Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    И мене ова прво ми падна на ум кога и го прочитав проблемот. Лично по мене си знам, бидејќи имав проблеми со крвта и ми се случуваше по 6 месеци да пијам ферум лек, т.е. да џвакам :) Ама потоа размислив дека чим докторката и рекла така, ваљда не и е многу ниско.
    Иморена, ајде пиши која вредност ти ја покажаа резултатите?
     
  2. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    3.456
    Пол:
    Женски
    Во летото пиев feroglobin и имаше одлични резултати. Од 6,5 после една терапија се зголеми на 22,3.
    По препорака на докторката престанав да ги земам. Потоа не направив контрола и сега (пред еден месец), HGB-то изнесува 110 (110 - 165). Единствена причина поради која докторката мислеше дека е најдобро по природен пат да го зголемам железото е тоа дека сум на почеток на бременост. Оваа вредност била очекувана, но во подоцните месеци. Сега сум на контола, па ако нема подобрување, сигурно ќе ми препиши нешто. Фала Annath и Zlatusko за рецептите.
     
  3. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Иморена, железото во организмот нормално не треба да има големи варијации и не се губи лесно од организмот. Стар еритроцит (крвна клетка) умира, се разградува, а железото од него се имплементира во нови еритроцити кои се создаваат во коскената срцевина. Тоа е еден затворен круг кој се одвива цел живот. Според ова железото треба да има константни вредности. Сепак тоа се губи со крварење, било од мали секојдневни повреди, менструален циклус кај жените, па се до тешки трауми. Со храната внесуваме железо па малите повреди,и циклусот не треба да предизвикуваат анемија. Причини за анемија има многу, од недоволен внес на железо со храна, неможност да се апсорбира железото во организмот, проблеми со влезот на железото во еритроцитот и многу други. Значи секоја анемија не е иста. Во твојот случај поради тоа што веќе си примала орално железо, и си имала позитивни тераписки резултати, значи апсорпцијата на железото е добра, проблемот е на друго место. Поради тоа што си во почеток на бременост, мој совет е да се советуваш со хематолог, затоа што треба да се одреди точната причина за твојата анемија, и да се даде целна терапија исклучиво за твојот вид на анемија. Семето од коприва помага за феродефицитна анемија, но мора во твојот случај да се открие зошто ти и од каде губиш железо. Ти со семето или со фероглобинот даваш само симптоматска терапија, а не ја лечиш вистинската причина за твојата анемија.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Благодарност до Анатх и Златушко за советите и одвоеното време. Ќе си ги запишам таблетките за да си знам што треба против болови... едните и докторот ми ги даде. Од моментот кога се обратив тука го најдов и братучедот достапен па истиот за кратко време ми донесе доктор на работа и се докажа дека зглобот е изместен и од тоа е тој силен бол и оток. Но со негов метод истиот брзо беше вратен на место, боловите се намалија, подоцна и отокот поспадна. Ми велат далеку било од срцето и после интервенцијата сум можела на трки да се пријавам :) а јас од бол неможев ни да проговорам , но тоа е мојот братучед. Истите совети ги добив , ладни облоги и одмор , а од страна на зглобот добив некоја инекција и сега за сега сум добро нема бол , се надевам и утре нема да го има .Само на местото е модро но ке помине .Поздрав и уште еднаш ви благодарам.
     
    На Annath и Zlatusko им се допаѓа ова.
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    знам дека до сега го има одговорено прашањево, ама неможам да го најдам.

    Ми се појави топче под пазувите и ме боли на допир. Исто така имам уште едно кое е полно со гној. Што да им правам за да поминат? :worried:
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Тоа ти е од депилацијата или бричењето, сеедно кој метод го применуваш. Некогаш може да биде реакција на антиперспирантите. Обично се дава антибиотик за да се смири воспалението. Ама ако се повторува, мислам дека се отстранува оперативно. Можеш да пиеш некој антибиотик (ампицилин, цефалексин), ама да одиш за секој случај на лекар. Штом боли, има оток и е црвено, обично е инфекција на некоја од порите на влакната - може и поткожно влакно да е. Ако не боли, повеќе асоцира на грутче од масно ткиво.
     
  7. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    потна жлезда

    здраво,веќе некое време го имам овој проблем ми излага потна жлезда првиот пат бев во систина и ми дадоја некои таблетки и kako водичка,ми рекоја дека е од бриање и со жилетот сум одела правец од доле нагоре а така не требало но јас никогаш не сум правела така секогаш од горе надолу, и ми помогна но сега пак ми се појави ми рекоја ако се појави пак мора хирушки зафат ,па дали некој знае нешто во врска со ова или некоа тревка нешто природно кое би можело да ми помогне се плашам хелппп ;( ;( ;(
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    потна жлезда

    Не се плаши, не е ништо страшно, многу девојки го имаат истиот проблем.Замоли пак да пиеш апчиња ако не е проблем, па ако се појави пак оди на хируршки зафат.Побарај и по темиве има за тоа, ќе видиш дека не е страшно.
     
  9. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Ај трудни женички помагајте. 9 недела сум на крај и некако осеќам повремени болки во јајниците. Дали и вие осеќате или да одам на доктор. Од овие овде докториве глава ме боли.
     
  10. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Јас ги имав тие болки, особено во левата страна. А одговорот на докторот беше: бебето ти е сместено на лева страна , затоа повеќе болка имаш таму.
    Така да според мене, ништо страшно. Мене понекогаш и ме штрекнувап одеднаш некоја јака болка, онака секундарна. Сепак ти плус имаш една бременост поминато, најверијатно знаеш како е.
     
