Зошто? Не може да го избришат фактот дека и двајцата се родители на тоа дете, и за него одлучуваат тие двајца, а не мајка и' и татко и' на бившата.
Види да ти објаснам и после брак не гледам причина зошто не би се гледал со бившата жена ради детето. Под гледање мислам на контакт и договор меѓу нив двајца кога да го зима и враќа. И не знам која си ти да му поставуваш услови детето да го зимаат неговите родители,и да се мешаат трети лица бидејќи тој му е татко,а тие баба и дедо и има огромна разлика меѓу тоа. Ако тој стварно те сака тогаш ти не би се сомневала во неговата љубов,а најмалку во неговата доверба и уште помалку би ти била пречка неговата жена. Да не испуштивме нешто во приказнава?
А што мајка барате со луѓе со деца ако би ви сметала комуникација нивна со бивши ради дете? Фаќајте си партнери без деца и мирна ви глава.
Или можеш ти да пробаш да си ја зголемиш самодовербата и да не се потресуваш ако таткото нормално си комуницира со детето или со мајка му.
Таа сабајле во 8 му пишуваше дека детето прв ден почна во градинка случајно се погоди тој да спие кај мене таа вечер тој кога си заминал и се јавил и се скарале зошто му пиши не гледа на време, наводно била на работа и да не треба да се земи детето. После тоа таа одлучи да не комуницираат повеќе
Абе сабајле во 8 му пишала... Ако не сакал да му смета телефонот толку 'рано', што не ги исклучил нотификациите?
Нормално дека ќе му пише. Секој татко треба да е информиран за вакви работи. Искрено се согласувам со членките што рекоа дека си одговарате така незрели и двајцата. Ради вакви одлуки на мажите и нивните нови жени што не можат да поднесат мажот да комуницира со бившата, детето на крај губи контакт со таткото.
Не е за рано туку сметам дека за итни работи треба да го бара. Ова ми делуваше како причина за да му пише
Таткото треба да знае само ако детето се разболи? Или ни тоа не е итен случај за тебе, освен ако не заврши во болница?
Нема ти што да сметаш. Не си ти таа која одлучива за какви работи ќе го бара кога е во прашање детето.
Абе јас да сум разведена со деца, и да чекам новата девојка/жена да му 'даде дозвола' за да му се јавам и да му кажам како поминал првиот школски ден на детето, кое е и негово! скроз ќе го изклучам од нивниот живот. Ако не сака да биде родител, не мора. Нека се откаже од родителството, и нека тера со девојката/сопругата.
Тој воопшто нема да изгуби контакт со детето. Ете неговата бивша одлучи после кавгата воопшто да не комуницира со него. Тој и рече да глеаш време кога пишуваш и да биди нешто итно
Во право си... Нека плаќа... нека биде фондација, а не родител... Ама и на ќерка ми ќе и' објаснам дека е само фондација и дека не мора да има чувства кон фондацијата.
Каков татко, еден одговорен, браво за него. Заедно со тебе која и пречи таткото да си комуницира со детето. Убаво викаат, за секое тенџерче има поклопче. Само пази да не се прецениш себе си, па да се врати еден ден тој кај жената и детето од што многу му забрануваш. Никој нормален родител не би ставил некоја девојка пред детето.
Не му заѕвонела. Јас да сум тој, ќе ми биде мака ако за такви работи не ми пишува. Иако не се во брак, родител е и треба да биде вклучен во животот на детето. И детето е мало, чим почнало во градинка. Да беше тинејџер, нема потреба од комуникација со мајката. Ама сигурно нема дете од 2-3-4-5 години да му се јавува да го известува за работи. Или пак да се сети да каже се на таткото кога ќе се видат. Ама за ова е таткото крив.
А може и ради неа така рекол. Којзнае и она колку хистерично му се нафрла да не ја контактира бившата.