Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Bella2_

    Bella2_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    254
    Здраво,
    Може ли да ми препорачате од некој што сте задоволни нутриционист што би помогнал околу стомак/ дигестија проблеми ве молам?
     
  2. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.255
    Допаѓања:
    1.885
    Пол:
    Машки
    Ништо страшно, проаѓа само.
    Мене ми се случува после долго пешачење.
     
  3. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.659
    Допаѓања:
    4.986
    Пол:
    Женски
    Ај и тука да прашам сте се инхалирале со дексазон во бременост? Морам заради кашлицава, гинеколог ми дозволи, матичнава не ми кажва за дозирање |( незнам дали цела ампула со физиолошки или чист треба?
     
  4. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    8.436
    Пол:
    Машки
    Направен преглед на очно од професорка, сето во ред. Направена компјутерска томографија на нервно, наодот е уреден, сето во ред, нема ништо, нити знаци на мозоч. удар, а тој и натаму нема јасен вид, двојно гледање. Дијагноза нема, и тие не знаат, само викаат сето е во ред. А татко ми и натаму нема подобрување, пак кај неврологот да оди со апчиња ова она нешто за нервите и завршетоците демек, ама не се сигурни, нема дијагноза. И сега.. само господ на помош.
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.176
    Допаѓања:
    189.057
    Денес случајно ми спомна колешка-по мозочен удар, двојно гледање и не можела да се движи право. И претходно нешто неповрзано зборела. Дури на рехабилитација или не разбрав што како и нашле/рекле дека удар имала. Исто недијагностицирана претходно.
    Ќе прашам деновиве како ја третирале потоа, знам дека после редовно апчиња пие, ваљда за разредување на крв.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.459
    Допаѓања:
    14.071
    Пол:
    Женски
    Ако се е во ред органски, вајда правилно ја прочитале снимката, освен на психичка база не знам што друго би можело да биде. Ама не се прави вака од ништо. :?: Не е воопшто наивен симптом ова. Па и колку го отежнува секојдневието можам да замислам. :(

    Ова на очно целосен преглед е направен така? Пошо знам и таму постои некакво снимање на очно дно и да било тоа со очен нерв ќе се покажело ако има некое оштетување.

    И зашто CT, a не MR? Иако и CT би детектирал вајда промени. :^)

    А со шеќерот океј е? Мислам дали направил се комплет испитувања, не само обична глукоза туку и тромесечен и инсулин?
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Женски
    За МР се чека со месеци освем приватно ако можат да си одвојат околу 9-10 000 денари. На томографија може да се види дали има мозочен а нс МР буквално се се гледа нели. Членот кажа со шеќерот се било во ред.
     
  8. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    8.436
    Пол:
    Машки
    Ама мотористичките функции како движење, раце, нозе, слух, говор, нема ништо, сето е во ред, ни рака да се здрви, ни нога, слухот во ред, говорот во ред, меморијата и таа, ама видот двојно. Ако затвори едно око, гледа нормално, така вели, а со двете гледа двојно. На неврологија одма на CT го пратија, наодот е уреден, нема ништо.

    Правилно е прочитано, наодот е уреден, никакви лоши знаци. Да, секојдневието муе отежнато, не можи ни да вози ни да прави некоја посериозна работа, и за тоа се ствара нервоза..

    На очно целосен преглед е направен, итоа професорка превзела дека е дијабетичар, таа рекла на стажирантите дека ќе го изврши за посигурно, и сето во ред, нема ништо само мало оштетување од шеќерот. Му дала совети само да внимава на шеќерот, и дека можно е од тоа да бидат оштетени некои нерви, ама не се сигурни, не знаат и тие, тие се ориентираат на испитувањата а тие се во ред.

    CT за побрзо, да се знае дали има преживеано удар.
    Баш и ова. И не само што се чека, башка тоа. Ама CT истата работа ако не слична врши. Магнетната е повеќе за тумори и рак. Е сега постои опција и за магнетна, ама прво да одел кај неврологот таа што му ги даде апчињата, така му рекле и од неврологија.

    Шеќерот нее баш во ред, висок е, 10-13, јаден и до 17. Сакам да кажам во вакви околности претходно, немало проблем ваков предизвикан од шеќерот.

    Ова со видот се случи за нецели 5-6 часа, сабајлето му се слошило кај 4-5 па му разминало. Кај 9-10 беше се во ред и излезе, кај 12 ми се јави рече да се најдеме за да возам јас оти не можел да гледа. Буквално 5 до 12 се случи целово ова. А пред 2 дена претходно беше изложен на појак ладен ветар, еден очен доктор и на тоа се посомневал, мада не мие веродостојно ова многу ради ветар, башка еве една ипол недела има од тогаш а нема промена.
     
  9. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Женски
    Штом толку прегледи направиле ваљда се е во ред. Што знам. Можеби само ќе му се поврати назад.
    Инаку и баба ми бог да ја прости имаше шеќер и глауком (притисок очен) направен од не регулиран шеќер што доведе до трајно оштетување на нервот и ослепе на крај. Затоа не верувам дека е тоа. Можеби некој нервем проблем што предизбикал таков симптом.
     
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    8.436
    Пол:
    Машки
    И нас не ние јасно а и докториве не знаат, нема дијагноза. На очно сето е во ред, CT е во ред, а сепак тој двојно гледа пак... Очниот притосок и тој муе во ред. Не знам искрено, дека рече само ќе му се поврати, баш и тој преѓе го кажа истото, дај боже да е така...И нас не чуди, сите резултати се океј а сепак гледа двојно, како некоја виша сила да е ова..

