Иста сум и јас како дечко ти. Нема потреба да се замарам со нив, да објаснувам и да зборам сега какви биле што биле. Било поминало, завршена приказна. И дечко ми на почетокот тоа го гледаше како , ама на крај си увиде дека нема потреба од такви замарања и зборувања. Доволно е да се каже нешто, ама да се навлага во детали.. не! Кога ќе почнеше и дечко ми да збори за неговите бивши, само ќе му кажев не ме интересира и си вртев друга тема. Не ме интересираат такви работи воопшто. Е сега нели, секој си гледа различно на работите.
Јас секако не би барала премногу детали, не ни сакам да навлегувам до толку.. ама мислам дека нема да е лошо да знам со какви си имал работа и дали се 20 или 2.. какви се неговите искуства и едноставно да размениме некој збор на таа тема... Како што кажав, за тие работи најдобро е од него да имам разберено ...
Ха, би требало да има и тема ,,Сегашната на бившиот'', оти има една типка што ме следи веќе година дена, а веќе година откако раскинавме со сега веќе бившиот, и оваа неговата од тогаш до ден денес ме следи, буквално го знае секој мој чекор, ми телефонира да и го оставам на мира оти според неа сум му ѕвонела, ми се закануваше, ми пишува на фејсбук дали сум си пишувала со него. И врвот на се, направила мој лажен профил и оттаму си пишувала со дечко и т.е. мојот бивши као демек јас сум,и као демек да се смириме за да провери дали сме во комуникација. Ги избришав сите јас од фејсбук од кадешто таа ме манијачеше , и замислете утредента пак ме додаваат истите.И така и кажав дека ќе ја пријавам во полиција ако уште ме вознемирува и ја нема некое време сега.Си го мисли следниот чекор сигурно
Не дека сум опседната,едноставно не поднесувам да падне муабет на таа тема. Со самото спомнување на зборот бивша,кај мене се јавуваат симптоми на гадење,блуење,и губење апетит.Па не дај боже да ја сретнам во живо...денот ми се расипува. Е до толку ми се слаба точка тие бивши,особено со некоја што бил подолго време. Не поднесувам воопшто,ме боли тоа што некоја некогаш го имала тоа што сега е мое.
Факт е дека сите викаме дека не не интересираат, ама длабоко не копка барем нешто да дознаеме поготово ако ја познаваш. И мене исто, викам не ме интересира ама ме копка сакам да знам. И после кога ќе дознаам само се нервирам поготово што повеќето ги знам од неговите бивши и знам со која идел, колку, зошто раскинал. Тоа отворено ми го кажа а и ја него за мене. А и не се секирам многу зашто врските му биле кратки со нив а оваа му е најдолга и тоа повеќе од година. Башка коа ќе му ги видам тоа бившите, а секој ден се гледам со сите, ми се повраќа од изборот. И ете толку од моето незамарање за бивши.. си почнав.. ај доста е
Дечко ми, пред да се фати со мене се мувал со една другарка моја, а тогаш јас и таа не се дружевме. И тој случајно ми кажа пред еден месец дека му е бивша.. Некогаш гледам од околу да го потпрашам за неа, ама одбегнува ми вика дека тоа било-поминало и дека сега е со мене и нема потреба да се зборува за неа. А иначе секогаш кога ќе се спомне тој во друштвото, кога е и она присутна од такт се вадам!
Значи че умрам ко че се сетам ууу ,колку проблеми ни правеја бившите, му пишуваја пораки дека јас одам со дургии ова она..И вчера ги најдев сите пораки од дечкоми во фб со бившите сите плачев и ги читв...Првиот месец ко се фативме одеше и со друга ми кажуваше дека не излегол ич со нејзе то време само 2 недели се пишувале пошо таа ненормалната че се убиеше.И сеа цело време ко че пишам со дечково мислам наа пораките дали ова и нив у го кажеше пре тешко ми е...И најдов со другар шо имат пишено за мене му викаа да ме остајт мала су била ова она и тој му имапе пишувано абе уч малце че одам со нејзе сакаше таа.. Буквално ме понижи многу ми се извини ама му кажев дек немат да му го опростам то..И на сета мака дур ги читав поракитее со бившите таа најмн проблеми шо ми праеше до мене беше ми идаше да ја фатам за таа коса мрсна (зато не ја фатив никогаш не е истуширана).
