Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.704
    Допаѓања:
    11.228
    Пол:
    Женски
    Дечки, дали ви се случува да имате како пецкаво чувство на јазикот, па некогаш и на непцата?
    Дури ми оди до грлото, како истрзан јазик, грепкаво чувство, помешано со малку горко, како после јадење кива, прополис, итн. Некогаш колку повеќе мислам, толку повеќе чувствувам, некогаш заборавам. Некогаш ако се изнервирам ми се интензивира. Можно ли е да е на нервна база? Или од доење, од хормоните?
    Некое време ми е вака, ми поминува и пак ми се јавува. Имам/в и напнат период со децава и шо знам, можно е и тоа. Само што ми се заврте страв да не имам хеликобактер, правев вчера црп ми беше 6,2 а до 6 треба а леукоцити ми се 8 еритроцити 4, 3 мислам беше и хемоглобин 133. Неутрофили такви работи се во нормала.
    Е сега дека пецкањево во устава си стои и го мислам, дури си викам накај желудник ми оди, а инаку минатиот четврток јадев 3 парчиња мортадела леле со сласт ги изедов. Шо ме тераше ѓавол. Поручекта ме швркна глава како од замор, и после ми дојде гадно чувство и повратив двапати. И оттогаш ми е да не имам некоја бактерија, што мислите по црп-то? @Annath ?
    Јас и така си внимавам на исхрана, на газирано, инаку немав такви гадења, столицата ми е во ред, ама после мортаделата си викам да не си го зезнав желудникот. И дури од мисла, чувствувам трепет во желудник кој ми губи апетит и си викам ете нешто има, и така во круг.
     
    Последна измена: 26 јули 2023
    На Чанта му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    587
    Пол:
    Женски
    Ако добро се сеќавам чинам од охрид си ? Овде има стомачен ненормално многу зафати , најверојатно од тоа си повратила. И јас имав стомачен ете горе пишав исто поврсќање па потоа желудникот ме стегна. Инску за пецкањето дали имаш лезии нс јазикот или на непцата ? Јас со истото се мачам веќе две и пол години, исто на стрес ми се активира најмн. Кај не бев на крај во систина ми кажаа дека такви лезии дава и хелико бактери , направив тест и преку крв и преку фецес ми испадна позитивни резултстите ама неможев да се лечам затоа што бев бремена а и потоа долго доев (уште сум на еден подој) и остана така. Вчера на доктор бев ми даде упут повторно да проверам…
     
  3. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.704
    Допаѓања:
    11.228
    Пол:
    Женски
    Какви се тие лезии? Оние како пукнатини?
    Вака рамен ми е, розов.
    А други какви симптоми имаш, на крвна слика што се покажува? Црп, леукоцити?
     
  4. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    587
    Пол:
    Женски
    Се ми е во ред. Незнам дали хелико покажува на црп. Можеби само ако е активиран. Инаку јас имам лезии како кругчиња или како линии и баш тие ме пецкаат. Некои доктори ми рекоја кандида а ваму ми рекоја за хеликобактери. Правев 4 пати брисеви за кандида и во охрид и во струга негативни ми испаднаа… утре ќе одам да носам примерок од фецес пак да проверсм за хелико…
     
  5. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.704
    Допаѓања:
    11.228
    Пол:
    Женски
    Е па сподели резултат.
    А само не ми кажа дали имаш други стомачни тегоби настрана од вирусот сега?
    Јас имам маалку како жолтеникава наслага, можда треба да го четкам и јазикот, не му посветувам внимание. И жабурксње исто.
    А папиливе треба да се видливи така? Имам неколку си ги забележувам. Јас пецкање кај папиливе имам.
     
  6. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    587
    Пол:
    Женски
    И јас имам видливи папили , и баш се прсшував дали треба да се видливи. Можеш и со лажица од коренот према врвот да го поминуваш со мал притисок. Резултат истиот ден има, утре ќе одам се надевам ќе имам столица сабајлечка. Инаку имам поджригнување и два дена после повраќањето ме болеше мн желудников исто денес фецесот ми беше жолтеникав како окер боја тоа мн ме уплаши.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.590
    Допаѓања:
    201.832
    Пол:
    Женски
    Малце да се опуштиш. Ако немаш промени на јазикот, на нервна база ти е. Магнезиум и б6 во комбинација да пиеш некое време, да те олабави малку. И помалку мислење, повеќе уживање со децата и мажот.
     
  8. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.704
    Допаѓања:
    11.228
    Пол:
    Женски
    Папиливе назад треба да се видливи? Мождс не правам добра хигиена на јазиков.
    Земам прополис во капки за бебиња, бидејќи дојам.
    Инаку негде читав дека пецкање во уста може да даде и недостаток на витамин Д.
    Иако сум од Охрид, слабо на плажа одам. :wasntme:
     
  9. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    587
    Пол:
    Женски
    Земав резултати од брис ,позитивен ми е на хелико.
     
  10. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.704
    Допаѓања:
    11.228
    Пол:
    Женски
    Уф, и како си? Шо ти рекоа?
     
