1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општествени предрасуди околу психичкото здравје

Дискусија во 'Психологија' започната од Someonespecial, 20 јули 2017.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Би рекла дека се пронаоѓам. Не знам што е со мене проблемот, не знам кој би ми помогнал но знам едно- дека не сум таа што сакам да бидам. Случувањата од детството и проблемите меѓу моите ме сменија сосема.
    Осуди и навреди добивав уште како дете. Повторувам: како дете!
    Не директно упатени кон мене, ама сум слушала зборови од типот:
    -Девојчево кога ќе порасне некој лош пат ќе фати;
    -Сите ќе ја исмејуваат понатаму, со каков татко расте...;
    Или пак подоцна:
    - Никој нема да те сака ваква сама ќе си останеш
    -Ти си болна, за во Бардовци си, да те лечат таму.
    Дури слични зборови сум слушнала и од медицинско лице.

    Јас наводно ќе сум била насилник, проститутка, ќе сум завршела во лудница и што уште не...а никој никогаш не покажа прст во тие што ме направија повлечена и тивка.
    А јас? Од што сум мирна по природа немам срце да преречам на никого, а и зашто знам дека со такви луѓе нема разбирање. И пак ме прашуваат зошто молчам...

    Дури уште повеќе боли фактот што уште сум млада, па најчесто ми зборат - Ајде бе, шетај, дружи се, ќе видиш понатаму какви стресови ќе ти донесе животот...зошто психолошките проблеми се појавуваат само кога си во брак и имаш деца, пред тоа како тинејџер ништо не можеш да искусиш нели?
    Сум сакала да побарам помош од стручни лица. Но искрено на никого не можам да верувам лесно. Од друга страна не е лесен пристапот до нив, со закажувања, или ако сакаш приватно треба да платиш, а што пак ако сакам повеќе пати да отидам?
    Не сакам тој психолог или што и да е, да ме гледа како некоја болна личност која не знае веќе што ѝ останува во животот, туку како една силна личност која паднала и само ѝ е потребно некој да ѝ подаде рака да стане и да продолжи.
    Сепак убаво велат дека најдобро ќе те разбере тој што искусил на своја кожа.

    Освен тоа, да бидеш психолог не е доволно да завршиш факултет со сите положени испити. Џабе е тоа, ако по природа не си личност која се труди да помогне и да ислуша до крај без да осудува.
     
    Последна измена: 22 јули 2017
    На Avokado, Lady Phoenix, Mr. Right и 11 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.765
    Допаѓања:
    259.693
    :l:

    Само толку.
    Не знаат, за тоа не ми е криво.
    Криво ми е што мислат дека знаат.
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, Brojka, Lady Phoenix и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    12.098
    Пол:
    Женски
    Еее баш ме израдува темава! :)
    Пред точно една година прв пат се соочив со психички проблеми. Беше вистински хорор за мене месец ипол измачување, живеев во агонија, во страв, се осеќав дека сум на раб на лудило. Не се препознавав себе тотално се изгубив. Креветот ми беше најдобар пријател, постојано гуглав мислев дека имам шизофренија. Дечки тој што не прошол низ нешто вакво не знам колку може да сфати... не можев да издржам повеќе и отидов на психијатар. И тоа со моја другарка повеќето другарки знаеа за мојот проблем...Како дијагноза ми беше анксиозно депресивна состојба со фобија. Терапијата што ми ја препишаа тогаш веднаш почнав да ја пијам ми беше премногу тешко за да муслам воопшто. После 2 месеци антидепресиви и анксиолитици почувствував промена. Студент сум на медицински факултет можеби затоа не наидов на проблем од околината во смисла на друштво. Мајка ми на почеток беше скептик се срамеше да не дознаат роднините, комшиите, светот. Демек што ќе речеле од супер фина културна идна докторка западнала во депресија. Но, знаете што? Не дозволив тоа да ме сопре. Менував психијатар психолог одев често. И можеби мал чекор напред направив ама го направив. Зошто јас не одбрав да имам анксиозност и депресија. Јас не го сакав ова. Не ми е се во главата не го измислувам не е нереално само затоа што не го гледаш. Како што некој друг не одбрал и не побарал и не измислува дека има физички проблем. Мојот психолог вели. Да ти се расипе заб да те боли ќе се срамиш да одиш на заболекар? Не. Епа така и ова :) дечки за се има лек, мора да го пронајдете за да си помогнете себе. А доколку имате некој во близина бидете му максимална поддршка.
     