абе муабетов е Сакам да знам али нејкам да чујам јас така во поранешни врски сум сакала да знам сум прашувала ама затоа пак мала кавга со тогашниот дечко ке сум му ги спомнела. Ич не бива, везпотребно се оптоваруваме.. Затоа сега со сегашниот дечко, знаеме ама не навлегуваме во детаљи.. Сум прашала ми кажал ама тоа е тоа. Бидно па поминало.. Проблемот е кај мене, не обсесијата, он сам вика јас ако сум со тебе тогаш таа е во минатото но проблемот е што честопати мислам дека не може мене да ме сака како нејзе Знам дека е голема глупост, ама сум слушнала дека многу ја сакал, дека и простил неверство дека се праел за нејзе и ме фаќа нервоза еве ко сега сдфвксфвгкџдфбвгџфкбг џцгфбј
Ниедно машко на светов не ги заслужвит нашите солзи... Усте на почеток те изневерил,си простила ок валјда од љубов,ама срце да те понизвит пред другари не би простила јас.. дури и да останите заедно како ке те гледаат тие негови другари?? како Малата шо го молеше да излегвет нели??? Сигурна сум дека си млада и убава,не го оптоварувај мозочето со некој кој не те рецкат ни 2% поздравче
Мене пак бившите не ми се опсесија воопшто, знам дека ме сака најмногу на цел свет, зошто да го упропастувам бракот, самата врска помеѓу нас двајцата поради работи кои што се случиле до мене. Така беше пред да се земеме, така е и сега. Гледајте да си ја направите сегашноста убава за вас двајцата, а не да мислите колку ја сакал таа пред вас, залудно само будите сомнежи. Сето тоа било и поминало.
Во нашата врска пак јас сум таа шо имала претходно посериозна врска,која траеше прилично долг период,а он имаше девојка само 7-8 месеци,без преголема сериозност.. не зборуваме за бившите,ги знајме кој се,онака општо,ама да навлегвиме во детаљи не помирно ми е вака
Ако почесто се навраќаме во минатото,секогаш може да се најде причина за некое недоразбирање.Другиот не е упатен во поранешните случувања за кои имаме изградено став,па може погрешно да бидеме сфатени.Најбитно е партнерите во врската да се сконцентрираат на сегашноста и на реалните случувања за да се создаде меѓусебна доверба и разбирање.Не ми се опсесија бившите партнери затоа што тие се дел од пропаднати врски од различни причини.
Кога веќе во прашање е опсесија со нешто вакво што е дел од минатото, проблемот не е во ниту една бивша, туку треба да го бараме во огледалото.
Никогаш не зборува за бившите, ми вика дека тие се минато и дека нема потреба да се зборува за нив, дека сега е со мене. Ама јас сепак му знам 2 бивши, и не го прашувам зошто несака. Нема потреба да си правам проблеми за ништо. А исто и тој, воопшто не ме прашува за моите бивши.
Го замараше некое време и сакаше да не раздели, но не и успеа. Таа беше опседната со мене, не јас по неа.
Колку ниско треба да паднеш за да си дозволиш некоја негова бифша девојка да ти е опсесија! За себе го одбираш најдоброто, а ти си го одбрала него. Тој е со тебе, не со неа. Значи колку само си НАД !
По рано,на почетокот на врската ми беше страв да не ја сака сеуште,ама после сфатив дека е со мене,мене ме одбрал,ако ја сакаше ќе беа уште заедно.А имаше период кога му се јавуваше,ама не и обрна внимание,сега кога ќе го види само го погледнува и толку.Нема потреба да се замараме за нешто што треба да биде во минатото.