Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.957
    Допаѓања:
    89.390
    Модератор: Решив да ја отворам оваа тема, поради тоа што многу од вас често имаат прашања околу одредени здравствени состојби. Тука можете да прашате за се' што ве интересира, а не знаете за што конкретно се работи, па можеби ќе добиете и некој одговор, барем додека се консултирате со стручно лице. Исто така, ако има медицински лица на форумов, добро би било да се вклучат активно во оваа тема, впрочем како и во целата категорија „Здравствени проблеми“.


    Ана,последниве две недели под пазувите имам грда болка,пробав да напипам некој оток,топче,немам,а ме болат кога кревам раце,кога кревам нешто потешко,а истовремено ми се потечени крајниците ненормално многу и ме болат и ми се појави како џумка од позади на тилот,која боли.И друг пат ми се случувала оваа џумката од позади од обетки,ама не сум носела бог знае од кога,а немам процес на дупчето на увцето.Се јавив кај еден пријател доктор,ми вика можно е да ти е од крајниците се тоа...ќе одат курбан до крај на зимава,така мене ми стои работава...
    Умирам или што е работава?!
     
    На angelche16, bilkite, dalinda1 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.107
    Допаѓања:
    106.026
    Пол:
    Женски
    Проблеми со устата и забите


    Не се секирај Лилитке, не умираш, какви умирачки, скраја да е.
    Џумката ти е некој лимфен јазол, отечен, најголема е веројатноста да ти е од крајниците, а за болката под пазувите - да не си ги преоптеретила нешто мускулите на рацете, на градите во последно време? Макар што не трае таква болка две недели, обично трае по неколку дена и поминува. Може да е и некој од длабоките лимфни јазли во пазувата, а не го чувствуваш на допир иако е исто отечен. Ако ти прават проблеми крајниците, навистина може да е препорачливо да ги извадиш. Инаку, во твојов случај веројатно се работи за некаква инфекција баш на крајниците, дали вирус или бактерија, зависи од другите симптоми.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.957
    Допаѓања:
    89.390
    Проблеми со устата и забите

    Благодарам Ана на одговорот,да ти кажам...упаничив малку,ама два докторски одговори и полесно е.
    Ќе одат у неповрат,чувствувам јас,ама блискиве мои ми се потресуваат,операција е сепак,колку и да е рутинска,па ова,па она...а матичната ми вика,срце ќе оболиш со вакви крајници.
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    57.833
    Пол:
    Женски
    Вака веќе некое време имам проблеми при дишењето, се гушам, не можам убаво да земам воздух. Сега почна и срцево да ме боли, ко да ме притиска нешто. Пијам бедокдин ама не помага. Бев на лекар и таа ми рече сум растела , нормално било. А да и левата рака ми се кочи. Како може ова да е нормално?
     
    На Stoimenovska и dolly.doll им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.107
    Допаѓања:
    106.026
    Пол:
    Женски
    Веројатно ти е од стрес, на нервна база, ако ти се во ред резултатите од испитувањата што си ги правела (ако си правела крвна слика, ЕКГ, комплетен преглед). Ти треба да се опуштиш, а гледам дека се нервираш со дечкото и понекогаш со мајка ти. Веројатно нервозата што ја претрпуваш се манифестира на овој начин. Посебна терапија нема, затоа што сепак си млада, ете Б6 витамин си пиела, нема штета од него.
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    57.833
    Пол:
    Женски
    Благодарам Ана, ама се исплашив ептен , за срце се работи :( Нервози има еден куп, а да и побарам на докторката појаки апчиња за смирување? :worried:
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.107
    Допаѓања:
    106.026
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од појаки апчиња за смирување, како што напишав претходно, млада си, не ти треба уште од сега да се труеш со нив. Мора да најдеш начин да ја исфрлаш нервозата од тебе, или да не се нервираш (знам дека е тешко, ама потруди се). Можеш да земаш Б-комплекс и магнезиум шумливи таблети, да пиеш понекогаш чај од камилица, од маточина, од валеријана (ама не претерувај со ова последново). Помагаат во смирување и опуштање.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    45.456
    Пол:
    Женски
    Анат денес мене ми треба помош. Имам претерано обилна мнструација, и кога велам претерано, мислам на нешто што не сум го сметала за возможно :| . Обично имам обилно, но денес се исплашив многу, бев излезена и едвај се вратив дома со цел вир :$
    Порано гинеколог ми имаше препишано Ерготрил капки (мислам дека така се викаа), можам ли да ги земам на своја рака? Сега се смири малку, но повторно имам големи парчиња и бледа сум, немам сила. Пиев кетонал утрото зашто имав грчеви, може ли кетоналот да го предизвикал ова? И хеферол се напив редовна доза, но не верувам да е од него.

