Да, истото важи и за бивши не за џабе рекле да би добар био не би био бивши..( само многу погрешно ја сватиле песнана она како беше ниси бивши док у мени имате хехехех ) па зато прават проблеми
Никогаш не сум се замарала како изгледа девојка му,дали е поубава ваква-таква,пред една недела на вибер ми прати порака он и неговата сегашна девојка,па ми пишал "поздрав"јас се направив будала и му пишав "извини,се знаеме?" До тој степен ниско падна да ми праќа слики ах бе...
Мене еднa oд бившите нa мм ми пишa нa фб имaме зaеднички пријaтел oд каде гo пoзнaвaш?истo тaкa пред 5гoдини еднa тoгaшнa нa бившиoт се зaмaрaше сo мене. Интереснo е.
Уствари , сега се сетив . На почетокот , кога почнавме да живееме заедно со мм , неколку бивши негови ме додадоа за пријател на фб , една ми пиша као : " ееј здраво , како си ? "- Велам : "добра фала на прашање , ти како си ? " - И она : "добра сум и јас , сакав да те прашам нешто .." - викам : " прашај де п.с. се знаеме ние ? Вика јас и ти не , ама дечково ми е бивш ( ми праќа линк од профилот на мм ) , па сакав да те прашам вистина ли е тоа што се зборува низ чаршија ? " * си помислив што и е на оваа гајле што и како се зборува и што е вистина * се напраев на Тошо и велам : " а што се зборува " ? - " Па дека си забременила намерно за да те земе " - Е тогаш полудев ама муцка на народ не се затнува па само и пишав : " Не . Тоа е далеку од вистината ама немам намера да се правдам на некој кој веќе ја измислил приказната , нека зборуваат што сакаат " вели " е да во право си " Не знам што сакаше да постигне со тоа што ми пиша ама чудно девојче после ова ме прашуваше дали живееме заедно или јас сум кај моите
Не разбирам како некои девојки (или машки) си дозволуваат да се спуштат до такво ниво да им пишуваат на новите девојки (или момчиња) на своите бивши...
Јас никогаш не сум пишала на девојките на моите бивши ниту мене некој ми пишал. Нема поента да се пишува дури и смешно. Не ме интересираат други бивши девојки имам самодоверба во себе си.
А зошто воопшто би се замарала со бивши. Ако тој сакал да биде со неа, сега ќе бил со неа, а не со мене. Ниту пак ми смета кога ќе сретнеме некоја негова бивша и ќе и каже здраво. Не си згрешиле, си останале на едно здраво. Многу небитни нешта ми се ваквите. Немам попаметна работа па со бивши ќе се замарам.
Пред да се фатам со девојка ми, имав врска од 2 години. Девојка ми не знаеше, бидејќи кога се фатив со нејзе бев од утеха, после ја засакав. И кажав многу подоцна дека сум имал онака девојка, не ја дозна вистината.
Маж ми е од еден град, јас од друг, што ако ми каже кои му се бивши кога не ги знам.... Освен тоа ,никогаш не разговараме за бивши,не па да се опседнуваме. Некако , имам голема самодоверба пред маж ми и не ми иде памет ни за бивши , ни за швалерки ,ни за слични такви чуда и врагови. Обратно е исто,маж ми никогаш не ме прашувал за бивши , нити сега зборуваме за тоа,а и не размислува на тие теми.
