ако немал нешто посериозно со неа и останале другари ок е, на несериозно мислам само мување да имале но не и С*** али ако имале долга врска која подразбира и с*** хмм јас би се запрашала
епа тогаш нема што да ја има, може и онака несвесно го оставил бројот ама ете ти напомени му запрашај го некако , што има да ја има нејзе во телефон ццц
^ За мене бивши се бивши, и тука нема другарка, пријателка, познаничка и не знам што после тоа. Јас да сум на твое место отворено ќе му кажам оти ми смета. И нека го избрише бројот.
Според мене веднаш разговарајте за бројот и кажи му што мислиш..верувај дека ако не му е потребна ќе го избрише бројот. ^.
Фала женски за советите. Разговаравме и му кажав што ми смета, веднаш го избриша бројот и се супер се заврши .
Колку ме само провоцираааа, сите проблеми ми ги направи поради неа си ја добив и првата шлаканица од тој гад, а сега бивши. Само чекам еден момент и ќе ја убијам
Ова со броевите од бившите... ви се чудам по малце Јас го имам истиот телефонски број цел живот, никогаш не сум го сменила. Во именик имам броеви од скоро сите дечковци, мувачи и така натаму од проста причина што не можам да се замарам да ги бришам истите. Што не значи дека цело време комуницирам со нив, баш напротив. Верувајте, ако дечко ви сака да стапи во контакт со некоја бивша, ќе и‘ го најде бројот некаде. Ако доволно многу му значела, ќе го знае нејзиниот број на памет како Оче наш. Не мора да го има во телефонскиот именик
Многу добро го знам тоа, затоа година ипол не му ни чепкав по именикот од моб, ама сега кога видов дека има дури 2 моб. од неа некако ме заболе и едноставно не сакам да фигурира во неговиот именик (не дека ако не дај Боже сака тој нема да ја најде и сл.) едноставно за мое задоволство ги избриша бр. од почит еве
Порано мноогу ми се моташе у глава дали некогаш ќе му се јави дали ќе бидат пак заедно и некои слични работи дур не сфатив дека го повредила толку што веќе несака он нејзе очи да и види а камо ли нешто друго.. Сега сум многу помирна што се однесува за тоа
Броеви од бивши и јас имам, со некои имам и контакт, па што? Многу е битно како се завршило, кој ја завршил врската и каква била врската. Не значи дека ако има број ќе ја побара, а за тоа проблеми ако прави таа, тогаш веќе е друга работа и тука треба само да видите како ќе реагира дечкото. Нема тука опседнување, има раскинување ако тој не реагира соодветно. И ако кажал убав збор за неа, не е ништо лошо. Зошто да зборува само лошо и да и посакува лошо? Тоа значи дека и за вас утре ако раскините ќе зборува лошо. Мене па посомнително би ми било ако постојано зборува лошо за неа. За сликите, имам и јас слики од бивши, тоа се спомени, не дека се сеќавам или ги гледам, ама нема потреба да се кинат, палат, фрлаат или бришат. Еднаш требаше да гледаме филм, ама немаше интернет и не можевме да симниме, па почнаве да гледаме слики, тој случајно отвори фолдер каде што имаше слики со бившата и го затвори веднаш кога виде и ми рече извини, не знаев дека се тука, треба да ги избришам. Му реков дека нема потреба да ги бриши сликите и дека можи повторно да го отвори фолдерот и не ми сметаше да ги гледам, тоа е дел од минатото, секако дека се сликале заедно. Јас го знам тоа и без да го видам, па не ми менува ништо ако видам слика. Е сега, јас се лутев дека имаше некои слики заборавени на фб од едноставна причина што не ми изгледа убаво да има слики и со мене и со неа на профил. Не е во ред и нема потреба сите да гледаат и да оговараат и онака зборуваат повеќе од што треба, а и таа нема потреба да се сити. Тој не знаеше ни дека ги има сликите, но ги избриша веднаш. Му реков дека ако не ги избрише, нема ни јас да ги бришам сликите од бившиот мувач, тој ги избриша, јас сеуште не. Со јавувања и пораки не сум имала проблем со сегашниот дечко, но на такво нешто дефинитивно би реагирала бурно доколку тој не изреагира. И приметив многу постови од типот: „Ако беше добра немаше да биде бивша“ или пак „Таа е бивша со причина“. МНОГУ погрешно размислување!! Сте се запрашале некогаш