Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опсесија: бившата на партнерот

Дискусија во 'Врски' започната од annnni, 27 март 2010.

  1. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Самото тоа што тој и раскинал неа за да биде со тебе ти кажува дека таа вооопштоо не му значела.. И несе замарај за такви работи едноставно помирисе дека секој си има свое минато и тоа останува таму во минатото... Гледај си го дечко ти и уживај си ;)
     
  2. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Самото тоа што тој и раскинал неа за да биде со тебе ти кажува дека таа вооопштоо не му значела.. И несе замарај за такви работи едноставно помирисе дека секој си има свое минато и тоа останува таму во минатото... Гледај си го дечко ти и уживај си ;)[/quote]


    Навистина ќе се трудам да ги послушам вашите совети,сепак тешко е изгледа треба да помине многу време :worried:
     
  3. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    511
    Таа ќе умира од љубомора кога ќе види како нејзиниот бивши дечко е среќен со неговата љубов, а ќе се смее ако забележи дека ти си љубоморна. Па одлучи кој сакаш да биде љубоморен-ти или таа? :)
     
  4. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Ма срцулче тебе не ти треба време да помине, тебе ти треба да сватиш дека безпотребно се измачуваш себеси, а и него со тоа што нон стоп се замараш со неа. Еве ти пример мој.. две бивши на мојот сопруг ми се најдобри фалимијарни прилатлки, мажени се сега за негови пријатели и со двете редовно контактираме.. Јас нив воопшто не ги гледам ни како конкуренција ни како негови бивши, дури и се зафркаваме со нив на моја сметка им велам арно оти јас го зедов ве спасив од него. ;) гледате посалам мажи си најдовте.. :) .. остави го минатото таму кај шо му е местото... Ако таа му значела него тој ке бидел со неа а не со тебе..
     
  5. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Срцулка , таа не за џабе му е бивша . И мене ми беше така , ама секогаш кога ќе ти падне глупо или криво , не давај да ти го смени расположението личност што не ти е битна ни тебе ни на дечко ти . Кажи си во себе најубава сум , само мене ме сака . Јас кога ќе видам некоја бивша на дечко ми , а често ги глеам , почесто одколку што знае он , ако сум со другарка и кажувам , пукаме сеир и ми поминува . Или ќе ми смени тема . Злоба испаѓам ама морам за себе да глеам така ? :D
     
  6. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    За дечко ми таа е минато.Знам дека не му значи,а ни додека биле во врска не му значела толку.Тој 1000пати ми има кажано дека ако ја сакал ќе бидел со нејзе.Ама проблемов е во мојов мозок.
    Јас нејзе ја гледам како најголем непријател..а таа треба да ме мрази мене јас и го презедов дечкото не таа мене ама ете...
    Некогаш се случува да бидам јас со дечко ми и таа да помине покрај нас и одма јавувам љубомора иако тој не ни ја погледнува нејзе.Едноставно не сакам да ја познавам.Ова е проблем кој ми е во психата.
    Порано ги прашував другарките која од нас двете е поубава..Ејјјј до кај стасав.
    Убаво ми е што си го кажав проблемов овде на темава...ќе ми биде полесно :)
     
  7. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Ми текна уште нешто срцулка :D Ама не ми се смејте :) Буцкало сум големо , и кога имам нешто вредно сакам да се фалам и такви работи . Тоа што дечко ми има проблеми со видот , јас знам за добра цел да го искористам :$ Еднаш бевме искочени и видов една негова бивша и оваа ме зјапнала , мислиш ќе ме соблече со очи и забавив малку .. поспоро одевме и го гушкав го бацував :D :D Ми падна смешно знаеш , ама што :lol: Зошто бе на нас што ги имаме тие дечковци да ни биде глупо , љубоморни да сме ?! Да им остаиме и на бившите малку бе па :D
     
  8. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Ехх Душица ако ти си смешна тогаш и јас сум.Колку пати така ќе ја здогледам бивша му од далечина и одма ќе почнам да си го гушкам и бакнувам дечко ми.Ама само што не знам дали таа на тоа е љубоморна.
    Но сигурно ми завидува бидејќи таа со него беше 7 месеци ,а јас сум година и 7 месеци.На почетокот никој не ни веруваше дека ќе опстои нашата врска,но му го докажавме спротивното на сите.
    И многу од другарките и самите ми кажуваат дека ми завидуваат што сум имала убав однос со дечко ми.Тие не знаат дека и јас имам проблеми со него ,но нормално е да се има по некој проблем кој кога ќе се премине ќе ја зацврсти врската.
    Сигурно и на бившата и е криво што таа му беше пролазна врска,а јас му сум сериозна.
     
  9. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    ма зошто нон сто се споредуваш со неа, нервоза мене почна да ме фака а не па дечко ти ;) Немој да патис од синдром на пониска вредност и да се споредуваш со неа и било кој...само ти губиш во оваа ситуација и пред неа излегуваш смешна.. не се лути така е.. и правиш бесплатно задоволство нејзе со покажуваш дека си лјубоморна на неа
     
  10. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    E не за џабе сум Вага во хороскоп...Вагите секогаш се споредуваат со другите околу нив.
    Мислам дека ќе ми помине .
    Ми дадовте до знаење дека не треба да љубоморам за глупости и за нешто што било во минатото-морам да ве послушам за да ми биде полесно!
     