    Што да правам, има ли нешто што помага?
     
  9. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    721
    Ерготил капки на своја рака никако!!! Значи парчиња секогаш има, нормално е тоа. Ама не кажуваш колку обилно крварење, каква е бојата, кој ден ти е....не мора да значи дека е страшно, секој циклус е различен. Земи повеќе течности, рехидрирај се прво, викаш се смирило малце, почекај не брзај, од кетоналот не е, но за друг пат да си знаеш дека не е добро кетонал да пиеш за менструални болки, си има кафетин менструал најдобри се. Хеферолот се за слабокрвност, анемија, чим ги пиеш редовно значи општо си анемична. Нема врска ова со циклусот. Иначе не се плаши за време на менструален циклус не се губи многу крв, не е тоа чиста крв, има крв, целуларна течност, делови од плацентата. Само капките никако без консултација на гинеколог, ни сега, ни никогаш. Хормони на своја рака не се земаат.
     
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    45.456
    Пол:
    Женски
    Да не не беа Ерготил капките (можно е да ги имам измешано со апчиња некои), не знам како се викаа... Капки што ги стегаат ѕидовите на матката и се намалува крварењето. Значи сама не земам - никако, ќе послушам.
    Инаку трет ден ми е, бојата е баш крв боја, парчиња знам дека е нормално ама ова беше многу, па се загрижив. Сега е подобро, обилно е ама не е страшно како прееска. Прееска беше - замисли си пуштена чешма што не можеш да ја запреш, одиш и тече низ нозе вир :worried:
    Отсекогаш имам проблематична менструација, ама денес навистина беше страшно.
    Кафетин менструал не ми помагаат за болка, ни едно ни две.
    Ќе си пијам сега сокче, фала многу Златушко на одговорот.
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.107
    Допаѓања:
    106.026
    Пол:
    Женски

    Зависи која е причината. Обилната менструација уште се нарекува и менорагија и може да биде резултат пред се' на хормонски дисбаланс, посебно кај млади девојки, а поретко од други органски и анатомски причини. Ако ти е првпат вака, можеби си била под стрес подолго време, па предизвикал хормонска нерамнотежа што довела до создавање на подебел слој на ендометриумот и затоа имаш пообилно крварење. Ако потрае подолго време, може да има потреба од хормонски препарати. Кетоналот не го предизвикува крварењето, ниту пак хеферолот. Ерготилот може да ти помогнат, ама не знам, мислам дека не можеш да ги земаш, т.е дека не можеш да ги купиш без рецепт. Но не сум сигурна. Освен лекови, друго чаре за помало крварење не знам. Најдобро е денес и утре да мируваш, да истече се' што има да истече (иако ти се чини дека е многу, верувај ми, не е).

    Од лично искуство, јас имав хиперменореја или менорагија, уште откако добив прва менструација, се до пред 7-8 години кога по препорака на гинеколог пиев таблети Дабростон во период од 6 месеци. И фала му на Бога, крварењето веќе и не ми е толку обилно, само што како последица си имам анемија. Советувај се со гинекологот дали има потреба од пиење хормонски таблети за регулирање на крварењето, од голема помош се ако причината е хормонска.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    здраво мили мои ...во последно време имам такви чубства на боленје глава ,главоболки,потоа кивање,матно пред очите и морам да се напијам парацетамол или аналгин за таа главоболка и така престанува после некое време но зошто кивам во мегувреме :( а да се надоврзам дека и анксиозна сум :worried: мозе да е од тоа :^) ????
     
