1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опсесија: Сегашната девојка на бившиот

Дискусија во 'Врски' започната од m2m2m2, 11 март 2011.

  1. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Гледам дека има само БИВША како опсесија,па ај да видиме дали има и обратни случаи?? :)
    Ајде девојки да видиме кој е поопседнат? :D
     
  2. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Опсесија:сегашната девојка на бившиот

    Хахаха ме насмеа кој би можел да има ваква опсесија !!! Освен ако сеуште немаш чуства кон бившиот...Инаку нема воопшто причина за ваква опсесија ... ХЕ хе хе
    :D
     
  3. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Опсесија:сегашната девојка на бившиот

    Бев во ваква ситуација т.е сеуште сум девојчето е опседнато греотка, сега ја жалам ама какви нервози ми приреди :@ сеа кога ќе ми текне ми иде да ја убијаам :@ Ако почнам да раскажувам ќе ме раздени од аднувања на 5 профили од кај мама тато дада бато :D и секако нејзиниот објавуваше слики на фејсбук од неа и дечко ми за да ме провоцира статуси ми пишуваше како тој нејзи ја молел да и се врати ме зјапаше кога ќе ме видеше :x и да не продолжувам понатаму :D колку само сплетки сакаше да направи и сеуште сака да не раздели ја откачил после подолга врска и не може да се помири со судбината :fubar:
     
  4. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    Опсесија:сегашната девојка на бившиот

    А дали чувствувате омраза кон неа доколку имате чувства уште кон бившиот?
     
  5. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Опсесија:сегашната девојка на бившиот

    Јас не сум била во таква ситуација, кога сум се скарувала чао пријатно и готово. Ни ме интересирало, ни со која ни ништо. Не гледам причина зошто да го мразите девојчето? Милсам таа не е воопшто крива за ништо, таа е само негов избор, и со тоа мора да се помирите.
     
  6. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Опсесија:сегашната девојка на бившиот

    Мене логикава ми вика дека нема шанси да бидеш опседната ако немаш чуства, баш ќе ти биде гајле може ќе сакаш да знаеш која е ама ни о од опсесија значи штом не ти е сеедно немаш расчистено со себе .
     
  7. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Опсесија:сегашната девојка на бившиот

    Не ми се случило досега да бидам љубоморна на девојките на моите бивши. Дури и кога ќе се сретнеме на улица се поздравувам културно и со нив и со девојките (иако, нели, те меркаат од глава до пети и сигурно ќе се закараат после тоа заради поздравот :rofl: ), така што (бар во моите случаеви), кога ќе ставам КРАЈ дечкото може уште утредента да си брка работа :D
     
  8. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Опсесија:сегашната девојка на бившиот

    И јас сум во таква ситуација,бившата на дечко ми опседната е со мене,и тоа не му била девојка туку мувачка само која ја откачи заради мене. Тоа беше пред околу 2 години,а таа до ден денес знае да провоцира на фб,па порано исто ме аднуваше од сите можни другарки,колешки... и јас знав мн да се изнервирам заради неа,сега веќе не :)
    Инаку јас сум била еднаш во ситуација да уште го сакам бифшиот со кој одевме мн кратко,ама сепак го засакав.Тој си фати девојка брзо после тоа,ми беше грдо меѓутоа никогаш не пробав да направам проблеми меѓу нив,мислам што фајде од тоа,само мене уште погрдо ќе ми биде ;)
     
  9. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Опсесија:сегашната девојка на бившиот

    :) на тоа и мислев,девојки кои сеуште не ги преболеле своите бифши,како се справуваат со таа ситуација,дали се опседнати со неговата девојка
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Опсесија:сегашната девојка на бившиот

    Не сум имала ваков проблем досега. Секогаш раскинувам на драматичен начин, ставам крај и никогаш не се враќам назад, слатка ми е победата после секоја врска и повеќе не ми е интересно :lol: Откако ќе ставам крај повеќе не се заморувам со дотичниот, макар и истата ден да си фати друга, сеедно ќе ми биде, иако сум имала предходно чувства. ]:) Секогаш викам, јас се потрудувам секогаш да ме запомнат, па макар и по лошо :lol:
     
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Опсесија:сегашната девојка на бившиот

    Јас имав проблем со мојот екс, кој на секој начин се обидуваше да ме скара со маженцето (кој тогаш ми беше дечко). Некаде околу 1 година не не остави на мира, постојано го додаваше него за пријател од негови пријателки, па му се пушташе од тие профили за да види што ќе направи мојот, па да го шпионира кај мене (па ваљда очекувал да раскинеме :^) ). А бе глупости за мали деца.
    А јас со неговите сегашни девојки воопшто не сум опседната, само кога ќе ми кажат која му е девојка се смеам до солзи. Првата му беше општо познато кур*иче, а сега со оваа што одат (ваљда се уште заедно) е 9 и пол години помалечка од него :| кутрото детенце има само 15 години...

