Не сум имала случај ептен да се замарам, нервирам и кубам коси по дома. НО, со претходниот ми мувач, некако не знам, едноставно ме интересираше, сакав да знам која била таа пред мене, правев некои глупи споредби, а немаше потреба, воопшто. Не дека ми стана опсесија во вистинска смисла на зборот, но ете, ме копкаше само, ја адднав на фб од кај другарка и ги видов сликите, видов дека сум поубава и ја избришав. Он никогаш ми ја немаше спомнато, но на еден негов другар случајно му се испушти да каже два-три збора за неа и ми проработе љубопитноста. Шта чеш..
ех кога го отварав форумов на мисла ми беше да си најдам место да се истушам за неа.. и ете отварам врски и прва тема пап бившата на партнерот.. морам да признам дека ми е опсесија.. значи он бил со неа 3-4 месеци ама девојката јако го здупила, онака ко гром од ведро небо му рекла не те сакам тебе, сакам друг. а тој лудо заљубен мн се изгорел.. после нејзе не сакал да чуе за друга, пател по неа долго време.. сето тоа се дешавало пред една година.. и незнам зошто воопшто сум љубоморна кога јас тогаш ни сум постоела во неговиот ниту тој во мојот живот.. но незнам зошто мислам дека уште чуствува нешто за неа зошто неколку пати ми ја има спомнато уз муабет во смисла дека еднуш се изгорел и дека сега ке бидел мн внимателен и нема да се залетувал..стварно незнам ја аднав од лажен профил.. девојката и убаво пее па и ги гледав настапите по 960946094 пати дознав со кој се дружи кој и е брат абе сее.. само за неа зборам со другарките тие ме убедуваат ти си поубавааа ама џабе кога нешто ќе ми влезе во главаааа... некако да ја отргнаааааммммммммм
decko mi pred mene imase devojka 4 godini bea vo vrska...sega ona e nastrana...mazena e ima dete....znam deka se chitaat na fb...i se slushaat onaka prijatelski...i nemam nisto protiv toa...ne planiram da izigruvam ljubomorna i histericna devojka [mod-kirilica:3axpnz71][/mod-kirilica:3axpnz71]
лелее темаваааа, колку само се замарав, и тоа не со една него со сите со кои шо излагал без разлика дали одел или само се мувал, јаоооо која будала сум била значи, се трудев за сите да дознаам се буквално се од кај се со кој се дружат кај излагаат со кој излагаат дури јас будалата си направив 2-3 лажни профила на фб и ги адд дури и ги избришав од мсн и фб од кај него абе бог да чува, али незз едноставно престанав да се замарам ( дали пошо пробаа некои од нив да ни расипат па дечко ми интервенираше и така сватив дека не му се битни тие туку јас или па нез од кој апричина престанав да се замарам) па на крај краеваако он сака да напраи нешо не можам ја да го спречам или па ако по толку време неам доверба во него тогаш не би ни требало да сме во врска така да сеа не се замарам ама баш ич и супер ми е вака
не се замарам јас толку со неа, колку што таа се замараше со мене и дечко ми. значи не можам да сфатам некои личности што прават. кога си во врска ако сакаш да бидеш со некого ако ви е убаво труди се да го задржиш, а не откако ќе го изгубиш, и кога ќе биде со друга да го бараш. и претходно некои пораки му прачаше, дечко ми ја игнорираше, но кога бевме скоро 2 год во врска му прати порака дека дента и било роденден и дека сакала да биде со него така нешто беше. секако тој ја игнорираше, виде дека нема шанси кај него и после тоа престана да ни досаѓа но среќна сум од партнерот што ме почитува и знае да ме цени. не можам да се пожалам од него никогаш не ми ја спомнувал бившата, освен јас ако не сум започнела разговор за неа.
Еее тѕка јас имам проблем...навистина мн се замарам со бившите девојки на дечко ми...знам со кого идат,колкави се и се што може да се дознае од социјалниве мрежи... понекогаш си мислам да не сум психопатка или нешто сл не дај боже...Па не можам да ја отргнам од мислите...се уште мислам дека се пали на неа иако ме убедувал дека ме сака мене и не му значи ниедна друга...сепак, се замарам...што да праам?
разговарај со дечкоти лице во лице кажиму што те мачи и среди еднаш работа ако си толку опседната можеш и да ја загрозиш вашата врска без сомнение...
