Јас да ви кажам искрено, со сегашниот ми дечко со кој одам 5 години и кусур се смував кога тој беше на пауза со неговата бивша. Само што јас не знаев дека воопшто имал девојка кога се смував, туку отпосле дознав. И нормално, се почувствував лошо затоа што не би сакала да сум со некој само за забава. Нејсе, помина време, се случија многу работи, тој раскина со неа и дојде време кога почнавме да излегуваме. Во почетокот воопшто не ја ни спомнував бившата, ама со тек на време, т.е. откако видов нивни слики на неговиот компјутер кој тој заборавил да ги избрише, станав опседната со неа. Абе луѓе, низ нос му ја вадев. Најверојатно заради тоа што толку многу ме болеше што ги видов сликите. Дечко ми ми се смееше, ми викаше "алал да ти е на умот, јас раскинав со неа заради тебе, а ти се замараш со неа". И со текот на времето некако почнав да уживам во нашата врска и сфатив дека таа веќе не е дел од него и дека нема место за неа во таа убавина. Поготово не кога ја видов во живо, ми се наткрена од ружноќа (не е убаво да зборувам, ама... ). И само да ви кажам, не вреди да си го замарате мозочето со минатото и со бившите, зошто така си правите полошо за себеси, а Бога ми и него го замарате и го успорувате процесот на заборавање дека таа личност постоела во неговиот живот. Уживајте еден во друг, за трета особа нема место!
Никогаш не сум се замарала со бивши или слично ,битно да е бидам сакана,почитувана и да не бидам изневерена во текот на врската ,а опседнатоста со неважни личности е само непотребно замарање на нашите паметни и убави главички ...
Се тресам од нервоза!!! Девојки некој совет ве молаааам Со дечко ми сум 5 месеци во врска тој пред мене имаше врска од 1 година врската не им беше кој знае што ама сепак се смируваа,Тој пред да се фати со неа ми се пушташе ама му дадов неколку корпи и почна со неа ..... Да скратам додека беше со неа постојано ми пишуваше при најмала караница но никогаш немаше ништо .Тие раскинаа после некое време се фативме врската ни е прекрасна внимателен и нежен ме нема навредено ме почитува и многу повеќе е заинтересиран врската да ни опстане кога ќе се скараме тој е тој што секогаш се покорува .... Проблемот БИФШАТА ќе полудааам начистооо од како дозна за нас проба да не скара индиректно со тоа дека ме варал го расчистивме тоа со дечко ми и продолживме тој ми вика дека жали за времето поминато со неа (тие немаат никаков контакт) мирна бев од таа страна ама пред некој ден таа почна да ми пишува како тие комуницирале и тој ја викал на кафе знам логично е да не верувам ама сомнежот ме убиваааа !!!! Сака да ни ја растури врската или ? Знам дека таа го нема преболено иако има дечко тиј сиротиот и е само украс до неа колку не сум сама.Што да правам ако го прашам ќе ми негира нормално како да дознаам некој совет ве молаам
Многу незрел совет од моја страна, ама ако веќе си толку убедена да дознаеш нема друг начин освен некогаш да му пишеш во нејзино име.Ама повторувам, многу е незрел советов, јас лично не би направила така, а и ако те дознае ќе биде лошо. Инаку, неа скроз игнорирај ја, не и ни враќај на пораките,но кажи му на дечко ти и замоли го да и го дотера паметот.
Фемина и јас размислував за вакво нешто зошто навистина немам избор многу работи ни се случија поради неа кога ќе не види не убива со поглед тој толку ми тврдеше дека не може да ја смисли веќе 5 месеци не се во контакт. Нема каде ќе го притиснам да ми го даде пасвордот да проверам сама знам детски ама немам никаква идеја ауу ја мразам најмнооогу
Венди, епа како да ти кажам сега, најубаво е да си го седнеш него и да си напраиш муабет од типот на искреост во врската, кажи му дека ти пишала него вата бивша и побарај од него ( доколку ти смета ) да не контактира с онеа. Поубаво од искреност амин. Се надевам дека ќе ти помогнам некако со мојов совет
Chupe те послушав седнавме разговаравме штом почнав да изигривувам инспектор одма знаеше кој знаеше кој има замешано прсти .... Всушност таа лудата сега гледа дека врската ни е се посериозна не гледа наваму натаму и пука од љубомора ..... На крај тој бил тој што ја оставил и сега лудача мене ме замарааа ја мразаааам највеќе И да се уверив и дека не и пишувал се тоа со докази кај мене само дечко ми малку ми замери колку јас немам доверба во него и има право ова е втор пат да ни влета Се надевам дека по пораката што и ја пратив ќе ја освестам малку Фала ви срцкии
значи еве го проблемот шо ме мачи веќе долго време..бившата на дечко ми се мешаше сегде..ми пишеше на фејсбук скарај му се те молам јас да бидам со него нз шо -.- загрев беше чупето едноставно...па и го викнала на кафе сакала да го смува..ко го слушнав то ..значи збеснав ...после то се искаравме со него значи еден куп проблеми се напраја..ама сега се е ок оти тој му кажа дека нејќи ништо со неа поќе..и нема шанси да се смират...ко го слушнав ова знаев дека стварно му значам на детето..ако не му значев немаше да остани си мене..туку ќе се смиреше со неа..шо имаја врска од 9 месеци...како и да е сега врската ни е преуба..така да не се замарајте со небитни луѓе и вервајте си то е најбитно...Поздрав
Воопшто не се заморувам со бившите, ни со моите, ни со неговите ,затоа што имам мислење дека поопасни се тие кои што не биле со него,а би требало да биде глупав ако посака нешто со бивша,затоа што да им било толку убаво и неверојатно кога биле заедно немало ни да раскинат нели? А и тоа замарање со бивши, пред неколку месеци им ја расипа врската на мои пријатели,затоа што од што се замараа и караа заради нив,заглавија во минатото и си ја пропуштија цела сегашност во врската. Резултат-џабе изгубено време.