  13. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    60
    девојки дали некоја имала зголем број на тромбоцити???пред 2-3 недели на системтски ми рекоа се зголемени тромбоцитите но сепак за 2 недели да одам пак да се испитам бидејќи можно било да се работи за грешка
     
  14. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.877
    :clap: Mило ми е што ваква тема,можеме повеке да ги опишеме нашите проблеми,и да добиеме соодветни одговори :) Jас имам две прашања:1. по неколку месеци по породувањето,ми се направи гртука на градата,ама воопшто не доев,и бев ми направиаа,снимки,ми земаа со игла од грутчето(течноста)и испадна дека не е ништо страшно,како рак на пример,но јас сеуште имам грутче,одвреме-навреме тука е,на левата града,сега да го игнорирам или што? :?: 2. Tочно кога останав бремена и по бременоста,имам грозно чуство често пати,на сите им е ладно,јас се препотувам,или обратно,ми се мати,ми се поврака,навечер не можам да спијам без клима,иако е зима,мене ми е жешко,немам сила,енергија,ми кажаа дека е витамин д пиев таблети секој ден бев на сонце,ама сеуште не ми поминува,ова ми се случува 1 год,некогаш не јадам во денот воопшто,некогаш се прејадувам,а имам вишок кг :worried: и напати срцето,ме стегнува и ми дава голема болка,како вчера како стар човек се чуствував,мислите дека само витаминов д е такаили нешто друго е?инаку не сум бремена,на сите им го кажувам проблемов,и бременост на сите им пага на памет :rofl: фала однапред :*
     
  15. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    628
    Пол:
    Женски
    Пијам антибиотик сумамед поради уреаплазма,ама гинекологот не ми даде никакви вагиналети,бидејќи другите брисеви беа во ред. Дали заради антибиотикот може да добијам кандида и дали на своја рака да земам канестен како превентива , иако внимавам на храната, за да не ја предизвикам јас?
     
  16. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    844
    Да, антибиотикот може да предизвика кандида. Но немој да земаш канестен на своја рака, посебно ако немаш симптоми на кандида! Советувај се со гинекологот. Тој најдобро ќе ти каже како да постапиш :)
     
  17. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    42.399
    Пол:
    Женски
    Сумамед е антибиотик со широк спектар на дејство ,па поради тоа може да предизвика нарушување на нормалната микрофлора која ја има во вагината а и во целиот дигестивен систем,па затооа е потребно додека се прима да се пие Б-комлекс,а многу сигурно би ти препорачала и истовремено да ставаш вагиналети Канестен 3 дена,поради развој на Candida Albicans koja e инаку нормален жител во микрофлората на вагината и која што поради нарушување кое во најголем број случаи го предизвикува Сумамедот може да се зголеми нејзината концентрација и да се појави чешање,печење и белузлав исцедок.
    Заатоа ставај Канестен,верувај и гинекологот прашај го,нема да ти штети.
     
  18. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    628
    Пол:
    Женски
    Фала многу за советите, јас секако ќе си земам вагиналети, бидејќи почнав да осеќам чешање и бело прање, а на тестот пред да пијам антибиотик немав кандида.
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.107
    Допаѓања:
    106.026
    Пол:
    Женски

    Не мораш, доволно е Б-комплекс. Можеби и веќе внесуваш со мултивитаминските таблети (ако веќе ги пиеш во бременоста). Мислам дека џабе ќе ги ставаш вагиналетите или кремот. Не мора да значи дека ќе добиеш кандидијаза поради тоа што пиеш антибиотици. Јас на пример, никогаш досега (да не се урочам, пу пу), не сум добила кандидијаза кога сум пиела антибиотици, без разлика колку долго сум ги примала.
    Едит: штом чувствуваш чешање, тогаш земи си вагиналети. Не се штетни во бременоста. Кандидијазата секако е многу честа кај бремени жени, без разлика дали земале антибиотици или не.


    Па кога ќе се провериш повторно, ќе знаеш сигурно дали имаш или немаш покачен број на тромбоцити, и веројатно ќе се бара причината за тоа. Ако не е многу зголемен бројот, не е ништо страшно. Кога ќе се открие причината, соодветно ќе се лекува, ако има потреба ;)



    Можеби ти е од анксиозноста. Ако си под терапија, да не ти се тоа некои нуспојави од лековите? Не сум баш информирана за нив, ама можеби ти е од терапијата.




    За првото прашање - веројатно се работи за некое фиброаденомче кое се зголемува или намалува соодветно со промените во циклусот. Обично не ги чепкаат тие фиброаденоми, само се следи ситуацијата. А за второто - па веројатно ти е како последица од бременоста и вишокот на килограми. Пробај на некој начин да ги намалиш килограмите (најубаво да си се ставиш на режим на исхрана - да јадеш се', ама по малку и почесто во денот). Многу е веројатно тоа да се изгуби со намалувањето на тежината.
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    1.143
    Ајде и јас да ве прашам нешто, зашто арапиве ме извадија од памет. Имам дома мачка и сега ме тера гинекологот да правам токсоплазмоза. Дали некоја од вас правела?