Добро бе девојки што да направам јас што сум бившна а неговата жена се обидува да ме најде мi праќаше покани од разни профили после ми праќаше покана од неговиот брат а јас го блокирав 4год што раскинавме а тој к*син раскина со мене и се верила со друга од странсво ок не ме интересира раскинавме и готово но сега овие 6месеци гледам дека девојката стварно е заинтересирана за мене но јас не сакам ништо да направам затоа се во брак и не сакам да се скараат заради мене но тој бившиот гледам дека 3-4 пати годишно доаѓа тука и ми го знае распоредот од работата и чека у кафиќ само да ме гледа јас не ни го гледам а од исто село сме а стварно 4 год што раскинавме и не сакам ни да чујам за него јас го имам мојот живот
не би требало, ама од самата помисла дека е БИВША ДЕВОЈКА, косата ми се крева!!!! Можеби такви сме ние жените. Чувствуваме закна од сите страни кога станува збор за друга жена покрај нашите дечковици, или сопрузи
Па бившите баш и не ми се опсесија, повеќе да речам дека ми се неговите другарки, мислам дека има неколку што му се пуштаат, ама се прават наивни!!
Што поскоро сфатите дека опседнатоста со другите девојќи (конкретно бившите) е губење време и глупава работа,толку поскоро ке имате можност целосно да си уживате со вашиот партнер. Без да давате слика за себе и етикета-не самоуверена девојка. Ценете си се себе си,вие сте таа а не бившата,тој не се замара вие ке се замарате
Јас би ви препорачала да не ги преценувате дечковците толку, воедно да избегнувате премногу гледање на турско/шпанско/индиски серии. Штетни се по здравјето, во најголема мера по психичкото здравје. Џоа дечкови е најубавиот,најпаметниот,најдобриот,најфиниот се нај нај па сега сите бивши девојки сватиле дека не можат без него и ќе се затрчаат еда ви го грабнат, или било која друга жена или девојка. Ако бил нешто вредно, за да трчам по него сигурно немало да ми биде бивши и немало да го препуштам на првата искубана кокошка која што излегла од првиот кокошарник. Ете ти го носи го,од мене имаш дури и благослов. Овде станува збор за една друга проблематика, ние жените сакаме за себе да мислиме дека сме нешто посебно и не било кој па линеарно на тоа и дечковците не ни се било кој-било што тие се нај нај во се, жалам драги мој но реалноста е сосема поинаква. Губењето време на празни љубомори и опседнатост со личности кој помалку или повеќе се сосема небитни во секој сегмент од животот, укажува на немањето попаметна работа и лузерскиот менталитет кој што се повеќе и повеќе е присутен. Гледаш дека некоја му рскинала/и раскинал веднаш проработува црвот да видиш која е што е, веднаш да повлечеш една компарација со неа да се измериш колку вредиш. Ако ја најдеш подобра од тебе ќе се држиш како слепец за стап за дечкото зошто нели ејјјј види тој каква женска имал, ако видиш дека на било кој начин е барем малку полоша од тебе му маваш корпа пфффф зарем јас да имам ваков дечко - види каква му стегнала корпа. Не ретко тоа преминува во врска со така наречен трет член, иако бившата не е тука постојано се оговара се напаѓа се прават споредби, нешто постојано се докажува и покажува, тоа е одлика на врска каде што партнерите немаат многу заднички работи или пак воопшто немаат ништо заедничко па си пронаоѓаат заеднички именител бивша/бивши заеднички непријател единствена тема на разговор едниствена допирна точка помеѓу двајца губитници кој што немаат свој живот и живеат туѓи животи. Драми, филмови,опседнатости,депресии замарање другарки.
Ако била добра немаше да биде бивша и немаше тој да биде со мене и да е најсреќен на целиов свет. ЧАО БИЧЕЗ
Седиме во кафич одамна со бившиот, друштво цело бевме и доаѓа една девојка да се поздрави со него, ама лигавење што да ви кажам. Ја поднапиена, расположена, само се свртев да ја видам девојката. Таа пустата врти коси уз прсти, уште мастиката да почнеше да ја тегне, лигава лилаа шо праиш како праиш итн и по муабетот сфаќам дека му е некоја мувачица. Како што стоеше типот до мене он накај нејзе свртен а кон масава со грб, јас само го пуштив рачето и почнав да го галам по гради и му викам абе љубов моја си ти и си се смејам ко зелена со другарка ми... девојчево, штикла дечково поцрвене, и после ми вика зошто бее ми ја избрка па (на шала беше кажано), битно се изнасмејавме Не се замарам за бивши, ако он се замара со нив, тогаш јас сегашна нема да сум му во никој случај А он пошто со моите се замараше, не ми е сегашен
Седиме во кафич одамна со бившиот, друштво цело бевме и доаѓа една девојка да се поздрави со него, ама лигавење што да ви кажам. Ја поднапиена, расположена, само се свртев да ја видам девојката. Таа пустата врти коси уз прсти, уште мастиката да почнеше да ја тегне, лигава лилаа шо праиш како праиш итн и по муабетот сфаќам дека му е некоја мувачица. Како што стоеше типот до мене он накај нејзе свртен а кон масава со грб, јас само го пуштив рачето и почнав да го галам по гради и му викам абе љубов моја си ти и си се смејам ко зелена со другарка ми... девојчево, штикла дечково поцрвене, и после ми вика зошто бее ми ја избрка па (на шала беше кажано), битно се изнасмејавме Не се замарам за бивши, ако он се замара со нив, тогаш јас сегашна нема да сум му во никој случај А он пошто со моите се замараше, не ми е сегашен
И сети се дека и он неа и е бивши,ти си нечија бивша... што значиии... Кој чини,кој не? Или збунувачки,ха? Ова ви е најглупиот изговор ЕВР!
