Баш тоа и се чудам... немале што да зборат толку време заедно, вероватно и очи си извадиле, ама сеа имаат муабет. Не знам, може ние погрешно размислуваме, можда сме затуцани... не знам. Ама не, не ми е логички.
Зависи како била прекината врската. Ако едноставно 'се отсакале', нема причина да не останат пријатели. Ако 'се заклале' на разделба, тешко дека ќе сакаат пак да се гледаат.
Што знам, ајде еве и да не се сакаат, мене ме интересираат темите на разговор Што би збореле, каде би отишле, тоа не го разбирам..
Koga vo zivotot stavas na nesto kraj i svrtuvas nov lost, nema potreba pak da se vrakas na toj list. Nikogas ne bi se pomirila so toa da odi so bivsa na kafe, pa sto i da e procinata.
Немам проблем ако оди со бивша на кафе.. го сметам за доволно зрел и паметен, ако требало нешто да се случи меѓу нив, нема воопшто да се мачат да одат на кафе.. А ако им било добро во врска воопшто немало да раскинат.. Така да..слободен е од моја страна.
Го немаме тој проблем. Мм е разведен и од првиот брак има детенце. Со бившата сопруга редовно се слушаат и гледаат . Дури и јас понекогаш му кажувам дека треба да биде малку по мек со неа зашто е мајка на детето.
Значи која болест е тоа да се замараш со бивша од дечкоти Мене бивши ми ме извара со една дроља и дрољата сега е опседната со мене , те ме адднува на соц. мрежи , те го тера да ме блокира и не знам ти што ...значи јас за моите поранешни партнери чуствувам само омраза и ништо друго јас не чуствувам! Значи ниту барав објаснување негово ниту ништо туку само го избришав од живите и толку!!! Но ме интересира нада !! Не ми е галје за нив , но како да си се опседнати со мене Секако дека им посакувам све најлошо но јас си продолжив со животот понатаму не знам зошто некои се враќаат на нешто што е мртво!
Не сум имала вакво нешто зошто тоа е негов минат живот не сум била јас таму тоа не е мојот живот туку животот на мојот партнер но ме копкало ако видам дека комуницира со бившата зада видам кои се причините за истото дали дека сеуште е со таа или пак некои други работи
Јас со бивши не се замарам . Ниту со мојте , а не па со неговите . Било - поминало . Да требало да трае , не би биле сега тука каде што сме . Со неколку бивши негови , сум се запознала ( има здраво со нив , покрај него и јас ) и вака фини луѓе ми изгледаат . Не ми се бфф , ама за општ муабет се интересни луѓе . Знам дека имал само една девојка што била опседната со него , ама не живее во Македонија веќе , во странство е , а веројатно по толку години и веќе го заборавила . Нејсе , неколку негови бивши ме додадоа на социјалните мрежи кога се " рашири " низ градов дека сум бремена и ќе се венчаме . Не знам што им беше финтата , бидејќи подоцна или го деактивираа профилот , или ме бришеа ( малку крипи делува ова ) ама и тоа помина .
Бивша девојка му е сепак. Некој машки зборуваат за нив често и ги спомнуваат некој не. Мене не ми пречи да ми ја спомене бившата девојка и да ми кажува нешто за неа што правеле. Ама тоа да не му е навика. Еднаш месечно нека ја спомнува. Доста е.
Зашто да не. Таа е дел од неговото минато. Особено ако долго време биле заедно. Имаат спомени. Зашто мене да ми пречи тоа. Сега не да зборува цело време за неа.
Баш затоа што е минато и тој е во нова врска. Не треба да ти пречи што бил со други претходно, ама зошто би кажувал што правел со бившата? Не гледам причина ниту сами да истражуваме по минатото на партнерот, ниту ми е нормално некој да ми кажува што правел со бивши. Па уште еднаш месечно.
Ако ти ја спомнува бившата, е тогаш има проблем. Ако некој ја заборавил бившата, тогаш нема шо да ја спомнува, уште помалку да раскажува.
Тоа е сепак мое дали ми смета или не. Нема да барам дечко за вас па да биде по ваш критериум. Не знам зашто воопшто ми реплицирате на нешто што е личен избор и став.
Не му ги знам бившите(дека сме од друг град), и глупо ми е да го прашам (дека сме тазе во врска) Али ме копка понекогаш
Не мора да значи дека е секогаш така, дека ако се зборува не се заборавени. И јас знам да се сетам на бивш или обратно, па не ми е со емоција или леле како ми беше, па ете заборавен е.. Напротив двапати у година или еднаш ако се спомне голема работа...