    На Lady Phoenix, zhap4e, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  4. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.920
    Пол:
    Женски
    И јас би рекла дека се пронаоѓам во темава. Малтретирањето и фактот дека имав проблеми со едниот родител мн ме погодија. Никој не ми излезе во пресрет да ми помогни одреден период. Да, јас сега сум разведена од родителот и не сум малтретирана повеќе од личностите кои ме малтретираа ама лузна ќе остани во мене.

    Психичкото здравје никогаш нема да биди еднакво со физичкото, за жал секогаш ќе биди подредено. Посебно во нашево поднебје каде сеуште постојат примитивци со затуцани сфаќања. Најчесто тоа е причината поради која луѓето со психички нарушувања не бараат помош-страв од осуди од најблиските. Затоа таквите личности се кријат и не се деоверуваат на никој, а поддршката најмногу им значи.

    Исто така сметам дека треба да се има матичен психолог каде нема да се наплаќа за разговор/терапија. Од чиста причина дека психичкото здравје е исто толку важно колку и физичкото. Депресијата не е ништо помалку од скршената коска или дијабетесот. Ама во право е бендер дека и самото здравство не функционира кај нас, тргнувајќи од тоа дека и за најобична настинка се препишува лек па се до лошиот кадар. Но во секој случај треба да се побара помош.

    Огромна грешка е и што не се едуцираат луѓето за психичкото здравје воопшто, па најчесто оттука тргнуваат и коментарите. Жално.
    Уште полошо кога коментира некој отстрана и притоа е дрзок. Затоа барем воздржувајте се од коментари како тие наведени погоре, ако не давате поддршка. Зошто воопшто не е лесно. А да се коментира отстрана е.
    Спешке на место ти е темава :*
     
    На Brojka, Lady Phoenix, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.038
    Пол:
    Женски
    Кога некој ќе се самоубие, прво што слушам е: Се самоубил од бес. :fubar: Некои луѓе не само што не разбираат, туку и не сакаат да разберат што значи депресијата, меланхолијата, менталните нарушувања. И, за жал, се додека има луѓе кои не се свесни за сериозноста на тие болести или кои има луѓе кои со предрасуди гледаат на таквите, ќе има и убиства, самоубиства и нарушено здравје, затоа што стресот може да доведе и до разни болести (влијае врз мускулите, имунолошкиот систем, срцето и белите дробови, косата и кожата, главата...).
    Човекот не смее да молчи за она што му се случува (некој можеби е жртва на нечие малтретирање со умисла), а не смее да молчи ни оној кој знае што му се случува на другиот. Треба да излезе во пресрет и да го сфати сериозно. Тоа значи да му пружи поддршка и помош. Се додека за грип се бара помош на лекар, а за менталните болести нема реакција, тогаш за оваа работа го нема светлото на крајот од тунелот. А сериозно треба да се разбудат луѓево од сонот и да се освестат, затоа што, најтешката состојба на човек е да се претвори во непријател сам на себе.
     
    На elimkd, Црна Ружа, Brojka и 4 други им се допаѓа ова.
  6. TRANSPORTER086

    TRANSPORTER086 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2016
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Машки
    Општествени предрасуди околу психичкото здравје во нашето општество имало од секогаш ќе има и во иднина, тој што не осетил на своја кожа не може да разбере се дур не осети на своја кожа, има многу неедуцирани луѓе кај нас а и такви кои имаат капацитет но воопшто па и не сакаат да согледаат што се случува во нивното најблиско окружување/околина едноставно се себични гледаат само за себе. Здравството ние катастрофа само некои експерименти прават нема сериозни реформи кои би го унапредиле, со чест на исклучоци кои се многу ретки, психијатар асален неможеш да најдеш, само некоја експериментална терапија ќе ти пише и толку нејќат да сослушаат едноставно не се надградуваат не се вложуват во професијата, психолози има добри ама треба на приватно и да се иде минимум неколку месеци за да има добри резултати. Јас имам анксиозност, имам разбирање од моите најблиски, на други не сум кажал затоа што немам многу доверба во луѓето може да биде злоупотребено тоа. Матичните лекари не многу се замараат со нас кои имаме анксиозност, само викаат ништо не е секој има денес повеќе активност движење, пиј нешто витамини хранисе здраво, све е тоа тачно но треба да се има посериозен пристап, ако веќе си се определил/а за оваа професија треба и да те бива за тоа, да имаш некои човечки квалитети, постојано да се трудиш, надградуваш, да ги следиш промените позитивните текови и новини/ иновации, откритија во областа, а не само да тече стаж, ајде заврши работното време, па у ветеринарна амбуланта се однесуваат многу подобро и почовечно спрема животните од секоја ординација или амбуланта и др. здравствена институција каде се третираат луѓе.За анксиозноста се повеќе се збори и треба и за неа и за сите други проблеми со кои се соочуваме да се збори отворено и да се има посериозен пристап на решавање на истите од општеството затоа што тоа покрај што е личен проблем/ состојба со која се соочува самата личност и семејството тоа треба да биде грижа и на сите нас на целото општество, само така ќе имаме поубаво и понапредно општество.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Не е само Мк каде што ако сакаш добар психијатар и редовни сеанси ќе треба да си платиш приватно. Инаку ти закажуваат еднаш или двапати месечно по саат време за да ти го кажат основното -здрава храна, умерено спортување, позитивно друштво, прошетки во природа и лекови. Освен ако не си потежок случај а тоа најчесто значи дека и за во институција те спремаат. Редовни, квалитетни средби каде детално ќе ти се посветат, само на приватно.
     
    На Brojka, Lady Phoenix, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial прво - браво за темата.

    Еве да се приклучам кон клубот на луѓе кои страдаат од некакво психичко нарушување.

    Потешкотии сум имала уште од рана возраст. Откако памтам за себе, живеев во лоши услови и со многу нервоза. При секоја нервоза завршував со болки во желудникот, а тоа често се случуваше. Почнаа да ме носат на испитувања во случај да не имам чир или бактерија. Нормално, немаше ништо, па само кога ќе почнеше да боли ќе се напиев чај, ранитидин и слично. Дијагнозата беше - на нервна база и' е, ништо не е, осетлива е, има осетлив желудник.

    На 18 години ја искусив првата страшна криза. 5 дена не можев да спијам, да јадам, постојано ми се гадеше, само на вода бев. Тригер ми беше реакцијата на брат ми - детето фатило стомачен вирус и стана сред ноќ и поврати. Тогаш и за прв пат ме фати блага несвестица од тоа.

    Следуваа повторни испитувања. Да не ми е жолчка, да не се бубрези од што ми се гади, да не е хеликобактер или чир. (Во меѓувреме ме спремија со антибиотици и еглонил.) Погодувате? Ништо органско. На нервна база, со препорака да се јавана на невропсихијатар. Тогаш за прв пат се видов со лекар од таков тип. Ми беше препишан хелекс и ми рекоа дека ништо не ми е. Допрва ме чекаат проблеми, сите се нервираат за тестови, па после за факултет, па дечковци, па бла бла бла... Повеќе не отидов, а хелексот го прекинав по кратко време зашто ме правеше неспособна за функционирање.

    Проблемот беше што на одреден период ме фаќаа посилни кризи, а во меѓувреме постојано се осеќав недоволно добро, ајде така да кажам. По некое време на своја рака почнав да пијам дијазепам, а и со еглонилот се дружев долго, додека не почна да ми прави проблеми со циклусот.

    Така терав со години додека еднаш од чиста мира не го доживеав најлошото искуство од ваков вид. Матичните ме пратија на психијатар и повторно ми препишаа хелекс, но овој пат и депрозал. Дијагнозата беше анксиозни и фобични растројства. Лекарката беше се' ок, ама не ми кажа како да го земам антидепресивот, дека треба од половинка да почнам, да го испијам со седатив, па постепено да ми се покачува дозата. После првото апче не можев да дојдам при себе цели 24 саати. Пулсот ми беше 140, не можев ни да спијам, ни вода да се напијам. Продолжив да одам кај неа, но решивме да не пијам антидепресиви. Следуваше цела година голгота. Јадење како врапче, епизоди, чуда, со повремено подобрување.

