Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Е што сега тоа ти текна :D , што мака имаш :$ . Матичен знае и тој ќе ти даде Специјалистички Упат.
    Јас мислам дека е на трауматологија а за да се испита тоа ќе мора биопсија

    Габични инфекции тешко се лекуваат ама се лечат. Како прво ти треба добар дерматолог кој ќе испита која габа е и врз основа на тоа да ти направат медицинска крема. Татко ми многууу одамна се сеќавам имаше нешто такво и се испита и од болничка лабораторија му направија крема и се исчисти
     
    На Kasha му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lady.com-mm

    lady.com-mm Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    5
    Знам дека тешко се лечат и бев на различни испитувања ми порачуваа лично Масти лекарите но залудно....дри и ми правеа маст која се базираше на природна база со надеж дека ќе ми поминат....но до кога ќе морам да ги трпам.За еден месец сум матуранка како ќе одам со габи на телото ???Почнав летото да го мразам поради нив,како ќе го поминам оваа лето јас :(
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Не ти е бил погоден мастот, гарант,не си терала цела терапија или дерматологот утнал нешто. А летоска од сонце (нормално намачкана со фактор) и слана вода од море (ако би била на одмор) нели се губат малку од малку? Или ги здоби од сонце (мада ос сонце тешко се добива габична инфекција)?
    Краткотрајно решение е да се мачкаш со сок од лимон, чај од магданос кој само ќе ги избели малку од малку ама не и излечи
     
  4. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    За што ти треба да испитуваш? Имаш некакви симптоми? Калциум се проверува директно од крв, исто и паратхормон кој е одговорен за синтезата на калциумот. Сепак недостаток на калциум си има свои специфични симптоми, кои се многу карактеристични и не се пропратени со болки во коските.
    Значи прво се прават лабараториски испитувања на крв и урина. Се испитува ниво на калциум во крв, ниво на Д3 витамин во крв, функција на тироидна жлезда, ниво на паратироидни хормони, естроген и фоликулостимулирачки хормон кај жени, тестостерон кај мажи, одредување на остеокалцин. Не се прават сите испитувања овие се одприлика сите што можат да бидат некако поврзани со образувањето на коскеното ткиво. Значи самиот лекар после дадените информации во врска со состојбата, возраста на пациентот одредува што да се испита во крв.
    Остеодензиметрија е златен стандард или основно испитување со кое се одредува густината на коските. Се прави на ендокринологија, и е индицирана најчесто кај постменопаузални жени, поради рано откривање и превенција на остеопороза.
    Обична рендген слика може да даде добра основа за тоа дали има проблем со одредена коскена структура или не. Значи може да одреди дали е нарушена од нешто структурата на коската. И последно скен на коски кој што е индициран кај пациенти со малигни болести (најчесто) за да се потврди или отфрли пристуство на метастази.
    Значи најдобро е да ми кажиш какви симптоми ти имаш, што те навеле да испитуваш коскена структура, па можам да те упатам каде да се обратиш. Сепак прва работа е лабараторија и проверка на крв.
     
    На Kasha му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски

    На дерматолог или кај инфекционист.ДА не е од некое крлежче пошто некогаш и од тоа така се прави,а тие пренесуваат болести,штом имаш и маче,можно е.И штом се шири така за брзо време.Зависи и други симптоми некакви дали имаш,ама сепак мора да се лечи со специфични лекови ако е тоа.
    Случајно на ова да не личи?
    [​IMG]
     
  6. matejab

    matejab Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    8
    и јас имам такви :( најмногу ми се прават на грбот, под градите, на стомакот, посебно во летен период.. е сега јас користам еден грцки сампон, зелен е,мислам дека во некој аптеки го има, мене свекрвата ми го даде, не знае ни она од кај го купила, ги мацкам сарите насабајле но со тенок слој, зосто еднас ставив премногу и поцна да ме цеса, навецер ги брисам со влазни марамици и повторно ги мацкам,и така неколку дена дури не исцезнат, по неколку месеци ми се појавуваат но помалку и пак со сампонот ми поминуваат... ајде ке побарам на интернет ако го најдам ке ти пустам слика да видис.. и не се секирај,зосто на мене многу ми помага :*

    го најдов :D
    http://www.kipapharma.com/product_img/Product54.jpg
    само не е со золто, со светло зелено мислам дека бесе.. прасај во аптекиве дали го има и писи ми сто ке направис.. се надевам дека ке ти помогне.. позз :*
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за одговорите.
    Дивајн не личи на тоа на сликата, веројатно тоа е предизвикано од крлеж, моето е само делче маалку потемно од природниот тен, многу суво. Вака нешто изгледа
    [​IMG]
    само што е со правилна форма...
    Немам картончиња моментално, ако не помине за два дена ќе одам пак на местото што најмногу го мразам. :worried:
     
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    И јас ги имав,одвај ми се исчистија.Почнав одделно се да си перам,на висока температура,се капев,па после тоа одма се мачкав со крем (Екзодерил и Низорал),летото бевме на море,и тоа ми помогна исто,незнам ни јас како се повлекоа,ама машала,сега ги нема.Можно е и од водата понекогаш дома што ја имаме,ако имаш миленичиња исто,не се доближувај до животинчиња.


