Јас пример не сум ни најмалку љубоморна на бившата на дечко ми, а нема ни никаков повод, а и знам дека дечко ми не ја сакал .. но секогаш кога ќе ја видам во школо а и учи на мој спрат ми се иде тоа косата што и е како метла да и ја ставам во рака.. неможам да ја смислам.. А не ја знам причината зошто е така
Јас немам опсесија, можеби имав. Но, кога видов дека бившата ќе се мажи, ми олесна. Свесна сум дека ми ја пружа сета љубов, но некако се тлее некаква љубомора. Ние бевме во Солун и во Амстердам, и тоа е океј. Но, со неа бил во Париз и Лондон! Градовите кои сакам да ги посетам. Ме мачи што вика да одам во Париз со мајка ми или некоја другарка. А, јас се тешам дека кога ќе имаме деца ќе одиме сите заедно во Дизниленд. Биле четири години заедно, не е малку. Ама, мислам дека финото и мило понашање треба да се заборави од страна на неговите блиски. Другата бивша е психо, пробуваше да ни ја расипе врската. Почна веќе вториот ден од кога се ставивме во врска, после пробуваше преку други. Со неа бил во Банско и Солун. Со мене нејќе да чуе за Банско. Интересно е дека сакаше да одиме во Париз, а од кога случајно дознав дека веќе бил со неа, се некако одбива. Се трудам да не мислам на тоа, ама ете ме јаде понекад јазна..
ако била доволно добра немало да стане бивша... ДА,се согласувам,меѓутоа што ако тој е оставен од неговата бивша?!
Искрено, еднаш ми беше така не пријатно, бидејќи јас и дечко ми не сме од ист град, ама па и на 20 минути сме со кола. Бившата негова е од неговиот град. Од почеток си мислев дека ќе може да биде пак со неа, позади мој грб, но сфатив дека сум била грешка. Еднаш дотичнава сакаше да го слика дечко ми без да го приметиме, но за жал заборавила да го исклучи блицот. А што е најтрагично, и таа има дечко, а така прави. Сега едноставно не се замарам, ако била подобра од мене, немало сега да му биде бивша.
Јас првите почетни врски (пред 14 години) покажував доза на љубомора нели неискуство итн, и бев осетлив на тоа но тоа многу ме повредуваше но со по доцнежните врски станав имун и одбивен кон љубомората, пред 7 години мојата бивша девојка беше на одмор со друшство во Охрид, јас не бев бидејки имав краен јунски испитен рок на факултет. И кога се врати ми покажуваше слики кај си поминала нели, што правела и случајно да ме испровоцира да ме направи љубоморен ми пушти слика со едно момче во дискотеката Планет прегрнати двајцата, па овој и пуштил и раче до нејзиниот задник, демек ја бакнува на врат од позади, оваа демек е turned on запалена. И ја погледнав и викам "Пријатно!" ми вика "Да не се налути еве ќе ја избришам сликата ако сакаш"?!?! И викам "Немора задржи си ја избришана си за мене!" P.S. Ако партнерот/ка осети дека попушташ пред љубомора тоа само повеќе само ќе те "дотепа"
Здраво. Не знаев кај да пишам и тука најсодветно ми се виде. Започеток да нагласам дека сум верена и живеам кај вереникот. Сега вака. Пред вереникот имав долга врска од неколку години и немам никакви контакти со него. Арно ама неговата девојка или шо да му е веќе неколку пати ми пишува на фб пораки дека ми се заблагодарува што сум го оставила а веќе во друга порака пишува дека сум одвратна дека и се гадело од помислата дека сум била со него па дека тој сега само неа ја сакал и такви глупости. Не и одвратив ништо и ја блокирав. Ја немаше еден време сега пак навали од друг профил со истите глупости. Како да ја откачам дај кажете?
@perlaa Пријави и го профилот, разговарај отворено со вереникот за ситуацијата и на крај директно со бившиот да си ја среди
Побарај го бившиот и кажи му да си го прибере "суштеството". Пониско не можела да падне. Само ти покажува колкаво значење имаш ти за неа и напротив од тоа што ти пишува, таа се плаши од тебе. Ако продолжи со навреди скриншат на разговорот и во полиција. Никој нема право така да ти се обраќа. Предупредија и неа и на бившиот со тоа, па да видиш како ќе си ја собере опашката.