    Така терав се' додека не дојдов до фаза кога постојано ми се гадеше, па не можев ни да спијам. Ме болеше телото, бев исцрпена, едвај живеев. Веќе кренав раце од се', не очекував дека ќе може да се поправи нешто. Тогаш ме однесоа кај последниот психијатар, оној на кој му го должам животот. Првата средба беше доста тешка, едвај се одвезов до таму, никакво апче веќе не ми помагаше. Бев направена 40 кила и едвај стоев. Тенот ми беше ужасен, личев на жив мртовец и ме придржуваа зашто едвај стоев. Дури и тој малку се уплаши. Ми препиша терапија лоразепам и елицеа со пола реглан и детално ми објасни како да ги пијам. Ми даде број и во текот на првата недела редовно се слушавме зашто не бев во состојба да доаѓам. Му јавував за секоја промена. Потоа, почнав 2 пати неделно да одам на терапија и цело време зборувавме. Постепено ми ги намали седативите, а со антидепресивите стигнавме до потребната доза. Ми дијагностицираше тешка форма на анксиозни и фобични растројства, со панични напади и блага депресија. Знаеше како да ги постави правите прашања, ме сфаќаше и го разбираше тоа како се осеќав во даден момент. Ме мотивираше, ме храбреше, ме туркаше напред и ми беше столб. Уште се гледаме повремено, по потреба и никогаш нема проблем за тоа иако веќе нема ординација.

    Откако го иступев со цела моја историја, да кажам збор-два за темата.

    Никој никогаш не ме разбра. Прво, домашните беа недоволно едуцирани, затоа што, од искуството погоре, гледате дека после долги години дефинираа што точно ми е. Другарите и другарките не ме разбираа, мислеа дека сум срамежлива и повлечена, па се дрзнаа да ме прогласуваат и за хипохондрик. Тешко беше да се одржуваат пријателства, особено последниве 3-4 години. За среќа, покрај мене цело време беше саканиот кој можеше едноставно да си замине и да си ги скрати маките, ама одбра да ме бодри и да ми биде поддршка во најлошото. Покрај мене беа моите, а покасно и новостекнатите другари, кога бев спремна да се видам со нив и да продолжиме да се дружиме. Секогаш заеднички правиме компромиси дали ќе се оди на некое побучно место, со многу гужва или полабаво. Често и сама знам да се тргнам и да не мора да ми угодуваат, ама за среќа не се многу по такви искачанки. Некои луѓе никогаш не сфатија што ми се случуваше, а некои само се чудеа и беа изненадени како сум го преживеала сето тоа.

    Намерно ја напишав цела моја историја со оваа мака за да покажам колку лошата дијагноза, несериозното сфаќање на пациентите, неедуцираноста на обичните луѓе може во лоша насока да го однесе животот. До пред 10 години ни самата не знаев што е анксиозност, а камоли дека ја имам. На државно има и добри лекари и лоши лекари, времето е кратко, опкружувањето е непријатно, концептот е лош, заинтересираноста не е доволно голема. На приватно е друго, иако плаќав само 350 ден повеќе отколку на државно, бидејќи човекот имаше договор со фондот. Битен е пристапот, битно е да се најде вистинскиот лекар, битно е да постави правилна дијагноза и според сите можни симптоми да ги препише вистинските лекови. Битно е да знае што да те праша, како да ти се обрати, всушност да знае да си ја работи работата и уште поважно - да ја сака.

    Со оглед на тоа што има три "вида" анксиозност: лесна, умерена и тешка, има и различен пристап. Некој ќе помине само со разговор, некој со седативи по потреба, некој со сериозна терапија, па можеби и хоспитализација. Не е дека сите даваат само апчиња. Понекогаш не сме свесни што се случува, па самите малку доцна бараме помош, понекогаш сме misdiagnosed. Важно е да се борите, да имате поддршка, да гледате стресот да го ставите на минимум.