Баш ради вакво параноично мислење дека секоја девојка во животот на дечкото е потенцијална закана и дека е заљубена во него ,си го изгубив најдобриот другар пред извесно време. Имено девојка му е убедена дека ја сум заљубена у него и дека покушавам да ги разделам.Нон сенс. Со него сме другари буквално од градинка и никогаш ниту ме привлекувал физички ниту сум имала било какви намери према него. Ама ете џабе не рекле тоа што може жена,ни гаволот неможе. Почна наивно другарка ти вака другарка ти онака,за на крај муабетот да биде или ке прекинеш да се дружиш со нејзе или ја и ти Чао пријатно. Нормално ја го изедов подебелиот крај. Мада не е вината целосно во глупердава од несигурна девојка. И другарот мој е крив кога дозволува да му се меша некоја во 20 годишно другарство. Очигледно сексот со нејзе му бил побитен од другарството. Како и да е .Сите треба да имаат у предвид дека ако во нивните очи нивните дечковци се најуабви и најпаметни не мора да значи дека сите го делат нивното мислење. Тоа што е за мене убаво не мора да значи дека и за тебе ке биде убаво. Такава неоснована параноја никому не му донела добро. Никогаш ниту сум била опседната ниту сум се замарала со бившите на мојот дечко. Што било поминало. Битно сега да е со мене и да ни е ок врската. Што вика еден мој другар,сите имаме некакво минато и од тоа неможе да избегаме. Со тоа што ја ке ја демнам бившата ,само се понижувам себе си и покажувам дека дефинитивно имам некој сериозен мањак во главата и недостиг на самодоверба.
Море и те како човек треба да се заинтересира за бившата и за околкностите околу раскинувањето,како и која е,колку комуницираат и кога раскинале... До пред една година мислев дека минатото е минато и не ни сакав да знам име на некоја бивша ниту па колку ги имал...И ме снајде што ме снајде. Господинот раскинал со неа една недела пред мене (значи тоа го дознав откако после месец дена идење тој ми дојде изнервиран дека таа е трудна и едвај издржавме 3 дена додека таа се мислеше дали да го роди)....После тоа отиде со неа да го абортира, му олесни,ние пресреќни, но јас повторно не прашав која е. Жал ми беше што тоа и се случува и оне ме убеди дека нема да комуницираат и дека мене ме сака, а за неа му е само жал од човечки аспект. Јас си викам леле ама фин човеков... Си продлолживме ние така да си идеме и на првите проблеми после 5-6 месеци тој почна да се оддалечува и раскинавме. ЈАс сеуште не знаев која е. После месец дена од раскинување го гледам со една девојка и пак си мисев некоја нова фатил...дури тек после 3-4 месеци после нашето раскинување случајно на ФБ ја видов девојкава и видов дека работи со него и у ствари дека таа е бившата пошто од сликите ми се поклопија многу работи...А пошто таа му е колешка он не само што не прекинал да комуницира со неа,туку и ја сретнувал на работа (без разлика дали нешто правеле или не,ме излажа дека не комуницирал)... Го соочив со тоа после пола година од нашето раскинување и зошто не ми кажал....Некел да ме повреди дрн дрн...Како он да мисли на некој друг,само егоистичен и себичен човек! Е сега господинов кога таа затрудне ја шутна за мене,а кога со мене имаше проблем и се врати нејзе. Ептен се грижел и двете да не не повреди!!! Жими ....! А додека одевме тие 5-6 месеци беше од утро до вечер со мене и спиев кај него ској ден,скоро како живеење заедно!!! Значи девојки и јас си спиев на ушите што било поминало,ама еве ми лекција за во иднина! Отварање очите и културно испитување,не мора лудачки и опсесивно,ама подобро да си прашате!
