Ве молам за помош! Имав дечко кој одевме 7 месеци, пред тоа имаше врска со една девојка и одеа 9 месеци .. Извесен период таа не беше тука а кога се врати јас и тој се скаравме..Стално на секоја кавга му ја спомнував незе бидејќи видов дека редовно и го посетува профилот дури јас не сум во негово присуство.. По некои 2 месеци ме побара, му простив се решивме да останиме другари, но секоја наша средба завршуваше со бакнеж. Пред една недела ми кажа дека има работа која мора да ја заврши а мојата најверна другарка ги видела заедно,тој тврди дека таа му е сега само другарка .. (воедно таа пред тоа зборела како несака да има ништо со него и како не го сакала)
Според мене тоа се изговори ,сум била во таква ситуација слична во која останав со прстот во уста кога фати прилика повторно да биде со таа ме остави
istio problem go imav i jas koga pocnav da izleguvam so mojo segasen decko.. postojano i go gledav profilot na fb i go citav askot... previse se zamarav a toj nikogas ne ja ni spomnuvase ama taka mi imase vlezeno vo glava.... ama veke tolku svativ si deka da ja e sakal ne bi bila bivsa i tolku mina mi toa ludiloto....
Истиот проблем го имам и јас, секој ден и го посетувам профилот и го читам аскот...Кога ке му ја спомнам нему тој само вели ,, таа е само бивша,, ама пред некој ден видов дека и лајкнал неколку слики на фб. Ја мразам -_-
ајде вака да почнеме... бившата си е бивша, таму и си останува, т.с во минатото... нема потреба да се замарате со истите, не вредат, бидејќи ако вределе ќе биле присутни уште во сегашноста на вашиот дечко ( тоа не важи доколку има нешто сомнително дека можеби уште се гледа со неа ) ако тој уште лајкнува, пишува и доколку тоа вас ви пречи, ќе му кажете, ќе разговарате, ако тој не ја сака и ако сака да биде со вас, нема веќе да го прави тоа... на почетокот на врската доволно е само да прашате кои се бившите, како и зошто раскинале, тоа е само за да знаете со каков си имате работа... после тоа крај, било што било, минато е, па фала богу дека и тој треба да има минато, не може да се чува само за вас... нема потреба од оптеретувања со бивши доколку е се во ред, замислете вие така на вас да ве гњават затоа девојки заборавете на минатото, бидејќи иднината е пред вас, и тој е ВАШ
Па не дека ми е некоја опсесија ама ете има моменти кога ќе ме здоболи тоа.На почетокот на врската често бев опседната со неа и ми беше тешко затоа што иделе долго време околу 3 години и стварно биле многу блиски затоа што она е и братучетка на неговиот кумашин и на свадбата она била кума итн ама по некое време сватив дека нема никакви чувства за неа затоа што и она има врска од година ипол и веќе е завршено ама пред околу 1 месец го адд на фб и му стави лајк на сите можни објави и слики од нас двајца и јас пооопиздевв мислам многу ми беше тешко и капак беше кога бев кај него пред 2 недели гледавме слики и тамо слики од свадбата и она како менува прстени и јас знам дека она му е дел од минатото и дека он тогаш мене не ме ни познавал ама ете ми дојде тешко и одвај се додржав да не се расплачам и од тогаш ми е некако тешко поготово тоа што има голема поврзаност меѓу нив двајца и на многу места кај што сме биле била и она.А кога ќе му спомнам на него за тоа он ми вика дека за без врска се преоптеретувам дека она е само минато и никогаш не би се смирил со неа и дека да сакал да биде со неа ,а не со мене тоа го можел многу одамна
зошто таа да ми биде опсесија мене, нека и бидам јас незе опсесија ххееххех се зезам, бивша како бивша да вредела такав и ке останела, ама работате е што останала во минатото и нетреба сега да трошам нерви, зборови и коментари за човек кој е небитен. Oставете го минатото зад себе, таму каде што припаѓа, живејте ја сегашноста и сонувајте ја иднината....некои личности не заслужуваат да бидат коментирано во било која смисла и перспектива.
Постојано бев и ја опседната со бившата на дечко ми. Тој бил со неа 1 месец пред ние да појдеме. Откако ние појдовме таа постојано му се јавуваше (ме вадеше од такт), го викаше да се шетаат сами. И таа има дечко и пак му вртеше на мојов. Потоа престана и по 1 месец пак му се јави и тој рече дека е со мене и ја праша во што е проблемот и таа му кажала кога ке останал сам да и се јавил. Значи да беше тука ке ја убиев. И кога што било работата сакала да го чуе да го праша што прави и да оди тој кај неа. Но тој и кажал дека има девојка да не му врти веќе. И еве ја нема, веќе не му врти. Но тоа помина.
