Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опсесија: бившата на партнерот

Дискусија во 'Врски' започната од annnni, 27 март 2010.

  1. Audrey16

    Audrey16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2013
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    51
    И јас нешто слично...проверувам од време на време до кај е со животот :rofl: ама ништо посебно...ако мисли дека може да ми го земе или слично нека повели :D инаку јас повеќе би се замарала ако наеднаш се појави некоја нова личност во неговиот живот, од минатото толку и не се плашам-ако било толку добро немало да заврши :)
     
  2. Alison.Di

    Alison.Di Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Во првата половина од врската со мојот сегашен, не ни се интересирав а ни го имав прашано која му е бивша, воопшто не сум почувствувала потреба. Случајно дознав, кога на фб ме адд една другарка на дотичната госпојѓица, а исто и колешка на мојата најдобра другарка. Ја познавам неа и лично, под лично мислам порано едно здраво имавме вака на поминување, но не и давам големо значење.. Од кога дознав јас почнав да одбегувам муабет оти малку ми е глупа ситуацијата, што таа пушта другарка да ме адд. Сигурно имало некаква причина. Разговарав после таа случка со дечкото, кој културно ми објасна дека нема намера со таа тема да се замара, бидејќи не е битно. Исто ми кажа дека истата таа бивша, кога се гледал со некоја, ништо сериозно, и пишувала пораки ја барала да и каже дека ТОЈ НЕ ЈА ЗАБОРАВИЛ. Но мене ми се нема случено нешто такво а и да ме побара.. знам како треба, неможам да се замарам со такви особи. А и девојчето има дечко околу година дена па се надевам дека е искулирана... во врска со мојот ...
     
  3. Laady994

    Laady994 Нов член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Ее вака ми е потребно вашето мислење пред некое време во копмјутерот на мојот дечко т.е стар што не го користи моментално, и има се и сешто случајно го вклучив и дојдов до едно клипче што пред 2 години и го правел на неговата бивша се тоа во ред но, кога го пуштив исто како што ми направи на мене кога му раскинав. Сликите се различни и мала промена во текстот до некаде кога ке размислам со ладна глава в ред е тоа било тогаш му значела направил така, сега е друго можеби сакал пак да се потруди на ист начин но, сепак ме лути зошто сакам и мислев дека сум единствена и сум љубоморна сум,си велам епа неможе :D би сакала да слушнам што мислите вие за ова дали е нешто страшно или пак нешто нормално
     
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    ^Си применува испробана тактика за смирување со женската кога ќе закашка :D Ништо страшно .

    Не се оптеретувај , ако е добар со тебе , те сака и ви е убаво, не се замарај нема причина да мислиш дека мисли на бившата, само употребува докажани фори ,не е многу оргинално де ама се труди :)
    Овие гестови воопшто не се битни за добра и фукционална врска ама ете жените ги сакаат . Пример и подарил ружа на бившата , тоа е убав гест и веројатно ќе го направи и за друга жена која му значи .
     
  5. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Лелее јас што у живот не сум била љубоморна сеа почнав за глупости да се напињам. Со дечково сме околу 2 месеци ама претходно наназад 6 год се плеткаме. И сеа знам дека идеше со една 9месеци ама тоа беше пред 2 год и ми се уврте од скоро у глава дека тоа му била единствената долга врска и дека уште нешто чувствува за неа. Особено коа пред некое време му се појавија кондиломи и ја му реков може од таа бившата ти се и ми вика Шо ти е ние скоро секој ден заедно тогаш си легнувавме ја кај сум глеал. И ја одма сликата како они двајца секој ден заедно си легнуваат и се гушкаат :devil: а претходно значи имав врска од две години ама имав толку многу доверба во него што да ми кажеше дека сам иде со 4 жени на одмор ќе му верував. изглеа зошо у типов неам ни грам доверба околу неверствата може ради тоа си мислам глупости а? :^)
     
  6. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Во принцип не сум љубоморна,посебно не на бивши на партнерот.Било поминало.
    Ама има една ситуација која ми го привлече вниманието.
    Пред да бидеме во врска,тој имал другарка,не толку блиска, која пројавувала симпатии кон него.Тој сеуште негира дека никогаш немал намера да има нешто со неа.Не знам од која причина,престанале да се дружат.Само на здраво останале.
    Е сега,моментот е што дотичната лајкнува му некои ствари на фб,да дислајкнува,па пак лајкнува..знаете,да привлече внимание.Мене тоа ме изиритира и ја избришав од неговиот фб.
    И сега дознавам дека девојчето има другарки што седат во исти студентски со дечко ми,и неколку пати биле на гости,кај него или кај цимерот негов :?: :)
    Не дека љубоморам,и далеку од тоа дека ми е опсесија девојчето,само првпат ме заинтрегира такво однесување од страна на бивша/'другарка' на партнер :)
     
  7. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    повеќе би била љубоморна ако се појави некоја нова а за бившата несака ни да ја смисли :D
     
  8. coeur

    coeur Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Мислам дека пољубоморна личност од мене нема. Со дечко ми сме заедно два месеци и му ги знам сите девојки што бил со нив. Знам кај учат, работат, роденден, сее буквално. А што е најстрашно на него не му. викам ништо, туку сама си се замарам... Повеќе мислам на неговите би отколку на него :lol: .
    Највеќе мислам и ми оди на психа единствената девојка со која одел озбилно 2год. Но таа почина во сообраќајка пред две години... Ја гледам на слики колку била убава, некогаш мислам да не починала уште ке биле заедно и страв ми е да не сум му само. утеха. Немојте. да ме сфатите погрешно, не сум искомплексирана личност, далеку од тоа ама.... стварно не знам зошто се замарам кога тој не ги ни спомнува бившите, само за девојкава ми имаше раскажано еднаш што - како се случило. Јас кога се вратив дома плачев :(
     
  9. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Тоа е толку..изопачено размислување.
    Остави ги мртвите на мир,и не размислувај за нив.
     