    Тешко е што општеството не' гледа како луди, а не сме. Ние сме сосема нормални личности, на кои ништо "не им фали во главата", ама кога сме во криза, не можеме да функционираме.

    Сите со овој проблем имаат целосна поддршка и разбирање од мене. Тешко ми беше да го пишувам ова и после толку време, ама се надевам дека некому ќе му помогне. Психичките нарушувања се подеднакво сериозни како и физичките болести, па дури и може да допринесат до појава на органски заболувања ако не се третираат на време. И затоа кога ќе прочитам дека некој што се самоубил не е за жалење и е крајно себичен, не сакам да дискутирам понатаму. Борбата против самиот себе е нешто најтешко и е мачење не само за болниот, туку и за тие околу него. Затоа излишни се секакви осуди. Не е решение што го оправдувам, но е решение што го сфаќам и не сакам да го осудувам.
     
    Последна измена: 23 јули 2017
    На ivimis, Be-yO-nCe, Avokado и 17 други им се допаѓа ова.
  9. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Верувам дека сите обие психички, па и обични болести се измислени и создадени од луѓето, па се ширеле од секогаш околу светот како бактерии или вошки уште од.. да не речам.. праисторијата.. А сега уште повеќе зашто нели тука е интернетот да ни наметнува во главата вакви работи. Фала му. Сум поминала низ многу тешки периоди, сум имала такви "симптоми", но никогаш за себе не сум рекла дека страдам од вакви изрази кои воошто не ги сакам. Се е до мислите на човекот, а колку повеќе зборуваш за нешто толку повеќе си го ствараш сам во својата реалност.
    А предрасуди имало за се, не само за ова и секогаш ќе има..Тоа е во крвта на луѓето и општеството во кое се наоѓаме. Но, битно е да уживаме во животот и покрај се нели? :D
     
  10. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.075
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Бравооо....И јесссс една моја (од секако многуте) интересна тема која стварно стварно си ја сакам. И читам за неа многууу.
    Значи - сите професионалци на оваа тема, бај д веј, не зборвам за домашните ни експертчиња, нормално, туку за сериозно навлесени професионалци се согласни во едно - мозокот е орган. И тогаш зошто да не можи еден орган да не функционира како што треба? Трикот е што, целиот организам е поврзан со него и симптомите се манифестираат со неправилно расположение или понашање. Порано се сметало дека мозочните клетки кога ќе изумрат - тоа е тоа, фрлете го човекот во лудница и крај. Амм, сега се докажува дека и мозочните клетки се опоравуваат. Да, не е крајна состојба ако некој е депресивен или не знам со која друга состојба (значи состојба - а не болест) може да се опорави. И тоа 100%.

    Јас, како претставник овде - со моето алтер его маценцеф, мал совет за лицата кои се борат со себе. Срцки, прекинете да му удоволувате на сите, некој ви се развикува над глава - викајте и вие! И најдобар совет (ке се обидам да не пцујам тука!) ај сите да си ги испратите каде што му е местото!! Сите! А ако треба - и самите! Животот е едно '“%„‚ кое многу смрди, ама имате два избори - или ќе се навикните на миризбата или ќе кукате!

    Напомена: Моето алтерего е низ целиот текст максимално цензурирано, за сите коментари кои ќе следат можете да пишите лп или да се јавите на сос телефонот '“%„‚*, на сите мобилни оператори - освен на Вип, не се знае дали имаат мрежа. Фалааа
     
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.422
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе обрнуваме внимание на некои работи, тие стануваат наша реалност. Ако мислиш ова, можам делумно да се согласам, зошто некои работи бегаат вон наша контрола, но во глобала повеќето ние ги контролираме. Е сега се тука и тие кои нас не контролираат. Проблеми со желудникот и исти испитувања како @Lady Phoenix сум имала од основно и неможам да речам дека во основно сум знаела што се ментални болести, а уште помалку симптомите, околу седмо/осмо, а можам да кажам дека интерес сум имала на други полиња, и не знаев што е анксиозност за со мисла да си наметнам, како што рече - симптоми.
    Сметам дека болестите во форма во која се јавуваат, и физички и ментално треба да се третираат, зошто е тешко да се контролираат недоволните функционирања. Има личности кои се силни и успеваат полесно да се справат со дадена ситуција, но и личности кои неможат да се справат со дадена ситуација и запаѓаат во состојби за кои не се сеќаваат благовремено.
    Поради ова, сметам дека менталното здравје и менталната хигена како предмети, а не само информативно, еднаш годишно, треба да бидат застапени во училиштата, во редовната програма, од основното образование, па се до крај на средно.
     
