Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    лјубам колку е исправен спрејот и до кога е со рок на траење,можно е блага настин ка да ти ја влошува астмата,провери го спрејот и ти препорачувам лекар,очигледно тој не ти делува
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Љубам, мене така ми е кога ќе испушам многу цигари. Ме болат градите и неможам лесно да се искашлам. А кога кашлам, тоа е сува кашлица. Пијам чај од шипка, многу топол и ми помага. :)
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Пушач ли си? :^)
    Исто така можно е и да си настинала, напиј се чај... Ако потрае, оди на лекар.
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Meggy

    Meggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    387
    1. Не знам зошто веќе неколку дена со ред ми е низок притисокот, ми се спие, главата ме боли, ми се лоши по малку, не можам да учам вака.. |-) До сега не ми се случувало да ми паѓа. Со кафето само привремено се крева и потоа пак исто. Некој совет?

    2. Ми се искривуваат прстите на рацете. :worried: Постепено се случува не е наеднаш, пред 2-3 години тога го забележав само на показалецот на десната рака, сега гледам од пред неколку месеци на сите прсти. Не знам како убаво да објаснам, кога ми е опуштена дланката не се криви, ама кога ќе ги истегнам прстите доаѓа вака некако
     

    Прикачени фајлови:

  5. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Незнам дали може на некој друг тоа да му се случи, ама мене знаат да ми се случат вакви глупости. Значи средниот прст од левата рака ме боли, ми отече и вкочанет е. Неможам ни да го движам ни да го свиткам, ме боли со секој потег. Брат ми ми вика сум се удрила, ама сабалје ништо не ми беше одеднаш почна да ме боли, немам работено ништо а и немам почувствувано да не не сум го треснала негде. Имам стварно силни болки, се масирав ама мислам дека дур повеќе почна да ме боли. Инаку средните прсти ми се криви и на двете раце закосени се како кривата кула во Пиза, закривени накај малите прсти, ама досега не сум имала ваков проблем. Вака некако се ама незнам дали е од тоа (и повеќе од на сликава)
    [​IMG]
    Некое чаре? :( До четврток нема теоретски шанси да отидам на лекар (нема да бидам дома имам неодложни обврски).
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    1. Може да ти е така од промената на времето ... Од -20 на + 12-13 и повеќе е екстремна промена.

    2. Кај реуматични прсти се случува искривување обично ... А ваков случај како кај тебе сум приметила кај др помлади, која е причината не знам. Тоа треба да се види на доктор
     
    На Meggy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.032
    Допаѓања:
    11.810
    Пол:
    Женски

    Колку време трае ова? А во рамената можеш да ги движиш рацете? Лактите можеш целосно да ги отвориш или не? Колената? Имаш болки при движње на вратот? Насабајле имаш вкочанетост на дланките, и ако имаш колку трае? Дај ни повеќе информации.
    Инаку вака ова мене ова ми личи на почеток на реума.
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Не не сум.. никогаш не сум пушела само два три пати имам запалено за фотографија. Меѓутоа немам секрет ништо само длабоко кашлање еве и денес болки ви грбот..ама толку ми е интензивно и досадно.. пијам чаеви.. ама нешто слаба реакција..

    Спрејот е топ не му е поминат рок, го земав пред да дојдам овде а тука сум неполни два месеци.. ништо ќе пробам со чаеви и мед, ако не ќе одам на доктор да видам да не е некое влошување на астмава.
     
  9. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Ова ми се случи пред 4-5 саати ми отече прстот и почна да ме боли и тоа мноооогу. Со лакти, колена,врат сега немам проблеми моментално. Но понекогаш знае на минута две да ми се укочи лактот но поминува, а додека со вратот 2-3 пати во годината исто ми прави проблеми ми се укочува. Прстите ми се добри освен средните и од двете раце што ми се накривени во правец кон малите прстиња. Но ова што ми се криви не е од сега од кога знам за себе ми е така. И така на 24 години со здравјето сум хаос уште реума ми фали :tmi: . Незнам прстот ептен ме боли, а што е најлошо јас сум левучар а од понеделник до среда ќе треба да пишувам и тоа бааѓи (на некои предавања сум). Што да го мачкам, дали да го врзам, се нервирам ми иде со чук да го треснам |(
     
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Љубам можи да е ако си ги пренапрегала мускулите на грбот,да ти бил изложен на ладно грбот и рамената,или да си била во иста поза подолго време,стрес.Можно е да се воспалиле мускулчињата па да ти предизвикуваат такви болки.Или па исто и нервчињата таму се засегаат ако се на ладно подолго.Друга варијанта е ако си била настината,па сега сеуште ако има остаток од процесот,можно е да има болки.Можиш да пробаш ибупрофен (бруфен),нурофен,диклофенак,диклак да се напиеш,малце раздвижување и вежби,масажа,да не креваш многу тешко,повеќе калциум и магнезиум,а и течности.А можно е и од душекот на кој спиеш,ако си спиела во неудобна поза,па да си ги напрегнала мускулите.Барем јас така мислам,незнам дали имаш нешто од овие...И ако продолжи така, да трае поќе и се засилува,убаво ќе е на лекар да одиш да те прегледаат.

    А Ана банана ти можиш засега мраз да ставиш на прстот,можи ќе се повлечи малце отокот,а и ако те боли многу аналгинче.И ко ќе можиш подобро да одиш на лекар,да не го имаш скршено некако,подобро да ти го видат убаво.
     
    На ljubam и ana-banana им се допаѓа ова.
  11. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Вчера возев ролерки и се залепив за замјава :lol: Паднав на левава рака, колената и на лицето :lol: Лицето ми е лом се повредив само на левата страна ама од клизањето имам 4 поголеми и пошироки гребаници :lol: На колената ништо не им е, имаат претрпено и полошо, ама зглобот на левата рака многу ме боли :( Неможам ништо да кренам (ни чаша, ни чинија, ништо :( )
    Знае ли некој како побрзо да ми поминат гребаниците (кои сега почнаа да добиваат црна боја) зошто не планирам да се мрднам од дома додека сум ваква :lol: И за раката некој лек, мислевме да одиме на доктор, но не ме боли толку многу, само не можам да кревам потешки работи и да стегам слино :(
    Чаре? :tmi:
     
  12. LuDaChA22

    LuDaChA22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    29
    Имам проблем со видот. Во школо седам во 2ра клупа и ништо не гледам Вака ми е од септември-октомври. Да одам на лекар? И кажав на мајка ми, она вика ќе идеме, ќе идеме и ништо.
     
  13. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Мораш да одиш на очно. Кажи и на мајка ти што поскоро да отидете за да не ти се влоши видот.
    Сигурно заборавила чим не те однела до сега. Кажувај и секој ден ако треба!
     
  14. Meggy

    Meggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    387
    Не ти треба мајка ти не е ништо сложено, оди сама ако нема време. Земи си ја книшката и оди кај матичниот по упат, па на очно. Не го запоставувај видот, земи си побрзо очила да не стане полошо.
     
  15. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    За гребаниците прво исчисти ги и остави ги да зараснат,евентуално можиш да земиш некое кремче за рани,а за раката ако продолжи да те боли,подобро да одиш на ортопедија да ја видат и да пробаат да ја наместат.А ако има и оток,стави малце мраз и не ја движи многу.
     
  16. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Зимава, кога беше најладно, осеќав чешање на ножните прсти. Ми се случувало и други зими, само не до тој степен. Пред некое време ми се појавија две ранички на двата палци, мислам дека се последица на студот, само длабочки се до 1 мм отприлика и веќе недела и пол до две се тука, нема болка, нема чешање или крв, само ранички. Ги мачкам со маст. Страв ми е да не останат лузни Што велите, треба на лекар да одам или.. ќе помине само од себе? А можно е да има друг причинител за ова освен ладното време? Фала однапред :)
     
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Даммм,тоа би требало да е от габична инфекција,пошто се спарува ногата и се поти од топлото и им создава убави услови таму да си се сместат и да ти предизвикуваат непријатности.Мачкај се со крем,Клотримазол, Ламизил, Низорал, Кетоконазол (прашај во аптека што има од нив и кој е подобар) ама прво убаво да ги измиеш и исушиш и да ставиш чисти памучни чорапи. Ако не помини за 2-3 недели,ако се вцрвенува и разрани повеќе,подобро ќе е и да одиш на доктор. :)
     
    На E...V...I...L му/ѝ се допаѓа ова.
  18. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Јас ги мачкам со декотал, така ми рече една аптекарка. Иначе обрнувам внимание на хигиената, менување чорапи секој ден и тоа. Црвенило немам, чудно..
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Епа добро тогаш,почекај некое време,можеби ќе има ефект.Абе можи си водиш хигиена се,ама такви се тие,кога се поти ногата и е на топло почнуваат да напаѓаат.А добро е штом нема црвенило,пошто обично го има,ама изгледа влијае кремчето па ќе помини се,ама треба некое време :)
     
  20. Vikita

    Vikita Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    67
    Значи вака луѓе,порано по малку ме болеше нешто под ребрата ваљда слепото црево..мислам под десните ребра сега почна пак да ме боли и тоа се случува така на моменти..хелп :)