У право си скроз, мене единствено нешто што ме прави неудобна е што на сликата се ко они двајца гушнати. За обични поклончиња не обрнувам внимание. Ехе колку имам мечиња некои парфемчиња и маици па не е дека мислам на бифшите кога ги гледам, најчесто дури заборавам кој ми дал нешто па треба 5 мин да мислам дали е од тетка ми или некој од 8мо одделение таму . Мислам дека да беше обичен дуксер или со цртеж само од него немаше да се замарам, ама ова ми е по uncomfortable. Сепак не е мое ама глупо е чувството хахах
Тогаш и ти фрли ги сите спомени од бившите што ги имаш. Не може да ти смета кај дечко ти што чува работи ако и ти го правиш буквално истото. Самото тоа што дуксерот е здиплен во некој стар плакар ти е добар знак. Друго ќе беше ако го носеше пред тебе, вака сметам нема потреба за драма, нека си го здипли пак кај што стоел и тоа е тоа.
Во ред, ама сигурно не му е обесен на ѕид в соба, туку како што кажа во плакар. Претпоставувам дека имал и заборавено на него штом си го видела. Овој дел ми забоде очи посебно. Настрана оваа ситуација со дуксерот, треба да поработиш на самодовербата. Оти утре нешто друго ќе биде.
Индиферетна сум за стварите али не се сите исти, може би ги дала шо знам, да добар знак е што биле негде таму у стар плакар ма да он рандом зеде да го бара да ми го покаже дуксерот. Може ја да отворам на таван којзнае што ќе најадам од 2014 година требулиишта
Имаш право за последново, никад не се чувствувам као да сум доволно добра за луѓе не знам зошто? Плус бифши ме има варано со негова бивпа за која цело време тупеше кало била талентирана а ја не сум, може да е заради тоа и сеа може потсвеснп мислам сите такви дека се
@BabyCakes нормално е да не ти е сеедно, и мене не би ми било да најдам нешто од бившата негова. Ама сѐ додека стои тргнато настрана каде не се гледа мислам дека нема причина за грижа. Плус ако знаеш дека дефинитивно има расчистено со неа сосема е во ред. Сметам дека негов избор е дали ќе го чува дуксерот или ќе го даде некому. Ми изгледа и дека имаш мала самодоверба (знам како е, и јас сум тука некаде). Но не мора да имаш некој посебен талент за да си добра личност и вредна за љубов. Не се споредувај со другите, сите сме уникатни и имаме по нешто што нѐ прави такви.
Shto e ushte polosho jas sum ljubomorna na bivshata na bisvshiot.Ednash gi vidov zaedno i od togash taa slika postojano mi e vo glavata.Gi zamisluvam kako vodat ljubov,kako bile zaedno dodeka toj beshe so mene.A shto e najlosho toj mi kazhvashe kako i so koja me izneveril bidejkji bevme samo vo seksualna vrska.Znam deka ushte go sakam i mnogu sum glupava
Бивши ти е со причина, немаш што да се замараш со тие луѓе. Животот оди понатаму, како ќе најдеш друг ако уште мислиш на него и неговата бивша?
Се согласувам со напишаното, ама секако дека играат улога и траумите кои што сме ги добиле од истите. Како и да е, време лечи се.
Времето не лечи ама беш ништо. Само прави да се навикнеме на болката односно ситуацијата, да се прилагодиме и прифатиме онака како што е - мое мислење
лечи и тоа како. Можеби зависи од човек до човек, еве мене за особи за кои што би убил пред х време, ме боли кур и нек кршат глава.
Од некоја чудна причина сум опседната со бивша на дечко ми. Не ни биле во официјална врска, таа се гледала со други паралелно и тој вели дека бил повреден и нема ниту сака да има некаква комуникација со неа. Но мене нешто ме "јаде". Ми паѓа тешко тоа дека живеат во ист град и можеле да се гледаат кога сакаат и да прават што сакаат... Мислам дека повеќе јас го потсетував на неа бидејќи потпрашував (престанав пред месец-два), отколку што тој мисли на неа ... една работа ми боде очи, зошто сеуште се пријатели на фб. А јас сум со сите бивши. Со еден сум другарка веќе 10 години откако раскинавме. Знам, двоен аршин. Не му спомнувам, ниту ќе барам да ја избрише. Но ете... и го гледам профилот... новите постови... се надевам ќе ми помине опсесијата и евентуално ќе оставам...
Деца сте уште. Ќе Ви помине. Ако влезете во брак, после тоа деца, работа, обврски, ќе се смеете кога ќе Ви текне на овие ситуации. Убав ден
Не сме деца. По 30+ години сме. Работиме на многу добри позиции, тоа нема врска. Деца немаме во план да имаме (јас секако немам во план, тој не ни зборува на таа тема). Но, сепак мислам дека ќе ми помине евентуално иако сега е малку измачувачки.
Ако не ти дава партнерот некаков повод да се сомневаш, тогаш без врска си го мачиш умот. Додека пак ако нешто при разговор за неа ти предизвикува немир, отворено зборувајте со тоа за партнерот и најдете решение за да се надмине проблемот.
И јас сум скроз таква, а му верувам на партнерот 100%. Знам дека не ја сака, ниту помислува на неа и не сум љубоморна на тој начин, туку сум љубоморна на минатото, што тие се запознале во живо, а ние на инстаграм, што тие живеат во ист град, а јас не, и слично. Свесна сум дека ова е до мене и без потреба ме јаде од внатре, работи што не можам да ги сменам, ама ете. Нормално е ова, тоа сакав да ти кажам.