    Да се навратам на темата, не мора да значи дека имаш чувства кон бившиот па да се интересираш за неговите сегашни девојки. Но девојката негова да ти е опсесија- е тоа е знак на нешто.
     
  12. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Опсесија:сегашната девојка на бившиот

    Јас бев опседната со к****** на бившиот ги следев на фб ко некој најголем манијак, се плашев да не е пак со некоја од нив, се додека еден ден фино лепо не ми ску*** и не ги отерав и него и нив у три л*** п**** м*******. Извинете за пцовките и покрај цензурата, ама ми се пцујат бе тие говеда... :emo:
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Опсесија:сегашната девојка на бившиот

    Искрено, мене ме боли таквата (пардон) за НЕГО, а камо ли за неа.
    Тој, кога веќе ми е бивши, е дел од моето минато. А пак таа не е дел од ништо мое.
    Крај си е крај. Со туѓи женски не се замарам.
     
  14. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    73
    Опсесија:сегашната девојка на бившиот

    Ма воопшто не ме интересира.
    Јас тотално си го имам избришано бившиот па не ме интересира тој, а уште помалку неговата девојка. Ма што имам јас со неговата девојка она не е за ништо крива.
    А и на него мислам вака коа ке “разлистам“ по темиве, иначе не ми текнува ни дека постои.
     
  15. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Опсесија:сегашната девојка на бившиот

    И јас како што кажав погоре сум била во ситуација да го сакам уште бифшиот,но сепак воопшто не бев опседната со неговата нова девојка,ниту ја мразев,ни ништо...
    Ама еве сега бифшата на мојот дечко долго време е опседната со мене,незнам,ваљда мене ме смета за кривец што ја остави,но тој не ни одеше со неа,само ја мувал,така да таа сама требало да сфати дека не е сериозен со неа. И еве сега,сметајќи ме мене за кривец,се труди долго време да направи проблеми,ама не и дозволувам :devil:
    Свашта!
     
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Опсесија:сегашната девојка на бившиот

    Обично кога завршува врската, завршува и интересот за се што е поврзано со него.
    Што се однесува до мене, после раскинувањето, воопшто не се интересирам за тоа дали си нашол нова, како му, што му е ... Ми се има случено нормално, да слушнам или да ми кажат која е новата девојка на некој бивши, можам да искоментирам ако ја знам, ама никогаш не сум била во состојба да ми биде опсесија.

    За да се замарам со неговата девојка, треба да се замарам и со него. Што значи дека ако сум опседната со неа, веројатно тоа е така затоа што сум опседната со него. А редот се знае, ставаш крај и тука завршува приказната.
     
    На UnIquEee му/ѝ се допаѓа ова.
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Опсесија:сегашната девојка на бившиот

    Мене секогаш ме интересирало која му е нова девојка и слично, без разлика дали уште ми значел или не.
    Чиста љубопитност.Е сега не била којзнае каква опсесија, да ја манијачам и слично, ама сум немала против да знам колкава е, од каде, каде излегуваат и слично.Мене ми е тоа нормално, особено да речеме 2-3 месеци по раскинувањето, плус па ако врската била долга.
     
  18. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Опсесија:сегашната девојка на бившиот

    Љубопитна сум и сакам да знам, што како е, природно си е тоа. Но не до степен да премине тоа во опсесија. Е сега ако го сакам, претпоставувам да, би се опседнала и тоа како. :D
     
  19. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Опсесија:сегашната девојка на бившиот

    Ако цврсто сум решила дека со тој некој е крај, нема зошто неговата девојка да ми е опсесија. Дури и уште да го сакам, ако стварно толку го сакам, ако вистински го сакам, ќе бидам среќна кога тој е среќен, и не може сега тој ради мене да не продолжи со животот.
     
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.547
    Пол:
    Женски
    Опсесија:сегашната девојка на бившиот

    За оние бивши за кои понекогаш слушам нешто или пак контактирам со нив многу ми е жал. :lol: Само еден има долга врска 3 години,а другите ниту еден немал врска, сите се на мување. Лоша среќа сум им донела. Сакам луѓето со кои што сум била да се среќни, драго ќе ми биде да имаат покрај себе некој што ги исполнува. Не би ми била опсесија нивната девојка.