    Ок Ливинг штом не е тоа уште поарно,дај Боже да нема други симптоми и да помини побрзо,ама сепак да,убаво да одиш и да те прегледаат,тоа е :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lady.com-mm

    lady.com-mm Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    5
    Фала ти многу ќе побарам во аптеките и ако го има ќе почнам да го користам,кога и веќе самата си имала таков проблем сигурно можеш да ме сванеш како ми е .....се надевам дека ќе ми помогне и мене како вас..ако ми помогне незнам навистина како ќе ви се заблагодарам :*
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Ливинг, можеш и до аптека да тркнеш и таму ќе знаат отприлика да ти кажат, може и ќе ти препорачаат некоја маст :)
     
  11. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Имам под кожата на раката едно топче. Ми се направи вчера. Ве молам кажете ми што може да ми биде.. ваше мислење дали ви се направило..и сл..многу сум загрижена.. фала многу однапред.
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.578
    Допаѓања:
    201.785
    Пол:
    Женски
    Може да се работи за грутче од масно ткиво настанато после удар. Обично само се повлекува и не дава никакви симптоми, а инаку ако се зголемува и ако се јавуваат и други промени, обавезно да одиш на лекар.
     
    На twilight123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Подосадно нешто од габите искрено нема, проблемот зошто толку тешко се лечат е затоа што се по структура како повеќето други клетки на твоето тело па нема што да се даде за да се уништат само тие. И мора да знаеш нешто, како и секој микроорганизам и габите имаат спори кои може да се насекаде. Значи не е само да ја третираш кожата, туку и облеката и постелнината, пешкирите, крпите, се што користиш. Еве ти еден совет, се она што доаѓа во допир со твојата кожа испери го и додади одредена количина на масло или течност/раствор од чајно дрво при перењето, количински точно не знам, можеби едно капаче. Побарај низ аптеките види што ќе ти понудат од чајно дрво, ако најдеш нешто немасно уште подобро да не ти ја исфлека облеката. Габите се претерано досадни и се лечат со месеци, мораш да бидеш мн мн упорна и секогаш мачкај го местото и плус 1 цм во радиус околу него затоа што под површината на кожата тие се пораширени отколку што е видливо. Бањај се со Реконазол шампон, мачкај се со антимикотична маст која и да ти ја понудат. Избегнувај антибиотици и антибиотски креми затоа што тие дополнително создаваат поволна средина за габите. Сум имала проблеми со нив, можам да специјализирам на темава, за жал! Исто така, војниците на времето ги мачкале само со јод и имале одлични резултати. Негде имам читано и оцет дека помага, но немам пробано! Пробувај се, види што тебе лично ќе ти одговара. Но да знаеш габа за помалку од 3-4 недели интензивно лекување не поминува. И плус една недела превентивно за да не се вратат одма. И да не те разочарувам кој е склон кон габични инфекции не е чудно да му се повторуваат, но може да се лечат на одреден период само многу упорно.
     
    На sunfemina, lady.com-mm и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  14. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Вчера утрото кога станав бев во тоалет и при мокрењето почувствував печење.
    По некои 10ина минути повторно имав нагон за уринирање. Но ништо.
    Неколку пати така.
    Се сомневав дека е циститис. Побарав, видов, симптомите се тие.
    Денес околу 17 часот, на тоалетната забележав и бледа крв. Знам дека и тоа е еден од симптомите.
    Но, нагонот за често уринирање ми го нема. Сега ми е нормално, но има крв :worried:
    Сакам да ве прашам за мислење, дали е циститис или нешто посериозно?
    Некое ваше искуство?
    Инаку купив увин чај (уве микс), вода со лимон и витамин Ц.
     
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Циститис е, а голема е веројатноста да имаш и бактерија закачено. Штом си имала и крв....
    Ги имав истите симптоми и на тестот за урина ми покажа некоја бактерија. Морав да ја лечам, две недели на терапија.
    Не го лечи на своја рака со увин чај, зошто може да биде посериозно. Утре направи си тестирање на мокрачата и ќе ти кажат што е. Терапија ќе мораш да примиш, во секој случај, да знаеш.
     
    На Scar.Tissue му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lady.com-mm

    lady.com-mm Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    5

    скоро се имам пробарно,па ќе те послушам тебе и ќе ги испробам твоите совети,сепак кој си има мака и се ќе пробува у секој случај Фала ти многу затоа што запаѓам у депресиија поради нив така да секоја помош добро би ми дошла :)
     
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    CrazyStupidLove и јас го слушнав тоа за јодот,би требало да помага,а за оцет не сум сигурна,да не ја надразни повеќе кожата...макар што со оцетот се нарушува pH-то и тие немаат услови да се развиваат.


    А Scar.Tissue изгледа е бактерија,најубаво да дадеш мокрача и ќе ти направат антибиограма да ти кажат кој антибиотик најдобро ќе делува.Засега ако,пиј си повеќе чаеви,особено од брусница ако имаш,ако те боли мн аналгинче и да одиш на лекар.
     
    На Scar.Tissue му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lady.com-mm

    lady.com-mm Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    5
    Бев на лекар дадив мокраќа и ми кажаа дека имам kaмења на бубрезите xD а за бактерија која може да предизвика вакво нешто,не ми најдија ништо.....Во секој случај фала ви :)
     
  19. lady.com-mm

    lady.com-mm Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    5
    И кога веќе некој од вас ми дадија корисни совети.....доколку некој на форумот знае нешто за IHTIOZA нека каже зошто има личност на која не е на форумот а и треба помош,21 година се бори со таа кожна болест но залудно дали тука некој знае нешто за тоа ????
     
  20. lady.com-mm

    lady.com-mm Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    5
    еве и слика како изгледа


    http://www.facebook.com/ajax/messaging/ ... 1229484691