а јас на тебе знаеш што совет ќе ти дадам да не му верваш на дечкоти многу многу таа го земала сама телофонот од ташна додека тој правел тест?извини вака тој Ќор е или некој друг в тој момент да му каже а таа имале време да брише пораки да пише ехааа сумливо и убаво рекоа погоре требало дечкоти да му покаже неа убаво кај му е местото...
И јас мислам да не му веруваш на дечкото оти е повеќе од можно тие да се во тајна врска. Па сеа ти рамисли да не те прави будала.
ох,некој мене ќе ми го земе мобилниот и јас нема да знам? ако сум слепа можи сигурно тој има пак нешто со нејзе,а оди и со тебе. Таа ти ги отвара очите,а ти сеуште спиеш.Разбуди се. Сигурно убаво си ја кажала вистината таа дека се мувале. Премногу му веруваш изгледа,јас да сум на твое место не би му верувала толку многу. Ќе го убиев. Незнам што да речам останав Прави си муабет со него,да не те прават двајцата будала на здрав мозок и се исмеваат со тебе.
Се сложувам. Нели заедно учат? Кај била таа дури дечко ти правел тест?! Таа не правела тест? Нешто смрди тука...
Тој не беше тој час кога правеа тест, па следниот само него му дадоа тест. Не верувам да е пак со неа, но нешто ме копка .. Нема кога да биде со неа, цело време сме заедно, а ако не сме, на телефон сме. Ќе приметам нешто. Но сепак, ви благодарам.
ах бе девојче да не те натажвам ама мн.си наивна и неискусна се разбира тоа е и до годините послушајне нас постарите и не му верувај испитаја работата да не те прават будала зад грб и не биди смешна ако сака некој да се види со некој друг ќе најде начин и тоа начин на кој тебе ни на крај памет нема да ти текне несе опуштај испитај за да не бидеш повредена и тој ако не видел дека му е земен тел.секогаш постои некој 3 кој ќе види нели е малку глупо објаснувањето ова со тел?
Премногу детали за да не биде лага...не знам...ама пак ќе кажам превземи нешто и провери ја целата работа. Не сакам сега да ти ставам црв, ама ако ми се случи мене ваква работа не би му верувала, а зошто кажавме погоре. Прво слушаш муабети дека се мувале, зошто не си го испитала тоа? Второ ако тој навистина сакаше да те заштити тебе од нејзините с*ања ќе превземеше многу поголеми чекори. Ако ништо повеќе наместо да ја става на игнор ќе и го покажеше местото, онака машки да и објасни. Трето да те прашам како си го објаснуваш ти ова погоре што го напиша? Сама си се лажиш сама си веруваш. Кажи ми како е можно, ете да речиме дека му веруваме на момакот твој и дека сите правеле тест на прв час, а тој стигнал на училиште на друг час и тогаш професорката му дава да прави тест, значи тој НА ЧАС го прави тестот. На час каде што и таа е присутна ако учат во ист клас. Што значи нема теоретска ниту практична шанса таа да му го земи него ранецот и да си пишува пораки од неговиот телефон. Четврто ете да претпоставиме дека е таа итра лисица, некоја невидлива, па успеала да го земи телефонот на час додека тој правел тест или на одмор...сеедно. Дали ова значи дека дечко ти можи комотно да биди ограбен и тој да не примети...Мислам дури и да е расеан, за та да стигни да пиши НЕКОЛКУ пораки треба да помини определено време, тој би требало за тоа време да примети дека му го нема телефонот. Петто мене ми личи како лага и од уште една причина. Премногу детали. Премногу вртење. Си знам по мене ако лажам за нешто се трудам убаво да го осмислам и најситниот детал, за никој да не се посомнева, а ако ја кажувам вистината не се ни трудам да обрнам внимание на такви глупости. Кога јас би била на местото на твојот дечко ако сум изневерила ќе објаснував со детали, правевме тест, ама јас не бев на тој час, па стигнав на другиот па таа некако ми го зела телефонот итн итн. Ако не сум изневерила ќе речам што ти е тебе будала да не си? Ќе побарам да ги видам порките, ако треба и телефонот ќе го земам и ќе барам објаснување од бившиот зошто ми го малтретира дечкото во кој моментално сум заљубена, а потоа кога ќе почни да објаснува ќе го пресечам и ќе му го покажам местото. За крај да ти кажам дека навистина не сакам со ова да ти ставам лоши мисли и секирации и слично. Не си ставај на срце, ама едноставно провери си. Ова ти го пишувам за твое добро. Дај Боже ништо да не испадни онака како што мислиме ние, ама провери, ништо не те кошта. На крај крајева, ситуацијата не е како што треба од повеќ аспекти. Дури и ако не те изневерува и ако навистина таа го земала телефонот итн итн, тогаш тоа покажува дека вие двата уствари немате приватност, ако секој може да му го земе телефонот на дечко ти тоа значи дека твоите пораки што му ги праќаш секој може да ги прочита. Не те загрижува тоа малце? Јас лично не би сакала никој да ми ги чита пораките што му ги пуштам, па макар и да му пишувам само што правиш како си...Размисли си сама. Сепак, ти најдобро си го познаваш...
