НЕ сум опседната со бившата на мојот партнер, нема ни за што во мојов случај.. ако ве сака искрено,немате причина да бидете опседнати со тоа.отворете ги очите.
Бившата на мојот партнер ама баш ич не ми е опсесија тоа што било помеѓу нив поминало. Немаат ниту контакт ниту пак ништо за да ми е опсесија . Не се замарам многу со бившите на мојот дечко зошто не ни сумњам во него а и башка имам доверба
Не сум опседната со бившата на партнерот, ама многу сум љубопитна.Сакам да знам кај оделе,што правеле итд. Искрено нема ни потреба да сум опседната со неа,бидејќи ми има докажано дека само мене ме сака
Бивша, која бивша? Речиси заборавам дека бил со некоја пред тоа, што има да се замарам. Нека се замара она ако смее. Воопшто не ми е опсесија, девојката била со него некогаш, а сеа нека е со кој сака и нека прави што сака. Нема што да се замарам со тоа, сепак он е сега со мене а не со неа.
Не дека не е присутна во моите мисли, ама таа е минато завршено време нема место за неа во иднина-тоа е сигурно!
јас опседнатоста ја искажував преку многу начини али се тоа што го правев си ветив дека нема да го правам и се заколнав па фала богу да куцнем у дрво не сум ја побарала до сега.
Јас не сум опседната со ниедна бивша на партнерот ваљда заради мојата огромна самодоверба ( многу си се сакам и сум си всадила во главата дека ми нема конкуренција ) туку си имав проблем со девојка на еден другар , до душа тој едно време ме свиѓаше и и кажал ама тогаш кратко време не идеа ... е сега девојката имав чувство дека ме манијачеше , ми знаеше број , му кажуваше кога ме видела , секогаш се распрашуваше по др со кој сум со праам , ме имаше на фб , од кај него ме избриша , од мсн на другарка ме навредуваше , мислам дека еднаш ми го има и хакнато фб и му има пишувано глупости ... верувајте мене ми беше жална дури и смешна девојката ... нема смисла така да се понижува некој , тој со колку ја има изневерено јас лично му велев дека не го оправдувам , да му дозволеше со мене да искача посигурен ќе беше јас и ден денес немам нишо со него направено
Искрено и јас не би сакала да е така но многу сум опседната па за несреќа типкава откако се скара со него си го деактивира фб-от Кога ќе ја видам во живо низ чаршија едноставно очи вадам и си викам како можел да биде со оваа грдава како можел толку да ја сака да беше убава стварно ќе речев убава е, ама оваа кутрата колатерална штета е -.- 8 месеци откако се скарани таа сега си има друг дечко ама јас и понатаму сум мнг мнг љубопитна
Може да се каже дека сум била опседната со неговата бивша..... После 10 дена кога раскина со неа (во врска беа 2 години ) се фати со мене , таа му пишуаше смс , постојано ѕвонеше со скриени броеви ( и двајцата знаевме дека е таа ). И јас се знам за неа ,се .... Многу ми беше тешко што мислев цело време дека таа му била прва во кревет , ама после си кажа тој дека немале ништо . Кога ќе се сретнеме се гледаме вака постојано го прашував дечко ми за неа , што како ... тој ми кажуваше и ми вели да не се оптеретувам со неа. а и имал право може само вода да ми носи
иако сум доста љубоморна личност (шкорпија сум,па тоа е многу нормално,хахаха) за среќа го немам овој проблем ама ако ви треба на некого да му се доверите,слободно кажувајте ми ги своите проблеми,би ве ислушала...голем поздрав и бакнежи
Не сум тип на човек што многу љубомори, мислам има случаеви, ама не толку. Освен ако ептен нема некој сомнеж па да поверувам во нештото и да има основа за тоа, ама ако после тоа се расчисти убаво со разговор не сум опсесивна и не правам проблеми за ништо. Е сега, може ќе си мислите дека сум луда, ама бившата на мојов што одеа 1 ипол година ми е убава ептен, иако станала тешка курва по него, кога ќе и ги видам сликине на фејсбук.. А вака убавко девојче, дури во неколку наврати му имам кажано дека ми е убава и искрено ако некој ден таа/тој одлучат да си се вратат еден на друг ќе ги оставам, само ако тој биде среќен со неа. Исто кога се смува со една кога прекина со мене, и таа ми беше убава иако од почетокот многу ја мразев, се чувствував дека ми го зема од мене, ама сега воопшто не се замарам ни со едната, ни со другата. Тоа што е во минатото - треба таму и да остане.