Не сакам опсесии од било каков вид, а најмалку тие каде што се вклучени бивши. Прво, сите имаат минато и тоа треба да се прифати. Второ, не ми е јасно како влегувате во врска ако не сте сигурни во љубовта на партнерот кон вас. И трето, не мислите дека со постојано зборење и замарање со бившата само ќе го избркате партнерот од вас?
Здраво девојки, ми треба еден совет на оваа тема. ММ сеуште чува слики од бившите дома, и тоа од две, нешто на ЦД, нешто онака. Не дека ми се некаква опсесија ама ете си имам причини зашто не сакам да ги чува дома, ке ги пишам тука па вие кажете ми дали сум во право. Со таа претпоследната бивша бевме заедно на свадба кај братот на мм, овој мојот не сакал веке да оди со неа а она не се откачувала така лесно па ја наместиле на газдата кај кој што работи брат му, и сега брат му им е старосват на нив па беа и на свадба. Е сега бидејки типката неколку пати имала доаѓано кај свеки дома, сите знаеле дека му е бивша, освен јас. И жената (бившата) фино лепо се поздрави со сите нас тогаш на свадбата а мене никој ништо да ми каже, нормално мм требаше да ми каже и тоа пред свадбата. И дури после година од свадбата гледајки го ЦДто свеки моја спомна дека му била бивша девојка. Ја почнав од порано да сумњам бидејки еднаш ја видов на слика од тие што ги чува дома ама не ми текна до тогаш. За последната бивша, бидејки не е од МК, уште додека одеше со неа се смувавме 2-3 пати ама тогаш ми кажа дека ке продолжи со неа, па дури и дека ке се земале. Јас тогаш му реков ОК, како сака, и на тоа остана, нити сум му се јавувала после тоа, ни пораки сум му пишувала, буквално ништо, еднаш-двапати само здраво му имам речено онака на разминување и тоа беше тоа. После година и некој месец пак ми пишуваше пораки дека сака да се видиме, јас на почетокот го одбивав бидејки не сакав да се повтори истото од претходниот пат. Кога испаднавме ми рече дека раскинал со неа и дека сака сега да биде со мене. Е сега не знам како раскинал со неа бидејки типката после тоа скапа досаѓајки му, му пишуваше пораки, за јавување не знам, може и му се јавувала кога не сме биле заедно. На почетокот на врската не знаев дека сеуште комуницираат, сомнителен ми стана едно попладне, (немаше година откако почнавме да одиме) јас бев во купатило, му перев една маица и слушнав дека му заѕвони телефонот, го прашав после тоа кој беше, ми вика еден братучед. Го начекав телефонот оставен, гледам во листата на повици братучед му му ѕвонел претходниот ден, го прашав зошто ме излажа, ми вика па он ѕвонеше и се смее. А 2-3 дена после тоа требаше да оди на терен, месец дена, ама не се знаеше кога ке си дојде во текот на тие месец дена. Вечерта пред да оди на терен јас се скапав плачејки, мислејки дека може да се види со неа (тогаш не знаев дека не е од МК) ама ништо не му реков. Скоро цел септември он беше на терен и кога си дојде почна да ми зборува за веридба. А јас во меѓувреме најдов по дома извештаи што ги пракаат т-мобиле со секоја сметка и видов дека и он уствари и пракал пораки па дури и и ѕвонел, цело време додека ние бевме во врска, а и додека бил на терен една вечер и звонел и дури пола саат правеле муабет. Ми се правдаше дека и пишувал пораки и и ѕвонел за ко демек да ја откачи, му викам ај една порака па и две да и пишеш за да ја откачиш, ама по 20 пораки месечно и пола саат муабет така не се откачува. А слики од неа чуваше и на една мемориска картичка која стоеше во радио во кола и служеше само за музика, ама кога отидовме на одмор ја зеде и неа и ја стави во телефонот и тогаш јас ги видов тие слики ама ништо не му реков со надеж дека ке ги избрише. И така цел октомври ми збореше за веридба и кога еднаш гледам во картичката уште стојат сликите и му викам како планираш да се вериш со мене а уште чуваш слики од бившата и зема ги избриша сите од картичката ама уште стојат тие дома. А плус живееме ние двајцата сами, ај да се кај свеки сликите, ок разбирам, ама што мајка бараат тука да ми стојат. Му имам спомнато за тие слики, он не коментира ништо, не ми е рекол дека ке ги фрли и уште ги нема фрлено а веке две ипол години сме заедно а година дена и некој месец сме верени, сега ке правиме и свадба и не сакам после свадбата ништо од бивши да има дома, мислам на слики, а украси, мечиња и други работи што му купувале полека полека ке тргам штом ке разберам дека му е од некоја бивша, да не ги гледам пред очи. Извинете за многу долгиот пост, малку отидов оф-топик од темата, ама да си ги кажам причините/маките Ако не ве мрзи да читате, прочитајте и дајте ми некој совет.