vendii> Stavi ja na ignor. nema nisto poloso od toa da vidi deka nemoze nisto da dopre do tebe. nejzina dusevna hrana e ako ti podlegnes na provokacii. togas uspeala vo planot. Sledniot pat samo slatko nasmej se i kazi i: Blagodaram za informacijata, sto bi pravela jas bez tebe. I kazi i deka vredat lugeto cim tolku se zamara. Veruvam deka ke ja ukopas i ke svati. Kazi mi sto si napravila. Pozz [mod-kirilica:1geqjzlv][/mod-kirilica:1geqjzlv]
Дара така и направив на секои провокации не подлегнував ама пукав од нервоза во себе додека ме провоцираше ама издржав И напишав порака каква што верувам ни добила ни ќе добие ја срамнив со земја Мислам дека се откажа ,искрено се надевам дека е така најмногу ме нервира што јас не сум виновна за ништо најкриво ми е што јас имав 4234 шанси да и влетам во врска а не го сторив тоа , зашто мислев не е фер па и дури ми викаше тој ќе ја оставам заради тебе јас нее . И сега јас ни крива ни должна со неа ќе се замарам ма јас на неа не и должам ништо . Ако проба нешто пак ќе си го добие веќе ја научив немам сомнежи дечко ми има расчистено со неа а таа го сака назад епа немаа Фала срции
Море јас многу почнав да ја сањам у последно време Се измачувам секоја вечер тоа па тоа, другарка ми вели дури сега траумата ме стигнала од она што се случи пред година дена...незнам што ќе да е, може некое предупредување
па ја не дека би се замарала доколку таа си седи на газот,но кога таа цело време се туди да ти расипе,сакала нејќела се замараш до одреден степен
Исто и јас тој има пред мене 30 девојки и тие што ги знам ама воопшто нит ми сметаат нит ги гледам дури и со некои си имам пријателски однос шо сум ги знаела претходно воопшто на памет не ми паѓа љубомора или не знам што... Пред некое време се видовме со негова бифша заедничка познајничка ете така да кажам си се поздравивме се убаво лав муабет ама кога некоја гледаш сака да ти наштети па не можеш да се правиш дека ништо не е
па стварно така е,кога некоја ти се меша не можеш ич да не се замараш... Инаку јас воопшто не сум љубоморна,ни на бифши негови(иако има само 2-3,јас сум му прва сериозна врска),ни на познанички,ниту па сам кога ќе излезе го испрашувам кај бил и со кој,не се замарам со такви работи-ама оваа се меша и пак и со неа не дека сум љубоморна на неа,туку онака од претпазливост ја држам колку толку на око
девојки а да ве прашам како би сте се поставиле ако бившата е буквално е опседната од дечкови едноставно не го остава намира пијајца без никаква гордост и достоинство упорно да оди со главата во зид да се заканва и слични работи како би сте се поставиле како би реагирале?
Мене лично би ми било под моето ниво воопшто да ја ставам како тема на разговор,да му ја наметнувам на дечкото,затоа што таа би сакала едноставно и таа цел да ја постигне-да ја разниша врската. Еднаш само би му кажала да си најде начин како ќе расчисти со неа и би нагласила дека нејзината опсесија ми пречи,но само еднаш. Ако постојано и придаваш важност, таа навистина ќе успее да направи земјотрес на врската,ако не друго, ќе ги упропасти убавите моменти кои треба да ги поминете заедно,а тебе ќе те направи болно љубоморна,што на машките многу им пречи. На крај краева,што е тој виновен,ако таа има уште чувства? Не си го ставај партнерот во подредена ситуација и уживај во моментите со него.
Повторно ИГНОР. Тоа се луѓе кои сметаат дека се што посакале во животот можат да добијат, и мислам дека не е толку дека се заљубени во дечкови, него многу повеќе не можат да се помират со поразот. Ако дечкото што е со вас искрено Ве сака, таа може само да се удира во ѕид и ништо повеќе. Ставете си повеќе акцент на вас двајцата. Ако и ставите акцент на нејзе само сте и го отвориле патот по кој тргнала, од вас само зависи колку ќе и дозволите да оди по тој пат. Мислам дека ова ќе ви биде доволно.