За ваше добро и за доброто на врската не се замарајте со бивши. И вие имате бивши па што?! Било - поминало. Е сега ако дечкото уште не ја заборавил неа ќе се сети со тек на време затоа кога влегувате во врска не се затрекувајте многу... Најдобро е кога не би знаела ништо за минатото на дечкото - така не би се замарала воопшто.
Порано, зборам на почетокот од врската се интересирав за тоа кои му биле бивши, што и како правел ... Ама таков период било на несигурност, подоцна дури двајцата како другари си имаме правено муабет за врските претходно, што се случувало, и други ствари што не интересирале, сега воопшто нема што да се зборува на таа тема ни кај мене ни кај него Одамна си имам расчистено дека сум му најдобра до сега и дека најдобра и ке останам Сметам дека опсесија за бившите имаат само оние кои не се сигурни во себе и своите квалитети, па се плашат да не имал некоја подобра па може да и се врати на неа... и јас некогаш така сум мислела и сега кога ке ми текне ми иде да се убијам
На почетокот некој период се замарав бидејќи дебелата се мешаше во врската ама не од аспект дека нешто е повеќе од мене напротив туку од аспект дека правеше сплетки потоа си го пуштив во лер мозокот коцките сами си се наредија и испадна дека не јас од неа туку таја е опседната од мене гревче, значи мој совет до сите девојки не дозволувајте тие вас да ви се опсесија туку вие бидетему нив и без замарање...
Опсесија? Не би рекла,но сепак знам да прошарам по профилите на неговите бивши (ги аднувам од кај брат ми ) и онака чисто од љубопитност и секогаш си викам ПА ЈАС СУМ ПОУБАВА . Јас сакам да зборувам со него за се,и за неговите бивши,и за неговите сексуални искуства затоа што ми е интересно и затоа што (искрено!) ми одговара - пошто не ги сакал и јас се чуствувам посебна Тој за моите бивши неможе да поднесе да зборам,му иде да ме тресне од земја па затоа и никогаш не ги спомнувам (пред него)
КХМ! *зима длабоко воздух* КХМ! Има легитимно право да ме мрази зошто има и што да мрази. Мислам и јас би мразела да е некој подобар од мене,мислам ја сфаќам! Бивша на бившиот,ама тоа е сега. Уште ме мрази и природно е да ме мрази,овај да!
НЕ ја знам. Знам дека имала некоја одамна во неговиот живот. Дека врската не одела и прекинала. И толку. Толку ми кажа. Толку знам. Неодамна случајно дознав дека се вика Елена. Пробав да ја разбарам на ФБ, не ја најдов и се откажав. Не ме интересира едноставно.
Не ме интересира, затоа е бивша. Да било се ок секако дека не би била бивша. Инаку воопшто не се замарам, нормално е да имал живот пред мене исто како и јас пред него. Многу нормално е да имал бивши секако не ме чекал дома само мене
Маа нее..Каква ти опсесија баш напротив со сите бивши негови имам здраво.Замислете! A и да секако дека за нив не дознав од него..пред да тргниме си кажамве двајцата "Што било поминало,тоа е минато.Да гледаме напред кон иднината" И готово што имам да се замарам повеќе.И онака сум љубоморна.