1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опсесија: бившата на партнерот

Дискусија во 'Врски' започната од annnni, 27 март 2010.

  1. melena

    melena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    da da i jas na taa taktika se nadevam, samo sto nemam nervi vekje :)))
    zaes ona koga se trudis za nesto, vo ovoj slucaj za nekoj i nema pozitivna reakcija, nekako te odbiva neli?
    ne ti ostava prostor za nekoj pozitiven ishod
    vaka zvucam kako da sakam da go ostavam, ama nekako stom olku se predomisluvam znaci sepak mi znaci, ne sum tolku resena :)
     
  2. TheEki

    TheEki Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Неговата бивша

    Поздрав,
    имам дечко година ипол и сеуште се замарам со неговата бивша девојка.
    Проблемот е што пред него немав сериозни врски а тој имал 3годишна врска и раскинал со неа неколку недели пред да појдеме. Се измачувам за сите работи што тој ги поминал веќе со неа... на неговиот роденден мислам дека многу пати прославувал со неа, кога сум кај него мислам дека она седела таму со години и пиела кафе со мајка му и на почетокот си велев што барам јас тука...
    Едноставно многу тешко ми паѓа што речиси сите први работи во животот ги споделил со неа :( и мислев дека со текот на времето ќе помине, но...
    Пишете ако некоја од вас минала низ истото, ми треба помош и нејќам веќе 90% од караниците да ни се за тоа.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Вакво искуство не сум имала, но еве го моето мислење:
    престани да се замараш со неа. Знам дека ова многу пати некој ти го има кажано и веќе звучи како клише, но е вистина. Точно е дека таа била таму пред тебе, но ако таа била вистинската ќе останела до него. Но, не е таа таму, а на нејзиното место сега си ти. Сметај го тоа како твоја лична победа. И не размислувај за времето што тој го поминал со неа. Иако нивната врска траела долго, сега ТИ си негова девојка. И самата сигурно знаеш дека сево ова е точно и ќе те замолам фино-лепо да го примениш. По секако си свесна дека се карате за тоа, а нема потреба. ;)
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Леле јас попиздувам страшно за бившата на дечко ми. Во врска сме 7 месеци и неколку дена. Со неа бил 2 години. Неможам органски да ја сварам. Неможам. Ја знам одамна учевме во исто училиште, генерација ми е. Се ужаснувам од самата помисла на неа.
    Уште на почетокот, т.е. првиот месец му имав речено да ја тргне од мсн и фејсбук. Ја тргна и оваа одма порака му пишала зошто ја тргнал. Лелее готово се мрднав, бев во состојба да и изнапишам 10000 свашта.
    Незнам зошто се опседнувам толку со неа, стварно... Дечко ми е срце од човек. Свесна сум дека ме сака и дека спрема неа не чувствувал ништо уште и пред да раскинат. Ама ете, неможам да ја поднесам помислата дека 2 години бил со неа. Ваљда ќе се смирам по година ипол, кога ќе бидам јас подолго време со него :D
     
  5. Schmetterling

    Schmetterling Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    14
    девојки ако немате ОПРАВДАНА причина да се карате со дечковците за нивните бивши,ако сте само љубоморни на неа зошто му е бивша,не се карајте!- вие сте единствените што губите,на крај ќе му здосадите и колку и да ве сака ќе ве отера у пм :)
     
  6. prasence

    prasence Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    5
    У право си за тоа што го кажуваш де ако не се престане со љубоморните испади ќе му здосади и колку и да не сакат ќе не остават и отераат у пм. Јас со дечко ми одам 1 година. Пред мене имал 3 годишна врска. Пред да почне врската се гледавме често зошто излагавме во исто друштво. Јас знаев дека има девојка зошто таа беше многу досадна, не го оставаше на мир, по 100 пати му се јавуваше на телефон. Инаку таа е од друг град, можете да замислите врска на далечина како функционира. Нашето дружење стана интензивно, симпатиите и привлечноста беа очигледни. Му имав кажано дека додека нерасчисти со нејзе јас несакам да имам ништо со него. После период од 3 месеци јас се решив да почнам врска со него, несакав повеќе да се измачувам и да пропуштам моменти со него. Од кога врската стана официјална еве до ден денешен јас се измачувам, се сомневам во него страв ми е да не контактира уште со нејзе. Го има прашано неколку пати ми вика: “само филмови си праиш“ му имам видено и нејзина порака во телефонот како она неможела да свати како он се заборавил што било меѓу нив и покрај тоа јас уште се измачувам. Секој пат кога нема да ми одговори на телефонот јас одма лош филм си праам.
    Девојки ова знам дека е болест, болно љубоморна сум, еден ден може ќе се смеам на се ама засега полудувам.
     