@perlaa Не и обрнувај внимание, блокирај ја. Не ти советувам да збориш со бившиот, да не си ствараш проблеми со сегашниот. Кажи и само: А, што ако и само ако сум имала вистинска причина да го оставам? На здравје нека ти се остатоците!
Не сум љубоморна ама ич.Кога стапивме во врска со овој идиотот,му кажав дека ми сметаат лајкови на бивши значи МИ СМЕТААТ! Тој кажа добро не даваше едно време ама сега пред мене тој искачаше онака со една и нонстоп лајкови и дава..Мене не ми е за лајкот туку понашањето му го гледам,знае дека ми сметаат такви работи и упорно ги прави,значи мојот збор го погазува,не ме слуша...Тој мисли дека му наредувам а нема врска значи ти имај си ги во пријатели ама лајкови не давај да ти ебам матер почнувам опседната да бидам со таа девојка,и со сестра му се има,гледам сега мајка му ја додала за пријатела тој упорно ја лајкнува па ми смета сето тоа и ми се одмилува искрено полека полека можеби и љубовта ми мине...не е исто како што беше....тој ми вели многу се замараш болна си љубоморна а ми дава повод таква јас да бидам додека е со мене што има со бивша нели да се замара,затоа сакам совет дали да го оставам иако само тоа ни е проблем друго немам и не сме имале поголем што се вика..или јас да бидам помалце љубоморна..
Врати со иста мерка да видиш тој како ќе изреагира.. Биди полабава и поопуштена не се замарај толку па да видиш тој како ќе се траска по тебе.. едноставно олади малку..
Тој е љубоморен ама до граница..Кога му кажав и јас ќе давам лајкови веќе на бивши тој ми кажа давај бе срце јас се радувам...ама штета јас ги избришав моите бившиКога ми пиша еден бивш ама на вибер,му покажав да види дека не кријам ништо тој не сакаше да види....имал доверба во менене знам веќе што да правам со него
На почетокот на врската знаеше да ми се заврти во глава по некоја мисла дека сепак тој има поранешни девојки, па да не има контакт со некоја сеуште. Знам една девојка која ја имал одамна, пред 5 години некаде но таа е веќе мажена со дете и отпадна од комбинација па ме мачеа тие поскорешните за кои не знам. Згора на се дека е професор на факултет па и плус згоден, си замислував како можеби имал еден куп девојки. Но тоа беше уште на почетокот на врската кога можеби и не се познававме доволно, сега веќе немам никаков сомнеж по однос на ова прашање и меѓу нас постои целосна доверба. Инаку прочитав голем број на навреди насочени кон поранешни девојки и изјави од типот ако била добра немало да биде бивша и сл. Пред оваа врска јас имав друга повеќегодишна, која заврши по моја иницијатива. Сега значи дека новата девојка на тој дечко треба вакви навреди да пишува за мене? Не значи дека девојката не била добра и станала бивша, може во дечкото бил проблемот
1. Ако била добра немало да биде бивша ? А, што ако таа навистина била добра, а тој бил клошарот ? 2. Ако бившата не сакала да раскине или сеуште има чувства за него, знајте дека таа е во полоша позиција од вас. 3. И бившите се бават со новите девојки (дали е поубава, позгодна, каква коса има, значи со дебилни работи се бават), и обратно, новите девојки си прават филм за бившата, што правеле, како правеле, дали била подобра в кревет, дали е позгодна, итн. Се, на се, никоја страна нема ништо да добие ако се бави со другата страна, само глава ќе ја боли. Се што било, поминало, и не треба да се бави човек со тоа.
Мене бившата на сопругот ко ми беше дечко уште ме убедуваше дека поубо било без дечко слободна хехе за да има шанси кај него јас знаев дека му е бивша од пред 2 години пред да почни со мене а нашата врска не беше баш ептен јавна на фб или било каде си се гледавме одевме заедно чаршија ама не бевме ни на фб ни слика имавме ни ништо и ме праша имаш дечко и велам не немам а колешки бевме и ми вика поубо зошто ти е дечко требен ти е најубо е слободна шо сакаш прајш кај сакаш одиш излегуваш со кого сакаш до кога сакаш хахах јас глумев дека незнам дека и е бивши а таа глумеше дека незнај дека имам дечко така да едно лице и таа мене ми напрај а и јас нејзе и не се замарам со нејзе ниту си боло која друга ама богами таа 2 недели цели се замараше со мене дури не виде дека ептен лабаво си се понашам без да и дадам дознаење дека знам дека му е бивша и си се откажа