  11. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    eeeee takaaaaaa :emo: :clap: :clap:
     
  12. Trikson

    Trikson Нов член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    35
    Tоа што запамтив од предходната врска, беа едни од нејзините последни зборови

    "Aко јас немозам да те имам, нема ниедна друга"

    :lol:
     
  13. Hurt

    Hurt Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ве молам за помош... Со дечко ми одиме 10 месеци и можам да кажам дека одлично се согласуваме и преубаво ни е заедно.. Постои само еден проблем кој ме мачи секојдневно: Дечко ми постојано зборува за неговата бивша, за тоа колку добар сексуален живот имале, колку била згодна, колку убави моменти помилае, колку го боли тоа сто таа му забила нож во грб изневерувајќи го со кој ќе стигне.. Колку и да ми е супер нашата врска, ме боли тоа што едноставно сум споредувана со некоја к****.. Неколку пати пробав со него да разговарам на таа тема и тоај ми рече да оставиме се на страна и да продолжиме... Го прашав која е причината за тоа постојано да слушам се и сешто за неговата бивша, а неговиот одговор е дека не сакал истото да се повтори со мене... Не знам дали да верувам или не... Што мислите вие? :worried:
     
  14. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    За Hurt
    Во никој случај не би поднела тој цело време да ми зборува и да ме споредува со бившата.Па тој со тебе ли е сега или со бившата.Во ред е тоа да каже што му смета,во ред е да каже нешто и за бившата и што како било......но не му дозволувај постојано да те споредува.Нагласи му дека тоа ти смета,дека несакаш повеќе да те споредува,дека секој си е приказна за себе.Па сите ли сме исти секој си има свои позитивни и негативни страни.А како би му било на него ти постојано да му зборуваш за бившиот.Во никој случај не дозволувај повеќе да ти зборува на таа тема,биди упорна и стави крај на тоа,кажи му дека веќе знаеш се за неговата бивша и дека не те интересира по 100ти пат да ги слушаш изтите приказни.Биди малку тактична и се ќе се среди.
     
  15. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    А, зошто му дозволуваш така да те измачува??? Мене така да ми прави, така би му залепила една и би заминала, што треба добро да се помоли за да ме врати. По неговото однесување дури претпоставувам дека можеби и на ја преболил. Не си должна ти да го трпиш и да му бидеш рамо за плачење... ако мислиш дека те сака, зборувај со него и забрани му повеќе да ја спомнува. Ако не си сигурна во неговите чувства кон тебе, мој совет е да го оставиш додека тој не потрча по бившата кога ќе му се укаже првата прилика.
    Со среќа :*
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Леле што се нема да видам :^)
    Ајде вака кажи му на дечко ти... Затвори се и дома и барај си одговори на нештата што ти ги направила!
    Јас да сум, ќе му раскинам! И око нема да ми трепне. Што си ти? Предмет за споредување?
    Ако толку сака да зборува за неа нека и се смири, нека и прости се и нека си ја направи таква каква што сака да биде!
    Така да му кажеш!
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Па арно си издржала 10 месеци да служиш како средство за компарација. Со убаво ќе му кажеш - слушнав се' и доста ми е, не сакам да слушам повеќе.
    Ако не му доаѓа памет... На твое место ќе почнам да го споредувам со некој претходен бивш дечко. На секое негово - мојата бивша вака, мирно ќе си реплицирам - А мојот бивш да знаеш...
    И така неколку пати, ако има нешто во главата ќе му дојде памет и ќе се одвикне. Ако не, вратата е ширум отворена. Збогум .
     
    На kate21 и Offspring им се допаѓа ова.
  18. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    130
    За Hurt
    мој совет ти е да си провериш колку се искрени неговите чувства за тебе и колку вистински тој ја заборавил неговата бивша. Не велам дека секогаш е така, ама НАЈЧЕСТО кога машките зборуваат лошо за претходната со омраза и ја нарекуваат со најпогрдни зборови, тоа значи дека тој уште не расчистил со неговите чувства за неа, само што причината поради која раскинале била премногу голема и сериозна па не се заедно. Границата меѓу љубовта и омразата е тенка.

    Не мора да значи дека тоа е случај и кај вас, но во никој слушај не е добро што тој упорно ја спомнува бившата и тоа со толкав "жар". Во ред е да се спомне некогаш и да ти каже зошто и како раскинале, но ова неговото, според она што го пишуваш, е претеризам. Или сериозно разговарајте да си го промени тоа или можеби е подобро да си со некој за кого ќе бидеш единствена и како таква нема да те споредува со бившите.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.452
    Допаѓања:
    22.942
    Пол:
    Женски
    Ц ц ц :o Како така ќе те споредува со бившата??А него како би му било ти да го споредуваш со некој твој бивши??Се согласувам со стелла83.Најверојатно сеуште не расчисти со чувствата кон бившата,ама ти не си ни крива ни должна да го трпиш :^)
     
  20. Kala001

    Kala001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    9
    уф,незгодна ситуација...
    како што гледам муабет не помагал,ако си сигурна дека навистина сака да е со тебе,а со неа ни под разно,секој следен пат кога ќе ја спомне едноставно стани и оди си,па нека остане со зината уста что се случува...ако не,како што некој веќе спомна,вратата е ширум отворена