  7. Schmetterling

    Schmetterling Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    14
    нема потреба зошто да се измачуваш,и самата нејзина порака ти кажува дека тој заборавил на неа ;) е сега ако најдеш порака што тој и ја пратил тогаш е друго,дотогаш не се замарај едноставно 8)
     
  8. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    знам буквално се за неа роденден, каде учела каде учи сеасо кого се дружи каде искача буквално се :devil:
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас мислам дека како мене не постои некој што е толку опседнат. Толку сум опседната што чак и неколку пати ИМАМ СОНУВАНО дека е некаде со неа!!! Жими мама ќе полудам веќе. И све ќе се искараме ради неа, ќе ја решиме ситуацијата и јас повторно се избацувам со нов филм.
    Моментално најнов филм ми е дека е он со мене за инает нејзин.
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Мене не ми е опсесија,ниту допира нејзината појава до мене,впрочем светлосни години е далеку од мене во се...може само да ми плукне под прозор и ништо повеќе...арно ама тн бивша свекрва е пријателка со нејзините...се случуваат убави настани,оваа знае каква е ситуацијата и ги кани на се и сешто.Мене луѓе ко луѓе не ми пречат,но ми е непријатно и го сфаќам како вид на непочитување кон мене.Ете на пример денес се прославуваше фин успех на мојот веќе бивши дечко,одбив да отидам баш заради тоа што таа ги поканила и нив,а овој кој патем имал право на збор и избор,не кажал ни збор,а можел да и рече да ги викне друг ден да ги почастат ако толку и е до нив,а не баш денес кога ете треба и јас да бидам таму со него.Тоа е непочитување и крај,не е прв пат,ми пречи,имам достоинство,плус ситуацијата со неа е малце покомплексна,девојката ја гледам речиси секој ден и ме ловат на грешки,сеират,оговараат,иако како што реков не ме допира,но зошто да ме поканат и мене и нив и при тоа да рече мајка му,ќе и се налутам ако не дојде,а тоа не е за неа,туку за син е?!
    И така девојки мои,од вечерва статус сингл,ми здосади да се чувствувам понижено и непочитувано после се што направив за него.Сигурно дека тој си е заслужен,но само делумно,јас сум остенот кој боцка,јас сум таа што смислува концепти и начини како тој да прави нешто во животот,да не бев јас,ќе џаболебареше или ќе работеше во некое локално фирмуле.Тоа е,штедете си се,не се давајте,не вложувајте во нив,туку во себе,бидете себични и постојано нека мисли дека има шанси да ве загуби со додека не го врзете со прстен,а до тогаш само вака.
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    ^ ова да се деси, ги бришам од списокот на живите од кога ќе ги направам ЛОМ!
     
  12. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Лилит , тоа е класично мешање на неговите родители во вашата врска. Мајка му знаела дека ќе ти пречи нивното присуство и сепак ги поканила.
    И мене ми се има случено нешто слично, пред 3 години, таткото на дечко ми му буткаше под нос една девојка, помлада од мене , така атрактивна, демек оди регистрирај и ја колата, оди помогни и за стварите... дури и во Виена отидовме , девојкава во исто време била таму, и оваа глупердава моја цела Виена ја возеше да ја најдеме каде е сместена, демек татко му му рекол да ја види како е. Ама тогаш јас како пијавица се залепив за дечко ми, секаде одев со него, ако можев и во веце ќе одев со него. И после некое време му кажав , ама се онака искрено, му реков што е татко ти не ме сака, што му направив... и тука имаше солзи, расправии, ама успешно заврши, ја откачи, пред мене на телефон и рече дека не и е личен асистент ( додуша и него му пукна филмот да трчкара по неа затоа што татко му така рекол ) и му кажал на татко му друг пат такви подмолни работи да не прави. Од тогаш не сум имала проблем.
    Ама мора да да се издржи, тешко е , си реков или ќе биде со мене или со никоја друга, стиснав заби претрпев се , морам да признаам дека дечко ми ме поддржи, не ме направи будала , демек си правам филмови.
    Најбитно е дечко ти да сфати дека му се мешаат во врска, ако го сфати тоа и ќе преземе нешто.

