Ту, ту, ту... голема среќа е ова стварно, голем товар и паднал. Абе ајде не се замарајте со глупости. Му била бивша, е добро де и сега што ајде да ги обесиме и двајцата. Мислам дека има причина зошто таа се нарекува бивша, а вие девојка. Па и опседнати биле, леле, леле. Јас сум личност што секогаш ја гледа причината во ситуациите. Според мене ова се случува затоа што, или вие немате доволно самодоверба или дечкото не ви е баш сигурен па може да се врати кај неа. Ако не е ни едното ни другото тогаш јас се извинувам ама со вас нешто не е во ред.
Јас на дечко ми му сум прва девојка и топче ми е можат да цркнат сите ако сакаат Знам дека се има измувано со неколку ама не знам ни број, ни имиња, ни ништо, а искрено не ни ме интересира, не сум го прашала никогаш не сакам да знам за нив. Дечко ми знае за еден јас порано што се плеткав и секогаш ми го спомнува нешто кога ќе се зафркаваме преку глава ми е.. Уште јас фалам да знам за неговите - ќе го збудалам
Абе да беше една добро ќе беше. Чекај уствари, јас прво немам партнер. Ау, да, зборувам за овоа последново гомно. Боже Господе. Бившите му се како аквариум. Има и многу убави риби, ама брату, од некои ми се повраќа. Само една му ја признавам. Кукла. Две се така побитни, од тие што ги знам, што оставиле белег, и си ги пратам и на фб, и кај излегуваат, уште да се начекам некогаш тек на тек.. А има некои, од на гробарот лопатата избегани.. Како му се кревал на нив, поима немам.
Многу е погрешно тоа да се опседнувате со бившите на вашите дечковци. Самиот збор бивши ви кажува дека веќе се минато, ако биле добри немале да бидат бивши нели? Ќе си ги чувале уште, така да немојте. Само си ја губите сопствената самодоверба што е една од најубавите и најважните работи кај една девојка. Уживајте си во вашите врски, и воопшто не ни помислувајте на нив. Па и вие имате бивши дечковци нели? Како што вие не осеќате ништо за нив, така и дечковците ваши не осеќаат ништо за нивните бивши. Пак ќе кажам, ако биле подобри од вас, ќе си биле уште со нив, така да...
Вчера, лежиме, двајцата уморни и уживаме во тишината. Ѕвони телефон. Бившата. Не и се јави. Му пиша порака. И требало секс, не за друго, отворено, директно, може ли да дојдам кај тебе, ми треба секс. Ме чуди бе, до кога ќе среќавам женски без тронка гордост? Не знам, не ми е за смеење, ама не планирам да се нервирам. Криво ми е само што него го нервира, ќе ослабне уште толку, покрај сите нервози, уште она му фали. Никогаш не се мешав. На ниеден. Не ни планирав ни сега збор да кажам. Ама ако продолжи да врти, јас ќе се јавам. И нема да се карам, ќе речам само 2-3 збора. Не ми личи на мене да се расправам со такви девојки...
браво што си останала смирена алал да ти е, така треба ама па и немој да дозволиш да си претерува дека ке и стане навика
Незнам колку време одите и како го дозволуваш ова. Како тоа "не се мешав"? Па ти си му девојка, ако ти немаш право да се мешаш и ако ти не кажеш што ти смета, а што не, тогаш незнам кој има. Јасно, гласно и во кратки црти ќе му кажеш на дечко ти дека повеќе такви испади НЕСАКАШ. Да и' се јави и да и' каже да не му се јавува. Ако продолжи може да отиде до неговиот мобилен оператор па да го блокираат нејзиниот број или најубаво он нека смени број и крај. Ако има фб и ако го замара и таму нека ја блокира. Работава се средува во рок од пола саат ама буквално и нема потреба од нервози и стресови само цврст став. Отвори си ги очите, мој совет. Она премногу залет си фатила заради тоа што дечко очигледно не и' покажал каде и' е местото. Искрена да бидам за мене ваков проблем не постои. Ова не е проблем. Ова е работа за која треба само свое Јас и став. Ако сте на почеток на врската тогаш до негде е нормално сеуште да го замараат зашто никој не е навикнат дека он има девојка. Ама веќе во поодмината врска вакви работи дефинитивно не се ок и ти треба да си покажеш заби ама не на неа туку на дечко ти. Зошто таа ќе си врти ако и' дозволат, а ако и' го покажат местото ќе види ќе невиди ќе се повлече.
2 недели сме у врска, многу малку луѓе знаат за нас, ама она знае. Блокирана е на фб, а до сега тој рече дека никогаш не му правела така. Сега осетила криза, или пак сака да ни упропасти се, па врти. Не сакав да направам ништо, зошто много му е напорен овој период, уште 2-3 дена, да помине премиерата, па ќе разговарам со него. Но на многу смирен начин, јасно, ќе му кажам се. А на неа немам намера да и се замарам. Ако он, не и покаже кај и е местото, дека е завршено, ако не и стави блокада, тогаш јас ќе си знам со каков имам работа и нема да се замарам веќе со него...зарем ќе си ја чува на закачалка
Одличен став имаш, ми се допаѓа како размислуваш, браво. Тазе сте во врска затоа таа така се осмелува да прави. Ти никако немој да стапуваш во контакт со неа. Има кој да го реши проблемот, а ти тоа тактички изведи го преку него. Другото што сакав да го напишам ти самата си го кажа.