  10. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.962
    Допаѓања:
    90.276
    Пол:
    Женски
    Како да не за бившите негови ќе се замарам обавезно , тоа го прават тие шо немат попаметна работа :D
    Лично јас не ги ни спомнувам ,на почетокот од врската си кажавме шо имаме на таа тема и толку е искрено мене ми е многу смешно и некогаш викам : ахх да ти беше бившата тукаа,или пак :кажи ми бе нешто за бившите да се насмеам :D .А тој дека ме знае каква сум не се замара се смее само :D
     
  11. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Нема бивши, ама мислам дека и да има не би се замарала, штом се бивши за него се минато од било каква причина, јас сум неговата сегашност и мене ме сака. Што имам од тоа ако со непотребно замарање не уживам во врската. :^) Од секогаш сум сакала да ме гледа прво како другарка и да може се да ми каже, а не нешто ако ми каже и го малтретирам после да се покае што ми кажал. Не дека сум толку искулирана личност, ама ако некој не ти дава повод за љубомора, не гледам зошто сам да си даваш без потреба. :)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    178
    ахах кога ја прочитав темава се сетив дека бившата на дечко ми ме има пратено до дома дури ...
    она е од друг град ама тука седи кај некоја тетка дека тука учи .. ист смер сме и имавме заедно пракса еднаш.. и она девојката заедно со другарка и ме пратеше дури до дома .. нз дали сакаше да види каде живеам или да ме заплаши ама важно не успеа ни двете :D
     
  13. flower08

    flower08 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Порано неможев да седам во иста просторија со било која негова бивша, ако на исто место сме излезени неможев да го тргнам погледот од неа бидејки сум свесна дека е презгодна и прејако тело има али сега ама ич не се замарам било поминало :D
     
  14. ABeautiful

    ABeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    56
    Во секој човек постои мала доза на љубомора. Но,кај некого тоа може да биде болна љубомора.За која факт е дека неможе да се надмине.Затоа што едноставно таков му е карактерот и мисли дека тоа е во ред, можеби може да каже дека веке не е толку љубоморен но во себе потајно ке се јаде ...тоа е мое мислење! Моментално се гледам со едно дете,кое се гледавме еден период претходно.Тој е студент во Скопје.А јас не живеам во Скопје,и тој си доага на два викенда а по некогаш и на 3. Во текот на летото почнавме да функиционираме во најдобар ред, можам да кажам дека можеби почнавме да се стануваме се по озбилни,со секој поминат ден ..но заминав на одмор на кој останав подолго времетанеме прем. Јас несакав да станеме премногу озбилни,затоа што сеуште сум премногу млада,за да ја имам таа обврска.И откако се вратив јас од одмор работите се сменија многу. Го гледав како тој повторно е премногу блисок со неговата бивша.Неможам да кажам дека таа ми е опсесија. Само многу ме нервира кога за нешто ке се дофатам ке го биде блиску до мене ,се повеќе и повеќе и некој ке се најде тоа да го сруше како кула од карти.
     
  15. chips.for.free

    chips.for.free Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    37
    и сега, по 4 месеци, се уште се блиски?
     
  16. ABeautiful

    ABeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    56
    Да да,сега со секој ден работите стануваат се подобро и подобри.Сега сум сигурна дека тоа што го сакам,не го давам никому..
     
    На chips.for.free му/ѝ се допаѓа ова.
  17. anabarbiche

    anabarbiche Нов член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    понекогаш и го отварам фејсбукот да и го проследам животот. ама стварно непријатно ми е кога понекогаш ќе ја сретнеме, а се случува бидејќи она работи во околина на дечко ми и многу ме нервира тоа кога ќе се случи. порано многу се расправав со дечко ми за неа, бидејќи ми ја има зборувано, ама како што поминува време сфаќам дека не вреди...
     
  18. Pelikan

    Pelikan Активен член

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Кога бев помала многу ме нервираше една негова бивша ама сега оладив, тој да не ме сакал ќе си заминел кај неа... а и на секој начин ми докажува дека ме сака така да без потреба не се нервирам веќе.
     
  19. honey-bear

    honey-bear Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    5
    уф голема опсесија. секоја поранешна девојка сакам да ја направам барем малку љубоморна и имам голема желба да видат дека тој веќе не е заинтересиран за неа и дека е мој само мој :$
     
  20. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Абе какви бивши воопшто не ме интересираат.на почетокот на врската се нервирав зошто ми беа во близина(на училиште) сега воопшто не ми е гајле.ако биле добри немало бивши да бидат хаха