    На nesa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kejsi

    kejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    36
    леле драги феминки,оваа ноќ ми беше пеколна...на што ли не си помислив.
    синоќа пред легнување одам до вц и на гакичките видов неколку капки крв,ама онака кафеава. прочитав нешто дека можно е дека ми е поради овулацијата (последен пат ми дојде на 02.02-значи овој месец) а вчера бевме 17.
    изутринава само капка и толку.Ај ве молам да ми каже некоја сто мисли ,бидејќи ова прв пат ми се случува и навистина сум растревожена . ;(
     
  12. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Па можно е и да си бремена, но за секој случај земи си тест да си за сигурно, ако е негативен тогаш посети си гинеколог да видиш во што е работата :)
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски

    Ако си немала ризичен сексуален однос, немаш гајле, тогаш дефинитивно е од овулацијата (прскањето на фоликулот), бидејќи токму си во период на овулација, ако последно си добила на 02.02. А ако продолжи, или пак се повтори повеќе пати во текот на овој месец, оди на гинеколог.
     
    На kejsi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Докторката ми кажа дека сум настинала, завчера ме слушаше и заклучи дека на плуќа немам ништо.
    Јас кивам како луда, до вчера имав болки во грлото денеска веќе ги немам. Кога бев на преглед не кашлав, а од вчера почнав суво да поткашлувам. Исцедокот во носот беше до завчера бистар, а денеска е по густ. Ми е страв да не почнало да се спушта надоле. Синојка кренав темепретура и еве денеска цел ден ми варира од 37 до 37 со 5-6.
    Не знам дали да пијам парацитамол за оваа температура или пак да оставам организмот да се бори сам.
    Што да правам за температурава?
     
  15. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Само кај нас даваат лекови за снижување на температура до 38 степени. Според мене нема потреба, тоа е одбранбена реакција на организмот. Сепак ако почни да се крева температурата над 38 да земиш антипиретик. Според почетните симптоми кивавица и ринитис (течење на нос) најверојатно се работи за вирус, но најчесто на вирусните заболувања може да се надоврзи и бактериска инфекција. Ако се влошат симптомите посебно температурата, оди до на лекар да се направи крвна слика, да се одреди дали е бактерија или вирус. Не земај антибиотик на своја рака пред крвната слика.
     
    На bitter-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.560
    Допаѓања:
    42.962
    Пол:
    Женски
    Пред некое време домалиот прст на раката ми отече кај зглобот и почна да ме чеша и боли,веќе некое време е така и имам оток,мислев дека е од премрзнато бидејки на такво личеше,денес истото ми се случи и со малиот прст и со показалецот на десната рака :worried: сигурна сум дека не сум ги повредила а ме болат и ми се отечени.Истото ми се случува и со глуждот на денсната нога,ме боли и ми отечен,ама не болка како убиено туку како коската внатре даме боли.Незнам од што може да е,мала сум за некои недај боже болести на коските и зглобовите :worried: Знае некој да ми даде дијагноза :)
     
  17. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Прво дали ти поцрвенуваат, побледуваат или помодруваат рацете на ладно? Второ дали си била настината или болна минатиов период? И дали ова прв пат ти се јавува, или предходно си забележала отоци било каде на телото?
     
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.560
    Допаѓања:
    42.962
    Пол:
    Женски
    Па ми црвенеат најчесто а нозете ми се постојано студени и малите прсти ми се секогаш модри,а да ова е прв пат што ми се појавува вакво нешто,не сум забележала отоци порано.А не сум била болна скоро.
     
  19. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Дијагноза дефинитивна не можам да дадам вака, значи од ова што го кажа доааѓат многу работи во предвид. Би ти советувала да испиташ антистрептолизински титар и реума фактор во крв. Лошо третирана стрептококна инфекција, го покачува титарот на антистрептолизински антитела, кои ги напаѓаат зглобовите и прават отоци и болки. Реума фактор е показател на реуматидно заболување.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Конечно ја најдов темава :o
    Последниот пост што го пишав ме натера сериозно да се замислам, а не да ја занемарувам вчерашната случка.
    Спиејќи, т.е се разбудив од спиење (чувство како да сонував некој кошмар) и така поспана незнаејќи што ми се случува осетив дека телото ми се тресе, сега не се сеќавам точно кој дел, ама знам дека ми трепереше. Чудно ми беше, се уплашив, си помислив да не сонувам или ми се присторува или да не е земјотрес случајно ама не видов никакви знаци на тресење на други предмети.
    Не разбудив никого, само погледнав во часот и поминало само 1 час од ко сум заспала и се разбудив во таква состојба и вистина многу се исплашив.
    Сабајлето ко станав се чувствував многу изморено и додека се облекував за на училиште 2 пати изгубив рамнотежа, после тоа се чувствував солидно.
    Ме фати сега некој страв, да не ми се случува нешто сериозно, а јас не знам, да не ми е слаба крвта (а до сега сум немала слаба крв), да не е некоја скраја да е сериозна болест (на ова не сакам ни да помислам) , ама се си мислам дека ова е последица на замор и не знам дали да му обрнам внимание да го занемарам или правец на лекар?
    Сакав ако некој знае (или имал вакво искуство) или се разбира во ова да ми каже или објасни што е работата и што ми се случувало?
    Благодарам однапред.