Значи него му одговара ситуацијата... Епа не знам што совет бараш од нас? Како да ја натерате да престане да го бара?
И те како не е банална работа тргнувањето на сопственото дете во градинка. Ама бидејќи е туѓо тебе баш ти е гајле. Цел живот секој ден поминувам до градинка и насабајле кога ги оставаат дечињата(поготово на тие што им се први денови) плачат аи ги бараат родителите, си ги гушкаат, сакаат да ги држат за раче. Гревче ми паѓа за децата ако не се мои. А татково на си спие со друга женска баш го брига за неговото две годишно детенце. Па и уште лут го разбудиле..... Па и уште ти лута..? Леле, ем шуто, ем боде.
Па ти си му влегла во кревет додека бил женет. Среќна дека одбрал со тебе да биде,дојде овде да бараш помош како да го отргнеш и од детето. Море...
Колку што сфатив бил судски разведен, почнал тајно со мачкава ваму и во меѓувреме пробал да се смири со бившата му жена.
Ќе се надоврзам: Баба да беше жива ќе речеше ' Господи боже, уништи ја оваа што пишува од на другарка профил '
Дали ти си му го уништила бракот или не не е битно- тој+ бившата жена= нивното дете, и секогаш ќе бидат една целина, без разлика дали се во брак или не тие го имаат детето кое ги поврзува. Ти си вишок и пролазна ситуација или rebound.
Едно не сфаќам само, колку време вишок имаат луѓево Да земам да мислам приказни за на форум божегосподе
Мислење, ако не тролаш, ти треба риалити чек зошто никој нормален човек не би трпел партнер што му смета што му пишале детето дека му тргнало во градинка или дека е болно. Акцент на нормален. За мое дете и другарка да ми беше одма ќе те избришев од животот. Ама уште верувам дека си пополнуваш време
А таткото зошто и пишал на мајката да пази колку е часот кога му пишува за детето, му драматизираше ти многу, го притискаше? Убаво реков јас, сте се нашле двајцата исти со паметот.
На човекот му завршува бракот и само после месец и пол тој е спремен да почне со нов живот !? Во оваа реченица, кажано е сѐ. Или не знае како да се однесува после разводот, кој на секој начин претставува шок и траума, па сега си прави компликации дополнително со тебе пробувајќи да предизвика реакции кај жена му, или е психо без чувства. Размисли дали сакаш ваков човек покрај тебе и дали вреди ти да си го уништуваш мирот поради туѓи проблеми и кавги.
Кога одбра да биде со тебе? Пред да се разведе или откако се разведе? Е тука почнѕва мојата црвена линија, со мене може да се кара, да се разведеме, да ме понижи, ама за детето кое за мене претставува најголема светост има душа да му извадам. Па ти ако вака реагираш што го барала за градинка и тоа само да го извести, како ќе реагираш утре ден кога ќе треба факултет да плаќа, кола да му купи, да му помогне за стан и сл. Или ќе сакаш да го гледа само твоето дете. Не пишуваш за другарка сигурно тоа, и дете имаш, може затоа ти е криво па со време сакаш да ги разделиш. Пууу срам да му е што татко ќе беше. Нормалната твоја реакција треба да биде загриженост, ако тој си го отфрла детето утре и тебе ќе ти прави вака, ќе се најде друга како тебе.