Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Kumanovkaa

    Kumanovkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2019
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    1.140
    Пол:
    Женски
    Дали рак на тестиси предизвикува стерилитет секогаш или само во некои случаи?
     
  2. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    Дали некој се соочи како мене секој месец настинат
    Ова ми е 5ти пат
    Све ме боли и многу кашлам
    Што пиете за кашлица и за имунитет?
     
  3. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.230
    Допаѓања:
    4.901
    Пол:
    Женски
    Јас, од Септември сум болна, цело време, правев пнеумослајд пред нова година излезе рсв и некој адено вирус комбинација, малце ме попушти па фатив грип, сите дома поминаа за неколку дена јас еве од нова година уште го влечкам, испив амоксиклав цела доза, поминаа 10 дена мене носот ми тече и кашлам во највеќе, ми рече запаление на синуси мора сумамед, преднол и кортико спреј за нос, дојам, не спијам убаво и неможам да оздравм од тоа ми се чини.Од природни лекови правев сок од ѓумбир лимони портокали куркума и бибер, све заедно блендирано па процедив низ цедалка и замрзнав во калапче за мраз, пиев од тоа како чај со мед ама ништо не ми помогна значително.
     
    На eliesaab и Kikiccc им се допаѓа ова.
  4. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.394
    Допаѓања:
    12.807
    Пол:
    Машки
    Зависи од неколку фактори: типот на карцином и стадиумот при негово откривање, дали е само на едниот или на двата тестиси и типот на терапија што се ќе се примени. Вообичаено, има нарушување во продукцијата на сперматозоиди, но не целосен прекин, сепак тука зависи и во кој стадиум е. Меѓутоа, доколку е афектиран само едниот тестис, другиот нормално произведува сперматозоиди и нема стерилитет. Дополнително, хемотерапијата го стопира процесот и во двата тестиси, но реверзибилно во најголем дел од случаите, па доколку успешно се излекува, сперматогенезата повторно отпочнува околу 1-2г по хемотерапијата. Доколку е потребно отстранување на еден, нема стерилитет, ако се отстранат двата нормално ќе има стерилитет.
    Цинк, Вит Д, Вит Ц, пробиотици за имунитет, доста течности и по потреба за висока температура/болки бруфен, парацетамол и сл. Кашлицата сува или влажна?
     
  5. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    Сува
    Фала ви
     
  6. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.394
    Допаѓања:
    12.807
    Пол:
    Машки
    За сува, сируп Omnitus.
     
    На Kikiccc му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Која е процедурата за промена на лични податоци во фонд, поради промена на презиме?
     
  8. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Јас од Август до Јануари секој месец бев болна, со гнојна ангина и температури а се штитев што е можно повеќе, џабе се. Пред месец дена почнав да пијам чај од диво оригано и капсули витамин Д по препорака на една другарка, и еве повеќе од месец не сум се разболила, а баш имаше минусни температури.
     
    На Kikiccc му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.965
    Како се справувате со потпареност околу вагината? Ова ми се случува веќе неколку месеци пред да добијам неколку дена и после тоа неколку дена... Влошки тестирав секакви, ништо не се промени. Крема бебешка за потпарено... скоро и да не ми делува. Станува збор за нееластична кожа, и ми се распукува џабе ставам по малку кантарион.. Решение некакво постои?
     
  10. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    765
    Да пробаш со белогент или белодент незнам која точно беше,јас лично немам искуство од блиска ова,ама сепак консултирај др.
     
  11. The.E.T.

    The.E.T. Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Машки
    Дали има уште некој возрасен со кашлица и шлајм? Ги примив сите вакцини возрасен сум ама мислам дека имам пертусис.
    Земав проспан,фликсоназе,мед,чај од ѓумбир ама не помагаат..
    Што користите за "влажна кашлица" ?
     
  12. демотивирана

    демотивирана Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2021
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Женски
    Здраво! Во октомври имав гнојна ангина и случајно на допир над клучната коска на десната страна напипав тврдо топче кое не боли и се мрда на допир како жила. Помислив дека е отечен лимфен јазол од ангината чекав и не се повлече,не се ни намли,ме фаќаше паника и бев на Доктор ме прегледа и со ехо не можеше да најде ништо првата докторка. Бидејќи не бев сигурна отидов на второ мислење и тамо докторот кажа дека не е ништо страшно и е вена, крвен сад…(малку ми е чудно) ама ок викам. Од Октомври до сега го следам ( дане кажам од пусти страв ама секој ден го допирам ) некогаш на допир имам чувство дека е зголемено некогаш дека е намалено. Дали некој имал слично искуство?
     
  13. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Здраво...
    Ќе Ве замолам за одговор, многу ми е страв додека да отидам на др
    Имав добиено предходната недела, меѓутоа последниве два дена имам крв, но малце само сабајле, што може да е? Нешто сериозно да не е?
     
  14. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.776
    Допаѓања:
    11.230
    Пол:
    Женски
    Aко си некаде 11,12.. ден од добиено, овулација е. Кај мене некогаш и на 10 ти ден е овулација. Ништо страшно ќе помине за ден, два.
     
    На Ta-mara му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Дали ако направам уринолултура ќе покаже ако има нешто? До сега не сум имала вакво нешто
     
  16. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.776
    Допаѓања:
    11.230
    Пол:
    Женски
    Појди на ехо да те видат, гинеколог ќе ти каже што понатаму, може циста пукнала, можеби хормони се поместени ако не е овулација.
    Кај мене во овулација се појавува вака.
     
  17. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Да, со тироидната имав проблеми во последно време, не знам дали од тоа е нешто, страв ми е и од ехо :(
     
  18. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.776
    Допаѓања:
    11.230
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно и болно не е, 5 минути работа. Колку си години?
     
  19. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    587
    Пол:
    Женски
    Има еден куп. Оди на матичен да види дали имаш некаков наод на плуќа. Јас пиев сумамед па панцеф сега. Кашлицата ми се намали но сеуште кашлам и е со шлајм. Ако е пертусис твоето мислам дека ниеден сируп не помага затоа што е сепак бактерија. Треба да пиеш антибиотик. Инску треба тест за тоа, не е само пертусис, врие од инфлуенца. Јас сум од Охрид и на заразно по 40 души неделно одат со кашлици .
     
    На The.E.T. му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Знам дека не е, ама страв ми е од што ќе ми речат :D
    Годините, немаат врска
    Инаку, во Чаир имаат ли ехо?има за таму најмногу слободни термини на мојтермин гледам и локациски најмногу ми одговара, матичен дава упат така? Не сум имала до сега проблеми со здравје и не знам ништо, што како оди
    Фала однапред
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.