    Последна измена: 24 јули 2017
    На Avokado, sweet-cherry, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  12. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Па ете, јас мислев дека се е нормално. Да не можам да спијам со денови, цело време да чувствувам грутка во стомакот, да губам воздух и да не можам да функционирам цел ден од страв за нешто потполно нереално или неважно.
    Мислев дека проблемот е што не сум доволно добра, вредна, не заслужувам да живеам без гадното чувство.

    Години подоцна открив дека не било нормално.
     
    На Avokado, Lady Phoenix, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    Јас како особа која никогаш немала психички проблеми, никогаш не се сомневала во себе си, никогаш не паничела или паѓала подолу од блага мелахнолија, аналитичка машина/кибернетски организам небаре :D - имав извесни предрасуди према особи со психички тегоби во минатото.
    Но после неколку случаи во блиска средина каде лица имаа мака со депресија и анксиозни и панични напади, ги баталив предрасудите и гледав начин како да се помогне.
    Иако се работеше за разни ситуации, една особа која за среќа се извлече од канџите на депресијата, ме наведе да се заинтересирам за сето тоа и денес гледам со емпатија и разбирање на лицата кои патат од такви проблеми.
    Другите немаа таква среќа (и пари и решителност нажалост) и до ден денес имаат мака иако сето тоа е под контрола.

    Најтешко е кај еден случај каде особата емоционално се поврза со психичкиот проблем и од него направи нешто како дел од својот карактер, демек ако го третира тоа нема да е повеќе истата особа. И не сака да бара чаре што ми е крајно тажно а не можам ништо да направам, џабе десетици муабети :worried:
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.422
    Пол:
    Женски
    Долго време мислев дека ако ништо не излегува за желудникот дека не е ништо, дур не почна да ме мава и паника во сосема случајни ситуации, ова откако почнав повеќе да излегувам. Тоа кај мене иди по околу 2-3 години покасно од првите симптоми кои ги сметав за небитни, или подобро речено не ги разбирав и ги сметав за нормални.
    Мислам дека многу луѓе на рана возраст прв пат чувствуваат стрес, стресни состојби и други проблеми поврзани со ментално здравје и затоа мора да бидат соодветно информирани.
     
    На Lady Phoenix, CameliaMiller и crimson им се допаѓа ова.
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека дури и кога се охрабрив да кажам на соодветен доктор, па кога ми кажа колку е сериозно, се уште не му верував.
    Па уште кога и кажав на тогашната најдобра другарка, таа ми рече: ништо не ти е, не претерувај.

    И исто ко @Lady Phoenix, не знаев како да почнам со лекот, и наместо постепено, јас цело одеднаш. Па кога почнаа симптоми што не знаев дека постојат, мислев дека ми нема помош.
    Ама имаше. И еве сега, океј е.
     
    На Lady Phoenix, CameliaMiller и theowndemon им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.765
    Допаѓања:
    259.693
    Само срциња да ти оставам :)
    :l::l::l::l::l::l::l::l::l::l:
     
    На Avokado, Lady Phoenix, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  17. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller имам многу блиска личност што пие Асентра.Му го препиша интернист,бидејќи секако нели, не сакаше да посети психијатар.
    Му установи панични напади,со симптоми како стегање и болка во градите,несоница,хроничен умор,синдром на немирни нозе итн.
    Му рече да ги пие два месеци па на контрола потоа.
    Прашањето ми е како делуваат овие апчиња,дали му одговараат на дијагнозата,дали ќе се вратат симптомите штом ги прекине или ќе треба долго па и доживотно да ги пие?
    Ако сакаш одговори ми и во ЛП,бидејќи гледам дека имаш позитивно искуство со нив а тој е преплашен.
     
