1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опсесија со Господ

Дискусија во 'Психологија' започната од smiley22, 25 јуни 2012.

  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Не е темата за препукување на верници и неверници или докажување бог има го или нема, има за тоа теми во религија колку сакате. Спомнување на господ секој втор збор не мора ни да е опсесија, може да е говорна навика, но како и да е, се додека некој си бира свој пат за себе и со тоа не штети на никој, во ред. Кога некој е до толку опседнат со својата религија да на пример и мало дете тера да трпи пост, или да му дава домашно секој ден од библијата, тој човек не може пред мои очи да се оправда со вера, тоа е веќе болест.

    Кога веќе реков за постот и терање мали деца да постат, без разлика и не дискутирам колку добро е тоа за телото и за душата да се прочисти кај еден верник, ама од што би прочистувале душа и тело на дете? ОК дека нема да гладува тие 40 дена на пример, ќе го храни посно, ама па греота е, да не му даде чаша топло млеко ако му се пие, таа мајка за тоа уште 400 дена да пости ако има малку совест сама не треба да си прости оти си го малтретира детето, а не Господ поради кој тоа го правила.
     
    На rose60 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  2. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Било која опсесија не е добра, па ни оваа.
    Прави штета во многу аспекти на личноста, може да го загрози и социјалниот живот, и односите со најблиските.
    Разбирам дека има луѓе што силно веруваат, ама сето тоа да прерасне во фанатизам, веќе ги преминува сите граници. За жал познавам ваква личност, за мене е непријатно и скоро невозможно да сум во негово друштво, буквално како верата да го заслепува.
    Мене не ми пречи се додека ваквите фанатици не почнат да ги убедуваат другите да ги прифатат нивните ставови.
     
  3. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Така до век би оделе... но работата е што Господ е на врвот од оваа широка пирамида! :!:
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Miamigirl

    Miamigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    25
    Треба да се верува... ама тие верници што постојано или залудно го споменуваат името Господово нека се сетат дека и во Библијата пишува дека тоа не е правилно според верата христијанска :) Во секоја втора реченица Господ не треба да се спомнува
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mackica-1

    mackica-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    јас сум постела од многу мала, сега поретко само велики четврток, петок и сабота или бадник и некој ден во годината, инаку сум верник неможам да кажам голем затоа што не практикувам многу одење во црква и некои посебни ритуали но сепак сум и почитувам вера, не ми е наметнато од родителите јас сама верувам дека постои а инаку знам многу примери за личности кои што се опседнати со Господ, и мислам дека премногу се плашат да не завршат лошо после смртта како да сакаат вечен рај па затоа се жртвуваат тука на земјата, во краен случај мислам дека треба да се почитува верата и да не се исмејува на сметка на другите без разлика дали си верник или не, од наједноставна причина што ако постапиш спротивно е многу невкусно, некултурно и нехумано. :)
     
  6. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Јас верувам во Господ и не се исмевајте на луѓето кои веруваат во него.
    Да,Господ не штити,ни помага,едноставно да не постоеше,каков ќе беше животот?
    Каде ќе беше нашата надеж?
    Извинете вака не навредувам никого,но какви верници се некои кои велат дека веруваат во Господ,а од друга страна пак се исмеваат на другите за големото верување во Господ.
    Не е убаво,какво и да имате мислење,подобро не го споделувајте.
    Јас вакви работи не трпам и ме вадат од такт.
    Или биди верник како што треба или воопшто не верувај-биди атеист.
     
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Нешто во последно многу излегоја опседнати до Господ на фб. |(
    Секој ден објавуваат слики кој празник бил, лајк на сликата за да ти се случи чудо, лајк ако веруваш во иконата.
    Преопседнати се на фб со тоа. А, во реалноста се скроз други личности, не знаат ни кога биле во Црква последен пат. :^)
     
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.514
    Пол:
    Женски
    Имав јас една таква другарка ... беше опседната,велеше секогаш дека чувствувала некаква сила она ова.... јас цврсто верувам во него али толкава опсесија - не. :)
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Подвлеченово е веќе и неинформираност. Сите муслимани кои ги познавам ми велат дека постот е оправдано прекршен кога станува збор за мали деца, за леунки и за болни и изнемоштени луѓе (да не ве излажам, но мислам дека беа изземени и луѓе кои имаат потешка физичка работа, но не ме држете за збор). Од толкава опсесија не ни читаат до крај.