не ми е опсесија ако вредела сеуште ќе бил со неа, а и впрочем кратка врска од 3-4месеци им беше и знам дека не ја сакал па затоа и не сум толку загрижена. Инаку девојки дали би му рекле нешто на вашиот дечко ако видите слика на фб од него и неговата бивша (сами на сликата) али не на негов профил ниту на нејзин, туку на сосема друг (роднина, пријател) дали би му рекле да ја тргне, и дали би ви сметала сликата?
Па многу јасно дека би ми сметала сликата. Тоа е минато и нема потреба да се гледа слика од него и бившата. btw на кој нормален не би му сметало?
Зависи во каков однос се. Зависи дали ти имаш слики со бивши на профилот и зависи дали на неговиот профил има слики од тебе и колку. И зависи во кој период од врската сте.
па не се во никаков однос, бурно им завршила врската па не комуницираат никако, инаку сериозна врска повеќе од година дена сме заедно, имаме ние заеднички слики најнормално и кај мене на профил и кај него, а од бивши ниту јас имам ниту пак тој има на профил, али денеска случајно видов слики кај негова снаа за братучед па затоа прво тука побарав мислење бидејќи мене навистина глупо и незгодно ми падна кога ги видов али па како да му речам да и каже на снааму да ги избрише малку ми е штознам
^^^ Па зошто да ти биде глупаво да му речиш за сликата,кога не ти е пријатно да гледаш нивни заеднички слики. Фино лепо речи му дека случајно си налетала на нивна слика и дека не ти е пријатно што ја гледаш.
па што знам бидејќи не се кај него и затоа ми е малку глупо, али сепак ќе му речам бидејќи навистина ми смета тоа завршило пред 2години и нема потреба од тие слики, да имаше и некој друг со нив на сликите ок ќе разберев и немаше ништо да речам али они се сами плус и некои коментари од тогаш кога биле во врска (најдобар пар, најубави и слично) а тоа ужасно ми смета па така да ќе му речам да и каже на снааму да ги тргне. Ви благодарам девојки поздрав и убава вечер
Рагирај!! Какво почитување е тоа од страна на неговата снаа кон тебе и кон него и вашата врска? Тоа сезавршило, вие веќе една година сте во сериозна врска не би требало да има никакви слики со неа.
јас сум сигурна дека нема да ја тргне бидејќи не сум и омилена т.е на неа никој не и е омилен сите и сметаат и мажот не си го почитува а не пак мене али ајде нема веза, ќе видиме што ќе испадне јас веќе му реков на дечкоми да и каже па ако не ја тргне и ми води инает фино лепо ќе најдам начин да и вратам
Прочитај го повторно болдираното што го пиша. А да му дадеш малку простор на дечково, не чини ваква врска, па може затоа и си забегува. Што е тоа 24/7 заедно. Пушти го малку, ако му одговара повеќе бившата нека тера со неа, што ќе ти е ваков нестабилен и неодлучен, неспособен да си расчисти една банална работа као бивша девојка у животот