу. Или пак се уценував самата себеси ако не го направам ова, ќе умре тој и тој. И ако си речам така, морам да се вратам на местото дури не биде се во ред со мислите. А сега пак не можам да гледам како се исклучува компјутерот, бидејќи ми е страв дека ако гледам како се исклучува, кога се појавува црн екран, дека ќе ми умрат родителите и се тргам настрана и не гледам накај него. Ова се случува веќе 11год. Или на пример се уценував дека ако не си искубам толку и толку влакна од косата ќе ми умрат родителите. Некој ужасен страв е тоа. Или пак ако не одам по одредена линија на плочникот дека ќе излезе се од контрола. И секогаш до дома одам по точно одредени плочки, порано ги броев и плочките и скалите. Сега на пример секогаш гледам регистрации како манијак и пак се уценувам дека ако не ги гледам ќе се случи нешто лошо. И исто така ги собирам броевите од мобилните и датуми на раѓање. Се мијам раце многу често и не можам да излезам од дома без да одам во вц, ама тоа веќе не го сметам за нешто ненормално. Или пак чешлање, шминкање, итн.. тоа мислам дека е во ред. Но, како и да е нема да ме чуди да имам вакво нарушување бидејќи се сметам на некој начин за пореметена личност, поради проблеми со неконтролиран бес кога ги мавам родителите и блиските и поради депресија.
     
  9. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    ете сум и јас тука ја па ако послам нешто лошо а одмам по улица ја се врацм чекор наназд и се отпоново додека не помислам убво нешто катастрофа и не средувам дома ми е страв да ги пресмтам работите да не ми се случи нешто лошо ова не бесе толку згрижувачки како сега годинавапр лек нешто имA????
     
  10. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски

    И јас го правев ова, пазев да не ги газам линиите на плочките и едно време се утепував од чукање во дрво. Ѓаволот да не чуел. Нонстоп на лошо мислев тогаш и си мислев чукањево ќе ми помогне. |(
    И не знам како ми помина. Сама се потрудив да не мислам на тоа додека одам, најчесто се трудев брзо да одам.
     
  11. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    55
    Тоа одвнатре што не тера да ги измимеме рацете 5 пати или да провериме дали сме зкалучиле три пати и сл. се нарекуваат присилни мисли кои се безопасни но можат да прераснат во вистински проблем. На пример некоја песна која ни се врти у глава и ја пееме и не можеме да ја исфрлиме е исто присилна мисла но не значи дека имаме опсесивно компулсивна неуроза.
    Најчесто луѓето кои го имаат ова нарушување во рана фаза успешно се соочуваат со проблемот и дури со силна волја можат да го надминат. Проблем е кога овие присилни мисли се придружени со негативни емоции и мисли од типот ако не проверам 3 пати дали сум зкалучила ќе се случи нешто лошо и сл., откако ќе се изврши „задачата“ настапува олеснување, во екстремни случаи овие мисли можат да излезат од контрола и да доведат до самоповредување или повредување на некој друг.
    Ако некој се сомнева дека го има ова нарушување нема срам најдобро да се зборува со психолог, психијатар додека не завземе замав затоа што претставува измачување.
    Најдобар пример што претставува OCD е филмот Авијатичарот.

    Ако се повторувам со некое претходно мислење извинете
     
  12. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Е моето ОСD е поврзано со схраната.Ме тера одвнатре да јадам јадам и јадам.Има ли некој начин да си помогнам?
     
  13. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    55
    Треба да разграничиш дали навистина станува збор за ОСD, дали чувствуваш вознемиреност и анксиозност ако не јадеш пропратено со мисли дека ќе се случи нешто лошо.
    Доколку е така пробај да се убедуваш себеси дека нема врска, дека нема шанса да се случи нешто ако ти не јадеш, така полека би требало да го надминеш проблемот...ако не, оди најубаво кај психолог/псијихатар затоа што јадејќи комплусивно ќе си предизвикаш огромни здравствени проблеми.
     
  14. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Се убедувам ,ама многу тешко ми оди...Издржувам на диета едвај неколку дена и после повторно се навраѓам на истото ,само се вртам во некој магепсан круг и никако да излезам...
     
  15. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    немам ритуали, но порано ги имав многу :rofl:
     
  16. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    дај пишете некој трениниг или слично да си ги тргнеме овие лошои опсесии....гледам млаку не има на форумоф ама сигурно постојат илјадници луѓе низ светово што се мачат со оваа јас почнав со терапија со лекови да се отргнам од оваа ама сакам и со разгово со некои третмани да ми помине пошто со години си го имам овој проблем
     
  17. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Јас неможам да заспијам ако завесата не ми е убаво наместена. Доволно е малку да ѕирка рамката на прозорецот за да станувам да ја местам. :)
     
  18. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    ритуалот пред спиење - да се свртам на лево, да се наместам најубаво што можам па пак да станам да го проверам алармот на телефонот кој сум го проверила макар 2 пати пред тоа и пак да се наместам, па да се сонувам дека паѓам и пред да удрам на земја да се разбудам и да скокнам па после нормално да спијам :lol:
     
  19. lady.jk

    lady.jk Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Разговарајте со стручно лице сигурно ќе ви помогне и преку разговор и ќе ви даде некоја терапија.Исто така разговарајте со некоја блиска личност за овој проблем и во никој случај не се обидувајте да го пребродите ова сами бидејќи е невозможно.Всушност со самиот факт што се срамите од тоа и преферирате да молчите вие уште еднаш паѓате во своја сопствена замка.Верувајте не е ништо срамно,го поминав тоа и кога ќе се сетам колку ми беше само срам да зборувам за тоа ми е смешно.А инаку најдобар начин да го пребродете ОКП е да се убедите себеси дека всушност сите тие опсесии се безмислени и немаа никаква допирна точка со реалноста,кога ќе ви стане навика да мислите дека тие опсесии не го заслужуваат вашето внимание ќе сфатите дека всушност сте искорениле друга навика-ОКП. Не велат за џабе,секој човек е роб на навиките,но ако веќе мора да бидам роб,барем да бидам роб на добрите навики.
     
  20. Bunny-1

    Bunny-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Мене малку ми помогна оваа книга http://www.seminarskirad.biz/seminarski ... 0mozak.pdf но сеуште го имам овој проблем, сепак мислам дека ќе ви помогне и вас затоа што во книгата многу убаво е објаснето ова пореметување па сигурно ќе ви се намалат паничните напади. :)
    Сакам да ми предложите некои лекарства што ви помогнале вас.