babylove овошни кашички

Опстипација кај деца

Дискусија во 'Дете' започната од koritsaki, 16 октомври 2013.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    14.221
    Допаѓања:
    78.868
    Пол:
    Женски
    Женски дај кажете што да и дадам на ќерка ми, има запек неможе да кака, ноќта двапати се разбуди и ми вика сака мочаме ама ништо. Сега сабајлево во 9 и секој 15 мин сака на нокшир но има проблем, вчера цел ден не се искака, еве и денес гледам исто ќе биде. Овие денови не јадеше мн овошје некако ми е се на месо и сува храна па денес обавезно боранија ќе и направам за ручек. Од овошје да и дадам сливи друго што може? И јогурт се даваше при пролив или грешка сум?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.721
    Допаѓања:
    145.949
    Пол:
    Женски
    Дај и ленено семе, или лажиче маслиново масло. И секако, денес супи, потечна храна, повеќе овошје. Кај син ми тоа помага ако видам дека има проблеми со какањето.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    14.221
    Допаѓања:
    78.868
    Пол:
    Женски
    Завчера си имаше она и друг проблем, ем неможеше да се искака ем повраќаше сабајлето :| потоа кога се отспа и престана повраќањето прво столицата и беше течна како проливче па потоа и беше потврда. :?: изгледа бил некој вирус. Вчера откако јадеше сливи се искака и беше се нормално :)
     
  4. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    458
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.167
    Допаѓања:
    4.963
    Nie sme 22 meseci I momentalno imame zapek sto preferirate vo ishranata za normaliziranje I sto da ne mu davam da jade
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.721
    Допаѓања:
    145.949
    Пол:
    Женски
    Колку време трае запекот? Форсирај киви, суви сливи, кајсии, круши, праски (може и од домашен компот, со малку шеќер). Бананата ја регулира столицата, кај мојов помага да се искака. Ама презреана да биде. Исто и ленено семе со јогурт, маслиново масло, тиква ако најдеш, ама кај синко тиквата прави запек, па не ја давам. Млеко не форсирај, тоа знае да биде причина за запекот. Друго вака не ми текнува....
     
  7. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.167
    Допаѓања:
    4.963
    Kolku pati I kolku kolicina len. Zavcera ispi 1 l sok od slivi. Vo kasicka mu stavam I slivi I pak tvrdo tvrdo kamen. I duri i malku krvce eden zort sto dava dusice nemozam da go gledam kako se maci I ete slabo jade.moze da e od zapekot ili....
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.721
    Допаѓања:
    145.949
    Пол:
    Женски
    Едно лажиче лен во вода или јогурт наутро, сомели го прво. Ама ако трае неколку дена, пробај со парафинско масло, по една лажица на гладно неколку дена, да му ја омекне столицата. Син ми имаше голем проблем со запек еден период (од млекото во градинка), па му се среди со парафинско масло.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    415
    karak кај ќерка ми помагаа варени суви сливи, да ја испие и течноста и да ги изеде сливите. Сега веќе немам никакви проблеми со тврда столица, секое сабајле во блендер правам смуди од зелени листови (блитва, спанаќ или слично) со портокал, јаболки, банана зрела, лимони и 1л вода - една чаша на сабајле и секогаш редовна столица :)
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  10. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.973
    Пол:
    Женски
    Јас откако воведов житарици на малата и се регулира столицата.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  11. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.167
    Допаѓања:
    4.963
    Ke gi prifatam soverive na site fala vi. Strasno se nerviram koga go gledam kako se maci. A sto da mu pravam za rucece. Mislam dekthese zapekot ne mi jade I mnogu se napnuvam :( I dali moze vo can da se stavi lenenoto seme
     
    Последна измена: 17 март 2015
  12. Mariann

    Mariann Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Кај ќерка ми помагаа јогурт Баланс + , чај од коморача од Хип. Оризот и прави запек.
     
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.167
    Допаѓања:
    4.963
    Zasto maticnata mi rece da ne mu davam len :( 22 mseci sme?
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.721
    Допаѓања:
    145.949
    Пол:
    Женски
    Си му давала досега воопшто лен? Инаку тој може од 8 месеци, само да се дава со многу течност, бидејќи впива доста вода, па може не дај Боже кај помало бебе да доведе до дехидрација. Затоа е важен внесот на течности. Пробај со ленено, маслиново масло, или еве парафинско (од аптека), колку да му омекне столицата, па после со храна ќе регулирате.
    Кога му се појави запекот? Кај синко е од кравјо млеко, кога почна да го пие во градинка, ни почнаа тие проблеми. После им рековме да не му даваат, не пиеше, ама сега и во градинката им е на мени еднаш неделно, со корнфлекс, за разлика од порано, кога имаа мачканици на леб плус млеко секој втор ден.
     
