Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Напиј се една чаша млеко, обично млекото ги мие цревата, и многу помага при пиењето на таблети.
     
    На dani.ella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Направи крвна слика, поточно шеќер нека ти испитаат чисто да се осигураш.
     
  3. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Девојки деновиве ми се јавува тахикардија и при тоа болки во градите, а и кога не ми чука забрзано срцето отежнато дишам. Поточно имав два пати јаки тахикардии во рок од три дена. Порано ми се случувало понекогаш да ми се забрза работата на срцето, но не толку силно. Имам и низок притисок вообичаено кога е вакво времето и знам дека тие две често одат заедно, но овој пат малце сум исплашена пред се поради отежнатото дишење и повремено пецкање во пределот кај срцевиот мускул. Мислите ли дека е сериозно, или сепак е поради нагливе промени на времето?
     
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Можно е,и јас денес цел ден не сум во ред баш,само ми се спие,ко уморена сум,а и се наспав и се...Кафе ако пиеш можно е и тоа да ти делува така,да ти предизвикува тахикардии.Со кафето додуша се крева притисокот,ама кај тебе не ти го препорачувам штом имаш тахикардија.Пиј повеќе вода и свеж сок од портокал на пример,повеќе овошје свежо,кога ќе почни тахикардијата полежи малце,одмарај повеќе,помалце нервози,можи и ќе ти помини. Сепак не е лошо ако продолжи така да одиш да те прегледаат,ако треба и едно Екг нека ти пуштат,макар што млада си ти за тие работи и притисокот се опоравува и без лекови.Ако треба тие ќе ти препишат.
    П.С. А крвта како ти е? Провери ја и неа сепак...
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Веке цела недела чувствувам постојана потреба да го крцкам левото раме. Значи имам чувство како да е откачено и постојано го крцкам за да го наместам. Инаку не чувствувам болка, само потреба да го движам и тоа крцка и језиво е. :) Знае ли некој што може да биде? :)
     
  6. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    На татко ми веќе подолго време на главата му се појавуваат мозолчиња, како чирчиња, поточно само во пределот каде што има коса. Беше на лекар, му препишаа еден лосион, но немаше ефект. Му зедоа брис, но нема ништо, никаква инфекција.
    Дали некој можеби имал ваков проблем, дали знае за што се работи или некој лек што може да помогне?
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Нека го смени шампонот и нека намали мрсна исхрана
     
  8. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    Кај мене е проблем тоа што левата рака има 4 години можеби и повеќе од како ми се затегнува ми се свиткува и неможам да е опуштам.. ми стои како бокс нон стоп Тоа ми се направи постепено.. бев пред 2год скопје на болница не открија ништоо.. :(
    Една ден во автобус одејќи за на училиште го удрив несвесно палецот мн ме болеше и ми се пушти (пред една година) исто така сега приметувам по малу и показалецот ми се пушта.., незнам дали и другите 3 прста ке ми се пуштат.. :| Многу се плашам и десната дан ми се укочит така .. приметувам и таа баш добро не ми е.... :worried: (Татко ми ми вика коа сакам да одиме на болница, но страв ми е дане ме прават операција) ;(
    Ве молам дадете некој совет.....
     
  9. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Не верувам да треба операција,можи да ве пуштат на невролог (да не си помислиш сега психијатар,друго е тоа :) )можеби се работи за некое нервно заболување (не само инфекциозно и воспалително,туку можи да е и некакво изместување на нервчињата во тој дел) или па можно е и на мускулите.Во секој случај и нервите што ги инервираат тој дел од мускулите.За тоа можи да ти препишат анти-инфламаторни средства(само зависи во каква форма), витамини Б (Б комплекс,Бедоксин), можиш да пробаш со нив,да си ги земаш,дали ќе има подобрување некакво барем,исто и магнезиум.А убаво е да одиш на преглед,ништо лошо,операции нема да кажат,обично се прави конзервативно лечење со лекови,не се плаши :) А убаво ќе те прегледаат и да им кажиш се што чувствуваш и какви промени има,од кога,се...
     