дека можеби не е тој онај кој раскинал, дека можеби и двата сакале да бидат заедно, но не можеле од икс причини, дека таа можеби е стварно добра, но тој не бил доволно добар за неа па го откачила? Еве јас на сите дечковци сум им раскинала, тие ме молеа и по 7-8 месеци после раскинувањето да се смириме и сега следната негова девојка ако речи „ако бше добра немаше да биде бивша“?? Епа не баш кукло. Јас секогаш си прашувам за бившите, кој раскинал, зошто раскинале итн. Не да навлегувам, но добро е да знаеш, а треба и да си го познаваш партнерот, да знаеш кога лажи, кога не. Споредување со бивши во никој случај не се прифатливи, недостатокот на самодоверба воопшто не секси. Има случаеви кога не треба да се правиме слепи покрај две здрави очи, но има и онакви кога нема потреба од никакво потресување околу бившите. И не се е онака како што изгледа или барем не секогаш. Едит: Друго заборавив да кажам...Воопшто не се согласувам со мислењето дека е полошо ако го има бројот од бивша девојка со која имал долга врска, отколку од бивша мувачица (е**чица). Со девојка со која одел подолго време имаат заеднички пријатели, подолго минато, најчесто таквите врски се раскинати поради голема и дебела причина и тешко дека некогаш ќе се вратат, но мувачиците...Тука веќе се работело за чиста физичка привлечност, понекогаш и фатална и тие контакти не се прекинале од којзнае каква причина. И ако земеме во обзир дека повеќето неверства на машките се поради физички изглед и задоволство, тогаш дефинитивно мувачиците се оние кои треба повеќе да не плашат.
откако му распинав на бившиот 2-3 недели "трчаше" по мене ми се јавуваше ми пишуваше на фб пораки на тел...(бев сингл тогаш) и првите месеци откако се фатив со сегашниот дечко мислев дека со бившата уште контактира. не сум таква да барам фб пасворд да проверувам сето тоа си го чував во мене. Иеднаш решив да го прашам дали усте се во контакт и ми рече дека не постои таква девојка во неговиот живот и да не бидам толку будалеста и дека само мене ме сакал
Mа немој ,мувачиците треба не плашат ?Mашкото треба да те плаши душо не викам оти мувачицата е безопасна но дечкото нема белким да го присилат да оди кај некоја ако не сака така ?Tоа другото што го кажа за бившите се сложувам целосно Neytiri
voopsto ne treba da se zamarate so bivsite zenski na partnerot poradi toa sto tie se samo bivsi, sekoja komparacija ili sporedba e od visok .. i ako i vie ne sakate da stanete del od korpata na bivsi devojki ne si go trosete dragocenoto vreme da zboruvate na taa tema btw jas voopsto ne se zamaram so toa a i ne sum ljubomorna zatoa sto ako bila podobra nemalo da bide samo bivsa [mod-kirilica:k6yy61wr][/mod-kirilica:k6yy61wr]
И јас спаѓам во оваа категорија на луѓе-добро не до толку да сум опседната,ама практикувам да ја посматрам на моменти бившата на дечкото Во смисла,онака на фб да видам шо како праве во живото За телефонски број не ми се допаѓа ако сеуште ја има во именик,затоа тоа го напоменам индиректно да знае дека ми смета.Исто така и заеднички слики на фб.Инаку бришање од фб-категорично не!Некако смешно ми е тоа со бришањето,сепак со таа личност си поминувал убави/лоши заеднички моменти,и честитање на роденден-тоа е култура,така да за тоа не би се налутила.Но,тоа не подразбира и пишување нели. И не ми смета ако е со мене,и на некоја бивша и рече здраво,зашо и јас сите ги поздравувам,ама само на здраво сме..некако не ми е пријатно да разврзувам муабет со бивши...
Погрешно си ме сфатила, некоја феминка погоре спомна дека ако има број од мувачица не е толку лошо, а ако има од девојка со која бил во врска подолго време тогаш треба да се плаши. Јас со тоа не се согласувам и си кажав и зошто би требало да е обратно, кога веќе се плаши од нешто. А најправилно би било да не се плаши од никој и од ништо, ако се плаши од машкото душо тогаш врската не е здрава.
Сите во животот ги мачи ова понекогаш но зошто не се запрашате дали вреди ? ДА ЈА САКАЛ СЕУШТЕ КЕ Е СО НЕА.ВИЕ СТЕ ТАА ШТО ТРЕБА ДА СТЕ НЕЈЗИНА ОПСЕСИЈА А НЕ ТАА НА ВАС НЕЛИ ?