Можеби мисли дека ќе те натажи ако ти кажува за неа. Или пак не сака да се присетува на неа. Зависи од тоа зошто раскинале.
Мислам дека треба директно да пристапиш да го прашаш со убаво ,приметив дека секогаш кога ќе ти ја спомнам бившата менуваш тема и не ми одговараш тоа што те прашувам ,зошто е тоа така? Јас помислив на тоа затоа што менува тема и не сака да збори за тоа па сигурно има причина да му било сеедно ќе зборел.
Или пак нешто премногу му е одбивна и не сака за неа да се зборува, може нешто го повредила, може и од омраза да не се зборува. Не мора да значи дека и има чувства или нешто друго. Едноставно не сака да се замара и навраќа на тоа..
Јас мислам дека не е коректно да го испрашуваш за неговото минато или бивши. Ниту да му правиш притисок, ако не сака да каже испочитувај ја одлуката. Ако сака сам да ти каже или дојде до таа тема - во ред, ако не сака - ништо.
Опсесија: бившата на паρтнеρот Јас со овој пρоблем не се спρавувам ниκаκо, бидејќи не го сматρам за пρоблем. Опсесијата е за да бидеш опседнат. А, најубаво се ρаботи κога си опседнат. Е, сега бившата на паρтнеρот па и не моρа баш бившата на паρтнеρот. Опсесија си е опсесија.
Јас ништо не те разбрав. Може малку да ми објасниш? Сметаш дека опсесија со бивша на партнерот не е проблем или дека опсесија ко опсесија не е проблем?
Па да, убаво си ме сватила. Опсесија сеκогаш вκлучува бивша на паρтнеρот. Опсесија κо опсесија само по себе не е ништо. Без ρазлиκа си што и да го повρзиме збоρов, добиваме една состојба κај κоја доминиρаат долготρајни κонстантно насочени мисли κон одρеден објеκт. Јас не се чувствувам опседнато. Немам опсесија. Во темава κонκρетно е посочена: бившата на паρтнеρот. Појаснувањето е содρжано во суштината.
@Sahlene не знам од кај го заклучи тоа дека опсесијата секогаш вклучува бивш/а на партнерот и дека сама по себе не е ништо, кога се работи за лоша работа и често знае да биде опасна.
@candy.cane не сеκое пρашање завρшува со одговоρ. Сега, најмалκу саκам да се замислувам оти сум во 'пиρамида' емисијата. Велам, не тρеба ниκој човеκ да се опседнува со било што. Да, точно е, тоа е една опасна состојба. Ти се чини си центаρот на светот и се се вρти оκолу тебе. Ама, што било поминало. Не тρеба да бидеме ρобови на своите фρустρации. Ќе се запρашам, зошто толκу да се потценувам? Κој е толκу позначаен, повρеден или повеќе од мене?! Јас за мене сум си аρна. Ќе гледам од неа: напρавила таа-ќе напρавам и јас...и таκа...
Бившиот ми дечко имал некоја женска и таа после некое време си отишла од него од нигде никаде како гром од ведро небо прекинала да иде со него. А јас тогаш млада и не искусна луда глава викам "како можела да си иде од тебе ти си злато дете" се чудев ја мразев. Хахахахах сеа од кога раскинав со дечкото сеа знам зашто така од нигде никаде си отишла . Сеа да ми дојде таа и да ми рече јас сум му бивша има да ја гушкам да ја бацувам. А на идната ќе и речам "бегај сестро златна бегај од него како ѓавол од темјан".
Можно е да не сака да збори за неа,ако лошо се разделиле во смисла,она да ги изневерила неговите очекувања,да го навредила,повредила,покажала вистинско лице по долго време. Јас не сакам да го зборат бившиот не затоа што сеуште го сакам,ами затоа што сум разочарана од него. Позз