    Лилит , може ќе се смирите, ќе сфати дека си во право и ќе го заземе твојот став.
    А, и да не се смирите, штом не знае да си ја поддржи девојката, тогаш да не ти биде жал.
     
  13. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    152
    Според мене лошо си постапила.јас имам слична ситуација, со тоа што не се работи за којзнае каква близина на неговите со родителите на бившата, ама сепак доаѓаат на кафиња и сл. Многу пати сум била присутна, и јас напротив, се трудам тогаш да бидам што покултурна,што подобра .Не дека не сум се нервирала порано,ама сега, ама ич не ме тангира женската нити нејзините може да доаѓаат и секој ден ако сакаат, и да зборат за неа,ја само си се смешкам и не се замарам ама ич. Немам намера да си ја расипувам врската за некој од страна,за некои небитни луѓе. Ти дали мислиш дека он е крив за ова твојава ситуација,и да кажал нешто дома,мислиш дека многу би сменило нешто??Не верувам...
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Не е прв пат,јас сум човек кој ретко плаче,но ме имаат донесено до солзи со дијазепами да се смирувам.
    Имам и разговарано најсимирено,имам кажано што чувствувам и дека не е во ред,тој не може да повлече линија како зрел човек и да и каже.
    Проблемот не ќе беше проблем ако оваа мајка му не и го бацуваше газот на мајка и на оваа и сите испити и ги положи на факултет преку врски и секогаш,ама секогаш од инает таа ќе биде подобра од мене,ама нема врска,тоа е само во нејзините очи,јас знам колку вредам и колку сум способна.Ме нервира лицемерието,тоа што ме уверуваше како таа толку многу мене ме сака,како и се допаѓа нашата врска,погана жена.
    И еве го,од вчера никаде го нема,јас пишав порака дека не може веќе ова вака,тој се согласи,знам дека и инает тера,ама нека тера,колку времето минува,толку помали се шансите јас да се покорам и му простам.Заслужувам извинување,тој е способен за други до крај на светот да оди,а што се однесува до мене се е пасивно.Не викам дека не ми е тешко,тешко ми е,грутка ми стои во грлото и сум со телефонот во рака да не пише,да не се јави,ме боли и главата,притисокот ми се качи,ама јбг тоа е,со дисциплина и сугестија се се може.Јас колку сум претрпела,па за него не е проблем,ме боли тоа што сепак смета дека тој е во право и инаетот му е поголем од тоа што можеби го чувствува,но и тоа го ставам под прашалник.Има ситници кои ние жените сме способни да ги забележиме дека нешто не е во ред.А станува лошо тогаш кога ќе осети дека те има во целост и те владее индиректно,знае дека се што правиш половина го правиш и за него и мислиш на него,едноставно си се опушта во удобноста и не гледа како се однесува.Јас го фатив во постапки кои ми укажуваа дека врската е навика.Друг пат за два три часа се решавало,ќе му помине инаетот ќе се јави,ќе се извинува,сега го нема...ќе ме нема и мене,зошто се сакам и се ценам,јас мислам дека доста беше.
    Постапката може ми е знак на слабост,ама и јас сум човек и не можев повеќе,почнав да пукам по рабови,доста беше понижување.Времето му минува,имам некои книги кај него што ми се драги и ми беа подарок,можеби ќе му пишам по неколку дена да ги остави кај познати луѓе да си ги земам и толку.
    Не можам да кажам дека не сум потечена од плачење...ама тоа е тоа...се што ми носеше во последно време,беше само горчина,од прекрасен човек се претвори во чудак.
     
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Лилит, прости, ама ова што го кажа ми асоцира само на едно нешто- лицемерие. Толку ли многу дотичната госпога ужива со неа, па морало, ама баш морало да ги кани сите тетки-стринки, и баш кога ти треба да си во прв ред, нели за да славиш со љубовта? И фала богу ќе се чувствуваш така. Минус за дечкото. Извини повторно, ама ова ми мириса на тотално непочитување на сопствените одлуки, зборувам за него, ако си му важна треба да зине и пресече. А можда и баш многу си ги слуша своите. Како и да е, на форумов не има доста, ти се истакнуваш со твојата самодоверба, па се надевам нема да дозволиш да се разочараш. Поздрав. И ќе се среди.
     