Врската нема да биди исполнета со среќа ако партнерот сеуште не расчистил со минатите врски и ако сеуште има намера да седи на две столчина, ако после долга врска партнерот сеуште не ја ваѓа од уста бившата/иот тогаш е време да си превземете мерки и кажите крај на тоа измачување оти реално тоа е измачување секој ден да си мислис дали мисли на неа/него или секој момент да очекуваш да ја/го спомени
Врската нема да биди исполнета со среќа ако партнерот сеуште не расчистил со минатите врски и ако сеуште има намера да седи на две столчина, ако после долга врска партнерот сеуште не ја ваѓа од уста бившата/иот тогаш е време да си превземете мерки и кажите крај на тоа измачување оти реално тоа е измачување секој ден да си мислис дали мисли на неа/него или секој момент да очекуваш да ја/го спомени
и јас си имав проблем со бившата негова, абе човек кај не ме пратеше и на фб ме адднуваше и сите мои другарки и другари ги адднуваше, па братучедките две ( сиротата си имаше отворено лажен и еден лажен фб и и пишуваше глупи коментари на другарками на наши слики) па се распрашувала за мене кај една постара комшика, па кај фризерката моја ( преку пријателка на нејзината снаа) ЧУДА лудача
Е јас така си имав проблем со бившиот.Бев опседната со него!!Ептен грдо изгледаше,и неможев целосно да му се посветам на дечко ми.Умот цело време ми беше во бившиот знаејки дека никогаш нема да бидам повторно со него.Но што да се прави луѓе сме,порано или подоцна ке сватиме некои работи..
Мене никоја не ми била опсесија , ама изгледа дека ја сум била и најискрено победно во моите очи никој не изгледа , како кога некоја си таму што го има се замара со завршени работи наместо да го сака и да е срекна . Од намќорења , до бришење од фб па дури и блокирање и од кај него и од кај неа , до таму што поблиски и подалечни другарки ми бришела од фб кај него , мислам мизерија, а јас ниту сум пробала ниту ке пробам да стапам во контакт со него , на све тоа откако ме видоа со друг дечко и двајцата ме одблокираа , какви опсесии , какви глупости , толку ми е без врска и незрело тоа , а башка таквите цури самите имаат проблем со себе и самодовербата , бившата ништо не е крива што неа порано ја сретнал и бил со неа пред вас , е сега ако се меша и прави 300 чуда друга работа е тоа , ама од ич ништо да ти е некој опсесија е бесмислено .
Воопшто не се замарам за неа,а и никогаш не сум се замарала.За мене минатото е минато и толку,сигурно нема да му досадувам заради неа,да го испрашувам и сл.па да се караме за џабе.Човек колку повеќе детали знај,толку му е потешко.На крај краева,кој к*р фактор се бившите во сегашните врски?
Јас искрена да бидам не ни знам кои му се бивши на дечко ми. Знам само дека имал многу девојки и тоа една другарка заедничка ми има кажано уште на почеток на нашата врска како во склоп на совет демек да пазам со него заради тоа, ама од него ни А немам слушнато. И знам дека во средно кога бил помал имал една или две врски од по година дена ама ни знам кои биле, ни од кај се, ни како изгледаат, ни како се викаат, ама баш ништо. Некогаш така го зафркавам и му зборам барем за една да ми каже, викам барем да видам дали сум поубава од неа ако ништо друго. Ама само на зафрканција и далеку од тоа дека би била љубоморна ако ми каже само би се насмеала и ако е убава девојка би кажала дека стварно е убава, немам проблем со такви работи. Се знае он која ја сака и со која е долго време. Ние вака функционираме затоа што не сме си дале повод за поинакво однесување. И двајцата целосно имаме расчистено со минатото и тоа не не' занима ни двајцата. Ама да беше друга приказна, да му ѕвонеше некоја бивша секојдневно, да ме замара мене итн. тогаш ќе свртев друг лист. Ама тука јас него би го нашла крив, а најмалку девојката, тоа е факт. Затоа што он незнаел да пресече и да стави граница. А онака љубоморење за бивши без никаква причина и изигравање детектив, според мене е глупаво и премногу крајно посесивно. Тоа поминало и готово, божем он знаел дека мене ќе ме запознае па требало да апстинира додека не ме сретне.
Да се замарам со бившата Нема никакви шанси. Бев само љубопитна како изгледа и толку. Нејзе не ја ни спомнувам, не па да и љубоморам. Му беше пишала еднаш порака на почетокот, праќаше поздрави итн, но кога гледам дека тој не се замара, зар имам потреба јас да се замарам. Не и давам никакво значење, бившите во нашиот живот непостојат.
Јас лично по природа сум љубоморна личност имав врска 1 година и месец се скавмре премногу, а јас имав опцеција со бивша му која постојаму му се пикаше и преку фб пробуваше да го контактира и се ама тој воопшто не јас приметуваше ниту сега кога сме раскинати тој не сака никаков контакт со неа.. ако тој решил да прекине со неа значи сигурно имале проблеми или слично, сигурно нема да појде во долга врска со вас ако сеуште мисли на бившата, и на крај краеви да јас сакал толку многу и да им било убаво во врската ке биле сеуште заедно.
леле ама ми е погодена темава... јас девојки да ви кажам право, има една бивша негова, шо мислам дека многу е опседната со мене. Секогаш кога ке ја видам низ градов, ме зјапа, ме зјапааа како дух да видела. Мислам побогу, многу е очигледно.. а постои и друга бивша,исто така знам како изглеа,знае како изглеам..ааааааама ја сум опседната со неа, затоа штоооооо биле во врска 2години и имале заедничко сексуално искуство и он на почетокот на нашата врска ми има кажувано 2-3збора позитивни за неа и сеа мене тоа ме мава у психа као демек, она е подобра од мене во СЕ, ако ме сфакате... знам дека е лошо да се споредувам со други, ама ПОСИЛНО Е ОД МЕНЕ