Женски, љубомората и опсесијата само ќе ви ги уништат врските. Или имајте доверба во своите партнери, или раскинете и не се уништувајте.
^ Мила, ако е само тоа што таа е бивша те нервира, тогаш не се замарај верувај. Мисли на тоа дека сите имаме бивши и сме биле со некој се додека сме мислеле дека ни одговараат и се добри за нас. Така и на дечко ти. Била добра за тој период, сега му одговараш ти. Биди среќна и задоволна и гледај врската да ја направиш таква, минатото остави го во минатото. Поубаво ќе ти е, ти ветувам!
Да се чудиш која е полошата варијанта...дали ти да си "опседната" со неговата бивша партнерка или пак тој сеуште да потајно сеуште да има афинитети кон истата.... Сите сме нечии бивши....и колку и да не признаваме понекогаш постојат бивши со квалитет над нашите...и тоа не е страшно се додека неговата љубов ни припаѓа нам....затоа што љубовта не ги препознава само квалитетите туку и нашите маани и се она што не прави комплетни
Колку само мува не ме лази за бившата... Си ја одиграла таа нејзината улога во неговиот живот. На мм бившата ми беше колешка на факс .. Знам дека ја сакал, ама таа реши да се тргне и изолира од сите, да прекине контакти. Тоа е, било поминало. Проба да ни се врати во животите, откако веќе се веривме, ама не заслужила да ни биде ни познаник. Во наше друштво има доста вакви врски, присутни се и нечии бивши, симпатии, муватори(на времето беше модерно не знам сега) сите за све знаеме и на никој не влијае. Знаеме да спомнеме, да се насмееме, пооговараме и тоа е тоа.
Дечко ми бил со бифшата на кафе,го натерал заедничкиот другар да ја викне......Не знам дали уште има некои тајни чувства кон неа или не,не знам што да мислам.
И да нема чувства, освен ако не се другари, не гледам причина да отиде на кафе со неа. Ова е голем проблем.. зошто воопшто другаров би го терал на такво нешто и зошто дечко ти би го послушал. Од него дозна или?
Прво самата дознав но не од него,потоа сам си призна.И ја не глеам проблем да отиде на кафе со неа....ама ако не сакаше нешто да скрие веднаш ке ме известеше,мислам нема причина зошто да крие а и не би се лутела.
Ти си знаеш најдобро, ако сметаш дека нема потреба да се плашиш тогаш не си прави проблеми. Ама колку си сигурна во тоа е друг муабет.
Мислам дека е бесмислено да иде на кафе со бившата, па не знам која да е причината. Како он би се осеќал ако ти одиш на кафе, каде случајно или не, е и твојот бивш? Нема да му биде сеедно, нели? И да нема чувства и да се другари, сепак е бивша. Толку.
А што има тој да оди на кафе со бивша? Па дури и не те известил, иако не гледам причина да оди и да те известел претходно. Го имаш секое право да се сомневаш и да му кажиш дека ти пречи тоа. Јас да дознаев дека дечко ми ќе одел на кафе со бивша ќе се налутив и тоа многу. Мислам дека бившите немаат место во нивните животи повеќе, а ако прави место значи има нешто. Најубаво зборувај отворено со него за ова.
Така е,плус тоа пишувале и као демек го викнала да се видат но тој одбил па потоа одреден период он ја побарал да се видат но таа одбила..и ја веќе не знам што да мислам навистина...а патем ме убедува дека не ја сака и дека е минато...
А што правиме кога неговата бивша е опсесирана за вас?Бившата на дм веќе почна да ми смета,ме “демне” нон стоп а јас девојчето лично го видов за прв пат денеска,таа му кажувала на дм како сум се замарала со неа и му кажала дека сака да ме тепа
А овие бившиве? Се врски од колку време?? Ќе разберам ако е месец,два врска па биле на кафе... Уствари тоа и не е врска. Ама, годиништа заедно и прекинуваат, ама на кафе ќе си поминат супер.(пошо толку им било добро заедно, штом раскинале). Ах бре,многу комплицирана била љубовта.
Не е проблемот за кафе мила, не знам што теми на разговор би имале. Мене тоа повеќе ме заплашува. Јас не би одела на кафе чисто од респект.