    Или од шеќерот се оштетени некои нерви на што се сомневаат и докториве, или е пак е од премногу терапија и суплементи што зема за шеќерот или пак е нешто друго, по мое мислење.
     
    Последна измена: 19 март 2024
  11. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Женски
    Дај боже да е некока состојба само. Додуше ако беа оштетени некој очни нервни мислам дека може тоа да се види на преглед. Јас пример со левово око гледам една црна матна точка постојано. Кога бев на преглед ми рекоја дека со нервите е се во ред и не ми најдоја што е. Еве уште си гледам. И не дај боже да се оштетат,не може тоа назад да се врати.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.459
    Допаѓања:
    14.071
    Пол:
    Женски
    Ама викаш мало оштетување сепак имало? Според нив значи не може тоа причина да е за ова што му се дешава?
    Па општо за мозок подобра е магнетната, подетална, буквално све кажува и детектира, само да има стручни лица кои ќе знаат да ја прочитаат.
    Да, висок е прилично. Затоа викам да не сепак е последица од дијабетесот. Хаос знае да направи ако не е регулиран, а често и покрај терапија не се регулира ко што треба.

    Дај Боже да му се врати и нормално да гледа како порано.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  13. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    8.436
    Пол:
    Машки
    Фала ви многу на поддршката, дај боже, од ваша уста во божји уши.

    Иначе @Mrs. right, тоа мало оштетување не можело да биде причина за ова, така му рекла професоркава.

    Иначе да, кога ќе влезиш во силното магнетно поле, подетално се гледа се, појасно, ама CT му направија одма пошто се сомневаа на мозочен удар, ама ништо од тоа, океј е се. Е сега ќе се оди со неврологов пак, па ако речи за подетално магнетна ќе треба и тоа. Иако се чека премногу, па некои и мито барале, некој барале па пијачка како виски, само за да ти го прочитаат наодот..Лудило.

    Висок е за висок, и претходно ист му беше, и секако дека шеќерот може да направи хаос, ама еве скоро 14 години е дијабетичар, па до сега не се случило вака.

    @Чанта Така се сомневаат наводно, демек нервите се оштетени, ама не се сигурни, не знаат дали е и тоа. Нема никаква дијагноза одредено.
     
    На Чанта и Mrs. right им се допаѓа ова.
  14. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Женски
    Во охрид има приватна МР мислам дека е 8 илјади денари барем ролку беше пред две години. Маж ми правеше на лакто. ако подолг период не му помине, снајдете се за пари и направите приватно наместо да чекате месеци и месеци. Докторите викаат дека се прави ако имаш поголем проблем како откажување на моторни функции рефлекси и слично,па зстоа можеби не предложиле.
     
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.459
    Допаѓања:
    14.071
    Пол:
    Женски
    Толку евтино? Ама зависи и што апарат е. Ете у Систина најнапреден бил ама ѓавол ипол цената нормално.
    И на клиника имало таков, само термини нема секако. Тие кретените знаат и на закажано да ти откажат намерно, се знае зашто. :envy: Кај чекаат со месеци уште замисли откажува.. (facepalm)
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  16. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    8.436
    Пол:
    Машки
    Не се проблем финансиите.

    Него тоа што немаме зелено светло од докториве, не кажуваат ништо за да знаеме што да правиме, тоа е проблем, ваму викаат сето е во ред а ваму тој пак гледа двојно, тоа е проблем. Не се исклучува МР секако, ама еве како што викаат, да оди прво кај неврологов па да видиме што ќе кажи таа после направенава снимка и дека нема ништо, ако речи магнетна, тогаш океј, мора да се направи, ама не знаат тие, нема дијагноза, тоа е проблем, не се знае што сега, што понатаму. А чим CT испадна океј, сигурен сум дека и МР ќе биде исто.
     
    На Чанта му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Женски
    Колку е во систина ?
     
  18. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.459
    Допаѓања:
    14.071
    Пол:
    Женски
    Зависи за што, кој дел, дали со контраст или не.
    Ама ептен ептен многу.
    Преку 30 к идат. За викенд имале некој попуст, на пола цена.
     
  19. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.305
    Допаѓања:
    11.707
    Пол:
    Женски
    Што може да предизвика болка, чувство на отечени нозе, тешки и жешки во текот на ноќта е најизразено. Ме буди од сон веќе некое време и не знам од кој доктор да почнам. Дали сум за ортпоед, ревматолог, за вени...
    Вака на око не гледам дека има оток ама осеќам чувство на тежина некако, тешко ми е да објаснам. Првпат се соочувам со ваква болка. Пред година дена сум породена, ако има нешто врска, хронична терапија за Хашимото земам...
    Првин мислев дека се 'вртежи' од промена на време, ама многу долго трае.
    Не сум имала некоја физичка повреда.
    Чувството е најизразено од колената надолу, значи на потколеницата, вклучувајќи глуждови долу.

    Некој вакво искуство?
    Не знам од кој доктор да почнам.
     
  20. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.459
    Допаѓања:
    14.071
    Пол:
    Женски
    Колор доплер на каротиди, на долни екстремитети напрај. Па ќе те упатат сигурно понатаму што треба.
    Можда и Д - димери да испиташ.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.