  16. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Лилит ,па читајќи те тебе и имајќи некоја претстава за тебе од постовите некако незамисливо ми е вакво нешто да ти се случи ама и ти си човек нели ,инаку оставаш впечаток на вондер воман :) Пишувам само за да ти посакам лесно да поминеш низ кризава и да ти се средат проблемите ,сочуствувам пошто знам колку се тешки и мачни тие љубовни јадови ,само што ти си поинаква од многуте други по тоа што се цениш сама себе макар станувало збор за љубовта и инает бре не вртиш јас ќе свртев досега стопати како слабак некој :o поздрав и да пишеш како се е на место ;)
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Ах бе Лилитке, многу ми е жал што ти се случува ова.
    Во ред е човек да е толерантен и да простува грешки, ама се си има граници. Според мене, си постапила правилно, и сосема си во право за тоа дека треба да повлече линија и да покаже зрелост. И страшно е ако немаш поддршка од родителите, ама ако е човек свесен ќе се избори!
    Не е важно дали требало или не требало да ти пречи тоа што на таа нејзините се тука, важно е дека тој требал да застане на твоја страна, затоа што барањата ти се сосема приземни!
    Има луѓе кои едноставно не ценат ништо што си направил за нив. Не мора да значи дека секој ќе се опушти, има и такви што знаат да ценат. А тој твојот нека си размисли малку што добива, а што губи. Ти очигледно веќе си размислила. Секој може да згреши, ама треба да размисли и да се поправи.
    Ти имаш многу цврст карактер, и да знаеш дека тоа може да ти е проблем со балканскиве мужи. Не ме сфаќај погрешно, не викам дека треба да се смениш, туку да внимаваш со кого си. Мамини лигави синови има на сите страни.
    Се надевам ќе се среди ова твоево најбрзо што може, што и да значи тоа.
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Па Кате,фала богу дека си во право.Лицемерие е,а јас сум алергична на лицемерие и неправедност.
    Глупаво е да му пишувам на дечково историја и психоанализа,сепак јас сеуште го почитувам и сакам,но знам зошто така се однесува.
    Јас имам самодоверба,ама само надворешно,во суштина сум кревка душа. :D Како,така мора да се истрпи,не верував на девојчињава дека кога ќе се испукаш тука полесно е,ама ете стварно било така.
    Најповеќе ме боли што се занемарив себе за него,не дека се откажав од себе,ама во се го ставав и него,план,амбиција...се,се...Овде каде што е сега се е заради моја иницијатива и буткање...а јас се доведов во ситуација каде едина активност да ми биде факултетот,да престанам да одам по други активности зошто ете него му пречело,добро,ајде и онака многу ми беа,немав време за учење,имав многу пријатели,тој ме навлече дека ми мислеле лошо,не мислев така и негирав,но со текот на времето се повеќе ме правеше зафатена со него,а да немам време со нив да бидам и фала богу дека некој кога гледа се тргаш,нормална е реакцијата и тој да се тргне и за да на крај ми се лупне од глава.А што е најсмешно јас сум најмногу против такви работи и се трудам да не ги правам,ама кога ќе влезеш во филмот,а некогаш и не си ти крив,ете има подмукли начини како да те тргнат.Тој ме чуваше само кога сметаше дека е загрозен од моите другари кои патем ниеден од нив не сакаше да ми биде другар,туку дечко,откако ги тргна од видокруг,нештата се променија.Тоа е тоа.Ќе ми значи ако имам поддшка од вас и еве сега сум во искушение да му пишам смс,ама си голтам кнедли и ќе помине.
    Беатрис,за многу сум вондер вомен и ми годи што ете таков впечаток луѓето стекнуваат :D .Ама ете,кога си искрен и кога си човек во права смисла,не можеш да бидеш вондер.Машки ќе трпиш,ама ќе пукнеш.Јас ги носев панталоните во врската за се,јас бев таа со инцијатива,ама јбг...се си има свои граници.Мајка ми вели дека ова е дел од цврстината и се ставам на тест колку ќе истраам,а ќе истраам..мора,зошто сепак на крај себе си се сакам повеќе.
    Aриел,моите во секое време со со мене,особено татко ми.Столб и поддршка за се,апсолутно ме поддржува и ми вели,твое е да изнесеш став,мое е да те поддржам и поправам,до сега си на прав пат,никој не може тебе да те малтретира на било кој начин,не си најдена во картонска кутија.Колку што се работи за тебе,се работи за мене,сум оставил парче душа во тебе,сум те чувал и сум се трудел човек да направам од тебе,чесен и правичен и сум успеал,незрели дерлиња немаат право да го рушат тоа.
    Ви благодарам девојки на коментарите. :*
     
  19. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    лилитке :* :*
     
  20. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    И јас се приклучувам :* :* :* :hug: :hug: