Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Angelaaa11

    Angelaaa11 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2023
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Здраво,веќе подолго време имам краткотрајни болки долу кај јајниците и карлицата,ќе ме заболи одеднаш неколку секунди и ќе ми пројде..А во последниве денови забележувам кога ќе се избришам со тоалетна хартија на тоалетната имам како крв многу малце...Исто така и менструацијата последниве 3 месеци ми се намали на околу 3 дена,а пред тоа ми траела околу 6 7 дена..Многу ми е страв да не ми е нешто лошо
     
    На Boyana9 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.807
    Допаѓања:
    202.813
    Пол:
    Женски
    Закажи си на гинеколог. Тука никој не може да ти каже што ти е, без разлика дали е лошо или не.
     
  3. Angelaaa11

    Angelaaa11 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2023
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Дали е можно недајбоже да имам рак? Многу значи премногу ми е страв периодов сварно ми е многу стресен
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.807
    Допаѓања:
    202.813
    Пол:
    Женски
    Тоа не знам. Можеби имаш цисти, можеби е нешто друго. Преглед на гинеколог и потребни испитувања ќе ти кажат што ти е. Колку повеќе одложуваш, толку полошо за себе си правиш.
     
  5. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    7.684
    Пол:
    Женски
    Види апсолутно нема како на форум да ти кажеме дијагноза. Затоа што болките, нерегуларности во крварење. Можеби имаш миом, ендометриоза, цисти, дали си бремена? Има ли мал милион работи. Не е само канцерот дијагноза иако сите се плашиме од него. Најдобро секоја жена што има нерегуларности во циклусот, болки, некој симптом да си посети доктор. Бидејќи нема играње со здравјето. Не верувам дека имаш искрено канцер, малку да те смирам, ама иди на Др
     
  6. Angelaaa11

    Angelaaa11 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2023
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Не сим бремена сигурно затоа што сум немала до сега никогаш односи,инаку до сега секогаш ми е редовен циклусот никогаш не ми доцни ниту ми доаѓа рано,затоа тоа ме буни...
     
  7. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    7.684
    Пол:
    Женски
    Види вака без ехо, без преглед нема шанса никој да ти каже. Оди на доктор, да види на ехо и плус ако треба некоја лабораторија. Не се погребувај одма со дијагноза канцер од Гугл.
    Патем ако ти е стресен периодов може да се случат промени во циклусот. И тоа што на хартија си видела крв, можеби си во овулација. Пак ова е само заклучок според пишаното
     
  8. natashaaz.09

    natashaaz.09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2023
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Здраво едно прашање, се работи за мајка ми 49 год има, веќе 5-6 месеци се жали на болка во едната града. Нема мислам никакви симптоми (фала му на Господ) кои што укажуваат на нешто лошо, а сега приметуваме дека има како оток под пазувата, не е како топче, него само местото и потврдо како отечено. И левата рака и доаѓа како поотечена од десната. На лева страна и е болката. Некој да е подобро запознаен, да сподели искуство? А пред 3 месеци да напоменам лошо падна баш на градата.
     
  9. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    8.179
    Пол:
    Женски
    Мајка ти треба да појди на лекар без одлагање. Паднала пред 3 месеци, а болките велиш ги има 5-6 месеци, значи не се последица на падот.
     
    На fana и natashaaz.09 им се допаѓа ова.
  10. little women

    little women Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2023
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Ova mi izgleda kako da ima nekoja cista taka na majka mi i bese pravese snimanja ispituvanja.. neka odi da ja snima gradata najdobro ke znae.
     
    На natashaaz.09 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.161
    Допаѓања:
    11.967
    Пол:
    Женски
    Што може да се мачка за алергија од сонце? На 2,3 места ми се појави прв пат, чеша многу, секако не се чешам, се напив лоратадин, се туширам со млака вода, од вчера ми е, денес не ми текна пак по сонцето излегнав ми се воспали повеќе :doh:
     
  12. Космонаут

    Космонаут Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2023
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Алое вера, адвантан крема (ако не ја даваат без рецепт, во аптека сигурно ќе ти препорачаат друга крема за алергија)
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Здраво, во последно време мислам дека ќе полудам, постојано мислам дека сум болна и дека ми е нешто, сакам да одам да проверам некои работи ама ако ме прашаат што ме боли јас не знам ни дали нешто ме боли, понекогаш мислам дека умислувам или не знам, би ме гледале како некоја луда, многу ми е тешко плачам навечер, не знам како да си помогнам или некоја промена некаде нешто ако видам одма мислам дека ми е нешто и си правам 300 филмови во глава, до сега на никој немам кажано ама не можам вака да живеам, некој со слично искуство?
     
  14. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.689
    Допаѓања:
    7.511
    Пол:
    Женски
    Ти само земи си упат за лабараторија,испитај крвна слика,и си завршила работа
     
  15. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    2.569
    Пол:
    Женски
    Како се справувате со главоболки, дали пиете апче одма или трпите да помине за да не пиете толку често апчиња, можеби се одмарате, што ви помага?
    На пример месецов иако поминаа само 21 ден од него, 3 пати веќе имав главоболка и испив 3 аналгин апчиња. Се нервирам некако, ми личи пречесто, а не сакам да пијам толку апчиња, се плашам во иднина телово да не почне да не ми реагира на аналгин од толку испиен аналгин до сега.

    Не можам да трпам многу болка, а и некогаш кога сум имала обиди да трпам главоболка без апче, после обично траела болката 2-3 дена и потоа за да помине сум пиела 2-3 апчиња зошто едно не помагало за таква пулсирачка главоболка, само постепено ја намалувало. Ако се напијам во почеток кога одма ќе ме фати главоболката, брзо и ми поминува, како денеска.

    Главоболки имам најчесто од умор, неспиење или стрес. Конкретно месецов еден ден беше од умор од патување плус неспиење, друг ден од топло на плажа (тој ден беше 40+, другите денови од одморот беше понормално времето и ми беше добро), денес исто што излегов на топло и бев само 3 часа спиена и не доручкувана. Кога осетив главоболка околу вратот и задниот дел од главата, веднаш испив аналгин, се одморив малку и сега сум во ред. Ако не испиев апче, до среда немаше да се оправам. Не знам дали ми се покачува притисокот или што се случува за главоболките, млада сум, но се е можно. Вака друг проблем немам и само од овие причини ми се случуваат главоболки имам забележано.

    Само ме нервира делот со пиењето апчиња, почнав да водам евиденција за да знам отприлика колку често ми се случува и што ми ги тригернува главоболките.
    Додека па има периоди кога сум немала проблем, јули немав ниеднаш главоболка зошто убаво спиев, слободна бев кога беше најтоплиот бран, си седев под клима дома, немав стресни денови, се беше добро со мене. Затоа месецов обратна ситуација. :drunk:
     
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.775
    Допаѓања:
    40.575
    Пол:
    Женски
    Немој да пиеш аналгин, кафетин или ибупрофен земи.
    Инаку 3 апчиња за 21 ден воопшто не е многу, плус што си ги знаеш причините и можеш да ги превенираш главоболките.
     
    На fana и marsilia им се допаѓа ова.
  17. Јова

    Јова Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    Здраво од вчера по ручекот ептен ми се поду стомакот,и имав страшен нагон на повраќање, меѓутоа не повратив ниту еднаш. Сето тоа ми беше проследено со гасови и еднаш имав дијареа,испив пролифе и кока кола малку ми се потсмири стомакот. Ноќеска и сабајлево многу сум омалаксана ептен значи и од време на време по некој слаб нагон за повраќање. Некој да сподели искуство што може да биде ? Секако ќе заминам и на лекар ама би сакала да слушнам дали на некој истово му се случило? И немам апетит воопшто....
     
    На попкек му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.161
    Допаѓања:
    11.967
    Пол:
    Женски
    Стомачен вирус, полно е периодот ☹️
     
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.990
    Допаѓања:
    117.233
    Пол:
    Женски
    Зошто не аналогин, а да за кафетин :) ?
     
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.775
    Допаѓања:
    40.575
    Пол:
    Женски
    Има мислења дека е поштетен, плус е забранет во некои земји.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.