Постојат болно љубоморни луѓе на светов, меѓутоа колку мене НИКОГАШ! Прва женска му сум на дечко ми (се фативме во 7мо одделение. После тоа бевме скарани и за тоа време типов имаше една женска 1 недела, што е најтрагично се вика како мене :evil: ) и прв пат со мене имаше односи. Значи со бившава немале ништо повеќе од бакнување 1 недела, не можеле да одат подалеку, бидејќи имаа по 13 години... Оттогаш сме заедно 3 и пол години, и секогаш кога помислувам на неа се вадам од сопствена кожа и не знам што се можам да направам... Имаше еден период пред 3 години кога ја сонував (иако немав ни претстава како изгледа), си правев болни филмови... и за џабе е се. Треба да сфатиме само дека таа му е бивша. Ако се сакале, немало сега тој да е со нас.
оф леле Викторија истиот проблем е ис о мене,со дечко ми одам 4год,а неговата бивша со која одел пред да се фане со мене еден месец,неможам да ја извадам од мисли,нон стоп ми е во глава,а пак кога ќе ја видам ааауууу иако не реагирам пред неа внатре во мене срцето ми чука со сто на саат,за другите бивши не сум љубоморна ама за оваа, :evil: се знам за неа СЕ!!кад е како е,како се прозива,каде студира,се се се кога и е роденден.....дури и сама се нервирам што и двам толкаво големо значење...
Едно време и јас бев опседната со бившата на мојот дечко,знаев дека му била голема лјубов и дека мн ја сакал прва и тн тн......Всушност ние кога почнавме да се гледаме тој уште ја немаше преболено и не го криеше умешно тоа....ми требаше мн време да му се "пикнам под кожа "и да ја почнеме нашата лјубовна приказна...Па фала богу за нетов од фб до мај спејс до бла бла дознав и нејзин роденден и колкава е и кај била и што била....Му праќаше смс за роденден или некои др честитања и за разни глупости јас пиздев и постојано се споредував со неа ,така ,бев опседната.По некое време сфатив незнам што ми светна дека нема потреба да се плашам и да се нервирам и да бидам лјубоморна на некоја личност од минатото ...Грешев сега сфаќам што ја спомнував така правев бетер, ем караница ем ќе го потсетам на неа па откај да знам........Едноставно ја извадив од глава ,таа сфати изгледа дека е во минатото негово и дека е во врска и си ја сака девојката,па престана да пишува да се јавува..А морам да признаам иако не ја мислам и не ме секира таа бивша,уште мие некоја болна точка знаејќи дека му била прва лјубов....што е нормално ,но ја оставам во минатото каде ја оставил и дечко ми....Ххаха сега си се фатив еднаш себеси како си викам тууууу како му раскинала се спасила кај заглавив со овој јас хахаха
И јас знам каде живее, како се прозива, каде учи, кога и е роденден, со кого се дружи, кој и е дечко, каде излегува, кој и е брат... СЕ! :evil:
I mojot decko ima edna bivsa koja mu bila taka po golema ljubov i porano bev opsednata so nea iako nikogas nesum ja videla,neja poznavam,no znam mnogu raboti za nea od tipot kako izgleda,kade zivee,kade ima sredno,fax zavrseno i svasta porano eden period mnogu bev opsednata so nea bukvalno istrazuvav za nea no toa veke e zavrseno sfativ deka e minato i gotovo so toa voopsto nerazmisluvam za nea i ic nemi e gajle ni kakva bila ni sto jas sum si svoja i takva me saka deckomi. Sovet za site sto se opsednuvaat so bivsite na deckovcite da prestanat so toa mnogu e loso,posebno pa koga se ide do tolku daleku da nonstop da razmisluvas za nea pa duri i da se trudis da bides kako nea toa e katastrofa,bidete svoi i ic nemu ja mislete za bivsite tie i onaka se samo bivsi
pa opsednata sum sramota ama taa e site devojki kolku tolku se opsednati ama dali pak tie se opsednati so nas? a?
Се сомневам... Морам да признаам дека ме замисли сега малце... Зарем на некој мој бивши неговата сегашна женска да е опседната со мене?
е браво за прашањето,јас мислам дека и тие се опседнати со нас-нели???сепак ни њубоморат сега ние се гушкаме бакнуваме,галиме,а тие можат само да гледат,епа сега што да му правиме,си имале шанса што не си ја искористиле?
да да има шанси,ама сексо некоја девојка ти љубомори па не мора и да си му бивша на некој....може и зошто си му женска на твојот дечко,а таа некоја само го симпатизира,еве мене сигурно некоја ми љубомори на мојот дечко дневно некој му титка со скриен по 30 пати....е сакам да ми љубомори!!!
a deckovcite opsednati li se so nasite bivsi? jas mislam da iako nekoj poveke nekoj pomalku go pokazuva toa
Можам да кажам за дечко ми дека е опседнат... можеби не како мене да знае и нивни роденден, но тоа што му треба да го знае, го знае и тоа како... (и тоа ужасно ме нервира ).