    На Macushkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Сега го прочитав ова за крвта, немам правено крвна слика околу 9-10 месеци, но претходниов период намалив килажа, така да може и малце да ми е ослабната, но почнав пак со витамини пред месец дена па ќе видиме. Мене проблем скоро од секогаш ми бил шеќерот, доста често се случува одеднаш да ми се симне, нормално пропратено и со низок притисок и несвестици. Од тогаш кога пишав не сум имала тахикардија, е сега се осеќам постојано преморено али добро, кој не се осеќа на вакво време. Но сепак ќе отидам да проверам крв, особено да видам шеќерот како ми е. Ти благодарам на одговорот!
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.493
    Допаѓања:
    251.249
    Девојки околу една недела до две имам течна столица, по 2-3 на ден одам во wc, штом се напијам вино или било каков алкохол, но и штом јадам било каква храна.
    Исто така имам тегоби во желудникот, ми се гади помалце и чат-пат пецкање, болки, а истотака имам болки и во левата страна на градите и раката.
    Претходно пиев антибиотици Зинат, и од тогаш не можам да се стабилизирам.
    Имам проблематичен желудник, ја имам и бактеријата Хелкобактери, се мислам да не е она покачена пак. Штознам, ама вака не се издржува, плус имам мака од што толку одам во wc, од толку често користење на тоалетна хартија ми се разрани делот кај аналниот отвор и дури и крв има. Да споменам столицата не е крвава, туку нормална. Е сега, знам дека треба да одам на доктор, ама треба да правам подетални испитувања, а тоа можам дури накај четврток, па да ве прашам дали знае некој што може да е во прашање.
    Желудникот или цревата? И дали е сериозно?
    Ако не, уште утре да одам на доктор.
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Штом ја имаш бактеријата веројатно таа се активирала. Зависи дали пазиш на исхрана и сл. Викаш алкохол. Со оваа бактерија не се препорачува. Исто не зачини и кафе, не луто и благо мислам на колачи, торти итн. И мораш на доктор. Ти знаеш која терапија си ја имала, треба пак да ја примаш. Мајка ми така ја имаше на дв апати и се повтори ама следеше терапија и сега за сега ок е.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.578
    Допаѓања:
    201.785
    Пол:
    Женски
    Диетите што ги држиш постојано ти го прават ова. Најдобро е да се држиш на режим на исхрана кој ти одговара, посебно затоа што ја имаш Хеликобактер. А тоа си нутриционист, или лекар консултирај се.
     
  14. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Имам под кожата на раката едно топче. Ми се направи вчера. Ве молам кажете ми што може да ми биде.. ваше мислење дали ви се направило..и сл..многу сум загрижена.. фала многу однапред.
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.493
    Допаѓања:
    251.249
    Ви благодарам на советите, денес бев на лекар, утре ќе одам на испитување.
    Ќе ја проверам крвната слика, степенот на бактеријата, на ехо и на екг, бидејќи спомнав дека понекогаш и левата страна од градите ме боли, плус ме стега понекогаш, но таму работата е посложена бидејќи рамото 2 пати ми е повредувано, еднаш при сообраќајна незгода, втор пат по пад, но едно екг за секој случај.
    Малку сум исплашена, паничар сум голем, посебно за екг-то.

    И во право сте, диетите ме уништија. И тоа за некој си 5-6 кг :x .
    За ќотек сум, знам. Ми се иде сама да земам да се тепам.
    Еве ви пример до каде може да оди човековата глупавост, односно опсесијата.
     
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Дечки... не сакам да пребарувам симптоми на Гугл, ќе ме збуни и загрижи, затоа овде се обраќам... На стомакот ми се појави една дамка која има малку потемна боја од мојот тен, кожата во тој дел е многу сува и чеша... прво само потемна, потоа почна да чеша а вчера се направи прилично голема (големина на јајце од прилика). Имате ли идеја што може ова да биде и кога да очекувам да помине?
    Порано имав алергија од облека која ми правеше вакви суви делови што чешаа ама не ми личи на тоа, затоа што тие беа мали и бели, ова е потемно. :worried:
     
  17. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Сепак да не е некоја алергија? Познавав особа која беше алергична на металните копчиња кои ги има на панталони, фармерки, сукњи..на местото каде што ја допираа (во близина на папокот) и се правеа црвени дамки кои чешаат. Мала е веројатноста да е вакво нешто, сепак не е исклучено..
    Ако се шири и не поминува, доктор неГугл да види :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Луѓе каде се проверуваат коските, за кој оддел ми треба упат? Знаете она содржина на коските и зглобовите, густина, минерали, калциум во коските, се тоа сакам да си испитам. :)
     
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски

    Батали Гугл, не барај, зошто може да се онесвестиш од тоа што ќе ти излезе.
    Мој совет е одма да одиш на дерматолог. Ама одма, уште денес ако можеш!
    Да не те плашам, ама еднаш и мене ми се појави таква флека и беше нешто од мачката, преносно, бидејќи ја пуштив надвор. Имаш маче, ако не се лажам, не ризикувај.
    Јас бев на терапија две недели поради тоа, така што не е за несериозно.

    Ако претходно си го имала ова, можеби не е страшно, туку алергијата се манифестира малку поинаку. Како и да е, стручен совет во ситацијава мора.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lady.com-mm

    lady.com-mm Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    5
    Веќе 3 години имам шари по моето тело,докторите тоа го нарекуваат габи пиев различни апчиња,различни масти користев и одев секаден каде што ми кажуваа...но и по 3 години јас сеуште тиа шари ги имам по моето тело кои ме чешат и ми се шират рацеве ми се нашараа неможам налето да се облечам фустан а не па ли да одам на плажа......во последно време запаѓам во депресии поради тоа ,сепак девојче сум не сакам да ги имам...А имам слушнато дека многу голем број девјчиња ги имаат но на поголем број му поминуваат,дали некој од вас се најдила во ваква ситуација? ве молам ако некој се најдил во ваква ситуација да ми каже што да правам секој совет и се др добро би ми дошло,затоа што почнувам да очајувам :(