@sweet-cherry со ова дека си измислуваш ... и мене тоа ми рекоја. Матичната еднаш, после сите добри резултати за желудник, пред да почнат и рани да ми се прават од стрес и нетретирање, ми велеше дека до водата ми е. Многу млади се жалеле на желудникот, сигурно до водата било. Си ојде в пензија битно.
Во Македонија има многу предрасуди во врска со посета на психијатар. Треба најпрво тоа да се искорени, луѓето да можат без срам да си одат на психијатар, да има секој по некој матичен психијатар, на секого му треба личност стручна во таа област и понекогаш ни треба разговор. Со тоа чим се забележат проблеми веднаш ќе може уште на почеток да се третира психичкото здравје, што е секако подобро пример анксиозност да се третира уште на почеток отколку по години имање на болеста. Но, кај нас психијатрите се многу слаб кадар, секоја чест на исклучоци. А и реално психијатрите веднаш даваат јаки антидепресиви и 70% од населението е на нив и е зависно од нив. Не пробуваат со разговор, да видат кој е проблемот, од каде поттекнува, што допринело за таа психичка состојба, не е тоа туку така преку ноќ добиено. Многу ме интересира психичкото здравје и ако еден ден доколку станам психијатар или пак било што поврзано со медицината, но еве да се задржам на психијатар сепак. Најпрво ќе пробам со разговор, да видам кој е проблемот, а тек подоцна дури би дала терапија од антидепресиви, според мене тоа е веќе во потешки случаи, а не кај нас секој втор за се пие, па и на своја рака. На пракса во аптека, бев сведок како луѓе земаат дијазепам за се и сешто, па и се бунат зашто не го даваат без рецепта. Не е тоа витамин ц, па играчки да си играат и на своја рака да го земаат, јас сум лично многу против тоа, притоа повеќе е до психата, ако се напие човек аналгин мисли дека веднаш главата му поминува, така е и со антидепресивните лекови, создаваат зависност и после е многу тешко без нив.
Мене во ова труло општество најмногу ме гневи потсмевање на психички нестабилна личност. Не е смешно исто како што не е смешно за некoј болен од рак да збориш зад грб: еј бегај овој има рак.