Сосема те разбирам затоа што не сакаш слики да чува , ама и не е некоја трагедија , може сака да си зачува спомени , не мора да значи дека ја сака таа личност туку чува слики од некое време кога бил среќен . Но друго ме загрижува во вашата ситуација ... Вашата врска сте ја почнале кога тој бил со таа бивша , маж не вели ќе се женам со некоја ако не го мисли тоа ... Мое мислење според наведеново , дека таа девојка го откачила и ти си се нашла како замена .. Тие јавувања , слушања од негова страна ми личат на обиди за смирувања .. Може ти звучам груба , ама во оваа приказна нешто не ми штима .. Не си ти златна резерва , па вака да се однесува Пак ќе повторам може ја сум грешка може не ја знам целата приказна па да избрзувам со заклучоци ама искрено според наведеново мислам дека ако го побара бившата би се вратил трчајки .. Не ми ги земај здраво за готово зборовите може грешам , ама во текот на целата ваша врска тој одржувал контакт со неа , те откачил за неа , па те побарал пак .. Мораш сериозно да разговараш неможе на 2 стола да седи , во твојата ситуација сликите би биле најмал проблем .. Ќе се венчате биди претпазлива каков е овој човек и дали чуствата му се вистински или му дошло само до женидба
LadySS и јас мислам дека бил одбиен од бившата девојка, па решил со тебе да се обиде. Знам дека е малку субјективен мојот одговор ама така ми изгледа според тоа што си го напишала. А и толку пораки и телефонски разговори со бившата не е на арно. И да сакал да ја откачи тоа можел да го направи воздржувајќи се од секаков контакт со неа или преку само една порака. А не тој си комуницирал со неа. Најубаво е да си направите муабет без никакви заобиколувања и стравови. Седни го, прашај го се што те интересира, види дали ти одговара, расуди дали те лаже или не. Реши си самата реално дали сакаш таков животен партнер каков што е тој. Ти најубаво знаеш каков човек е и што моеш да очекуваш од него.
LadySS, брат ми и покрај тоа што е во брак и има ќеркичка од скоро, си ги чува сликите од бившите, од друштвото, сликите воопшто. Снаа ми му се спука еднаш за тоа, ама он и` одбруси дека тоа се негови спомени и негово минато, како што сите имаат минато и на тој план немала право да му се меша, не и` ги става под нос, ако и` пречат нека не ги гледа. Се смири откако увиде дека навистина останало на спомени и нема контакт со ниту една бивша толку години. Ги гледа само на слики, очигледно и броеви телефонски им нема, фб и профили на интернет нема, не ни сака да направи и така...не велам дека му е за фалење ова, ни мене не би ми било сеедно, но... Но, ова веќе е друг муабет. Ќе те прашам нешто. Не те фати онака малце страв од шо бил таков, да не речам неодлучен, де со неа ќе се земе, меѓу вас нема да има ништо озбилно, де со тебе ќе се земе, па сега повиците. Бракот со него ќе ти биде измачување затоа што мислам дека никогаш нема да можеш повторно да му веруваш. А да изневерува, никому не може да му забраниме. Може да ти каже „одам по цигари“ и да заврши работа. Колкава сигурност и цврстина очекуваш од овој човек како твој иден сопружник? Тоа е твоја поважна тема на размислување отколку зошто се слуша со бившата.
Јас со дечко ми одам скоро 2 години. многу не се зборувале за бившите, знам дека има одено со една некаде околу 5-6 месеци, некаде пред 4 години, исто така знам уште 2-3 со кои се има мувано. Но пред малку дознав дека има се има мувано со уште една( му кажав дека знам уште една , но не и која е ), па поради тоа сакам да ми ги каже сите со кои е бил, а тој ми вели јас да сум му кажела за која сум сум знаела, ми смета тоа што несака да ми каже. Мене ми е се исто дали се биле 5 или 10 или 20 единствено сакам искреност. Па ваше мислење зошто несака да ми ги каже тие со кои е бил.
машко никогаш нема да ти ја каже вистината со колку се мувал, со кого бил , колку време биле во врска итн.. затоа не се мачи за џабе, не е битно пред што било! битно е сега дали е искрен и дали е сигурен
може нема да каже,ајде да речеме спомени ова она,но ако била пресна врска,што треба сликата да ја урами и на зид да ја закачи ? си имав и јас таков проблем со бившиот,чуваше цели албуми дома а еднаш виде слика од мој бивш,одма побара да ја скинам.епа да де,и јас побарав да скине слика од една бивша . ми рече сите слики ќе ги уништел кога ќе се земеме,но до таму не стигнавме. може и сликите со мене ги чува во албум :geek: