Мене секој пат ми паѓа лошо и неубаво кога ќе дознаам како бил среќен со некоја друга и како се залагал за неа. Невкусно е и е дел од минатото, нема потреба да се отвара тој дел. Ако ја спомнува цело време, тоа е знак дека ја нема заборавено. Тогаш што бара со мене? Ја бара неа во мене? Не гледам логика. Истото важи и за машките. Ако јас му зборам цело време за некој поранешен дечко како би се чувствал тој? Сигурно неудобно бидејќи со тоа докажувам дека сѐ уште ми значи, чим го зборам значи го мислам.
Членката пиша еднаш месечно. Можи тебе не ти е проблем, јас не сакам некој да ми зборува за бившата, секој месец да ми ја спомнува. Од шо мака да ја спомнува и да му кажува за неа. Ни јас па зборувам за бивши.
Зборуваме отворено за бившите. Исто како што зборуваме за пријателите од минатото... или фамилијарни случки од минатото. Да е опседнат, или да сум опседната, па само за тоа да се зборува, ќе го сметам за проблем.
Може не и пречи нејзе тоа, јас кога спомнувам, спомнувам на шала за смешни работи, инаку ниту ми паднало на памет да спомнам затоа што не ми се битни и веќе минало, исто и обратно. Може да се спомне за смешни работи онака од зезање за глупи работи, е сега може нејзе не и пречи, таа си знае најубаво..
А кај мене, тој ми го спомнува повеќе мојот бивши Мене не ми смета да ми каже нешто за неговите, некогаш и го прашувам Бивши се со причина.
Ама сте црно-бели. Зар стварно никогаш не ви дошле низ муабет моменти или факти за бивши? Мене ми е скроз нормално, по проблематично ми е да некој не сака ама ич да ги спомне. Сме споделиле секакви моменти. Во име на статистиката од темава, не броевме терминчиња. И нормално, некогаш нешто ќе те голицне, ама одма ти текнува зошто си во таа врска на прво место, и дека не би ни била со партнерот ако не си сигурна дека е со тебе зашто сака да биде. Да такви рандом работи ме потресуваат, би се запрашала што барам со тој човек.
Ако на членката не и пречи , уз муабет да и кажува дечкото за некоја бивша , нема никаков проблем . И јас и мм некогаш уз муабет спомнуваме бивши ( што правеле а на мене или него , во зависност од тоа за чиј бивш партнер се работи , ни се допаѓа или не ни се допаѓа ) и тоа е сосема нормално за мене , се додека не ги споредуваме бившите партнери со сегашниот .
Не ги спомнуваме ни тој ни јас. Разговаравме на почетокот од врската за нив и знаеме што се случувало и кај двајцата. Чисто за подоцна да немаме некои несогласувања поради нив.
Што кога тој со бившата во неколку наврати си прави follow и follow back. Тврди дека таа го unfollow и follow без причина, а тој само ја прифаќа. Ја сум далеку од опседната со неговата бивша ама не ми е сеедно тоа да гледам. Претерувам ли? Како да се наоѓам во холивудски филм исто.
Не претеруваш воопшто, ни мене не би ми било сеедно. А таа во кој филм е влезена? Не знае дека бившиот и е во нова врска? Па и ова follow/unfollow неколку пати ми е нестабилно. Исто така, не гледам причина дечко ти да ја прифаќа постојано, па не му ск*рчи и на него ова?
Последниот одговор е нема веќе ако се деси пак откачи ме, љубоморна си, не ми веруваш, дај верувај ми. А јас љубоморна не сум сакам да сум на чисто што се дешава, немам на што да сум љубоморна но не ми е сеедно.
Како така откачи ме ? Љубоморна си? Мислам дека на секој би му сметало такви нешто , јас воопшто не сум љубоморна па би ми сметало така , не ми се допаѓа тоа што ти рекол откачи ме као да не му е грижа па место да ти објасни ќе ти вика откачи ме.
Реплицирам исклучиво зашто јас сум во обратната ситуација - последниот бивш дечко ми прави follow/unfollow повеќе пати откако раскинавме (а тоа беше пред 4год). Сакам да ти кажам да не избрзуваш со заклучоци дека тие двајца ти прават нешто зад грб. Во мојов пример нема ни муабет, не ми ни пишува, а и едвај некој лајк да стави. Значи нема НИКАКВА поента зошто follow да кликне. Ама знам со кого си имам работа и знам дека го прави тоа за инат на неговата сегашна девојка (детиште недозреано ) и затоа и не се замарам ич. На дечко ми на почеток му се ствараше нервоза на темава ама кога го седнав и му објаснив каква е ситуацијата и дека нема никаква можност ние да се смириме, веќе му стана и него сеедно. Значи не е дека ти си љубоморна, туку имаш нормална реакција на ситуацијава и најдобро е да го прашаш отворено што точно се случува и ќе ти објасни. Не е се толку црно колку што личи на прв поглед.
Ова ми е сомнително тука има нешто и ти треба добро да истражиш. Не би му верувала на дечкото толку лесно. Очите отворени!
Епа послушај го и откачи го. Девојки, кога дечковците отворено ви (по)кажуваат дека не сте им баш најбитни, верувајте им.
Мојот дечко само што ќе му ја спомнам неговата бивша девојка или ќе го прашам нешто од минатото а тоа нешто е поврзано со неа менува тема и воопшто не сака ништо да се каже за неа или поврзано за неа. Што ли е проблемот не знам?