Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опсесија: бившата на партнерот

Дискусија во 'Врски' започната од annnni, 27 март 2010.

  1. tallyweijl

    tallyweijl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    35
    Бившата е само небитна кучка која треба да се стави на ignore и тоа е тоа...колку сака нека лае НЕБИТНА Е...
     
  2. Ema28

    Ema28 Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Не дека имам нешто против тебе, не те напаѓам нит навредувам само сакав да кажам дека овие зборови што ги напиша се многу тешки, извинете не можам да издржам. Небитна кучка? А ти да раскинеш со дечкото што ќе бидеш? И како можеш така да осудуваш а притоа и ти си женски род? Знаеш ли зборот кучка колку тежок збор е, притоа упатен на некоја личност која не го заслужува тоа? Сите ние сме имале раскинувања, некој не оставил, некој сме оставиле ама ако нарекуваме некого кучка заради тоа што дечкото ја остави и таа не може да се помири е стварно е жалосно да кажуваме такви зборови. Таа која не прифатила разделба и која сака да уништи врска е нестабилна девојка/жена која наместо да продолжи напред тргнала кон самоуништување безпотребно, таа е личност која не размислува во моментот реално, личност која нме се цени себеси со тоа што ќе уништува врска и да навистина не треба да се замараме ама не е кучка.
     
    На okcenzi, SimonaTino, SunshineYo и 3 други им се допаѓа ова.
  3. tallyweijl

    tallyweijl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    35
    Јас зборувам за тие бивши што сакаат да уништат врска...и не душо не се особи што не се ценат себеси напротив имаат премногу голема самодоверба дека тие се подобри од сегашната му девојка...барем јас имав такво искуство...како и да е секој со своето мислење и искуство:)
     
  4. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    За да некој некому уништи врска/брак, треба прво да му биде дозволено. Мислам дека на погрешна адреса го истураш гневот.
     
    На okcenzi и SunshineYo им се допаѓа ова.
  5. tallyweijl

    tallyweijl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    35
    Не истурам гнев само мислење давам, не успеа бившата да ја уништи врската едноставно имаше премногу самодоверба дека би можела затоа такво мислење напишав...
     
  6. Ema28

    Ema28 Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски

    Зарем некоја стабилна, емоционално созреана, која знае колку вреди би се погазувала да уништува врски, да трча кај оној кој ја оставил? Не, туку со крената глава гордо ке бара нешто што ја заслужува. Извини, ова е лично мое мислење, не мора да е точно.
     
  7. tallyweijl

    tallyweijl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    35
    Се согласувам со тебе ema28 но во мојот случај мојот дечко беше оставен па после таа го сакаше назад
     
  8. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.004
    Допаѓања:
    33.819
    Пол:
    Женски
    Јас незнам ни што си го мачете мозочето и се труете со такви работи. Бивша си е бивша. Да била подобра од вас, немало да биде бивша. Штом не се замара дечко ви со неа или со работи поврзани со неа, вие сте одамна качени на коњот. Ако се разбираме. :)
     
    На crazylady, theowndemon, Night Rider и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Бивша е само една нормална личност која некогаш била во врска со некого како и цел нормален свет, таа врска не успеала и тоа е тоа. Ништо ново. Ако сите бивши беа никакви, курви и останати вакви придавки, тогаш немаше да има една нормална девојка, секој на некого му бивши.

    Апсолутно немам никаква потреба да ги мразам, ама баш никого не мразам. Нит ми згрешиле нешто, нит ги знам лично. Неколку ги знам на изглед, фини, убави девојки, сме се разминале на улица, и никому ништо. Рамнодушна сум исто како и секоја останата непозната личност со која ќе се сретнам или разминам на улица. Сме разговарале и на оваа тема со дечко ми, имал повеќе врски, и се' тоа си е ок. Јас не очекувам од неговите бивши ама баш ништо, нит па ќе ги мразам ако се обидат да стапат во контакт со него. Нивно е да пробаат (доколку сака некоја нешто повторно), негово е да одбие. Ако нешто се случи, јас од него ќе барам одговори. Се случиле неколку такви обиди, ние не криеме апсолутно ништо еден од друг, знам се' до најситен детал и немаме проблем. Знам дека е така како што ми кажува. Не чувствувам нервоза, ниту пак љубомора што неговата бивша после долго време сака контакт со него, туку гордост што имам дечко со став кој културно ја решил работата од корен уште во истиот момент без одлагања, кој ме почитува максимално и не дозволува ништо да влијае на нас и нашата врска.
     