    На theowndemon и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Ве читам околу физичките проблеми. Слична бев јас, само кај мене проблемот беше главата.
    Некаде 14 имав кога почна секојдневно да ме боли со ненадејни вртоглавици. Прво ми велеа како во пубертет си ова она... По одредено време станаа поинтензивни, со повраќање, па морав и јас по лекари. Секое сабајле со главоболка се будев. Навечер се затворав дома во темно, само за да ми помине. Сепак ми велеа сите дека не ми е ништо. На моменти полудував, помислував на секакви болести, дури ме направија хипохондрик и желна за внимание и наводно сум се преправала.
    Ова траеше некаде година и пол. Дури кога исчезнаа главоболките си сфатив што всушност ми се случувало цело време, дека постојаниот стрес поради моите, ме доведоа до таа состојба.
    Освен овој проблем, 4 и пол години имам и напади на тахикардии. Почнаа како повремени стегања во градите, до страшни напади со гушење, тресење на цело тело, силни болки во градите, дезоириентираност, еднаш имам изгубено свест на кратко. Кој бил покрај мене во тие моменти, знае низ каков страв поминал. Лани при еден напад ми се покачи притисокот на 150 со 70
    И повторно мојот страв дека имам некоја болест, па ајде пак по лекари. Среќа се откри дека не ми е ништо, освен дека сум имала поинакви залистоци, па сум била склона кон тахикардии. Пазам на себе колку можам да ги елиминирам. Ама полошо е тоа какви осуди сум добивала за ова. И тоа од моите дома. Истото- дека се преправам, барам внимание, не пазам на себе, они морале цело време по мене да трчаат. Затоа многу пати не сум им ни кажувала кога сум имала напад. Само неколку личности имале разбирање за мене, без да ме прават луда и ненормална.
    Среќа јас не сум била проморана никакви лекови да земам, освен во некои случаи.

    Веќе последно време и со ова сум подобра. Сфатив дека со психичката слабост и придавање значение на осудувањата, само ќе се водам кон полошо, физички и психички, давајќи им простор на некои луѓе да зборуваат и понатаму.
    Всушност имам многу што да им кажам за да ме запознаат која сум. Ама, кога веќе ја исшуштиле приликата да ме разберат без да осудат, сфаќам дека не треба толку и да се заморувам што мислат за мене.
     
    На ivimis, sweet-cherry, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Затоа што денешното одење и прашување било што и околу психијатар/психолог е донесување на заклучок дека е веднаш луд.
    Дури и здрав нормален човек си има потреба од психолог.
    Стручните совети се многу покорисни отколку рекла-кажала муабети, затоа што откако ќе се скарате со личноста баш ќе бидат за срамење и понижување на другата особа.

    Исто така сакам да напоменам дека не е во ред да ги омаловажувате луѓето со мани, а потоа да пишувате како мразите дискриминации и поделби.
    Некој член напиша дека денес секој втор пие дијазепам. Не, денес секој прв пие дијазепам, затоа и самиот лек се сведува на рецепт.
    Стравот е негативната карактеристика што го контролира човекот, наместо човекот да го контролира стравот.
    И тоа е тој клуч од кој човекот се плаши да излезе.
    Сите фази, се фази на стравот.
    Не сум се соочила со ниту една дијагноза на потешки нарушувања на психичкото здравје и се надевам нема.
     
  20. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.535
    Допаѓања:
    28.740
    Пол:
    Женски
    Болките во желудник се скоро секогаш придружни со анксиозноста. И кај мене така почна имав огромни болки, неверојатно гадење , дуење на желудникот, никаков апетит. Ме носеа на милион испитувања и не можеа да најдат конкретно ништо. Па дури добивав коментари дека си измислувам, дека не ми е ништо ,,само анорексична сум била". И голготата траеше се додека една жена, срце од докторка не ми се обрати и ми рече а да не си многу под стрес? И така откривме дека ми е психосоматски. Ама тежок е процесот додека се открие што и како, посебно ако се нема поддршка.
     
    На Nigredo Odor, Lady Phoenix, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.