Мене дечко ми ми кажа за бившата се, луге плачев дома. Многу ја сакал, но заради далечината се разделиле.Сега вика дека му е преболена, но кажа дека му останале некој убави сеќавања.Бившана му е бомба, од јака фамилија, многу ми е страв дека сум му утеха..Кога првиот пат бевме кај него дома сами, се галевме, се гушкавме, но ми беше шубе, таа одела таму пред мене, чува неколку фотографии, подароци, го распршав онака, кажа дека многу ја сакал, но толку, кажа дека е минато. Дали да му верувам? Не беше тажен кога ми збореше, само глупо се осетив.Кажа дека му има на спиење доагано, многу се плашам да не ме користи за да ја преболи, иако вика дека не.Многу си личат, на неговиот стар фб сеуште им седат сликите од одмори, патувања, имаат и други..страв ми е некако Сам ми спомна за нејзе, уз муабет за бивши.Прва му беше Како да ги избрише спомените? Ми е глупо да одам кај него, мајка му исто многу ја сакала, а највеќе ме здоболе што преспивале еден кај друг, и кога кажа дека штом ја ставел главата во нејзиниот скут одма заспивал Дали мислите дека ме сака? ИЗвинете за долгиот пост
Можам да замислам како си се чувствувала после тие работи што ти ги кажал за неа. Лично јас не би се чувствувала убаво. И според мене мислам дека личност не треба вака да зборува за бившата пред сегашната. Тој треба тебе да ти каже дека му е убаво со тебе и дека те сака и дека штом те гушне одма ќе заспие... а не за бившата. Не викам дека треба да ја навредува, туку дека не треба тебе да ти кажува вакви работи. Мој совет ти е да си ги отвориш очите малку. Нормално дека ќе те убедува дека ја преболел, никој нема да ти рече „еј абе јас ја сакам бившата уште.“ Колку време сте заедно вие? Ако сте официјално во врска, редно е да се тргнат сликите од фб. Ниту јас, ниту дечко ми не чуваме слики со бивши на фб. Мислам дека не е нормално да имаш нова личност до тебе, а да чуваш слики од бивши на фб. Тоа за мајка му што ја сакала и не е толку битно. Дади и време, ќе видиш дека и тебе ќе те засака. И не се замарај дали била од „јака“ фамилија. Врската и љубовта се градат со други работи, а не со „јака“ фамилија. Најдобро си знаеш ти, твоите чувства се најважни. Ние сме тука само да го изразиме нашето мислење.
пa aкo е сo тебе кaкo мoже дa не те сaкa? И aкo јa сакал неa сегa ќе бил сo неa a не сo тебе. А кoлку време сте зaеднo
Не си ја измачувај главичката со непотребни работи. Далечината е понекогаш само изговор ништо друго. Нормално е човек да изреагира така во таква ситуација, но не покажувај слабост. Со тек на време ќе си створите заеднички спомени и нема да мисли на неа доколку му е убаво со тебе. Ако почнеш да го гушиш и да му пререкуваш, ќе му станеш одбивна. Таа е бивша, ти си сегашна и имаш можност да станеш и идна.
Мислиш ли дека сите парови се заедно затоа што се сакаат? Можеш да бидеш во врска и да не го сакаш човекот до тебе. А, второто па убаво кажа девојчето дека се разделиле заради далечина...тоа ги спречило. Инаку @capricorn1501 не е во ред од негова страна тоа што ти го кажал. Секако нема да ти признае дека сеуште чувствува нешто кон неа, може и тој самиот не сака да си признае... Според мене сеуште има чувства ама сепак ти најдобро го познаваш. Но, штом имаш сомнежи и кажа дека си плачела заради ова... Интуицијата никогаш не лаже!
Хахаха и јас кога бев средно имав еден дечко бевме заедно околу пола година и он ми кажуваше за бившите но не бев воопшто љубоморна се додека не им ги прочитав на скајп разговорите(мојот скајп не работеше и он ми рече ајде од стариот акаунт ќе ти кажам пасворд ) и така се уклучив на неговиот скајп и гледам ги има разговорите и од љубопитност неможев да издржам кога им ги прочитав нивните перверзни муабети збеснав се детално што правеле ме облеа ладн пот што се вика ама јас тогаш имав 16 години и уште бев невина а он поголем од мене он имаше 19 и никогаш не сме зборувале на таа тема само знаев дека му е бивша и толку ,мислам секако не правев драми или нешто да и пишам на неа туку само бев многу љубоморна и плачев.
Не би се замарала со бифша на дечко ми, се дур не проба да ми замеша прсти во врската.Многу е глупо тоа.Пред дечко ми ќе покажам дека таа можда била боља од мене и дека лечам комплекси. Женската на еден од бифшите е опседната со мене и ме мрзи пошто знае дека он ме сакал а баш е срцка она.
кога му ги видов бившите се разочарав сама од себе,,мисламм бомба се..немам самодоверба мислам дека ми е на најниското ниво се прашувам некогаш што гледа во мене...
фала но искрено незнам..имам проблеми малку во тиквава моја..го сакам многу , но се мислам дека не сум доволна за разлика од бившите..не сум задоволна со самата себе