    **********************************************************************************

    За девојкава која е Христијанка исто така можам да кажам дека ако се прашувам јас, повеќе е фанатик отколку верник и има помалку познавање од верата од оние кои живеат полежерно.
    Како прво за постите си постојат правила, не може таа да одлучува за тоа, секогаш постела без масло а знаеме добро дека сите пости не се такви. Едно е да ја научиме светата тајна на воздржувањето, а друго е самоиницијативно да се испостуваме, отфрлајќи го сето она кое нашиот Господ Бог ни` го подарил за да живееме лагодно.


    Или пак таа што велела дека доволно ни` е да имаме јадење и облека и ништо друго. Кога во самата Библија си пишува дека не е само телесната и материјалната, туку и духовната поткрепа и закрила која не` одржува во живот. Љубовта кон блиските, проштевањето...

    А и постот и во двата случаи им е многу спектакуларен. Познавам луѓе кои постат и од двете религии и затоа што ги следеле правилата кои се дадени за тој пост и (доколку не биле во здравствена и сл. можност биле помилувани од духовните водачи) и не им штетел. Постот е создаден да го издржиме, а не да НЕ ГО издржиме. Треба добро да го запознаеме нашето тело и здравје, што можеме, а што не можеме, а не да го жртвуваме здравјето што ни` е дадено од Оној во кој веруваме за да оствариме некоја мисија која најчесто постои во нашата глава. И поради тоа, во самата Библија си пишува дека човек кога пости, треба да оди насмеан, да не покажува дека се воздржува од храна и сл.

    Заради сево ова и сметам дека со правилна информираност, со објективно и испитливо проучување на СИТЕ (а не на поединечни) делови од напишаното во Светите книги, доколку е потребно и дополнително консултирање со духовни и свештени лица, не може да се стане фанатик.
     
    На Rama и meckicka им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Досега не сум сретнала човек што е опседнат со Господ, ама имам сретнато премногу неверници на кои им е чудно и неприфатливо тоа колку некој си ја почитува верата и ги следи стапките што таа си ги налага па го сметаат за опседнат. Не е опседнатост, само на другите така им се чини бидејќи не можат да ги разберат.
     
    На rose60, Rama и fallenangel им се допаѓа ова.
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Дедо ми е поп, па никогаш не сум помислила дека е опседнат, посебно во негативна смисла.
    Ама да, дефинитивно постојат луѓе кај што ова прераснува во проблем.
     
    На Ketchup, meckicka и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Da sum vernik citam cesto molitvi citam na fb mnogu raboti za gospod sum imala nekoi takvi iskustva i zatoa e taka ne postam cesto na crkva odam ne redovno bas ama mozam da kazam cesto
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.426
    Пол:
    Женски
    Едно е да си верник, да си веруваш, да си почитуваш правила, а друго е да си опседнат и да мрчиш сегде мешајќи го Господ во секој аргумент.
     
    На rose60, Ketchup, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ilina-m

    ilina-m Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2016
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Верувањето е дел од приватноста. Не верувам дека некој што верува во Господ, дека нечие верување може да биде по иницијатива на верник од тие што се обидуваат да докажат на сите зошто веруваат. Затоа ако сакам да зборувам за религијата најчесто зборувам со тие што веќе веруваат.

    Ако некој пости, тоа е добар знак, постот е период кога се преиспитуваме дали повредуваме некого со своите постапки, се трудиме да бидеме подобри - во истовреме го прочистуваме организмот, не гладуваме, јадеме здрава храна.
    Има правила кога се јаде масло кога е без масло.
    Исто не веруваме дека оние фб икони кои кружат носат среќа. Господ не е златна рипка. Ние се ставаме во Божја функција колку што можеме за овој свет да биде поубав.
    Тоа не е опсесија.
     