еве нешто од мое гледиште . идев со дечко ми 6 години ,раскинавме и тој се ожени за неколку месеци со девојката со која и ме изневеруваше.Е сега типката нонстоп ме следи на фб преокупирана е со мене,пробува да ме нервира а веќе го доби тоа што го сакаше муабетот ми е таквите луѓе никад нема да пораснат ,она мора да сфати дека јас сум дел од неговиот живот без разлика што му е жена она е со него две години јас бев со него 6 и го познавам секој дел од него,нема потреба од љубомора ние сме биле заедно имаме заедничко минато ,сме се разделиле и тоа е.тој дури и сакаше да остане епријатели јас секако не прифатив
Мислев дека нема по опседнат човек од мене, ама ете имало и други... Стварно е лошо чувството, невозможно лошо!
Во мојот случај таа е опседната со мене, не ми смета тоа си е нејзин живот, сама избира како ќе живее...ако мисли дека ќе го врати нека продолжи да си мисли тотално небитна е, заборавам дека постои а камоли да се опседнувам со неа...не би потрошила секунда од моето време мислејќи на неа не гледам зошто и мој совет до сите што се опседнати со бившите : не вреди да се троши драгоцено време на личности од минатото и не вреди да се споредуваш со никого зашто секој си е посебен на свој начин...
Девојки...јас сум во врска година и пол и ова ми е прва вистинска сериозна врска...многу го сакам дечко ми и тој мене ме сака...јас сум љубоморна но искрено не се замарам со неговите бивши зошто не се вредни тие биле некогаш и останале во минатото сега сум јас со него...но имам друг проблем...мојот дечко се замара со мојот бивш а тоа многу ме нервира затоа што тоа било и поминало јас повеќе нема да се вратам на минатото....но како да му докажам нему како да му докажам дека со него се поминало и не го сакам повеќе него и не ме интересира тој ? што да му кажам да престани да зборува за него и да не мисли поќе на него и да не мисли дека јас би имала нешто повторно со него..? помогнетеми девојки...
Разговарај со него и кажи му колку тоа те повредува, бидејќи со самото спомнување на бившиот покажува дека не го почитува твоето минато, а и тебе. Кажи му како би му било него ти постојано да ги спомнуваш неговите бивши? Дека си го сакала, си поминала време со него и нормално ти значел нешто, но сето тоа е завршено, сега е минато и не е важно повеќе, дека сега си со него, него го сакаш и дека штом ти веќе не размислуваш за бившиот што има тој да мисли за него и да го спомнува. Дека сега е време на вас да си создадете своја приказна и не треба безпотребно да внесувате други личности во вашата врска и да си ја комплицирате без потреба.
Се изначитав работи од типот бивша си е бивша , да вредела ќе останеле заедно , ќе била сегашна ... ова она ... Добро па да ве прашам вие никому не сте бивша ? И што сега не вредите пошто сте некому бивши ? Јас сметам дека има и бивши кои вределе и кои не вределе без разлика дали се мои или на партнерот и кој си сака ќе си ги остави во минатото , кој нејке ќе ги провлекува низ сите наредни врски. Некој можеби вредел ама ете како пар не функционирале и се разминале . Ниту сум се замарала , ниту некогаш ќе се замарам со моите и неговите бивши до степен да ми се опсесија . Јас знам и да пофалам бивша на партнерот ако сметам дека е убава/паметна итд . Тоа што се бивши не ми ги прави ни помалку ни повеке вредни . Моментално ми е битен партнерот и јас нему . А такви ствари од гледање со бивши , лајкнување слики , допишување ниту знам ниту некогаш ќе ми стане јасно како оправдувате , правите или прогледувате низ прсти за тоа .
Пред да сте со некој, видете каков е човекот. Ако не ви одговара тој, ни неговото минато - не одете со него. Но, ако веќе сте со него, опседнувањето со бившите може само да ве повреди и ништо друго. Барањето на фб, сретнувањето в град, слушањето муабети, итн....ништо арно не може да излезе од тоа. Само се повредувате себе си, потоа патите и се истурате над партнерот, т.е си ја расипувате врската. Кренете ја главата горе, вреднувајте се себе си, и заборавете на сите тие бивши ! Друго нема !
Опсесија со бивши,добро ми е познато .Се може да се случи ако има повод да се сомнева човек во бивши итн,но не е ретко каде бившите сакаат да се вратат или си се гледаат пак за таа работа,или пак машките си ги држат бившите на лагер кога ќе им затреба еб*чица.Таа е вистината,секоја врска си е специфична и не може да кажеме ех бивша не вредела бла бла,може токму партнерот со кој сме да не вредел .
Значи ако пртнерот си ја сакал бившата нема да биде со вас. Ќе биде со неа или пак ќе се труди пак да се врати со неа. А чим љубомориш значи дека искрено сакаш. Ама има и други начини за да се искаже љубовта, само не љубомората. А од љубомората може и врската да си ја уништите. Во ред е да бидете љубоморни ама до некаде со граница. А ако на секоја ситница замерувате е го нема тој човек на кој нема да му прекисне.
Ме интересира вашето мислење за темата правење муабет и разговарање за бившите со дечкото. На пример, јас се наоѓам во ситуација да дознавам од други личности за врските кои мојот моментален дечко ги имал и тоа многу ме боли. Имам разговарано со него на таа тема и ми има кажано дека не чувствува потреба со сегашната девојка да зборува за минатото. Јас не се согласувам. Сакам да знам што мислите вие?