јас сум сведок на поинакви појави, што ме чудат, незнам дали сум во право или не - ми се чинат премногу радикални, ми се чини дека ќе ги одвратат новите луѓе едноставно што си веруваат и не се многу занесени. Тие се премногу радикални православни групи на социјални мрежи, од нашите МПЦ - не се секти, не се суеверија, воопшто не се наивни, се пропагираат некој премногу строги правила, се оди од ако не постиш во сите можни пости до неодење на плажа - ако правиш нешто од тие работи полош си од другите. Никој не сака да се чувствува полош. Секој сака да се чувствува прифатен. Секој сака друштво на луѓе што имаат слични интереси. Ако кажеш дека мартинка не е страшно ако не веруваш уствари дека ќе те штити кончето не е ништо, можно е со камења да почнат да те гаѓаат од мониторот пред тебе Сешто ќе прочиташ во кометари за еден став различен од општиот став. Мора да се има слобода на мислење, слобода на говор - не сме створени сите исто да мислиме. Мора да ја имаме слободата, за секој православен да пристапи кон групата, кон црквата, кон обичаите без суеверија, и да се чувствува дека прави нешто што му носи благодат како да кажам, да се чувствува дека прави нешто што сака да прави а не нешто што му е наметнато. Незнам колку сум во право, ама од ова што го напишав можно е да бегаат луѓе кои се нашле во слабост, не нашле утеха кај своето и станале лесен плен на сектите.
Проблемот со овие луѓе, кој те тера да се дистанцираш од нив, е во тоа што не ги сфаќаат другите и ги осудуваат. Мислат дека остваруваат директна комуникација со бог, дека тој им испраќа знаци и пораки и дека не може никој друг да биде во право. Уште ако е маж, самопрогласен религиски експерт - не прифаќа сугестии од жени, тоа контра религијата било. Тешко сопруга, ќерка на таквиот, потајно ги омаловажува. Не зборувам за свештени лица кои имаат теолошко знаење, тие не се брукаат така (види болд).
Не мислам дека проблемот е што тие не ги прифаќаат другите, проблемот е буквално што се оспеднати со Господ. Ова го кажувам затоа што имам познаници кои ги сосема почитуваат другите, ама целиот нивен живот и thought process се врти околу Господ. Мене сето тоа ми е страно и пречудно, малку шизофрено, затоа велам проблем. Не сум израсната во таква фамилија, затоа не ми е нормализирано. Не можам кога некој збори нон стоп со религиски вокабулар, како да не живеат во овој свет, туку се е како Бог замислил / ако Бог дозволи. Немам ништо заедничко со таков тип особи и не можам да се дружам. Додуше имав една другарка со која секогаш се заскрнував на храна затоа што заборавав дека се моли пред секое јадење, а јас веќе почнував. Се слушаме понекогаш, ама не се разбираме кога зборуваме. И они си бараат пријатели што се религиозни на исто ниво, што е, нормално јбг.