  15. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.167
    Допаѓања:
    4.963
    Poslednava nedela tesko kaka I ne jade. Tecnosti pie mnogu I se domasni sokovi I caj I mleko. Duri porano piese po skoro litro na den I imase ok stolica. Maricnata mi vika da namalam so mleko a sega pie samo 250 ml I plus dr tecnos ti. Abe kaka preku dva dena ama mnogu tvrdo kako dzamlii
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.721
    Допаѓања:
    145.949
    Пол:
    Женски
    Па ќе менува... важно дека кака, ама мора да му омекне столицата, оти може уплав да фати така, па после да го враќа и полошо да направи. Затоа маслата се добра опција. Ленено масло препорачуваат сите нутриционисти за регулирање на метаболизмот, што значи можеш да му даваш, ама не знам дали ќе ти го пие. Давај му овошје на гладно секое сабајле како смути, или мешај со житарици, особено овес, и тие помагаат за регулирање на метаболизмот. Мислам дека нема мајка што не поминала низ ваков период кога децата се на возраст од две и пол до три и пол години, особено во периодот на одвикнување од пелени. Која и да ја прашам од другарките, сите низ истото поминале, особено оние со машките деца. Секако има и исклучоци, ама ретки се.
     
  17. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.167
    Допаѓања:
    4.963
    sega ke bidam nadvor od tema no daj te mi konkretni recepti za smudi sto se stava I kako se pravi ? Citav nesto na net no se nesto razlicno :(
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.721
    Допаѓања:
    145.949
    Пол:
    Женски
    Јас задолжително ставам банана, киви или јаболко, плус цеден сок од портокал. Додавам лажиче ленено семе, немелено (се меле во сецкото), семки од тиква и сусам, ставам лажиче кокосово масло. Ова ми е основа. Некогаш додавам и неколку листа свеж спанаќ или блитва и рендан морков, а кога сакам да го држи подолго време додавам житарици - овесни снегулки, мешавина од четири вида снегулки (јачмен, 'рж, овес и пченица) и се заедно блендирам (во сецко, немам блендер). Излегува полна длабока чинија за супа, мојот маф го прави за десет минути. Го користам често да му подметнам ленено масло, да не го осети, и ти можеш така. И други работи му додавам, еве денес му ставив од сирупот од исландски лишај, не сака да го пие, а вака не го осеќа (му го давам за сува кашлица).
     
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.167
    Допаѓања:
    4.963
    I sevo ova se pie ili jade :) zatoa sto ovesnite neli zaglavuvaat. Obicno jas mu pravam banan I jogurt ili portokal I jogurt. I dali smudito zamenuva obrok ili...
    Za kaslica iseckaj kromid potopi go vo med neka otstoj I kako sirup tri pati po edna supena lazica za eden den den ipol kako novi ke bidete
     
  20. Nadja.91

    Nadja.91 Нов член

    Се зачлени на:
    23 јули 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Ве молам за помош.
    Со овај проблем се соочувам 2 години(сега имаме 4)
    Значи проблемот е во одењето по голема нужда.
    На 1 година самостојно без употреба на памперси одеше сама и тоа траеше до нејзината 2 годишна возраст.

    Потоа бевме доста болни со висока температура и после тоа од 2 ипол годишна возраст па се до денес имаме страв од одење по нужда.

    Значи секаде побарав стручна помош испитавме се ,се е во ред но проблемот сеуште го имаме.
    Бевме и на психијатар но ни тоа не помогна.

    Незнам дали е ова нормално значи ако не и дадам сируп нема да појде ни по 1 недела цело време изметот го враќа наназад се стега.

    А со помош на сируп оди но проблемот е што и без и со сируп преголем измет изнесува.Што сметам за возрасен не е соодветен а не пак за дете од 4 години.

    Докторите за тоа ми рекоја дека секој има различна столица.

    Денес,првпат ова се случува во изметот имаше крв.Досега тоа не ни се случило.

    А за толкав измет да кажам само дека ептен слабо се храни претежно овошје и зеленчук месо не јади.
    И ептен пие млеко. По 1 л на ден иако ја условувам прво да јаде па потоа млеко за да се засити ама ништо ќе јади и пак млеко.

    Искрено немам идеја што да правам веќе,за секој совет би ви била благодарна.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.