  15. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.441
    Пол:
    Женски
    Ја имав ваква колешка, ама до тој степен што библии и книги си носеше на работа. Нејзиното тропение и патот што го одела на Исус се покажа кога ја ставија да раководи со тој оддел. И викање, и вреѓање. Ваљда и Исус така се понашал, што знам... :x

    Искрено, вакви фанатици ми се само извор на негативна енергија, ништо позитивно нема у нив, само осудуваат туѓи животи и се пуни со его како само тие го оделе правилниот пат а сите други сме грешници и ке завршиме (според нив) у пекол.
    Бегам од вакви, не ми требаат у живот. Не ги сакам у близина. Негативни ми се!
     
    На rose60 и Gosh им се допаѓа ова.
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Многу наивни коментари прочитав, а никој никаде не спомнал за експанзијата на разно-разни христијански цркви низ Македонија.
    Особено гледам по ФБ, затоа што не сум во Велес, па така стигнува до мене, луѓе кои ги познавам, отприлика некаде моја генерација (90та) 5 години горе доле помлади постари од мене, навлезени во евангелистички, протестантски, адвентистички и тако даље цркви. Велес е преплавен со такви.
    Обично платените задолжени за ширење пропаганда, вребаат луѓе кои или поминале низ некој стресен период во животот, па се повлекле сами во себе, или моментално поминуваат низ некаква трагедија.
    Ова почна да бидува актуелно во Велес пред едно 10тина години, гледам дека сеуште се шири и дојдов до заклучок дека народот во Велес општо земено е толку депресивен и апатичен што лесно се завлекува по ваквите пропаганди, од кој некој дебело ќари, додека ти пропагира скромност, послушност и понизност.
    Не бидете наивни.
    И страниците на ФБ како Семе Синапово и слични не се ништо друго но пропаганда од гореспоменатите цркви.
     
    На rose60, Orthophill и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  17. ilina-m

    ilina-m Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2016
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Ако имаме било каква потреба да бидиме религиозни, нашето едноставно православие какви што сме родени е доволно. Не мора да значи дека имаме некоја мака, може да значи дека сме благодарни за нешто.
    Воопшто не ми паѓаат на памет овие секти. Може си во такво опкружување, се навлекле во твоите пријатели и комшии и сега ги гледаш на секој чекор или на секое отварање интернет.
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас воопшто не сум во такво опкружување, напротив, живеам во уште по хард кор православна средина отколку што е Македонија (Република Српска), и воопшто не значи дека таквите цркви кои ти не ги гледаш - не постојат. Постојат и те како и нивната експанзија е огромна, особено по помалите градови е тоа видливо, затоа што секој со секого се познава. Јас на Фб имам минимум 3 другарчиња кои членуваат (чуден ми е изразов) во таквите цркви, не ми се блиски пријатели, туку рандом, комшика, познаничка итн, и кога они ќе споделат нешто, гледам кој се им коментира, и какви им се коментарите. Запрепастувачки е колку луѓе кои ги познавам исто така рандом на извиџење низ град се навлезени, и види богати, секој од нив е или бил ранлив во одреден период во животот, или поминал низ некоја трагедија рисентли. Исто така моите пријателчиња кои ги имам на ФБ пропагираат, делат линкови од разни нивни собири по тие цркви, па јавни настапи на нивните духовни воџи или што им се веќе итн.

    И уште нешто. Од каде тоа дека сме родени како православни?
     
    На rose60, Orthophill и LivingGlam им се допаѓа ова.
  19. ilina-m

    ilina-m Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2016
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    За мене си кажувам дека сум родена во според попис православно семејство и ако сакам да бидам религиозна имам основа од раѓање, нема потреба да лутам...
    Сега ми текна имам во фамилија, некој се полакоми за пари во 90 тите, сега децата негови се реални припадници на евангелско методистичка црква. Не се мешам многу во сечиј живот доброволно сум слепа за многу работи. Може не треба.
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Ок, имаш основа по традиција, а не од раѓање, затоа што не се раѓаме религиозни.
    Ама тоа нема врска со темата.
    Далеку од тоа дека некој се меша во нечиј живот, ни мене не ме интересира, кој во што и како сака нека си верува, само на темата кажав од каде произлегуваат тие опсесии, споменувања на господ, и разно разни бреинвашинг семе синапово појави на денешницата.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.