@Mjaumac Многу е едноставно. Во некого или имаш или немаш доверба. Ти во него очигледно немаш доверба. Со добра причина, ако те криел и сакал да се смири со бившата. Не ти е виновна бившата, а најмалку па детето. Си се решила да одиш со него, иако немал расчистено се и сега ги гледаш последиците од тоа. Или ќе имаш доверба во него и ќе оставиш да комуницираат слободно колку треба или ќе се пресечеш и ставиш крај. Во секој случај, поради детето не можеш да забраниш и ограничиш комуникација.
Како што разбрав од се што прочитав. Двајцава се разведиле пред една година, пред некој месец пробале да се смират. Е се усогласиле, не се усогласиле, во меѓувреме доаѓа типкава измеѓу, овај многу маж одма почнува сериозна врска со спиење заедно со се... типкава дознава дека овие имале намера да се смират и сега од се ја фаќа паника. Има очајнички обид да го раздели од сите а тој маж, залетан или заљубен и фура филмот. Аххх што нема по светов
Моите се разведени. Татко ми беше во врска со една жена, исто така разведена со дете. Детето нејзино беше помало. Секогаш за се јас бев крива, што и да се десеше меѓу нас. Таа беше толку дрска, што побара од дедо ми да ми плаќал алементација, татко ми да не давал, им требале за стан. Му бранеше да ме зема кај него. Сакаше да одат на одмор без мене. Едноставно беше против мене. Како и секој нормален родител, татко ми ме одбра мене, а нејзе ја шутна во канта. Ако не сакаш да завршиш како себичнава типка, не биди како неа, во спротивно крај како нејзиниот не ти бега, единствено ако типот е глуп, па бира жена место сопственото дете, е тогаш може ќе имаш шанса.
На секој маж на почеток на врска му е интересно. Мислам дека ако девојкава продолжи вака или ќе го изгуби или ќе заврши како неговата бивша сопруга.
Може тој уште не е свесен како се одвиваат работите, татко ми после година, две почна да и го гледа вистинското лице. Но по нејзините кажувања, тој е несозеран тип и свесно постапува.
И И мене така ми изгледа. Дека за кефот негов е спремен и детето да го тргне на страна, затоа реков доколку е такс подобро таа да се свести да не ја свести тој и неа со бебенце за некое време, па да најди друга.
Баш го направив за да коментирам, ама и не е битно тоа затоа што како што видов ова ми личи на приказна за деца
А, некој не ви се бендисва во муабетот, одма е за вас 'трол'. Ај малку приберете се сите. И полека со навредите. Сте се се раскокодакале ко кокошки.
Маж ми од терен на друг крај во државава , специјално дојде за првиот школски ден на син ни . Ако е тоа банална работа , нели не би го пуштиле да си дојде дома , бидејќи од овој терен му зависи понатамошната кариера ? И тоа пази , јас сум дома , не сум вработена . Можеше да се направи компензација бидејќи секако еден родител беше присутен . Ама секој нормален родител го става детето пред кариера , нова сопруга / девојка , пред своите лични интереси . И тргнувањето во градинка не е мала работа , воопшто . Како прво , дете не може да дадат на секој . Јас и татко ми го зедов со нас бидејќи тој ќе го зема син ми од училиште месецов ( јас сум пред породување , маж ми на терени е цел месец ) за да го запознае учителката на син ми и да знае дека човекот е наша фамилија , дека му е дедо на детето . Тој твојот , ако имал малку совест , требало сам да стане и да појде со детето и бившата сопруга до градинка , утре ќе треба да го земе , од каде да знае воспитувачката дека му е татко ? Знаеш колку киднапери на деца има ? Пред некоја година еден во маало ми се шеташе . На комшии проба дете да им киднапира , среќа го видовме од маало спискавме па побегна и го спасивме детето , инаку кој знае чии бубрези ќе заменеше во Косово тоа дете . Како може да сте толку несовесни јас не знам . Ајде , ти може не си виновна колку што е тој " татко " . Бог да ве чува од вакви " татковци " .
Девојки ве молам за совет...значи ја сум по природа мноогу љубоморна не само на дечко ми туку и на другарки. Со дечко ми имам изгубено невиност а он пред мене бил у врска со типка постара од него, он коа имал 17 а таа ко 20... и знам дека цртала и пред 2 недели гледав ствари кај него дома у еден стар плакар (живееше со мајка му и таа се пресели, па сите апла стари алишта што ги користи како крпи ги ставил у нејзиниот плакар) и таму најдов дуксер што на него имаше испритано слика од нив двајца што она ја нацртала. Се осетив толку лошо! Не покажувам многу емоции у смисла на урлање врескање туку само го погледнав тажно. Мојата најдобра другарка е графички дизајнер и кажав нешо ко „хаха ама марија поубави слики праи“ и овој уште кажа „е сега нема врска што ме вараше ама убаво црта“..........после ми се извини, кажа дека е глупо и рече дека ќе го даде дуксерот без јас да спомнам. Знам дека ќе заборави, он се' заборава. Јас немам некој таков талент. Ко пеам у хор, глумев у театар и везам ама не се чувствувам ко да е доволно. И не сакам еден ден, ако живеам кај него да го најдам тој дуксер пак!!!! Сакам да го прашам дали го дал/фрлил ама да не е многу грубо? Се надевам со празнициве дека ќе однесе стари алишта у црква но чисто се сомневам. Дали да го украдам па да го запалам
Прво порасни, после дојди ќе збориме. Нема што да чепкаш во туѓа соба. Тој пробал со нејзе, не одело и се разделиле. Таа е дел од неговото минато посекако.. Дај ако не оди кај бајач.
Шала беше, и не чепкав сама кај него у соба туку средувавме заедно. И мислам дека која било да види слика од дечкото со друга би се почувствувала барем малце лошо.
Не би, би рекла дека биле слатки. Шо знам, реално ако има завршено засекогаш со бившата нема шо љубомора да се појавува.
Кај секого различна е реакцијата ваљда, не сите луѓе се исти, можеби истата ситуација може кај мене да има еден ефект а кај тебе друг. Затоа и арно што ми излезе случајно темава дур барав друго зашо сакам мислење/а од трето лице, а и убаво е да се vent-a некад ако нема на кого.
Секој човек има минато, сегашност и иднина. Ако не можеш да прифатиш нечие минато, не можеш да бидеш негова иднина. Колку побрзо прифатиш дека едноставно не можеш да си најдобра во сѐ и поработиш на самодовербата, толку посреќна ќе си во животот (не само во љубовните врски, туку на сите животни полиња). Некои луѓе немаат некои посебни дарби и вештини (од типот на цртање, везење, пеење итн), ама затоа имаат висока емотивна интелигенција и вештини да направат некого среќен, да бидат нечија поддршка. Таквите оставаат најголеми траги во животите на луѓето. Јас да сум на место на дечко ти не би го фрлила дуксерот. Би ми сметало ако слика од бившата ја чува урамена сред соба, ама зошто да не чува некои спомени што му се драги и апсолутно никако не ја афектираат нашата врска?