Едно прашање. Ти си одела со него, дури тој бил во брак со нејзе и пробувал да се смират. Си била со човек кој немал проблем да оди со две жени исто времено. Сакам да кажам, кога некој може да ја изневери сопругата, зошто да не би те изневерил и тебе? Ако е човек со принципи, прво ќе раскине со една, после со друга. Барем така разбрав
Не додека беа во брак. Тие се разведени една година. Пред неколку месеци тој сакал да се смират ама наводно та не била сменета се карале и сл.
Нормално дека ќе комуницира па имаат дете.Мораш да прифатиш дека они ќе си бидат во контакт поради детето,да немаше дете па да нема што да комуницира со неа ама ова е друга ситуација.Ако не си спремна на ваква врска со некој што има дете подобро не ја ни продолжувај.
Тоа наеднаш ме загрижува. Мислам дека наеднаш почнал да те носи во јавност за да ја направи љубоморна бившата жена.
Нема здрава врска без отворена комуникација. Се што сакаш да знаеш мораш да го прашаш него. Ако имаат дете, ќе комуницираат заради детето. А ако тој излегува на кафе со нејзе, би требало да ти каже.
Да затоа што да немаја од разводот комуникација велам за нив не за детето океј, ама тие до пред месец и пол и кафина пиеле
Направи муабет со него, кажи му дека ако сака да е во врска со тебе треба да се однесува така, а не да крие кога ќе се гледа со бившата. Мислам дека е време за да разговарате и да видите на што точно сте.
Сум правела муабет тврди дека е готово ама незнам. Мислам дека има чувства за неа. Ако е постојано со мене сега имам сомнежи
Не муабет во таа смисла. Туку да му кажеш што ти смета и ако може да го поправи тоа. На пр. да ти кажува кога ќе се гледа со бившата, кога ќе излегува исто да ти кажува, да биде искрен со тебе... такви работи, а не да го прашуваш за бившата.
Според ова како испадна еве кај мене на профил имам слики со него тој кај него сеуште нема наводно роднините пријателите ќе гледале непријатно му било
А да не прашуваш за твојот бивши и за сегашната негова девојка па бараш мислења дали би се смириле? Зошто не го поставиш дирекно прашањето ?
Му кажав дека ми смета и повеќе нема да имаат контакт за детето дека е мало со родителите негови ќе контактира бившата сопруга
Засрами се. Ако сакаш да бидеш во врска со човек кој има дете од претходен брак, ќе прифатиш да биде во комуникација со бившата за тоа дете. На тоа дете му се потребни и мајка и татко. А не ќе си играат расипан телефон преку сто души.
Дали сериозно. Ај ако е малку паметен нема да го прекине контактот со детето само заради тебе, а ако го прекине, тогаш си одговарате, двајцата незрели.
???? Извини, мислам дека си имаш некој проблем во главата. Нормален човек кој има трошка срам и осет ова не го прави. Тој па ако остане со тебе, да се засрами и тој, каков татко е..