Мојот дечко е од друг град и никогаш не ми кажал којзнае што за неговите бивши, а јас од друго место ниту можам, ниту сакам да дознаам кои се и што се или какви се. Така е подобро. Тврди дека не се во контакт и му верувам. Некогаш сум скептична и се прашувам дали комуницираат на фејсбук или се уште се поздравуваат, но тоа не би ми сменило ништо. Сега сум му благодарна што не ми кажувал многу за нив и избегавам да го прашувам што прави да се осеќам посебна бидејќи тие наводно не вредат за да разговара за нив. Кога не знам ништо, не можам да се нервирам или да се убивам од мислење. Remember, overthinking leads to negative thoughts.
обобоб и тоа каква опсесија. Јас го сакам него и имам право да знам се за него. познавајки ја неговата женска (курва) сакав да дознам се за неа, се што има поминато со неа, иако е минато, буквално се. Каде излегувале, што правеле, со кој излегувале, апсолутно се! И кутритот тој ми криеше мн работи со неа, за да не ме повреди но на крај ја дознав целата вистина и сега сум раат Сега и не се замарам со неа, но порано ми беше вистинска опсесија.
Таа е опседната со мене уште од поодамна, ама сега веќе нејзината опседнатост преминува во понижување, во очај, во глупирање. Би и препорачала да се прибери, да се среди и да го задржи она малку достоинство што и останало, ако воопшто го има.
Одлична констатација. Таа е тоа да му чинела не б била бивша. А доколку таа на него му раскинала и уште ја сака сигурно не би ме осипувал со толку внимание, и љубов. Едноставно не сакам да трошам енергија на завршени работи.
Кога ќе ми текне на времето колку сум се замарала со бившитее ууууууууууф. ГЛУПО ДЕТЕ ако биле добри немало да бидат бивши сега не се замарам знам дека ме сака , не се прават работи за инает и такаа.
Со бившата на сегашниов не се замарам ама ич и покрај долгата врска што ја имале веќе една година има поминато откако раскинале што значи ја има преболено ...и ми има докажано дека навистина е среќен што ме има А со бившата на бившиот што одев пред него бев навистина опседнато зошто беа пресно скарани и зошто буквално го осакати за цел живот направи да не верува повеќе во ниедна жена типката и беше деактивиран фб-от и после 10 месеци вчера видов дека си го вратила и нз зошто но притисокот ми се крена кога ја видов мислам дека цел живот ке ја мразам ..
Не сум опседната со неа, ниту љубоморна..не ја ни познавам. Се што знам за неа е дека премногу го повредила, иако биле многу долго време заедно и дека многу ја сакал и премногу и верувал. После раскинувањето му се згрозило од целокупниот женски род...и многу му е тешко со отворено срце да верува во било кој друг. Сега, кога ние сме на почеток од нешто (немаме некоја дефинирана врска, а не е ниту мување зошто се гледаме секој Божји ден) сум во некоја деликатна ситуација зошто од една страна типот многу ми се допаѓа (а според него, и јас нему исто) и нормално дека за врска потреба е доверба, а од друга страна страв ми е дека можеби некогаш пак ќе се смират ....зошто еднаш веќе после разделба (кавга, не драматично и официјално раскинување) се смириле. Страв ми е дека можеби сум некоја преодна фаза, а несакам да сум тоа. Затоа сакам да помине подолго време, да се створи доверба, нели, и да се развијат се подлабоки емоции, па потоа да преминеме во врска. Лелееее...па јас забегав... отидов малце офф Како и да е, не ја познавам и не сум посебно опседната со неа...само некако ми смета трагата што ја оставила кај него.
на почетокот бев многу опседната...посебно затоа што му е сестра на најдобриот другар на дечко ми...сега е во ред...најдобриот другар на дечко ми студира скопје и ретко се гледа...дури и кога се гледаат тоа не е дома кај нив...дечко ми одбегнува да ја види и вели дека е среќен што ме има...и што не е веќе со неа
онака лесно една недела никако не останувам сама се се смеам се друшам и готаво...после една недела 50% е избришам од тефтерите...
Темава е како за мене. Јас сум соочена со овој проблем, сега ќе ви кажам зашто. Прво, оделе 9 месеци, незнам дали се сакале многу, ама знам дека им здосадило и се скарале. Ако се сакале, немало да им здосади. Второ, типкава со него учи и со него испаѓа, значи со исто друштво се. Трето, типкава лаже како ненормална и цело време се мотка околу него кога гледам јас. Пред некое време извади верзија дека па се смувала со него, среќа не и поверував, па уште е жива. Многу ме нервира, неможам да ја поднесам. Од негов телефон ми има пишувано пораки, ама ја сетив јас. Глупача, оти не го остави на мира ! Има 4 месеци од кога се скарани, таа се смувала со 3 други, и пак, и пак не го остава ! П.С : Пред неа немам покажано никаков напад на љубомора, никакво нервирање, ништо !
^ Како стигнала до момент да ти пише тебе порака од НЕГОВИОТ телефон? И зошто тој го дозволил тоа? Пак доаѓаме до истиот заклучок, што провејува низ сите слични теми - Кривицата е во дечкото/мажот, не во „другата“....
И јас со истото прашање како Моира, од каде тоа она од негов мобилен да ти пишува пораки? Како таа вест дека се смувала со дечко ти поминала кај него? Он реагира некако на проблемов или само му годи? Јас би во овој случај, на страна игнорирање, би реагирала кај него. Ако навистина нема ништо меѓу нив, тој треба да и го покаже нејзиното место, а не да и дозволува со лаги (ако се лаги) да ти мавта пред нос. Ова муабетов на крај да не испадне, све било вистина ама ти имаш преголема доверба во него се надевам не
Тест правеше, го оставил во ташна и оваа го земала. Не ни знаел, ги избришала пораките, само 1 оставила .. Тој постојано ја игнорира, и кажа дека е готово и се, и не попушта. Она му прави муабет, он не ја ферма 2 %.
Како и да стигнала до неговиот телефон дечко ти треба да и го покажи местото. И не верувам дека има таква будала што упорно ќе оди со главата в ѕид откако некој ќе ја направи подолу од *****. Пак мислам дека ти треба да реагираш на однесувањето на дечко ти, а не на нејзиното.