не се замарам јас со бившите ама баш ич ама па има една кај мажена па и го бара насекое му звони е ме вади од такт да не е од друг град ко ке ја сретнам со не би и изнарекла ама не дека сум љубоморна туку дека ме нервира насекое звони илјада пати и има кажано да не се јавува ама она упорна е дури и јас и се јавувам ко ке звони ама нема гајле ама како и дае ама ич не се замарам со незе дури да ми го пукни некој ден филмот и да се јавам кај мажи па да му кажам со каква женичка си има раб
Зошто би се замарала со било која бивша кога јас ги жалам сите девојќи на мои бивши што се замараат со мене
ма каква опсесија.. ја сум им нив опсесија не само на една него на повеќе .. пошо неможат да се помират со фактот дека сега јас го имам до себе а тие изгубиле нешто вредно! воопшто не ме интересираат кога знам дека тој е на моја страна
претходните девојки на мојот сегашен партнер и тоа ако се замараат со мене - искрено незнам зошто , ама ако си немаат друга работа нека си пополнуваат време -гајме ми е , порано ги жалев (кутрите), а сега богами и немам време ни да ги жалам , затоа што секој слободен момент сакам да го поминам со него за да ни биде убаво . Имаше обид една од нив убаво да ме намести ама сепак само обид , баш како што некој претходно спомна со лажен профил на фб , ме додаде ми пријде ..итн итн , обично не прифаќам луге кои не ги познавам , но ете се случи и ми беше веднаш сомнителна (ја лоцирав преку ип.адреса) и сватив која е , но ја оставив да видам до каде и оди паметот ја натерав да мисли дека не се сомневам и дека "паѓам на нејзините фори " >)секако за тоа го известив дечко ми и заедно се зезавме со неа ...за на крај кога дојде клучниот момент и она почна да слави мислејки дека ме наместила му се јави на дечко ми да го извести како јас сум се интересирала за некој друг , он и кажа дека цело време она зборела со него и дека "незнаејки дека е она" само се зезал со девојката која се обидувала да (ме намести мене )
разговарај со дечкоти лице во лице кажиму што те мачи и среди еднаш работа ако си толку опседната можеш и да ја загрозиш вашата врска без сомнение...[/quote Благодарам на советот...ке разговарам со него...фала уште еднаш
не дека јас немав проблем со бившата на дечкоми со таја опседната луда кучка ама таа беше опседната со мене не јас со неа за кој за цента фалеше ад се стави крај на нашата врска со дечкоми но тој покажа и докажа со кој сака да биде и ден денес било што ако се посомневам му го плескам влице и сакам да сум на чисто немам време јас да се расправам со кучки не е моја вина ни твоја тие што завршиле крај си е крај незнам зошто не кршат глава онаму и незнам како е можно никакво достоинство да немат како и да е речиму да дечкоти дека не си потполно сигурна и дека сакаш повеќе внимание и доверба да имаш од него за да не се сомневаш но разговарај убаво немој ти заради бившата да си ја расипеш врската
Не да се фалам ама јас му сум била најубавата и најзгодната. Кога дознав кој две му биле бивши од многуте ќе повратев за малце едни никакви дебели црни мали аууу ми се згрози. Со едната одел од корист зошто татко му бил началник во полиција хахаах, а со другата и самиот не знае кутриот тој глупак
ах душо да ја видиш бившата на дечко ми има во несвес да паднеш 1 глава и пол повисока од него и има така некаде околу 100 кила на жена од 50 години личи кутрата можеби затоа му бев трн во око оти ако не за друго(бидејќи не ја знам и не ме интересира) за неа сум во изгледот и во телото научна фантастика ја разбирам кутрата нека не ми стој на патот само
Не се замарав зашто беше многууу грда, а и плус немаше чувства повеќе кон неа. Ама новата што му е после мене, се замара со мене
ооо ја мака си мачам со бившата мувачка на дечко ми -.- подосадна од неа нема!! само прави профили на фб и ме адднува со цел да тресне нешто за него, како на пр: ке дојде лето, он пак ке биде мој бла бла -.- па уште и другарките нејзини истото го зборат -.- досадна е више, ни сама незнае колку и дечко ми и има кажано дека со неа е крај више, ама она упорно пак продолжува.
Јас знам дека вредам, сигурна сум во себе, имам доверба во него и воопшто не се замарам со некоја бивша, за која и името кажува БИВША!!