И јас сум многу против тие работи, порано ми се имаше случено другарка да биде во врска со мој бивши и знам колку боли .. Долго време не му одговорив на дечкоми дали сакам да бидам со него,.. Јас сакав но не знаев како ќе реагира другарката па ја седнав да разговараме и она ми кажа дека не и пречи тоа и дека ќе била посреќна така ако и јас сум среќна..
Полека сите! Тоа бивш на другарка, која иначе, сега и' е бивша другарка, не е никаква пречка. @Fallen.Angel , да дојдеше некоја на форумов и за тебе да напишеше 'ороспија', исто ќе вивнев. Не смееме да се нарекуваме едни со други така. И со еден само да си имала секс, и со ни еден да не си имала, можат да те наречат 'ороспија'. Секоја ќе си прави, како што сака, и ние немаме право да им судиме, за нивниот избор. На страна тоа... проблемот е што ти не зборуваш искрено со него. Голема е веројатноста да нема никакви чувства за неа сега, а ти само да си правиш филмови беспотребно. Седни кажи му што те мачи, и не му се инаети. Тој не знае за што се инаетиш ако не му кажеш сама, и само дополнително кавги си правите.
Без разлика. Со нејзе имал многу кратка врска. Проблем би било, доколку другарка и' и/или дечко и', сеуште имаат чувства еден за друг.
@Fallen.Angel најискрено, тој не те сака. дури и една реченица да разменил со другарот за бивша му, не морал да го прави тоа пред тебе, а не па апла да гледа накај нејзе при девојка до него. со тоа само ја зголемува нејзината вредност а ја намалува твојата. размисли со кого идеш. ако самата не се цениш нема ни другите да те ценат. седни зборувај со него. и едно прашање: како тоа таа ороспија а другарка ти со која сте го делиле ко чоколадо не е ороспија? само затоа што му е бивша не заслужува таков прекар. а со дечко ти излези на чисто, па и раскини му ако треба. не е ни прв ни последен
Најпрво зборуваш за некоја си девојка дека е ''ороспија'' само поради тоа што некој така рекол ,била така позната низ градот .. А ти и другарка ти како сте познати ? По делење дечковци или како многу "поштени"?
Јас ја 'повлеков ногата', со мојот прв пост во врска со твојот проблем... Луѓето имаат навика, да чекаат друг прв да викне, за после во чопор да се втурнат. Не се нервирај. И во право си! Ти веќе го разбра муабетот со недоличниот збор и нема што милион пати да ти се повторува исто.
Абе и јас подолго и' објаснував, ама после првиот пост, го сменив тонот на кој и' се обраќам. Првиот пост ми беше поостар, за прво да и' привлечам внимание.
Update да направам. По релакс сум. Сношти таа бивша му пиша нешто и тој веднаш ми покажа. Мислам дека нема за што да се грижам.
што знам и јас сум таква,,, сум и посесивец како и повекето тука Не ја сакам таа особина кај мене , бидејки ме убедувале дека нема што да мразам , нема веке ништо мегу нив , дека секој тргнал по свој пат , а јас од кејф не ги сакам ! Ороспија секогаш ке биде бившата на нашите партнери Но зошто би ја нарекла некоја ороспија ? Само заради што е бивша на дечко ми , а можеби сум имала повеќе партнери одколку онаа
Не знам што сака.. Не контактираат , го имав сликано на стори и она кога виде тогаш му пиша, изглеа за инает.