    На sparklie, srcence1607, Oneo и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Добро кажале да би ваљало још би трајало 8) така е и со бившите , не се замарајте што било пред вас и која била пред вас , туку ако си го сакате сегашниот партнер уживајте во сегашноста и трудете се да сте среќни , се сложувам дека не треба многу опседнување со бившата или изразување со погрдни зборови за личност која постоела во минатото и ти е тотално непозната :D
     
    На srcence1607, SimonaTino и piksooki им се допаѓа ова.
  11. TheAngel

    TheAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Сите ние сме на некого бивши.

    Мојот сегашен дечко имал седумгодишна врска. Ниту знам како се вика. Ниту зошто раскинале. Не ми е важно.
     
  12. vesnamwa

    vesnamwa Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    11
    Дечко ми имал неколку бивши а исто и мн што ги ебавал.....Се нервирам мн кога и да стане муабет за нив...пошо он мие мене прв сексуален партнер и си нема гајле јас сум имала бивши ама имало само мување....затоа тој не се секирА...а јас се нервирам .!!!!!!!!Знам дека нема потреба ама ете кажите како да ги извадам од памет,често и му префрлам за нив на дечко ми и у пм! Со мене најдолго е во врска и сам ми кажува дека не би одел со мене толку да не ме сакал.....ама ете ми сметаат знам дека ретки се машките што имаат мал број девојки ,дупачици и слично ......незнам...........
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Како тоа станува муабет за нив? Тој ти ги спомнува?
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Unique12

    Unique12 Нов член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Кога ја видов темава слатко се насмевнав...исто како некој да ми ги чита мислите јас бев премногу опседната со бившата на дечко ми иако тој не ни и обрнуваше внимание не го интересираше ама јас секогаш ко ќе ја видев не покажував никакви знааци ама во мене нешто чудно се дешаваше мислам дека доволно беше тоа ххахаха :lol: на крајот сепак сватив дека ако била доволно добра немало да бидит бивша :);)
     
  15. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Lele temava za mene samo. Nemam nisto protiv bivsite na decko mi samo cat pat gi manijacam po fb iako koga mu kazam na decko mi sto pravam koga mi e dosadno se luti zosto sum se vrakala na raboti koi za nego zavrsile odamna hahaha ama pusta navina :D
     
  16. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.774
    Допаѓања:
    17.583
    Пол:
    Женски
    Темава погодена за мене. Обично не се замарав со неговите бивши, тоа било па завршило. Но кога една од нив се најде во моја близина, тоа почна страшно да ми смета, затоа што во мојата глава почнаа да излегуваат слики од нив двајца заедно..уфффффф...најглупаво чувство..:?::whew:
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Никогаш многу не ме интересирале неговите бивши , а искрено и го немам прашано уште од нашиот почеток кога само се гледавме кога се отвори таа тема за него и мене .Едноставно немало причина да ги спомнуваме никој од моите ни неговите .Знам дека имал кратки врски и безначајни, јас сум првата со која е толку години во врска и првата која официјално ја знае целата негова фамилија.Па така де немам што да мислам на неговото минато .
     
  18. Fillia

    Fillia Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.631
    Пол:
    Женски
    Абе женишта сме ние....во природа ни е тоа,да не копка да сме радознали...
     
  19. UniqueGirl12

    UniqueGirl12 Нов член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Ме нервира кога ќе слушнам за неа ама во себе си викам ако била доволно добра немало да бидит бившаа :D
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. odbojkarka

    odbojkarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Мене многу ме копкаше да ја видам која е таа која тој толку ја сакал и толку солзи изронил за нејзе. Јас му го покажав бившиот а он не сака и не сака. Ама женско како женско, господинот заборавил се да избрише на ФБ од неа и јас фино лепо ја најдов. ]:) :D Значи со сигурност е таа.. И кога видов каква е, искрено да ви кажам си се изнасмеав и неможев да поверувам дека тој можел да оди со таква. И од тогаш мирна ми е главата, не се ни замарам. Ако сака да изгуби девојка која го сака премногу за бившата која го изневерувала нека оди слободно. 8)