  11. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    587
    Пол:
    Женски
    Добра сум , од симптоми имам подждригнување,во устата како да ми гори, и мала подуеност кај желудникот. Јас си ја имам бактеријава веќе долго ама сега со стомачниот изгледа ка иритирав или можеби од бактеријата повраќав незнам стварно, ама ако беше од бактеријата немаше да кренам температура,што знам…. Плус преголем стрес имав и нервоза и баш после тоа ептен ми се влоши желудников. Касно беше за да одам кај мојата матична утре ќе одам за терапија да ми препише.
     
  12. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.704
    Допаѓања:
    11.228
    Пол:
    Женски
    Изметот каков ти е по боја и текстура? Апетит имаш?
    Додуша на топлото кој има апетит
     
  13. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.164
    Со месеци ми стои отечена лимфна жлезда на десната страна на вратот.
    На периоди се појавува и пак ја снемува. И при најмали промени се појавува. Настинка, грло или болка во заб.
    Чаре за ова? Се сомневам и на најлошо но фала му на бога не расте жлездата.
    Дали на крвна слика би покажало ако имам посериозен проблем? Не знам што да правам, совет некој?
     
  14. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.450
    Допаѓања:
    38.498
    Пол:
    Женски
    Ехо и крвна слика се прави обично.
    Бавно се повлекуваат жлездите.
     
  15. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.340
    Допаѓања:
    8.796
    Пол:
    Женски
    Имам како некоја тапа болка од десната страна како јајник, како слепо црево не знам... бев и на ехо се беше добро, освен што сум во овулација и имало фоликули за прскање, за ехо на абдомен нема ништо ме гледаше исто др доста темелно, крвна слика ми направија и таа е во ред исто, со се мокрача. Од вчера од кај 14ч почна да ме заболува вака, дали може толкава болка да има од овулација како што кажаа и др? Ми дадоа спасмек да се напијам иначе. @Annath ако може мислење, фала.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Јас го имав скроз истиот проблем, тапа десна, но константна болка кај десниот јајник. Цела се најдетално проверив и за слепо црево и кај гинеколог бев, ми рекоа дека единствено овулација останува да е.

    Но, не ми е од овулација, затоа што секогаш ме боли десната страна, а секој месец различен јајник овулира. Кај мене остана нерешен случајот и некогаш ми се враќа болката со денови, па минува. Веќе не го мислам пошто стварно детално се проверив.

    А инаку можно е да ја осеќаш овулацијата, многу жени ја осеќаат така.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.319
    Допаѓања:
    13.311
    Пол:
    Женски
    @Mumoftwo30 @Srckata28
    Не знам каква болка сте осеќале вие ама мене за период од околу 2 години знаеше обавезно на неколку месеци да ме фати таква некоја чудна болка која потсетува на воспалено слепо црево.
    Обично почнува сабајле како тапа болка која е издржлива и со текот на времето интензитетот се зголемуваше, притоа и повраќање ми се јавува секогаш и апетит 0 тој ден зашто ми се гади.
    Е последниот пат коа ме фати таа болка беше страшно. Обично имам висок праг на издржливост на болка ама ова беше јако многу, плус повраќање константно преку 20 пати во денот, што и да каснам одма го исфрлав дури ни вода не можев да задржам без да ми се згади.
    Па завршив на ургентно и не открија која е причината, нагаѓаа само ама и крвната слика ми беше крш, личеше на вироза ама викаа не е тоа . Ми ставија инфузија примив две дози плус антибиотик и некои суплементи па се смири но ми останува мистерија и мене што може да биде. Некако неочекувано доаѓа ама обавезно знам да ја разликува таа болка и знам дека тој ден ќе биде тежок.

    Да е овулација нема логика и повраќање да има и качени леукоцити, црп и не знам уште што беше ама беше ептен качено, а се осеќав цела недела ко воз да ме прегазил. А да и температура имав исто покачена. Не верувам да беше стомачен вирус, ептен чудно некако и на докторите им беше чудно, како тие симптоми ко за вирус, а вредностите од крвната слика сосема друго кажуваат, неспојиво им било. Интересното беше шо другпат коа ме фаќал ваков напад, обично сам од себе поминувал, другиот ден сум била ко нова, а тогаш катастрофа поминав, а буквално симптоми ко за воспалено слепо црево, а викаат не е ни тоа, ме гледаа и на ехо.
    Чудно и многу непријатно у секој случај.
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.590
    Допаѓања:
    201.832
    Пол:
    Женски
    Овулација е. И јас истото го осеќам во плодни денови, како да ми тежи надолу стомакот, особено десната страна.
     
  19. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.340
    Допаѓања:
    8.796
    Пол:
    Женски
    Бев и кај мојот гинеколог сабајле, веќе е завршена овулацијата, се е ок и гинеколошки, мислеше нешто со цревата па ми даде некој сируп на Д нешто беше, па сега еве и пролив имам а само еднаш се напив, стварно не знам што да правам дали да тргам на одмор вака, немам памет.
     
  20. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    73.369
    Пол:
    Женски
    Откако се породив и мене овулациите ми се многу, многу поболни. Мислев дека еден период имам нешто. Бев правев испитувања и се е чисто и во ред само од овулација ми е. Никогаш не сум пратела кога ми е овулација, сега обавезно пратам и точно секогаш тој период почнува да ме боли.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.